здружение на оштетени штедачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Jun 2022 07:54:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здружение на оштетени штедачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здружение на оштетени штедачи: Прва авансна распределба кон доверителите физички и правни лица, случајот наречен Еуростандард банка е далеку од завршен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-prva-avansna-raspredelba-kon-doveritelite-fizichki-i-pravni-lica-sluchajot-narechen-eurostandard-banka-e-daleku-od-zavrshen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-prva-avansna-raspredelba-kon-doveritelite-fizichki-i-pravni-lica-sluchajot-narechen-eurostandard-banka-e-daleku-od-zavrshen/#respond Tue, 21 Jun 2022 07:54:17 +0000 https://kurir.mk/?p=693518

Здружението на оштетени штедачи преку соопштение до јавноста велат дека прва авансна распределба кон доверителите физички и правни лица, случајот наречен Еуростандард банка е далеку од завршен. „После речиси две години, стечајната постапка на Еуростандард банка дојде до првата авансна распределба кон доверителите физички и правни лица. Во стечајната маса се собраа вкупно 50 милиони евра, кои се во постапка на исплата. Судскиот процес, почнувајќи од одлуката на Уставниот суд за укинување на приоритетното место за наплата на Фондот за осигурување на депозити, преку постапките што се водеа во Основниот и Апелациониот суд Скопје, резултатираа со крајна одлука да поголем дел од физичките лица доверители, оние чии депозити биле осигурани согласно закон, бидат обештетени во целост преку сегашната прва аванска распеделба од стечајната маса. Додека еден дел од физичките лица и сите правни лица доверители во банката се обештетија делумно, околу една третина од нивните депозити. Или, преку бројки, нешто повеќе од 500 физички лица ги добиjа назад своите заробени депозити во целост, додека останатите, повеќе од 100 физички лица и околу 2.000 правни лица, заедно со Фондот за осигурување на депозити како најголем доверител, останаа и понатаму да ги побаруваат своите депозити во стечајната постапка на Еуростандард банка. Но не би бил овој прв успех возможен без активната поддршка на медиумите кои несебично го помагаа Здружението „Правда за штедачи“ преку објавите кои ги споделувавме во изминатите неполни две години од затворањето на банката. Бевте со нас секогаш кога требаше, да ги пренесете во целост нашите заложби за правично и праведно решавање на стечајот на Еуростандард банка. Таа мисија, која е од јавен интерес, несебично ја извршувате, за што сме ви многу благодарни. Со други зборови, без вашата поддршка овој првичен успех немаше да биде возможен. Но, состојбата во стечајната постапка на Еуростандард банка е далеку од розова. Официјалниот извештај за банката на денот на нејзиното затворање во август 2020 година вели дека во банката имало кредити во износ од 99 милиони евра, од кои околу 58 милиони евра ненаплатливи и тешко наплатливи кредити додека останатите 41 милиони евра биле редовни кредити. Во банката имало и околу 25 милиони евра во парични средства за резервации за лоши пласмани, кои заедно со наплатените дополнителни 25 милиони евра, најмногу од кредити кои можеле да се наплатат во текот на минатите две години, ја сочинуваат првата авансна распределба од 50 милиони евра. Реалната состојба е таква да понатамошните приливи во стечајната маса се многу мали, а тоа ја прави понатамошната наплата многу неизвесна и крајно дискутабилна за сите оние кои останаа доверители во стечајната постапка на банката. Со други зборови, тие правни и физички лица должници кои можеле и сакале да ги вратат кредитите го направиле тоа до сега, додека недостатокот од оние 58 милиони евра нефункционални кредити, дадени и поделени на вересија и врз основа на измислени критериуми од страна на менаџментот на Еуростандард банка, и понатаму не можат да се вратат во банката. За тоа сведочат и многуте затворени или во стечај однесени фирми должници, каде остануваат ненаплатени речиси 60 отсто од кредитното портфолио на Еуростандард банка. Затоа, ја очекуваме поддршката од медиумите и во наредниот период. Затоа што случајот наречен Еуростандард банка е далеку од завршен. Очекуваме вистината за банката и правдата за оштетените депоненти да бидат наскоро обзнаени и во постапката која ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, коешто има започнато истрага за Еуростандард банка уште во февруари минатата година. Затоа што разрешување на прашањата за сторениот организиран криминал во банката ќе помогне не само на доверителите во банката, туку и ќе испрати јасна порака до сите останати банки и други финансиски институции како не треба да се работи и управува со банка. Тоа, впрочем, е од голем јавен и општествен интерес. На вас, медиумите, искрено ви благодариме, до сега и од сега“, стои во нивното соопштение до јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-prva-avansna-raspredelba-kon-doveritelite-fizichki-i-pravni-lica-sluchajot-narechen-eurostandard-banka-e-daleku-od-zavrshen/feed/ 0
Оштетените штедачи ја поздравуваат одлуката на Уставен суд за поведената постапка за Закон за банки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-ja-pozdravuvaat-odlukata-na-ustaven-sud-za-povedenata-postapka-za-zakon-za-banki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-ja-pozdravuvaat-odlukata-na-ustaven-sud-za-povedenata-postapka-za-zakon-za-banki/#respond Wed, 21 Apr 2021 12:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=500369

Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи” им честита на уставните судии за поведената постапка по нивната иницијатива за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки. -Оваа историска победа е за сите граѓани во државата и истата треба да биде поттик да во овие тешки времиња на пандемија и економска криза уставниот поредок да служи како поддршка на граѓаните, а не за лични интереси на поединци и лоби групи. Се надеваме дека институциите нема да запрат тука и дека конкретниов случај на носење на историски праведна одлука ќе служи за пример како да делуваат понатаму. За историски одлуки се потребни херои, а денес тоа се уставните судии. Ви благодариме што останавте на страната на правото и правдата!, стои во денешното соопштение од Здружението. Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки, според кој, побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители. Судот изрази сомнеж за уставноста на оспорената законска одредба. Уставните судии пред неполни два месеца не поведоа постапка по иницијативата поднесена за истата одредба од Законот за банки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-ja-pozdravuvaat-odlukata-na-ustaven-sud-za-povedenata-postapka-za-zakon-za-banki/feed/ 0
Здружение на оштетени штедачи: ДКСК има надлежност врз извршната а не врз судската власт – ова е невиден апсурд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-dksk-ima-nadleznost-vrz-izvrshnata-a-ne-vrz-sudskata-vlast-ova-e-neviden-apsurd/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-dksk-ima-nadleznost-vrz-izvrshnata-a-ne-vrz-sudskata-vlast-ova-e-neviden-apsurd/#respond Fri, 16 Apr 2021 06:16:45 +0000 https://kurir.mk/?p=497948

- Во врска со повторното одлагање на гласањето на Уставниот Суд за уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, би сакале, како Здружение на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи“, да изнесеме неколку факти кои одлагањето на произнесувањето го прават депласирано. Вмешувањето на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во оваа иницијатива е апсурдно и сосема непотребно, по што веќе станува видливо и за јавноста она што за нас е одамна јасно. Уставниот Суд е под страшен притисок. Тој притисок се спроведува преку одредени судии кои, за жал, по заслуга, но не и според својот квалитет, се избрани во највисокиот суд којшто треба да ја заштитува уставноста и законитоста во државата. Тешко на таа уставност и законитост кога за неа треба да одлучуваат судии „по заслуга” кои одработуваат, место да ги оценуваат уставноста и законитоста, се вели во соопштението на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка. -- Но, да се задржиме на фактите, или поточно да образложиме зошто е невиден апсурд за некаков судир на интереси на уставните судии да одлучува ДКСК. Прво, начелно и принципиелно, го поставуваме прашањето дали ДКСК има законска надлежност да цени за судир на интереси на уставен судија при оценка на уставност на ЗАКОН? Бидејќи ДКСК има надлежност врз извршната власт, а не врз судската власт! На пример, изземање на судија од Основниот суд не се бара од ДКСК, туку од претседателот на Основниот суд. Тоа е така бидејќи судската власт е независна од извршната власт. Понатаму, колку што нам ни е познато, законот е општ акт којшто се однесува на неопределен број на луѓе, поради што важи за сите уставни судии како граѓани. Исто како што важи и за сите други граѓани. Прашуваме, дали тоа значи дека сите судии за секој закон, бидејќи тој важи лично за нив, имаат судир на интереси и не можат да одлучуваат по иницијативи за оценка на нивната уставност? Или да го поставиме прашањето поинаку, дали, според оваа логика, ВООПШТО НИ Е ПОТРЕБЕН УСТАВЕН СУД, со оглед дека за законите, кои како општи акти што важат и за нив, поради судир на интереси, уставните судии не можат да оценуваат дали се во спротивност со Уставот, прашуваат од здружението. Тие посочија дека за еден од судиите биле пласирани јавни информации дека бил во релации со еден од главните акционери во Еуростандард банка, Коста Костовски. Член 163 став 3 од Законот за банки гласи: „Побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители”. - Се поставува прашањето, каде во член 163 став 3 е споменат Коста Костовски или Еуростандард банка? Дали оспоруваната одредба од Законот за банки се однесува само за Еуростандард банка и за Коста Костовски или за сите банки? По таа логика, бидејќи секој од судиите зема плата преку некоја банка, имаат ли сите судии судир на интереси затоа што законот важи и е поврзан со сите, вклучително и со „нивната” банка? Слушнале ли во Уставниот Суд за терминот “in apstrackto”? Бидете сериозни Ве молиме, сепак тоа е Уставен Суд. Исто така пласирана е дезинформација дека судијата имал депозит во Еуростандард банка поради што имал конфликт на интереси. Со оглед дека шемата на доверители и решението од судот се јавно достапни, ние, како Здружение категорички тврдиме дека ова е дезинформација, посочуваат оштетените штедачи. - Но, дури и да има, како што веќе кажавме, член 163 став 3 од Законот за банки не е lex specialis којшто важи само за Еуростандард банка, ниту пак значи дека со укинување или поништување на таа одредба доверителите со сигурност ќе ги наплатат своите побарувања во стечајот на таа банка. Тоа значи само дека ќе се укине нееднаквоста и дискриминацијата, ништо друго. Прашуваме, тоа ли е судир на интереси? Или, во чиј интерес е да постои нееднаквост и дискриминација, прашуваат. Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка изразува надеж дека сепак Уставниот Суд ќе го сочува дигнитетот, дека нема да дозволи некои од судиите, место да ги применуваат Уставот и законите, преку подземни игри со одредени банкарски кругови, политички структури, информативни гласила и портали, како и поставување на апсурдни барања за испитување на судир на интереси, да го урнисаат во целост угледот на највисокиот суд во државата и да ги сведат судиите на обични „трговци со влијание”. - Истовремено, ја повикуваме ДКСК да се одважи и да одговори на барањето на уставните судии за судир на интереси во рокот што од неа ќе биде побаран од судот, за да може истиот непречено да одлучува според закажаното на седницата од 15.04.2021 година, или најдоцна до 20.04.2021 година, бидејќи следното гласање е закажано за 21.04.2021 година. Инаку, за ваквите подземни игри во Уставниот Суд, Здружението смета дека мора да има поединечна одговорност. Исто како и за пропаѓањето на Еуростандард банка. И ние ја уверуваме македонската јавност дека нема да застанеме, ќе продолжиме со нашата борба. Ние добро знаеме што се случува, не сме наивни како што некој мисли. Но затоа, на сите „мешетари” во судот и надвор од него им порачуваме ДОАЃА ВРЕМЕ НА ОДГОВОРНОСТ. Или ако сакате народски „кој што сеел, тоа ќе си жнее”. Затоа што ние оштетените од Еуростандард банка имаме загубено многу, речиси се, и доколку се ставите во наша положба ќе знаете дека нашата болка мора да добие име и презиме. Ќе сториме се тоа име и презиме да стане јавно и познато на целата македонска јавност. И тоа наскоро, веќе во следните соопштенија, додаваат од здружението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-dksk-ima-nadleznost-vrz-izvrshnata-a-ne-vrz-sudskata-vlast-ova-e-neviden-apsurd/feed/ 0
Оштетените штедачи пред Уставниот суд: Еуростандард банка пропадна поради криминални активности на неколку категории луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-pred-ustavniot-sud-eurostandard-banka-propadna-poradi-kriminalni-aktivnosti-na-nekolku-kategorii-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-pred-ustavniot-sud-eurostandard-banka-propadna-poradi-kriminalni-aktivnosti-na-nekolku-kategorii-lugje/#respond Thu, 15 Apr 2021 08:06:20 +0000 https://kurir.mk/?p=497506

Оштетените штедачи, физички и правни лица депоненти на Еуростандард банка денеска организираа собир пред Уставниот суд, кој на денешната седница треба да расправа за иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки. -Денеска сме повторно пред Уставниот суд, со надеж дека конечно ќе преовлада правдата и ќе победи правната држава. Денеска повторно на дневен ред пред Уставниот суд е одлуката за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, наведуваат штедачите. Според нив, членот 163 став 3 од Законот за банки претставува генератор што продуцира нееднаквост на правните и физичките лица депоненти на банка во однос на Фондот за осигурување на депозити во случај на стечај или ликвидација на банка. -Далбоко сме убедени дека Еуростандард банка пропадна поради криминални активности на неколку категории луѓе, истакнуваат оштетените штедачи. Посочуваат дека во стечајната постапка нема доволно средства за надомест на нивните пари. -Во апсолутна смисла е загрозена нашата сопственост врз тие средства. Причината за ваквата состојба во стечајот е монополската позиција на Фондот за осигурување на депозити. Но, тоа денес отвора многу прашања од пошироко значење. Од една страна гледаме колку несигурна била нашата позиција во легалниот финансиски систем каде царувал криминалот, и од друга страна гледаме дека во стечајната постапка, со законската регулатива која е на наша штета, повторно ќе бидеме оштетени поради нееднаквата и дискриминирачка позиција во однос на Фондот за осигурување на депозити, сметаат штедачите. Убедени се дека се работи за неодржлива состојба, спротивна на Уставот и гарантираната еднаквост преку забрана на монополската положба по било кој основ. Затоа, додаваат, доколку продолжи примената на законите од областа на финансискиот систем и банкарскиот сектор на ваков начин, не е далеку денот кога поради апсолутно несигурната состојба, многу граѓани – штедачи ќе ги преиспитаат своите штедни влогови во банките. Дури може да дојде и до масовно повлекување на депозити, што, како што наведуваат, искрено не го посакуваат. Според нив, генератор на промените на ваквата состојба во финансискиот систем и банкарскиот сектор гледаат во укинување или поништување на член 163 став 3 од Законот за банки. Сметаат дека со негово укинување или поништување ќе се постигне позитивен ефект не само во стечајната постапка за Еуростандард банка, туку тоа ќе предизвика потреба од темелна реформа на законодавството од областа на банкарското работење. Со тоа, како што наведуваат, ќе се надмине сегашната состојба според која сите во однос на Фондот за осигурување на депозити се во подредена положба, додека правните лица не само што не се еднакви, дури трпат и дискриминација. Сите стравувања на монетарната власт и недовербата на граѓаните можат да се надминат со една одлука на Уставниот суд, во кого оштетените физички и правни лица гледаат последна шанса за враќање на надежта во владеење на правото. Само Уставниот суд може да го укине законскиот текст кој овозможува и креира правна несигурност што води во неизвесност илјадници семејства. На потег е Уставниот Суд!, велат од Здружение на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-pred-ustavniot-sud-eurostandard-banka-propadna-poradi-kriminalni-aktivnosti-na-nekolku-kategorii-lugje/feed/ 0
