здравствени установи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Oct 2022 11:00:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здравствени установи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Болниците и здравствените установи веќе користат многу поскапа струја од ЕСМ Продажба наместо од слободен пазар како досега https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicite-i-zdravstvenite-ustanovi-vekje-koristat-mnogu-poskapa-struja-od-esm-prodazba-namesto-od-sloboden-pazar-kako-dosega/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicite-i-zdravstvenite-ustanovi-vekje-koristat-mnogu-poskapa-struja-od-esm-prodazba-namesto-od-sloboden-pazar-kako-dosega/#respond Mon, 17 Oct 2022 11:00:01 +0000 https://kurir.mk/?p=746426

Болниците и здравствените установи во Македонија веќе користат електрична енергија од ЕСМ Продажба, наместо од слободниот пазар како што беше досега и која е многу поскапа, информираше Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, претпладнето во емисијата „Студио 10“ на ТВ24. - ЕСМ Продажба веќе им обезбедува струја на болниците и тта е далеку пониска од пазарната цена. ЕСМ Продажба ќе биде конкуренција на слободниот пазар, започна со работа пред две години и мора да го научиме биде конкурентен, изјави Бислимовски. Пред два дена премиерот Димитар Ковачевски рече дека е можно вклучување на институциите од здравствениот сектор кај ЕСМ Продажба и оти тоа нема во голем дел да влијае на зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар. - Таа мерка не е предложена еднострано. Знаете дека имаше седница на Економскиот совет во проширен состав на која покрај владините министри од економските ресори присуствуваа и сите директори на државни претпријатија од енергетскиот сектор, претставници наголеми приватни компании од енергетскиот сектор, стопански комори, академската заедница, РКЕ… и тогаш кажавме дека Министерството за економија заедно со АД ЕСМ треба да направат детална анализа во однос на вклчувањето на сите училишта на регулираниот пазар, потоа вклучување кај ЕСМ снабдување на институциите од здравствениот сектор со оглед на тоа дека тие плаќаат голем дел од нив на краен снабдувач и треба да се стават на посигурен снабдувач на електрична енергија – изјави премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicite-i-zdravstvenite-ustanovi-vekje-koristat-mnogu-poskapa-struja-od-esm-prodazba-namesto-od-sloboden-pazar-kako-dosega/feed/ 0
СЗО регистрира над 100 напади врз здравствени установи во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-registrira-nad-100-napadi-vrz-zdravstveni-ustanovi-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-registrira-nad-100-napadi-vrz-zdravstveni-ustanovi-vo-ukraina/#respond Fri, 08 Apr 2022 08:15:52 +0000 https://kurir.mk/?p=660128

Светската здравствена организација (СЗО) регистрираше повеќе од 100 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. СЗО наведе дека во овие напади 73 лица се убиени, а 51 други се ранети. Според СЗО, од вкупно 103 напади, 89 биле врз здравствените установи и 13 влијаеле на транспортот, вклучително и амбулантни возила. – Ние сме огорчени што нападите врз здравствената заштита продолжуваат. Нападите врз здравствената заштита се кршење на меѓународното хуманитарно право, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Претставникот на СЗО во Украина, Јарно Хабихт, информира дека низ целата земја, 1.000 здравствени установи се во близина на конфликтните области или во променетите области на контрола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-registrira-nad-100-napadi-vrz-zdravstveni-ustanovi-vo-ukraina/feed/ 0
СЗО: Девет жртви во напади на здравствени установи во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-devet-zrtvi-vo-napadi-na-zdravstveni-ustanovi-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-devet-zrtvi-vo-napadi-na-zdravstveni-ustanovi-vo-ukraina/#respond Tue, 08 Mar 2022 06:39:27 +0000 https://kurir.mk/?p=643006

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека најмалку девет лица загинале во 16 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на рускиот напад врз земјата. Нападите се случиле помеѓу 24 февруари и 3 март. Според СЗО, покрај смртните случаи, повредени се 16 лица, меѓу кои седум здравствени работници. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус, во неделата на Твитер напиша дека се случиле неколку напади, не наведувајќи детали, и додаде дека тоа е кршење на меѓународното хуманитарно право.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-devet-zrtvi-vo-napadi-na-zdravstveni-ustanovi-vo-ukraina/feed/ 0
Армијата се вклучува во обезбедување на здравствените установи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/armijata-se-vkluchuva-vo-obezbeduvanje-na-zdravstvenite-ustanovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/armijata-se-vkluchuva-vo-obezbeduvanje-na-zdravstvenite-ustanovi/#respond Thu, 26 Nov 2020 07:51:26 +0000 https://kurir.mk/?p=434568

