здравствени протоколи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Dec 2020 14:06:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здравствени протоколи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СДСМ во Штип славеше како да нема пандемија, а од денес Филипче со нови забрани за граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-vo-shtip-slaveshe-kako-da-nema-pandemija-a-od-denes-filipche-so-novi-zabrani-za-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-vo-shtip-slaveshe-kako-da-nema-pandemija-a-od-denes-filipche-so-novi-zabrani-za-gragjanite/#respond Mon, 14 Dec 2020 14:06:47 +0000 https://kurir.mk/?p=443134

Кој треба да ги заштити граѓаните во ек на пандемија и кој треба да го даде примерот за почитување на мерките за спречување на ширење на пандемијата, ако не власта, односно тие коишто ги носат? Дали СДСМ смета дека е привилегирана, или пак дека самата власт им носи имунитет од корона вирусот како од законите за да не ги почитува мерките и препораките, а ниту да се грижи здравјето на граѓаните? Откако најпрвин одлучија среде пандемија да одат на избори кога Македонија ги доживува своите најцрни денови откако се појави корона виорусот, вчера бевме сведоци на ново неодговорно однесување од страна на владејачката СДСМ. Имено, додека за граѓаните важат правилата и мерките за забрана за собири на отворено и затворено, задолжително носење на маска, за членовите и функционерите на СДСМ очигледно не важат. Вчера на прославата на СДСМ Штип видовме нивно ново неодговорно однесување, со непочитување на правилата кои сами ги носат, но поскандалозно е тоа што со таквото однесување се загрозува јавното здравје и животите на граѓаните. И додека граѓаните не смеат дури ни на отворено да се групираат повеќе од четврорица. вчера видовме дека членовите и функционерите на СДСМ смеат. Додека за сите граѓани важи носењето на маски, вчера видовме дека за членовите и функционерите на СДСМ не важи. Додека за угостителските објекти важи забрана за носење на музичари и организирање на забави, вчера видвоме дека за СДСМ тоа не важи. Да биде скандалот поголем, откако завршија кампањата и прославата со неодговорно однесување на СДСМ, денеска министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести донесоа нови препораки и мерки со кои се забранија прослави на отворено и затворено, а дополнително се скрати работното време на угостителите. Запрепастувачки е што чекаа да поминат изборите за да донесат нови забрани. Да биде ужасот поголем и вчера корона вирусот постоеше исто како и изминативе три недели додека им траеше кампањата. На самиот ден кога СДСМ безгрижно славеа, во Македонија имаше 25 починати лица од корона вирусот и земјава се уште е во најлошите 10 во светот по смртност на милион жители. И да не го заборавиме министерот Венко Филипче кој за да ги критикува граѓаните или опозицијата знаеше да сподели и фотографии од 2019 година, но за прославата на неговата партија нема ниту збор. Лицемерието им нема крај, но за жал поради тоа страдаат граѓаните, вирусот се шири во голема мера, а се губат премногу човечки животи. И на крајот со ваква власт граѓаните треба да знаат дека се оставени сами на себе, ако сами не се заштитат оваа нодговрна власт нема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-vo-shtip-slaveshe-kako-da-nema-pandemija-a-od-denes-filipche-so-novi-zabrani-za-gragjanite/feed/ 0
Пoчна седница за конституирање на Собранието, се одвива под посебни здравствени протоколи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sednica-za-konstituiranje-na-sobranieto-se-odviva-pod-posebni-zdravstveni-protokoli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sednica-za-konstituiranje-na-sobranieto-se-odviva-pod-posebni-zdravstveni-protokoli/#respond Tue, 04 Aug 2020 10:32:49 +0000 https://kurir.mk/?p=385908