Здружение на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка апелираат уставните судии да одлучуваат само по Уставот и законите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-fizichki-i-pravni-lica-na-eurostandard-banka-apeliraat-ustavnite-sudii-da-odluchuvaat-samo-po-ustavot-i-zakonite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-fizichki-i-pravni-lica-na-eurostandard-banka-apeliraat-ustavnite-sudii-da-odluchuvaat-samo-po-ustavot-i-zakonite/#respond Mon, 22 Feb 2021 12:24:51 +0000 https://kurir.mk/?p=472244

Во пресрет на седницата на Уставниот суд на која како прва точка од дневниот ред e ставена нивната иницијатива за оценка за уставноста и законитоста на член од Законот за банки, Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи“ ги повикува уставните судии при одлучувањето да се концентрираат само на Уставот и законите. -Само тоа може да гарантира дека ќе донесат одлука со која ќе ги потврдат заложбите за владеење на правото. Се друго претставува калкулантство, субјективизам, необјективност, пристрасност, политички влијанија и заштита на нечии интереси од влијателните банкарски кругови наспроти примена на правото. Со носење на правична одлука од страна на Уставниот суд ќе значи дека во државата се уште се применува начелото на владеење на правото и начелото на еднаквост на сите странки во стечајната постапка. На тој начин, штетата ќе биде помала и по оние кои немаат никаква вина за сторениот масовен грабеж во Еуростандард банка, рече Мира Беќар од Здружението на денешната прес-конференција пред Уставен суд. Ова, додаде, е во интерес не само на оштетените со стечајот на Еуростандард банка кои се сега на удар, туку на многу поширок круг на банкарски клиенти, на кои во некое идно време може да им се случи истата судбина. -Согласно член 163 став 3 од Законот за банки, на државниот Фонд за осигурување на депозити му се дава првенство односно монопол во наплата на побарувањата во однос на физичките и правни лица депоненти на банка во стечај, кои на ваков начин се ставени во нерамноправна положба и се директно оштетени. Оваа крајно неправедна, дискриминирачка, незаконска и неуставна одредба ги оштетува двете групи на доверители, граѓаните со депозити над 30 илјади евра и особено фирмите, посочи Беќар. Јавноста,нагласи, треба да знае дека ниту една од 2.000 фирми депоненти на банката не доби ниту денар обесштетување од Фондот. Многу од нив се на работ на опстојување, не се ликвидни бидејќи парите им се заробени во банката, вработените оставени на улица. Тоа е сосема спротивно и од заложбите за повеќе инвестиции, странски и домашни вложувања. -Македонија е единствената земја во Европа и пошироко каде правните лица – фирми воопшто не се обесштетуваат од државниот Фонд за осигурување на депозити во случај на пропаѓање на банка. Единствена институција во државата која може и треба да ја реши оваа крајно неправедна, дискриминирачка, незаконска и неуставна одредба од Законот за банки е Уставниот суд. Решавањето на ова горчливо прашање го очекуваме преку поднесената иницијатива до Уставниот суд од октомври минатата година, со којашто бараме укинување на предметниот член од наведениот закон бидејќи со истиот се прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајната постапка на банката, што е спротивно на начелата на владеење на правото дефинирани со Уставот. Членовите на Здружението се длабоко убедени дека во овој случај правото е на нивна страна и дека правдата на крајот сепак ќе победи со носење на правична одлука од уставните судии на седницата на Уставниот суд закажана во среда, потенцира Беќар. Членот на Здружението Иван Брзовски во одговор на прашање рече дека со вакво барање досега се обратиле до Собранието, Владата и останатите институции, а имале изработено и предлог-закон кој, според него, ќе ги обесштетеше сите оштетени стечајот на Еуростандард банка. -Во Собранието имаше и комисиска расправа, но законот се уште не е ставен на гласање на седница заради тоа што,претпоставувам, не е обезбедено доволно мнозинство за да се изгласа, рече Брзовски. Досега, посочи, нецелосно обесштетени се 780 физички лица, но не и правните лица. -Најголем дел од физичките лица се делумно обесштетени, а правните лица не се обесштетени воопшто. Било која фирма законски е обврзана да работи преку банка, а останаа необесштетени сите фирми и сите средства што ги имале во банката им се пропаднати, наспроти добар дел кој заради Фондот и улогата што ја има се целосно обесштетени. Токму тука е неправдата која ја потенцираме, поточно Фондот на нашиот грб, односно на оние што не се целосно обесштетени, го прави обесштетувањето, а не на сметка на сопствените средства и на државни средства, појасни Брзовски. Со таквата улога на Фондот, потенцира, се дава приоритет на одредени лица, а Уставот кажува дека сите се рамноправни. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-fizichki-i-pravni-lica-na-eurostandard-banka-apeliraat-ustavnite-sudii-da-odluchuvaat-samo-po-ustavot-i-zakonite/feed/ 0