Армијата од денеска се очекува да се вклучи во обезбедување на здравствените институции. Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во главниот град, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес и други. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по вчерашната средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, изјави дека Владата го испратила барање до претседателот на државата и врховен командант на воените сили и очекува тој да го одобри. Шеќеринска појасни дека ваквата заштита ќе функционира исклучиво на барање на здравствените установи. – Подготвен е список од Министерството за здравство и по иницијатива на секоја од институциите ќе почнеме со распоредување на силите. Ќе бидат опфатени најголемиот дел од клиниките во Скопје и најголемите болници, како „8 Септември“ и другите во градов, и во поголемите центри, како Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес. Сите што покажале потреба ќе добијат поддршка, истакна Шекеринска. Таа појасни дека целта на ангажирањето на армијата е да се овозможи секоја болница, секоја клиника во Скопје да може да смета дека докторите, медицинските сестри и пациентите се заштитени и дека тоа е работа на полициајта и армијата сега. Претседателот на државата и врховен командат на воените сили Стево Пендаровски, вклучувањето на армијата во обезбедување на здравствените установи го најави по прогласувањето на кризната состојба на целата територија во траење од 30 дена. – Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и за полицијата, коишто веќе деветти месец деноноќно се борат се пандемијата и се крајно исцрпени, напиша на „Фејсбук“ Пендаровски во саботата, дента кога се прогласи кризна состојба. Во Прилеп, пак, градоначалникот Илија Јовановски, поради влошената состојба со Ковид-19, бара да се воведе карантин. Неговото барање ќе биде разгледано утре од Комисијата за заразни болести, која ќе треба да одлучи дали ќе го одобри. Портпаролот на Владата, Душко Арсовски вчера рече дека ситуацијата во Прилеп е алармантна и в петок Комисијата за заразни болести ќе го разгледува тоа како проблем. Според последните податоци од Министерството за здравство, во Прилеп има 1021 активни случаи. Прилеп е втор град по најмногу активни случаи, веднаш зад Скопје, кое има 10130. Од 1288 новозаразени регистрирани во претходното деноноќие, од Прилеп се 78, а од Скопје – 570. Во Тетово се активни 965, Куманово-939, Гостивар-862, Битола-808, Велес-711. Во другите градови се под 600 заразени. Вчерашниот ден беа забележани и голем број починати, вкупно 39. Од починатите дури 16 се од Скопје (79г., 80 г., 54 г., 70 г., 68 г., 54 г., 68 г., 82 г., 84 г., 68 г., 76 г., 75 г., 71 г., 60 г., 73 г., 56 г.), двајца од Куманово (70г. и 62 г.), еден пациент од Дебар (87г.), еден од Штип (71г.), тројца од Прилеп (86г., 76 г., 68 г.), четири пациенти од Тетово (53г., 72 г., 67 г., 66 г.), двајца од Струга (68г., 69 г), двајца од Велес (67г., 78 г.), двајца од Охрид (68г., 73 г.), еден пациент од Струмица (72г.), еден од Демир Хисар (65г.), еден од Берово (79г.), двајца од Кичево (60г., 41 г.) и еден пациент од Неготино (40г.). Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 57451, бројката на оздравени пациенти е 34970, на починати е 1600, а бројот на активни случаи изнесува 20881. Во Скопје најмногу заразени има во Гази Баба – 1490, Аеродром-1474, Карпош – 1186, Центар – 1173, Кисела Вода – 1245, Ѓорче Петров – 874, Чаир – 639, Бутел – 584. Во другите општини има помалку од 300. За големиот број починати, особено за млади лица, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонредни инспекциски надзори. Во тек се девет такви надзори. Директорката на ДСЗИ Иринка Сотирова Бухова вчера посочи дека од почетокот на пандемијата, па до сега ДСЗИ иницираше и заврши 21 вонреден инспекциски надзор. За истите тие имаат поднесено иницирање на вонредни стручни надзори, кои не ги работи ДСЗИ, ги работи Министерството за здравство или лекарската комора. Таа рече дека во последните денови или недели немаат добиено претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на докторите. – Вонредни инспекциски андзори ги правиме по допрен глас, по иницијатива на ДСЗИ, по иницитјаитва на Министерството за здравство, рече вчера Бухова. Таа информира дека надзорот во клиничката болница во Битола по однос на актуелните случувања, е сè уште во тек. Во болницата во Битола се хоспитализирани 68 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во земјава вкупно хоспитализирани се 1297 пациенти. Во претходното деноноќие во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а во главниот град 486 лица. Од хоспитализираните голем дел се на кислородна поддршка. Најмногу пациенти во Скопје се лекуваат во ГОБ „8 Септември“-108 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти. Во скопските инфективни оддели вчера утрото имаше 20-тина слободни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението. И покрај големиот број заразени и починати, министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека тоа не се одразува во училиштата, каде, како што рече, нема ширење на вирусот и затоа таа смета дека предлогот на опозицијата за предвремен распуст е неаргументиран. Првото полугодие на учебната 2020/2021 ќе заврши на крајот на годинава, а второто ќе почне на 21 јануари 2021, рече Царовска, која информира дека бројот на заразени ученици и наставници во наставата со физичко присуство во целата држава е помал од 1 процент. Коронакризата, покрај другите негативности, донесе и зголемен бројот на случаи на семејно насилство, според резултатите од Клиниката за психијатрија. – Очигледно е дека стресот го прави своето, дека ова што треба да сме на некој начин на физичка дистанца, што е сосем спротивно на тоа што е еволуцијата на човештвото нè учи, а тоа е заедништвото, и изолацијата за време на долгите карантин, според резултатите од Клиниката за психијатрија, резултираа со зголемен број случаи на семејно насилство, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче, по повод 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените. Колегите се силно посветени на ова прашање, ги решаваат проблемите и ги зголемуваат тимовите кои излегуваат во пресрет на жртвите на насилство, потенцираше Филипче и додаде дека некаде околу 30 отсто е зголемувањето во однос на истиот период во 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/armijata-se-vkluchuva-vo-obezbeduvanje-na-zdravstvenite-ustanovi/feed/ 0
Од утре армијата се распоредува во здравствените објекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-armijata-se-rasporeduva-vo-zdravstvenite-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-armijata-se-rasporeduva-vo-zdravstvenite-objekti/#respond Wed, 25 Nov 2020 12:03:29 +0000 https://kurir.mk/?p=434160