Во Собранието на Република Македонија почна првата седница на новиот парламентарен состав која се одржува во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19. Со седницата претседава претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери. На почетокот на седницата беше интонирана химната. Според точките на дневиот ред на седницата ќе се изврши избор на претседател и членови на Верификациската комисија на Собранието, а потоа ќе следи верификација на мандатите на пратениците во Собранието. Трета и четврта точка се избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и избор на претседател на Собранието на Република Македонија. Функцијата претседател на Собранието им припаѓа на партиите кои ќе обезбедат мнозинството за формирање влада, процес кој формално почнува денеска, па не може со сигурност да се очекува дека тој ќе биде избран на конститутивната седница. Во Уставот е предвидено претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Претседателот Стево Пендаровски веќе најави дека планира да одржи консултации со политичките партии по конституирањето на Парламентот, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова влада на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието на Република Северна Македонија. На изборите кои се одржаа на 15 јули коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива – 12, Левица – два и ДПА – еден мандат. На седницата како гости се поканети претседателот Пендаровски, премиерот во заминување Оливер Спасовски, поранешни претседатели на државата и на Собранието, претседателите на Уставниот, на Врховниот суд и на Судски совет на Република Македонија,јавниот обвинител и претседателот на Советот за јавни обвинители, Народниот правобранител, членови на Владата и гувернерката на Народна Банка на Република Северна Македонија. Седницата во својство на гости ќе ја проследат и лидери на политичките партии застапени во Собранието, началникот на Генералштабот на Армијата , претседателите на МАНУ и на Државната изборна комисија, државниот правобранител, претставници на верските заедници, како и шефови на странски дипломатски конзуларни мисии во Република Македонија. Во согласност со препораките од Комисијата за заразни болести, Конститутивната седница се одвива според протоколи и критериуми коишто се утврдени во претходна координација со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, со единствена цел да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од коронавирусот. На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието им беше мерена телесна температура, по што ќе им беше овозможено да влезат во зградата. На сите влезови се бидат обезбедени средства за дезинфекција. Бидејќи станува збор за вонредни околности и е неопходно одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците, Конститутивната седница се одржува во Големата сала на Собранието на Република  Македонија, односно во салата позната во јавноста како Голема купола. Пратениците се на соодветна дистанца и со заштитна опрема. Гласањето на седницата ќе се одвива рачно (со картончиња), а од седницата има директен пренос на Собранискиот канал на Националниот радидифузен сервис МРТ. Пренос од Конститутивната седница гостите следат од пленарната сала „Македонија“, каде што е биде обезбедена неопходната физичка дистанца. Во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести и за претставниците на медиумите важат одредени протоколи за следење на Конститутивната седница, со цел да се намали ризикот од ширење на коронавирусот. За да се избегне поголемо групирање, Конститутивната седница може да ја следат најмногу по двајца претставници од секој медиум, односно, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, капацитетот на просторот дозволува најмногу 50 претставници на медиумите. Пренос од седницата ќе можат да следат во Салите 3 и 4 во Прес-центарот на Собранието. Седниците на работните тела, пак, медиумите ќе можат да ги следат преку директен пренос на веб-страницата на Собранието на линк. Во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, во Собранието не работат Клубот на пратениците, ресторанот и бифето што се наоѓа во Прес центарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sednica-za-konstituiranje-na-sobranieto-se-odviva-pod-posebni-zdravstveni-protokoli/feed/ 0
Прва седница на новиот собраниски состав под здравствени протоколи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prva-sednica-na-noviot-sobraniski-sostav-pod-zdravstveni-protokoli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prva-sednica-na-noviot-sobraniski-sostav-pod-zdravstveni-protokoli/#respond Tue, 04 Aug 2020 05:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=385679

Во Собранието денеска на пладне во салата Голема купола ќе се одржи првата седница на новиот парламентарен состав согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19. Со седницата ќе претседава претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери. Според точките на дневиот ред на седницата ќе се изврши избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието, а потоа ќе следи верификација на мандатите на пратениците во Собранието. Трета и четврта точка се избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и избор на претседател на Собранието на Република Македонија. Функцијата Претседател на Собранието им припаѓа на партиите кои ќе обезбедат мнозинството за формирање влада, процес кој формално почнува денеска, па не може со сигурност да се очекува дека тој ќе биде избран на конститутивната седница. Во Уставот е предвидено претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Претседателот Стево Пендаровски веќе најави дека планира да одржи консултации со политичките партии по конституирањето на Парламентот, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова влада на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието на Република Северна Македонија. На седницата како гости се поканети претседателот Пендаровски, премиерот во заминување Оливер Спасовски, поранешни претседатели на државата и на Собранието, претседателите на Уставниот, на Врховниот суд и на Судски совет на Република Македонија,јавниот обвинител и претседателот на Советот за јавни обвинители, Народниот правобранител, членови на Владата и гувернерката на Народна Банка на Република Македонија. Седницата во својство на гости ќе ја проследат и лидери на политичките партии застапени во Собранието, началникот на Генералштабот на Армијата , претседателите на МАНУ и на Државната изборна комисија, државниот правобранител, претставници на верските заедници, како и шефови на странски дипломатски конзуларни мисии во Република  Македонија. Инаку, како што соопштија од собраниската прес – служба, во согласност со препораките од Комисијата за заразни болести, Конститутивната седница ќе се одвива според протоколи и критериуми коишто се утврдени во претходна координација со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, со единствена цел да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од коронавирусот. На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. На сите влезови ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција. Бидејќи станува збор за вонредни околности и е неопходно одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците, Конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието на Република Северна Македонија, односно во салата позната во јавноста како Голема купола. Пратениците ќе бидат на соодветна дистанца и ќе им биде обезбедена заштитна опрема. Гласањето на седницата ќе се одвива рачно (со картончиња), а од седницата ќе има директен пренос на Собранискиот канал на Националниот радидифузен сервис МРТ. Пренос од Конститутивната седница гостите ќе следат од пленарната сала „Македонија“, каде што ќе биде обезбедена неопходната физичка дистанца. Во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести и за претставниците на медиумите ќе важат одредени протоколи за следење на Конститутивната седница, со цел да се намали ризикот од ширење на коронавирусот. За да се избегне поголемо групирање, Конститутивната седница ќе може да ја следат најмногу по двајца претставници од секој медиум, односно, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, капацитетот на просторот дозволува најмногу 50 претставници на медиумите. Пренос од седницата ќе можат да следат во Салите 3 и 4 во Прес-центарот на Собранието. Седниците на работните тела, пак, медиумите ќе можат да ги следат преку директен пренос на веб-страницата на Собранието на линк. Во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, во Собранието нема да работат Клубот на пратениците, ресторанот и бифето што се наоѓа во Прес центарот..]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prva-sednica-na-noviot-sobraniski-sostav-pod-zdravstveni-protokoli/feed/ 0