Здружение на оштетени штедачи на Еуростандард: До кога во Македонија ќе се толерира организираниот криминал? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-eurostandard-do-koga-vo-makedonija-kje-se-tolerira-organiziraniot-kriminal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-eurostandard-do-koga-vo-makedonija-kje-se-tolerira-organiziraniot-kriminal/#respond Mon, 15 Feb 2021 08:01:01 +0000 https://kurir.mk/?p=468778

Од криминалните случаи во Еуростандард банка можат да научат и светски криминални бандити како се крадат депозити од банка. Тие можат и да им позавидат на нашиве банкарски бандити и воедно нивни колеги кои покрадоа речиси 60 милиони евра од нас обичните граѓани и фирми, а кои сеуште шетаат наоколу неказнето, слободно живеат и уживаат со нашите пари и по потреба глумат жртви и невини личности. Навистина, за сторениот организиран криминал преку масовен грабеж на депозити спроведен од Трифун и Коста Костовски и директорот на банката назначен од нив Николче Петкоски, може да се учи и проучува и на врвните светски криминалистички школи, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банката. „Овој криминал не би бил така добро организиран и спроведен да не била вклучена и гувернерката Анита Ангеловска Бежоска како прв претставник од високо поставената државна Народна банка. Наместо да го запре и спречи мегаломанскиот криминален зафат од стотици ненаплатливи високоризични кредити од десетици милиони евра делени и поделени со јавно познати и непознати сопственици и управители од избрани фирми, гувернерката Бежоска молчела и слепо гледала знаејќи дека овој голем криминал неможе да трае вечно и кога тогаш ќе го види крајот, а банката таа ќе ја затвори. Тоа било неминовно да се случи при ваков неконтролиран грабеж на депозити, само било прашање на време и интерес. Во овој добро осмислен, организиран и реализиран грабеж учествувале сите оние 149 фирми наведени во извештајот за Еуростандард банка на стечајниот управник Душко Тодевски. Сите тие сопственици и управители на фирми добро знаеле за криминалот бидејќи очигледно и лично учествувале и биле вградени во распределба на пленот. За тоа дали завршиле нашите пари кај овие наведени фирми и биле извадени и поделени во готово или пак продолжиле да се трансферираат понатаму на други банкарски сметки, може лесно да се увиди и утврди и од операторот на платен промет во земјава КИБС, системот каде што се трасираат и каде постојат записи од сите трансакции направени во земјава. Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полиција, неодамна на телевизиско интервју на ТВ24 обзнани дека во позадина на овие фирми од извештајот за банката постои поголема мрежа и од други фирми каде се трансферирале нашите пари во вид на краткорочни „позајмици“, со голема веројатност да таквите трансфери помогнат и да се сокрие трагата на парите. Дека „позајмици“ се делеле преку некои од наведените фирми јавно потврди и поранешниот директор на банката Николче Петкоски, еден од водечките криминални бандити од ограбената банка, кој одобрил и дал кредит од 1,2 милиони евра на фирмата на својот вујко. Таа фирма, за која веќе пишувавме, така земените пари никогаш не ги ни вратила во банката, наводно очекувајќи да ги добие назад од така поделените „позајмици“ на други фирми, било да таквите трансакции се направени од вујкото на Николче Петкоски или пак спроведени интерно од самата банка со знаење на вујкото. Во описот и пописот на криминалните шеми и активности спроведени од нашиве криминални бандити во ограбената банка се вбројуваат измами, фалсификувања, злоупотреби на службена должност и овластувања, перење пари и други приноси од казниво дело како и други малверзации и проневери. Како криминалот се развивал со текот на времето низ повеќе години, така активностите станувале се поинтензивни и многу инвентивни, за да достигнат кулминација последните години пред затворањето на банката во август минатата година. Примери за криминалот во банката има навистина многу. Од делење големи кредити на фирми кои не биле кредитоспособни да ги враќаат истите, фирми кои веќе пливале во долгови и биле несолветни, делени кредити без обезбедување, па се до одобрување на едно исто обезбедување за повеќе доделени кредити на различни фирми. И сето тоа не би било возможно да се спроведе ако гувернерката Бежоска ги почитувала законите во земјава и правото што и го даваат истите за да не заштити нас депонентите, граѓани и фирми, од ваков масовен грабеж. Уште пред неколку години, кога се констатирале сите овие злоупотреби и проневери во банката од делење на високоризични и непокриени кредити до перење пари и други приноси од казниво дело, гувернерката Бежоска знаела, можела но не вовела административна управа за да го сопре криминалот и да ги спаси нашите депозити од понатамошно крадење. Уште тогаш можела да ја вклучи и Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам поради индициите за ваквите активности спроведени од раководството на банката, но и тоа не било направено. Наместо да ги одземе, и понатаму се одобриле и продолжила важноста на лиценците за работа на некомпетентниве банкарски бандити, што направило да тие бидат уште повеќе мотивирани за да продолжат да крадат и со засилено