здружение хопс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Dec 2020 18:15:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здружение хопс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски со писмо до Здружението “ХОПС – Опции за здрав живот“ по повод светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-pismo-do-zdruzenieto-hops-opcii-za-zdrav-zivot-po-povod-svetskiot-den-za-borba-protiv-hiv-sida/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-pismo-do-zdruzenieto-hops-opcii-za-zdrav-zivot-po-povod-svetskiot-den-za-borba-protiv-hiv-sida/#respond Tue, 01 Dec 2020 18:14:54 +0000 https://kurir.mk/?p=437141

Во моменти кога вниманието на целиот свет е насочено кон борбата против пандемијата и кризата предизвикана од вирусот КОВИД-19, не смееме ниту за миг да заборавиме и на другите заболувања, со кои се соочуваме и се закана за нашето здравје и здравјето на сите наши сограѓани. Посебно не, доколку станува збор за заболувања кои најмногу ја таргетираат младата популација, како што е во случајот со ХИВ вирусот и СИДА. Во таа насока, на Светскиот ден за Борба против СИДА, 1 декември, на кој сите ние се обединуваме во борбата против ова заболување, даваме поддршка на сите заболени со ХИВ и им оддаваме почит на сите кои починале од заболувања поврзани со СИДА. Истовремено, би сакале Вам и на Вашата граѓанска организација, да ви изразиме длабока почит за вашата хуманитарна работа во насока на превенција на ова заболување помеѓу граѓаните, пишува Мицкоски во своето писмо испратено до Здружението ХОПС – Опции за здрав живот. ВМРО-ДПМНЕ со голем интерес и во континуитет ја следи работата на Вашата организација и изразува поддршка на Вашите заложби, здравствениот и социјалниот пристап кон лицата заболени од СИДА и ХИВ-позитивните да биде на највисоко можно ниво, по примерот на најразвиените демократски држави. Како партија имаме целосно разбирање за оваа група на наши сограѓани и вистински сочувствуваме со нивните потреби и проблеми со кои се соочуваат секојдневно. Воедно сме свесни за недостатоците на нашиот здравствен систем, неажурноста на државните институции, како и стереотипниот и осудувачки поглед на одреден дел од општеството, пишува понатаму во писмото Мицкоски.. Во оваа прилика би сакале да ја реафирмираме нашата поддршка и желба за соработка за се она што го работите, со верба дека во иднина многу од вашите напори ќе придонесат за квалитетни решенија во рамките на интегриран институционален пристап кон лицата заболени од СИДА и ХИВ-позитивните. ВМРО-ДПМНЕ е партија која е доследна на својот систем на вредности и затоа и во иднина ќе продолжи да дава поддршка на нашите сограѓани заболени од СИДА и ХИВ-позитивните, преку создавање на перспектива во рамките на едно современо инклузивно општество каде чувството на емпатија и взаемната помош и соработка се составен дел од нашата култура, пишува меѓудругото во писмото со поддрша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-pismo-do-zdruzenieto-hops-opcii-za-zdrav-zivot-po-povod-svetskiot-den-za-borba-protiv-hiv-sida/feed/ 0