здравствени услуги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Jul 2020 12:16:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здравствени услуги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЗДРАВСТВОТО КРАХИРА: Најмалку 100 илјади граѓани немаат пристап до една или повеќе основни здравствени услуги, гинеколози нема ни за лек https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvoto-krahira-najmalku-100-iljadi-grag-ani-nemaat-pristap-do-edna-ili-povek-e-osnovni-zdravstveni-uslugi-ginekolozi-nema-ni-za-lek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvoto-krahira-najmalku-100-iljadi-grag-ani-nemaat-pristap-do-edna-ili-povek-e-osnovni-zdravstveni-uslugi-ginekolozi-nema-ni-za-lek/#respond Tue, 21 Jul 2020 12:16:03 +0000 https://kurir.mk/?p=379181

Здравствените индикатори покажуваат дека најмалку 100 илјади граѓани немаат пристап до една или повеќе основни здравствени услуги, а пак најмалку 40 илјади граѓани се соочуваат со значителни финансиски потешкотии заради лични трошоци кои ги прават при добивање на здравствена заштита, информираат од Здружението ЕСЕ кое денеска одржа онлајн прес-конференција на тема „Како макроекономските политики влијаат врз пристапот до здравствена заштита за жените, мајките и децата“, со посебен фокус на реализацијата на превентивните програми на Министерството за здравство. Од Здружението истакнуваат дека средствата кои Министерството за здравство ги одвојува за Програмата за скрининг на ракот на грлото на матката предвидува опфат на само околу 30 отсто од жените од целната возрасна група (од 24 до 60 години). Дополнително на тоа, потенцираат, Министерството за здравство во 2019 година го намали буџетот на оваа програма за 2,8 милиони денари. -Воедно, поради недостиг на матични гинеколози, само 60 отсто од жените имаат избрано матичен гинеколог. Сето тоа води кон тоа само 28 отсто од жените да бидат опфатени со оваа програма за период од шест години (2012 – 2018 година). Се бележи несоодветност во планирањето и реализацијата на буџетот на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата. Податоците од теренот покажуваат дека само 13 отсто од родителите на малолетни деца во изминатите три години добиле здравствено едукативен материјал за детско здравје, вакцинација, иако овој вид  едукативен материјал е предвиден и реализиран според Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, наведуваат од Здружението. Според Здружението, во моментот работата на патронажната служба не е уредена со ниту една програма и покрај тоа што таа служба е од особена важност за здрава бременост и соодветно следење на здравјето на мајките и доенчињата. – Само 41 отсто од жените Ромки (од Шуто Оризари, Делчево и Виница) биле посетени од патронажна сестра за време на последната бременост во изминатите три години. Додека во ромските населби во Шуто Оризари 20 отсто од новороденчињата не биле посетени од патронажна сестра. За особено ранливата категорија на деца, односно деца кои се неосигурани и се надвор од образовниот систем, потрошени се само седум отсто од средствата наменети за нивни систематски прегледи во 2018 година, додаваат од Здружението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvoto-krahira-najmalku-100-iljadi-grag-ani-nemaat-pristap-do-edna-ili-povek-e-osnovni-zdravstveni-uslugi-ginekolozi-nema-ni-za-lek/feed/ 0