ждребка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Dec 2021 17:56:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ждребка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со Грузија и Гибралтар имаме позитивен скор, дербијата ќе ни бидат со Бугарите! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/so-gruzija-i-gibraltar-imame-pozitiven-skor-derbijata-kje-ni-bidat-so-bugarite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/so-gruzija-i-gibraltar-imame-pozitiven-skor-derbijata-kje-ni-bidat-so-bugarite/#respond Thu, 16 Dec 2021 17:56:09 +0000 https://kurir.mk/?p=609452

Македонската фудбалска репрезентација ги дозна ривалите за третата сезона во Лигата на нации, во Ц-дивизијата, па на денешната ждрепка ни падна источниот сосед Бугарија и старите познаници од претходните сезони во ова натпреварување, Грузија и Гибралтар. Низ историјата, најмногу мечеви имаме со Бугарите, меч кој ќе биде посебно внимание во регионов и поради затегнатите политички односи со источниот сосед поради блокадата за пристапните преговори со Европската унија. Во историјата во Бугарија имаме седум меча и сите се пријателски, на кои четирипати сме загубиле, двапати сме победиле и еден меч завршил со реми. Со Бугарија последен пат игравме на 29 март 2016 година кога на Националната Арена „Тодор Проески“ загубивме со 0-2 во меч на кој од сегашната генерација играа Столе Димитриевски, Стефан Ристовски, Кире Ристевски, Адис Јаховиќ и Илија Несторовски. Последна победа против Бугарија е од 14 август 2013 година со 2-0, исто така на скопската Арена, со два гола во завршницата на Агим Ибраими од пенал и Александар Трајковски, а покрај Трајковски од сегашната генерација на тој меч играа уште капитенот Ристовски и Јаховиќ, а Стефан Спировски остана само резерва. Со Грузија имаме три меча од минатата година, сите во Лигата на нации, две ремија 1-1 (стрелци Ристовски во Тбилиси и Алиоски во Скопје) во групите и епската победа во Тбилиси во финалето во баражот за пласман на Еуро 2020 (стрелец Пандев). Против Гибралтар имаме две победи без примен гол од првата сезона во Лигата на нации со 2-0 на гости и убедливи 4-0 во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/so-gruzija-i-gibraltar-imame-pozitiven-skor-derbijata-kje-ni-bidat-so-bugarite/feed/ 0
Англиска доминација во ждребот за четвртфиналето на ЛШ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/angliska-dominacija-vo-zdrebot-za-chetvrtfinaleto-na-lsh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/angliska-dominacija-vo-zdrebot-za-chetvrtfinaleto-na-lsh/#respond Thu, 14 Mar 2019 09:07:24 +0000 https://kurir.mk/?p=174579

Синоќа станаа познати сите осум тимови што се рангираа за четвртфиналето од Лигата на шампионите. Англиските тимови доминираат во оваа фаза од турнирот. Четири тимови од Премиер лигата се квалификуваа во последните осум – Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем и Ливерпул. Останатите кои ќе влезат во финалната битка за трофејот се Барселона, Ајакс, Порто и Јувентус. За првпат од 2009 година, четири англиски тимови учествуваат во ждребот за четвртфиналето на турнирот на богатите. За првпат од 2006 година пак во најдобрите осум на Стариот континент, Германија нема претставник во оваа фаза од турнирот. Ждребот за четвртфиналето на турнирот ќе се одржи утре,15март во 12:00 часот по македонско време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/angliska-dominacija-vo-zdrebot-za-chetvrtfinaleto-na-lsh/feed/ 0