Армијата се очекува од утре да се вклучи во обезбедување на здравствените институции кои тоа ќе го побараат. Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во Скопје, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес… -Вчера го донесовме нашето барање како Влада и тоа е испратено до претседателот. Утрово имаше средба и договор на Оперативнот штаб на МВР и АРМ и очекувам во текот на денешниот ден претседателот, како врховен командант, да даде зелено светло и дека практично уште од утре целосно да фнкционра, најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговорајќи на новинарско прашање по средбата со британската амасадорка Рејчел Галовеј. Појасни дека ваквата заштита ќе функционира исклучиво на барање на здравствените установи и дека тоа не е одлука што ќе ја носи полицијата или армијата, туку ќе биде барање на здравствените институции и одговор на нивното барање. -Подготвен е список од Министерството за здравство и по иницијатива на секоја од интитуциите ќе почнеме со распоредување на силите. Ќе бидат опфатеи најгоелмиот дел од клиниките во Скопје и најголемите болници како „8 Септември“ и другите во градов и во поголемите центри, како Тетов, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес. Сите што покажале потреба ќе добијат поддршка, истакна Шекеринска. Додаде дека тоа ќе го направат на локално ниво со минимум трошоци. – Она кога кажуваме дека треба да инвестираме во одбрана сега може да видиме дека е така. Инвестираш во мирнодопски услови, за да можеш да се потрепреш во време на криза. Системот покажува дека може да му се верува и дека е тука и кога е најтешка ситуацијата, потенцира министерката за одбрана. Целта на ангажирањето на армијата, како што појасни, е да се овозможи секоја болница, секоја клиника во Скопје да може да смета дека докторите, медицинските сестри и пацинетите се заштитени и дека тоа е работа на полцииајта и армијата сега. Наведе дека без прогласување на кризна состојба таа поддршка не беше возможна или ќе беше незаконска. Согласно Уставот и нашите законски одредби, армијата не може да биде употребена во услови надвор од криза, вонредна или воена состојба. И една од причините, како што рече министерката, зошто дадовме предлог за кризна состојба, е дека во вакви услови може да ги коритиме армиските сили заради обезбедување ред и поголема дисциплина и организација околу здравтвените организации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-armijata-se-rasporeduva-vo-zdravstvenite-objekti/feed/ 0
Утрешниот ден ќе биде работен за сите здравствени установи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utreshniot-den-kje-bide-raboten-za-site-zdravstveni-ustanovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utreshniot-den-kje-bide-raboten-za-site-zdravstveni-ustanovi/#respond Tue, 01 Jan 2019 09:56:42 +0000 https://kurir.mk/?p=147128

Министерството за здравство информира дека 2 јануари 2019 година ќе биде работен ден за вработените во јавните здравствени установи во Република Македонија, со цел граѓаните да добијат навремена здравствена заштита и помош. -Граѓаните кои имаат закажано термини за прегледи на овој ден во специјалистичко-консултативни амбуланти, кабинети за снимања и други дијагностички процедури, како и закажаните хируршки интервенции нема да бидат одложени и ќе бидат извршени согласно закажаните термини, се наведува во соопштението до Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utreshniot-den-kje-bide-raboten-za-site-zdravstveni-ustanovi/feed/ 0