здружение на новинари на македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Feb 2023 13:54:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здружение на новинари на македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонската полиција ги спречи новинарите да известуваат од црквата Св. Спас и гробот на Гоце Делчев! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskata-politsija-gi-sprechi-novinarite-da-izvestuvaat-od-tsrkvata-sv-spas-i-grobot-na-gotse-delchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskata-politsija-gi-sprechi-novinarite-da-izvestuvaat-od-tsrkvata-sv-spas-i-grobot-na-gotse-delchev/#respond Fri, 03 Feb 2023 13:53:55 +0000 https://kurir.mk/?p=795757

Во пресрет на чествувањето за Гоце Делчев, ЗНМ потенцира дека со оглед на тоа што станува збор за настан од исклучителен јавен интерес, неопходно е да се обезбедат услови за непречено известување на новинарите, како на самиот ден на известување така и денеска. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на односот на полициските службеници кои во текот на денешниот ден спречуваа новинари и медиумски екипи да си ја вршат професионално својата работа околу црквата Свети Спас во Скопје. До ЗНМ пристигна реакција од повеќе колеги новинари и медиумски работници кои биле спречени при вршење на професионална работата на јавен простор околу црквата Св. Спас каде се наоѓаат моштите на Гоце Делчев. На прашањето зошто не смеат да снимаат, од службата за комуникации при МВР добиле одговор дека имаат таква наредба, притоа без детали за одлуката. Бараме од МВР да овозможи пристап и да не го попречува правото на работа на новинарите и правото на информирање на граѓаните. ЗНМ бара од МВР да овозможи пристап за новинарите и медиумските екипи, на локациите за кои новинарите сметаат дека се важни за јавноста, со цел да се заштити слободата на известување и јавно информирање. Со почит кон безбедносните протоколи и проценки на МВР, укажуваме дека тие не треба да водат кон цензура во која новинарите и јавноста би биле лимитирани или целосно ускратени за информациите кои се поврзани со овој настан од исклучителен јавен интерес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskata-politsija-gi-sprechi-novinarite-da-izvestuvaat-od-tsrkvata-sv-spas-i-grobot-na-gotse-delchev/feed/ 0
Д-р Митрев до претседателот на ЗНМ: Зошто не смеам да ја кажам својата страна и зошто секој новинар што разговара со мене треба да биде ставен на јавен линч? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mitrev-do-pretsedatelot-na-znm-zoshto-ne-smeam-da-ja-kazham-svojata-strana-i-zoshto-sekoj-novinar-shto-razgovara-so-mene-treba-da-bide-staven-na-javen-linch/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mitrev-do-pretsedatelot-na-znm-zoshto-ne-smeam-da-ja-kazham-svojata-strana-i-zoshto-sekoj-novinar-shto-razgovara-so-mene-treba-da-bide-staven-na-javen-linch/#respond Wed, 25 Jan 2023 10:21:54 +0000 https://kurir.mk/?p=791615

