Здружение на јавни обвинители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Dec 2022 11:20:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Здружение на јавни обвинители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Избрани нови органи на Здружението на јавните обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbrani-novi-organi-na-zdruzenieto-na-javnite-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbrani-novi-organi-na-zdruzenieto-na-javnite-obviniteli/#respond Thu, 22 Dec 2022 11:20:44 +0000 https://kurir.mk/?p=779031

Здружението на јавни обвинители вчера одржа изборно собрание на кое беа избрани новите органи на Здружението. Членовите со мнозинство гласови го избраа составот на новиот Извршен одбор, кој согласно актите на Здружението, потоа го изврши изборот на носечките раководни органи на Здружението на јавни обвинители. За членови на Извршниот одбор на Здружението на јавни обвинители беа избрани: Анита Тополова Исајловска Елвин Вели Наум Паноски Ирина Трајкоска Стрезоски Стојанчо Арнаудоски Деса Пауновска Башким Хисени Јелена Колева Доагазанска Виолета Милчовска Катерина Коларевиќ Ана Гоговска Јакимовска Спасенка Андонова Катерина Панева Од членовите на Извршниот одбор, за претседател на Здружението на јавни обвинители беше избран Елвин Вели, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Јавните обвинители Спасенка Андонова и Ирина Трајкоска Стрезоски беа избрани за потпретседатели, а јавниот обвинител Ана Гоговска Јакимовска за секретар на Здружението. За благајник е определена Катерина Панева. Во следнот период новите органи за Здружението ќе изготват годишна програма во која ќе бидат предвидени повеќе активности со цел унапредување и јакнење на статусот на јавните обвинители и стручната служба во обвинителството, зголемување на соработката со институции и невладини организации, како и учество во проекти поврзани со законската регулатива во правосудната сфера. Членовите се заблагодарија на досегашното раководство на Здружението за нивниот придонес за функционирањето на организацијата.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbrani-novi-organi-na-zdruzenieto-na-javnite-obviniteli/feed/ 0
Здружение на јавни обвинители: Писмото од Русковска го нарушува угледот и Етичкиот кодекс на јавните обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-javni-obviniteli-pismoto-od-ruskovska-go-narushuva-ugledot-i-etichkiot-kodeks-na-javnite-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-javni-obviniteli-pismoto-od-ruskovska-go-narushuva-ugledot-i-etichkiot-kodeks-na-javnite-obviniteli/#respond Thu, 04 Aug 2022 11:08:03 +0000 https://kurir.mk/?p=713999

Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија остро реагира на отвореното писмо од јавниот обвинител Вилма Русковска упатено синоќа преку медиумите до странски амбасади и меѓународни организации. Како професионално здружение, се посочува во денешната реакција од Здружението на јавни обвинители, со зачуденост го проследивме дописот за кој сметаме дека го нарушува угледот на јавнообвинителската функција и грубо го прекршува Етичкиот кодекс на јавните обвинители. – Имено, како јавни обвинители не гледаме ниту една причина за ваков драматичен полноќен повик до меѓународни институции и дипломати, особено што ниту обвинителката Русковска, ниту останатите обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во ниту еден момент не биле спречени самостојно да водат истраги за предмети во нивна надлежност, подвлекуваат од Здружението. Меѓутоа, при постапувањето во предметите, и тие како и сите останати јавни обвинители, истакнуваат, мора да се водат од начелата на законитост и правичност. – Освен тоа, Јавното обвинителство е засновано на принципите на хиерархија и субординација, што значи дека секој јавен обвинител за својата работа одговара пред повисокото обвинителство. Ниту еден јавен обвинител не смее да се смета себе си за семоќен и да одбива контрола над постапувањето. Таквата контрола токму има за цел да се избегне незаконито постапување и самоволие, како и да се гарантира праведноста на постапката, се вели во реакцијата. Јавното обвинителство, стои во реакцијата, имало и има капацитети и институционални можности да ги преземе сите неопходни дејствија и апсолутно независно да одлучува во секој еден предмет, без притоа да има потреба од надзор од амбасади или меѓународни организации. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-javni-obviniteli-pismoto-od-ruskovska-go-narushuva-ugledot-i-etichkiot-kodeks-na-javnite-obviniteli/feed/ 0