темпо. Бидејќи штом гувернерката Бежоска знаела но молчела за криминалот, а е законски обврзана и должна да ги спречи криминалците во нивните дејствија во банката, тие и понатаму продолжиле да ги крадат нашите депозити, а таа учествувала во грабежот заедно со нив. За крај на ова запознавање на јавноста, да напомене дека организираниот криминалот во Еуростандард банка не се симнал самостојно од небо. По се изгледа истиот бил превземен од една друга голема банка во нејзино соседство. Има и такви примери кои наведуваат на тоа. Вистината мора да исплива на површина, крадците и криминалците да одговараат, а нашите украдени пари да ни се вратат во целост. Продолжуваме понатаму“, стои во нивното соопштение до јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-eurostandard-do-koga-vo-makedonija-kje-se-tolerira-organiziraniot-kriminal/feed/ 0
Оштетени Штедачи: Што знаеме за фирмите што не платиле ниту една рата во Еуростандард банка?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-shto-znaeme-za-firmite-shto-ne-platile-nitu-edna-rata-vo-eurostandard-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-shto-znaeme-za-firmite-shto-ne-platile-nitu-edna-rata-vo-eurostandard-banka/#respond Fri, 12 Feb 2021 07:31:29 +0000 https://kurir.mk/?p=467633

Увидот во билансите на фирмите должници на ограбената Еуростандард банка е повеќе од поразителен. Не само што не ги враќале кредитите воопшто, туку тие не биле ниту кредитоспособни за да ги добијат истите во стотици илјади или милиони евра. Финансиските биланси покажуваат дека се работи за фирми кои се презадолжени, имаат финансиски загуби во минатите неколку години, обврски кои се десеткратно поголеми од капиталот и резервите на фирмите должници. Кај добар дел од нив нема приходи со години и истите се пред затворање. Некои од фирмите се директно избришани со ненаплатени долгови кон Еуростандард банка, не постојат повеќе. Меѓу нив има и должници со значајни суми од даноци и други давачки кон Управата за јавни приходи, со блокирани сметки. Има и фирми за кои е покренато и стечај, не се солвентни. Фирмите давале и обични меници како единствено обезбедување за кредитите, кои немаат ниту клаузули за правосилност и извршност. Ова е сликата на пустошот што е направен во банката. Секој поединечен ненаплатлив кредит е посебна криминална сторија, велат во соопштението од Здрушението на оштетени штедачи од ЕСБ банка. Еуростандард банка пропадна поради толериран континуиран грабеж на депозити. Масовно не се плаќани рати од земените кредити со години. И тие што ги давале ваквите кредити и тие што ги примале истите, биле договорени и добро знаеле дека тие нема да се вратат во банката. Повеќе од јасно е дека изворот на криминалот со делените неповратни кредити е во раководството на ограбената банка предводено од Трифун Костовски, Коста Костовски и Николче Петкоски. Нивните потписи и одобренија, поединечно или групно, се наоѓаат на документите за доделените ненаплатливи кредити со кои свесно се организирал и аминувал ваквиот масовен грабеж. Паралелно на ова, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и првиот тим од Народна банка следеле, но молчеле и ја толерирале кражбата на нашите депозити и оставиле да истата се случува. Гледале како масовно се делат необезбедени кредити во милионски суми во евра, игнорирале и дозволиле да банката биде покрадена во целост и со тоа несомнено се дел од овој организиран криминал. Сумарно, главните актери во криминалот се од раководството на ограбената Еуростандард банка и раководството на Народна банка, додека поддржувачи и соучесници се сите сопственици или управители на фирми кај кои завршиле нашите пари од ненаплатливите кредити за да понатаму истите бидат поделени во готово или трансферирани на нив познати банкарски сметки. Денес исходот ни е добро познат. Обичните граѓани и фирми депоненти се покрадени во целост и упорно се борат за обзнанување на вистината и задоволување на правдата како и за враќање на нивните доверени лични средства во законски лиценцирана, регулирана и контролирана, но ограбена финансиска институција. И сето тоа во земја која го достигна срамното 111 место во светот за перцепција на корупцијата. Земја во која и после половина година од затворањето на Еуростандард банка, сеуште ги гледаме сите инволвирани крадци и криминалци како живеат слободно и уживаат со нашите украдени пари, а често и во улога на „жртви“ и „невини“ личности. Ова не е обичен секојдневен грабеж. Ова е добро организиран повеќегодишен криминал од високи размери во којшто главните актери се добро познати. Останува тие да одговараат за своите криминални дела, а нашите пари да ни се вратат во целост. Крајно, државата е таа која го дозволи криминалот, но убедени сме дека и државата е таа која ќе ги врати нашите лични пари, а криминалците ќе ги казни. Тоа е затоа што на ваков начин со игнорирање и премолчување на криминалот и континуирано арогантно однесување, не се станува дел од европското семејство. Земјите кои се во тоа семејство, а и една друга водечка земја во светот, веќе јавно се обратија до нашата власт и до оние што ја водат државата за да ја поправат сликата од криминалот и корупцијата кои беснеат во нашата држава. И да го решат организираниот криминал не само декларативно туку со конкретни дела. Ако власта не не слуша нас, ограбените граѓани и фирми, ќе мора да ги слуша земјите во кои