Д-р Жан Митрев испрати писмо до претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски во кое го повикува за поголема заштита на новинарите кои се ставени на јавен линч поради објавување информации за случајот за Клиниката Жан Митрев и за докторот. Митрев елаборирајќи го односот од страна на ИРЛ кон сите медиуми и новинари што ќе објават информација или интервју со него, посочува на непостоење на елементарното право на слобода на говор и мислење а со тоа и нарушување на Кодексот на новинари со постојани напади на независно изнесените факти и страната на Клиниката Жан Митрев. „Сведоци сте дека секој обид да ја прикажам мојата страна на приказната во јавност наоѓа на напади кон мене и новинарите кои ме интервјуираат или ја пренесуваат веста. Сакам да ви поставам прашање според кој етички новинарски кодекс јас не смеам да ја кажам својата страна и според која колегијалност секој новинар што ќе разговара со мене треба да се стави на јавен линч. Дали новинарите на ИРЛ се и истражители, и адвокати, и обвинители, и судии? Дали според некој кодекс нивниот збор треба да е последен и дали јас како личност немам право да комуницирам со новинари? Не го разбирам јас овој концепт на новинарство кога некој не смее да каже нешто. Нели сите сме за почитување на јавно искажаниот став без разлика каков е и за слобода на говорот. Зарем мене треба таа слобода да ми биде одземена бидејќи некој сака да ме прикаже во светло кое не е вистината. Дали јас не треба да се обидам да ја прикажам вистината? Ве прашувам Вас бидејќи најлошо е некој да се обиде да се замолчи, а во исто време да се линчува јавно без никаква причина“, пишува во писмото д-р Митрев. Со целосно разбирање за новинарската професија и истражувачкото новинарство, д-р Митрев отворено го поздравува секој чекор на истражувачко новинарство, но вистинско и со јасно претставување на двете страни. Тој во писмото до претседателот на ЗНМ, ја објаснува својата позиција во која се наоѓа и причините што доведоа до тоа: „Се соочувам со можеби најтешката криза што ја имам лично и мојата Клиника поради натписите во ИРЛ каде бев обвинет дека правам експерименти врз пациенти, дека не сум доктор, дека ‘заработувам’ на здравјето на луѓето. Употребени беа квалификации како ‘убиец, д-р Менгеле’ и слични зборови на омраза со кои неосновано ме етикетира во нешто што јас не сум. Работам во оваа држава со децении, се обидувам да направам најдобро што можам и искрено се обидувам да бидам максимално толерантен на сите напади. Особено бидејќи станува збор за човечки животи. Со вашиот претставник имавме комуникација кога се снимаше интервјуто на ИРЛ каде сакав само да се заштитам од вадење од контекст на моите одговори што и самиот сте свесен се случува понекогаш во некој новинарски прилог, некогаш поради временското ограничување, некогаш поради немарност. Со ИРЛ бевме договорени да се објави целосното интервју по емисијата на каналот YouTube што истото не беше испочитувано. Не барав многу од нив за да не добијам ништо“, објаснува д-р Митрев. Д-р Митрев во писмото уште потенцира дека заради разбирање на сензитивноста на новинарската работа, ја повлече тужбата за ИРЛ, но истовремено не разбира како овој личен чин е негативен? “Не разбирам зошто додека трае процесот не смеам да се појавам во јавност? Па јас сум обвинет, не сум осуден. Дали ме осудија вашите колеги пред судот? Дали ми го одземаат зборот што имам право да го кажам? Вас ве молам за разбирање на ситуацијата во којашто се наоѓам. Не сакам да креирам дополнителни проблеми, но не сакам да останам нем за да задоволам нечии задни намери. Ќе продолжам да работам, да се борам да ја докажам вистината и Ве молам да ги заштитите Вашите колеги кои се ставени на јавен линч поради мене“, го завршува писмото д-р Митрев.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mitrev-do-pretsedatelot-na-znm-zoshto-ne-smeam-da-ja-kazham-svojata-strana-i-zoshto-sekoj-novinar-shto-razgovara-so-mene-treba-da-bide-staven-na-javen-linch/feed/ 0
ЗНМ: Дефиницијата за навреда не смее да содржи ,,негативно мислење” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-definicijata-za-navreda-ne-smee-da-sodrzi-negativno-mislenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-definicijata-za-navreda-ne-smee-da-sodrzi-negativno-mislenje/#respond Sun, 06 Feb 2022 10:42:02 +0000 https://kurir.mk/?p=627657

Во предлог законот за клевета и навреда, во моменталната верзија, во дефиницијата за навреда се вели дека ќе се одговара и за изразување на „негативно мислење“. Оваа дефиниција е нова и се разликува од постоечкиот закон, а на начинот на кој е дефинирана остава простор за погрешно толкување од страна на граѓанскиот суд на штета на слободата на изразување, ова денеска преку реакција го истакнуваат од Здружението на новинари на Македонија. ЗНМ бара ова, во дефиницијата за навреда соодветно да се коригира на начин што ќе се врати старата дефиниција од законот од 2013 година која, во тоа време, беше позитивно оценета и од ОБСЕ и Советот на Европа. „Иако во локалната судска пракса предметите кон медиумски работници се пред се за клевета и речиси да нема за навреда, ваквата дефиниција доколку не се измени може да поттикне во иднина бран на тужби кон новинарите само за искажано мислење што во основа е спротивно со начелата на слободата на изразување и правото на информирање на граѓаните. Текстот на овој Предлог закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета е во фаза на прво читање во Собранието од јули 2021 година. Истиот текст предвидува значително намалување на нематеријалната штета за новинарите и медиумските работници како барање што ЗНМ претходно го имаше кон Министерството за правда“, стои во нивната реакција до јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-definicijata-za-navreda-ne-smee-da-sodrzi-negativno-mislenje/feed/ 0
Чадиковски: Јавниот интерес е пред се, обвинителството наместо да го пронајде кртот, го осуди оној кој ги објавил информациите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-javniot-interes-e-pred-se-obvinitelstvoto-namesto-da-go-pronajde-krtot-go-osudi-onoj-koj-gi-objavil-informaciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-javniot-interes-e-pred-se-obvinitelstvoto-namesto-da-go-pronajde-krtot-go-osudi-onoj-koj-gi-objavil-informaciite/#respond Wed, 04 Mar 2020 17:59:58 +0000 https://kurir.mk/?p=312143