законите и правдата владеат на друг начин него што е тоа случајот во нашата држава. Бидејќи сакаме да бидеме во друштво на развиените и демократски европски земји каде владеат правото и правдата. Час поскоро. Без разлика дали се сака или не, криминалот во Еуростандард банка мора да се реши. Нашата власт може и треба да научи дека во земјите во чие друштво сакаме да бидеме, за ваков масовен организиран грабеж на обичните граѓани и фирми, главните познати актери веќе одамна ќе беа ставени во затвор, а нашите пари вратени во целост. Сигурни сме дека ќе успееме бидејќи вистината и правдата се на наша страна. Сепак, и нашиот глас далеку се слуша и знаеме дека ќе продолжи да се слуша. И за добро и за лошо. Продолжуваме понатаму!, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-shto-znaeme-za-firmite-shto-ne-platile-nitu-edna-rata-vo-eurostandard-banka/feed/ 0
Здружение на оштетени штедачи на ЕСБ Банка: Зошто домашните експерти бранат толериран грабеж во ограбена банка? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-esb-banka-zoshto-domashnite-eksperti-branat-toleriran-grabez-vo-ograbena-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-esb-banka-zoshto-domashnite-eksperti-branat-toleriran-grabez-vo-ograbena-banka/#respond Tue, 02 Feb 2021 07:18:50 +0000 https://kurir.mk/?p=462922

За да ги оправда своите гревови, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска се повикува и на „домашните експерти“ кои посочиле дека за затворањето на Еуростандард банка таа постапила соодветно и навремено и дека го направила својот максимум. Како тие домашни експерти тврдат дека гувернерката Бежоска постапила соодветно и навремено кога ние сме целосно покрадени? Дали овие таканаречени домашни експерти знаат што значи 60 милиони евра да се крадат од банка со години, а да гувернерката Бежоска не знаела или не го видела тоа!? Што имаат тие да им кажат на околу 2.000 фирми депоненти во Еуростандард банка кои се законски обврзани да работат само преку банка? Нивните тековни средства на сметки во банката им се одземени во целост и веќе отидоа во амбис. Како се заштитени фирмите од пропаст на банка кога немаат никаква гаранција од државата!? Дали фирмите се депоненти и учесници во платниот промет? Државата им налага да работат единствено и само преку банка, а потоа им ги одзема сите средства бидејќи гувернерката Бежоска дозволила да банката биде покрадена, велат од здружението на оштетени штедачи на ЕСБ Банка. Каков бил кредитниот ризик на оние избрани фирми кои од банката добиле неповратни кредити без покритија, а гувернерката Бежоска наводно не го видела тоа? Или ако го видела ќе им ги одземела лиценците за работа на оние што делеле неповратни кредити и нема јавно да не лажеше дека депозитите ни се безбедни и сигурни. Овие фирми депоненти кои ги изгубија сите свои пари, а и сите граѓани во земјава, скапо ги плаќаат ваквите „домашни експерти“, некои од нив вдомени во државни институции и совети на банки. Има и таков гласноговорник кој бранејќи ја гувернерката го заштитува криминалот во Еуростандард банка во којшто можеби и тој соучествувал претходно. Дали на овие експерти им е наложено да по секоја цена ги бранат гревовите на гувернерката Бежоска со небулози, филозофии и замајувања на јавноста? Сепак, во едно може да се согласиме со нив. Гувернерката Бежоска го направила својот максимум, но не за ги заштити нашите депозити туку за да целосно не покрадат, излажат и измамат, додаваат од здружението. Може гувернерката Бежоска да наложи на било кого да ја брани, но од вистината и фактите нема бегање. Разбираме што гувернерката Бежоска не сака да одговори на наши конкретни прашања и бега од соочување со нас бидејќи дозволила да не покрадат во целост. Наместо неа, таа постојано праќа емисари во име на „домашни експерти“ за да ги бранат нејзините нечесни постапки врз основа на кои околу 3.000 семејства се покрадени и им е уништена сегашноста и иднината. За тоа што е сторено мора да има одговорност на гувернерката Бежоска без разлика кој уште ќе продефилира во јавноста да ги брани „угледот“ и „честа“ на гувернерката како соучесник во организираниот криминал, реагираат од здружението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-esb-banka-zoshto-domashnite-eksperti-branat-toleriran-grabez-vo-ograbena-banka/feed/ 0
Состојбата врие во редовите на оштетените штедачи од Еуростандард банка: „Парите да ни се вратат и одговорност мора да има“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sostojbata-vrie-vo-redovite-na-oshtetenite-shtedachi-od-eurostandard-banka-parite-da-ni-se-vratat-i-odgovornost-mora-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sostojbata-vrie-vo-redovite-na-oshtetenite-shtedachi-od-eurostandard-banka-parite-da-ni-se-vratat-i-odgovornost-mora-da-ima/#respond Thu, 28 Jan 2021 08:31:56 +0000 https://kurir.mk/?p=460858

Оштетените штедачи од Еуросандард банка бараат одговорност и во соопштение испратено до медиумите наведуваат дека „сега или малку подоцна, одговорост мора да има и парите мора ни се вратат“. -Повеќе од јасно е дека Трифун Костовски, Коста Костовски и Николче Петкоски се тројцата првотимци од ограбената Еуростандард банка кои свесно ја иницирале, организирале и спровеле масовната кражба на нашите депозити и средства на тековни сметки во банката. Нивните потписи, колективни или индивидуални, се наоѓаат на документите со коишто ги одобриле ненаплатливите кредити на стотици избрани фирми во десетици милиони евра со однапред направен план за да истите не се вратат. Но, недоволно јасно е зошто гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, која е законски надлежна и обврзана да ги штити депозитите на граѓаните и фирмите во банките, ги оставила да крадат и дозволила сега да бидеме целосно ограбени. Уште повеќе, кои се мотивите на гувернерката Бежоска јавно да не лаже дека нашите депозити се сигурни и безбедни и тогаш кога веќе знаела и донела одлука дека за кусо време ќе ја затвори банката, наведуваат во соопштението. Дополнуваат дека „состојбата врие во редовите на оштетените“. -Кражба, игнорирање и толерирање на организиран криминал нема да помине. Агонијата мора да престане, порачуваат оштетените штедачи на Еуростандард банка.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sostojbata-vrie-vo-redovite-na-oshtetenite-shtedachi-od-eurostandard-banka-parite-da-ni-se-vratat-i-odgovornost-mora-da-ima/feed/ 0
Здружение на оштетени штедачи на Еуростандар банка: Апел за правда преку приоритетно постапување на Уставниот суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-eurostandar-banka-apel-za-pravda-preku-prioritetno-postapuvanje-na-ustavniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-eurostandar-banka-apel-za-pravda-preku-prioritetno-postapuvanje-na-ustavniot-sud/#respond Mon, 25 Jan 2021 07:58:55 +0000 https://kurir.mk/?p=459340

Поминаа повеќе од пет месеци од затворањето на Еуростандард банка. Околу 3.000 семејства останаа без своите лични заштеди и средства на тековни сметки како резултат на повеќегодишен континуиран и толериран грабеж на нивните депозити во банката. Минато време во немир, неизвесност и агонија, но истовремено и надеж и верба дека оваа неправда мора да се реши и парите на оштетените депоненти да им се вратат, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банката. -Оштетените физички и правни лица доверители на банката во стечај, во минатиот период се обратија до Владата и надлежните државни институции за решавање на ова горливо и мачно прашање, но вратите им останаа затворени. За цело ова време се трпат големи штети. Нормалниот живот на граѓаните и фирмите депоненти во банката целосно се промени по сознанието дека покрадените пари е тешко да се вратат поради толерираниот масовен грабеж во банката, а уште повеќе од фактот што државниот Фонд за осигурување на депозити е првиот доверител во редот за исплата од стечајната маса до неговата целосна сума. Оваа неправедна, дискриминирачка, незаконска и неуставна одредба дефинирана во Законот за банки во однос на Фондот за осигурување на депозити ги става во подредена позиција сите останати доверители и им нанесува ненадоместлива штета. Депонентите на Еуростандард банка прво беа покрадени со затворање на банката, а сега сите доверители по втор пат се крадат од Фондот за осигурување на депозити во стечајната постапка. Тие предлагаат Фондот за осигурување на депозити да го промени називот во „Фонд за оштетување на доверители“ во стечајна постапка. Или како втор предлог, Фонд за осигурување на депозити во иднина да не постои, бидејќи само во тој случај сите доверители во стечајната постапка ќе бидат еднакви со ист ред на намирување на парични побарувања согласно Законот за стечај, а не како сега доверителите да бидат дискриминирани во однос на Фондот, велат од здружението. Тие додаваат дека така излажани и изманипулирани, оштетените депоненти се обраќаат до Уставниот суд со барање да итно решава по поднесената иницијатива од Адвокатското друштво „Кузмановски“ од 28 октомври минатата година, за оценување на законитоста и уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, со очекување за негово укинување. Со тој чин, ќе се отстрани нееднаквоста и дискриминацијата на сите останати доверители во однос на Фондот за осигурување на депозити и воедно ќе се овозможи да сите доверители, физички и правни лица, добијат шанса да барем делумно ги повратат своите депозити преку стечајната постапка. -За да се намалат страдањата и да се избегнат можни трагедии на цели семејства како дел од обичниот народ во оваа земја како и фирми кои се соочуваат со тешки предизвици во работењето со оглед дека и нивните средства се заробени во банката, апелираме до Уставниот суд да што поскоро одлучува и ја донесе конечната одлука по поднесената иницијатива. Што поитно се одлучи, штетата ќе биде помала по оние кои немаат никаква вина за грабежот во банката, а ги довериле своите тешко заработени лични средства во финансиска институција регулирана и контролирана од Народна банка. Со носење на правична одлука од страна на Уставниот Суд ќе значи дека во државата се уште се применува начелото на владеење на правото и начелото на еднаквост на сите странки во стечајната постапка. На тој начин, Уставниот суд ќе помогне во намалување на и онака големите штети на доверителите, не само материјални туку пред и се здравствени. Затоа, бараме и очекуваме уставните судии да одлучуваат приоритетно по ова горливо прашање. Веруваме во правдата која ја очекуваме да дојде многу скоро и да ни помогне да ја надминеме, барем делумно, оваа наша тешка агонија и неизвесност, велат од здружението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-eurostandar-banka-apel-za-pravda-preku-prioritetno-postapuvanje-na-ustavniot-sud/feed/ 0