Соогласно Уставот на Република Македонија, односно член 16 „се гарантира правото на заштита на изворот на информација во средствата за јавно информирање, а цензурата е забранета“. Токму во духот на овој член од Уставот на Македонија и кодексите на сите еснафски здруженија Инфомакс ја информира македонската јавност. Сепак денеска спроитвно на Уставот и на законите на државата, судот пресуди 6 месеци затвор за главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски по што следуваше низа на жестоки реакции во јавноста. На денешната пресуда реагираше и претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски . Тој истакна дека овој процес и ваквата пресуда не води кон подобрување на климата во општеството и деека јавниот интерес е пред се. -И кога беше поднесена пријавата и сега сметам дека гонењето врз основа на искажан збор не води кон подобра клима во општеството. Свесен за улогата и одговорноста на новинарите при вакви сензибилни теми, па дури и кога постојат индиции за прекршување на законите, сметам дека мора да се води сметка за поширокиот јавен интерес.  Од друга страна останува нејасно зошто обвинителството не го пронајде кртот кој ги украл исказите од таму, па единствен виновник се бара во тој што ги објавил, вели Чадиковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chadikovski-javniot-interes-e-pred-se-obvinitelstvoto-namesto-da-go-pronajde-krtot-go-osudi-onoj-koj-gi-objavil-informaciite/feed/ 0
ЗНМ: ОЈО треба да ги гони лицата што ги изнеле записниците, а не оние што ги објавиле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-ojo-treba-da-gi-goni-licata-shto-gi-iznele-zapisnicite-a-ne-onie-shto-gi-objavile/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-ojo-treba-da-gi-goni-licata-shto-gi-iznele-zapisnicite-a-ne-onie-shto-gi-objavile/#respond Wed, 25 Sep 2019 12:28:19 +0000 https://kurir.mk/?p=244551

Начинот и леснотијата со кои Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт за оддавање службена тајна во предистрага против  Александар Митовски од порталот „Infomax.mk” отвора сомнежи за нетранспарентност и селективност во постапката, ова денеска преку соопштение го информираат од Здружението на новинари на Македонија. -ОЈО со обвинителниот предлог го терети Митовски за оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик затоа што на 23 август, 2019 година на порталот „Infomax.mk“ е објавена првата страница од записникот за актуелниот случај „Рекет“. Обвинителството не треба да ги гони оние што ги објавиле документите, туку личноста која имала пристап до службени тајни и истите ги изнела и ги дала на медиум. Дополнително, случајот на којшто се однесува протечениот документ е високо-профилен што уште повеќе треба да го зголеми притисокот врз Обвинителството да ги употреби сите ресурси и службена легална моќ за да открие како се случило протечувањето. Само на овој начин ќе има гаранција дека во иднина ќе се запазува тајноста на истрагите. Доколку Обвинителството настојува на продолжување на обвинителниот акт ќе побараме од Кривичниот суд во Скопје да го отфрли обвинителниот предлог со цел да се запре постапката. Ваквите судски прогони дополнително можат да создадат негативен ефект врз слободата на говорот и да поттикнат самоцензура, особено за предмети во кои се обвинети јавни личности за злоупотреба на должност и корупција. Во исто време ги потсетуваме медиумите дека примената на највисоките професионални и етички стандарди се гаранција дека ние новинарите го штитиме јавниот интерес. Новинарите мора да се осигураат дека кога се работи со протечени документи кои имаат потенцијал да нанесат штети врз граѓаните и институциите ќе применат современи методи, меѓу кои: проверка на фактите, правни консултации, формирање на етички комисии од редот на новинарите кои треба да утврдат дали она што ќе го откријат изнесените информации е релевантно за јавниот интерес итн. Советот за етика во медиумите (СЕММ) само минатата година против порталот „Infomax.mk” има донесено 3 одлуки за прекршување на професионалните и етичките стандарди и објавување дезинформации. Во таа насока, укажуваме доследно да се  почитува Новинарскиот кодекс со цел да се поттикне и оправда довербата на еснафот и пред се граѓаните, стои во нивната реакција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-ojo-treba-da-gi-goni-licata-shto-gi-iznele-zapisnicite-a-ne-onie-shto-gi-objavile/feed/ 0
ЗНМ будно го следи случајот со МВР и новинарот Златев: Уставот го гарантира правото на заштита на изворот на информација во медиумите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-budno-go-sledi-sluchajot-so-mvr-i-novinarot-zlatev-ustavot-go-garantira-pravoto-na-zashtita-na-izvorot-na-informacija-vo-mediumite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-budno-go-sledi-sluchajot-so-mvr-i-novinarot-zlatev-ustavot-go-garantira-pravoto-na-zashtita-na-izvorot-na-informacija-vo-mediumite/#respond Wed, 24 Jul 2019 13:05:04 +0000 https://kurir.mk/?p=222097

Денеска во просториите на СВР Скопје на претходна покана од МВР, новинарот Љупчо Златев во присуство на правен застапник имал разговор со службени лица од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. Според разговорот со колегата Златев, предмет на разговорот биле неговите претходни објави на онлајн медиумот каде што тој е уредник а поврзани со сомнежите за сторени кривични дела од страна на Генералниот секретар на Владата на РСМ, Драги Рашковски. На разговорот во МВР, од Златев било барано да потврди дали тој е автор на овие објави како и да го открие изворот на објавените информации и снимки. Тој потврдил дека е автор но одбил да даде информација за својот извор. ЗНМ потсетува дека Уставот на РСМ во членот 16 го гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање и ова право е загарантирано во Законот за медиуми како и во Европската повелба за заштита на човековите права. Истовремено, ретки се примерите во европските земји каде што за објавен текст кој индицира злоупотреби во системот, се повикуваат новинари да го кажат својот извор. Ваквата практика може да се толкува како притисок кон новинарите со што може да придонесе кон само цензура. ЗНМ со особен интерес го следи овој случај и стои на располагање за бесплатна правна помош за новинарот Златев доколку истата е неопходна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-budno-go-sledi-sluchajot-so-mvr-i-novinarot-zlatev-ustavot-go-garantira-pravoto-na-zashtita-na-izvorot-na-informacija-vo-mediumite/feed/ 0
Сака ли некој да ја замолчи „Република“? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saka-li-nekoj-da-ja-zamolchi-republika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saka-li-nekoj-da-ja-zamolchi-republika/#respond Wed, 28 Feb 2018 10:02:55 +0000 http://kurir.mk/?p=25615

Судската пресуда со која се казнува неделникот „Република“ со парична казна, а директорот и сопственикот со условна казна затвор, без ниту едно одржано рочиште, медиумот го смета за притисок и форма на цензура. Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, вели дека за случајот дознале од медиумите, а доколку биле навремено информирани, од времето и кога била покрената постапка, ќе имале можност за постојано мониторирање на процесот и навремена реакција. -Сега што може да се направи? Ја добивме пресудата и веќе ангажиравме адвокат да ни даде мислење, како во овој случај е применет законот и дали пресудата е во согласност со праксата на Европскиот суд за човекови права. На адвокатот ќе му биде потребно два-три дена да ни даде мислење, а потоа ќе излеземе со став во јавноста, вели Селмани, пренесува Нетпрес. За потсетување, медиумот е казнет за текст за кој прво е одредена глоба од страна на Дирекцијата за заштита на лични податоци, за потоа, истиот случај да добие и судската пресуда со парична казна, а Доне Доневски, директор и сопственик доби условна казна затвор, и тоа како што тврди тој без ниту едно одржано рочиште. Од „Република“, ваквиот начин на постапување, сметаат дека не може да се толкува поинаку освен како политички и судски преседан за вршење притисок. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници смета дека не може да се впушта во коментирање на правната заснованост на конкретната судска одлука и дали таа е во колизија со другите законски прописи во Македонија. ССНМ е на став дека текстот кој бил предмет на прекршочна и на кривична постапка, од етички и професионален аспект е во длабока колизија со основните новинарски принципи и дека покрај повеќето прекршувања на Кодексот, тој текст изобилува пред се со говор на омраза. Говорот на омраза, покрај во Кодексот, каде е санкциониран од етички аспект, санкциониран е со други закони, вклучувајќи го и Кривичниот законик на РМ. Принципиелна позиција и трајна вредност на ССНМ се слободата на говорот, безбедноста и достоинството на медиумските работници и слободно работење на медиумите. Но, исто така принципиелен став и заложба на ССНМ е професионално и етичко новинарство согласно стандардите и принципите на Светската федерација на новинарите (СФН) и Кодексот на новинарите на Македонија, кој се базира врз Принципите на СФН, посочуваат од ССНМ. Правниците коментираат дека ваков случај досега воопшто не било дел од судската пракса бидејќи за исто дело медиумот веќе добил прекршочна казна изречена од Дирекцијата за заштита на лични податоци, која е веќе платена. Од „Репубика“ известија дека за овој случај запознаени се меѓународните претставници во земјава, Народниот правобранител, Здружението на новинари, Синдикатот на новинари, како и Советот за етика во медиумите. Интересно е што посочените лица, во текстот  со наслов „6.000.000 евра за платеничката војска на СОРОС“ не ја негираат содржината на текстот, ниту пак информациите кои се објавени. Тие не поднеле тужба за клевета и навреда. Туку, проблематично било што посочувањата во текстот се поврзани со име и презиме на  личности, кои всушност имаат јавни функции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saka-li-nekoj-da-ja-zamolchi-republika/feed/ 0