здружение – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 14:46:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здружение – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Градиме иднина: Сите 18.700 деца питачи да се вратат во училиштата и градинките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradime-idnina-site-18-700-detsa-pitachi-da-se-vratat-vo-uchilishtata-i-gradinkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradime-idnina-site-18-700-detsa-pitachi-da-se-vratat-vo-uchilishtata-i-gradinkite/#respond Tue, 10 Oct 2023 14:46:55 +0000 https://kurir.mk/?p=887504

Здружение Градиме иднина - Скопје бара Министерството за образование и наука и Владата од буџетот на државата да издвојат средства за проектот „Стоп против питачењето и злоупотребата на децата“ и сите 18 700 деца кои се на улица да се вратат во училиштата и да се згрижат во градинките. Претседателот на здружението Градиме иднина - Скопје, Илија Јовановиќ, денеска имаше работна средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири и дел од неговите соработници. Како што истакна, на средбата побарал да се најде решение за децата од улица да се вратат во училиштата и градинките и да се одвојат финансии и за овој проект како што се помогна за 60 деца и младинци без родители, кои не го завршија средното образование. - Министерот рече дека целосно ќе се вклучи и ќе го поддржи овој проект и дека ќе се решат проблемите на сите тие 18 700 деца кои се на улица, истакна Јовановиќ на денешната прес-конференција. Тој изјави дека овој проект во последните две години вроди со плод. Како што истакна, во Скопје веќе седум локации исчистиле од питачи. - Апелирам до сите граѓани, со цел овој проект да вроди со плод, да престанете да им давате монети затоа што ние ќе дадеме предлог закон сите возачи кои даваат монети да одговараат кривично, да им се одземе возачка дозвола на три месеци, како и да има и поригорозни парични казни со изноз од 300, 500 па и 800 илјади евра, нагласи Јовановиќ. Тој упати апел и до министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, да формира повеќе мобилни екипи кои ќе работат на терен во три смени со цел да се спречи оваа состојба. - Една мобилна екипа на ниво на градот Скопје не може да го исполни капацитетот затоа што секојдневно само во главниот град питачат 250 деца, меѓу кои има носени и од другите градови од државата, рече Јовановиќ. Како што изјави, здружението во изминативе две години имале работни состаноци со Министерството за труд и социјална политика кои вродиле со плод. - Министерството ја има целата информација колку питачи секојдневно се отстрануваат во градот Скопје и што се презема. Многу е слаб одзивот на овој проект, но не губиме надеж. Доволно е што сега Министерството за внатрешни работи поднесе девет кривични пријави до организаторите и други поригорозни мерки се преземаат и им се одзема родителското право на родителите, додаде Јовановиќ. Министерката за труд и социјална политика денеска на настанот по повод промоција на Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки, во врска со оваа проблематика најави дека пред да настапи зимскиот период, ќе работат на поголема присутност на тимовите на оние места коишто се најфреквентни, каде често се среќаваат децата на улица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradime-idnina-site-18-700-detsa-pitachi-da-se-vratat-vo-uchilishtata-i-gradinkite/feed/ 0
„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-partiite-vashite-kampani-protiv-igrite-na-sreka-se-protiv-10-iljadi-vraboteni-koi-mozhebi-zaedno-so-svoite-semejstva-na-izbori-glasale-i-za-vas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-partiite-vashite-kampani-protiv-igrite-na-sreka-se-protiv-10-iljadi-vraboteni-koi-mozhebi-zaedno-so-svoite-semejstva-na-izbori-glasale-i-za-vas/#respond Mon, 02 Oct 2023 12:28:46 +0000 https://kurir.mk/?p=884249

Земајќи предвид дека како што наближуваат избори, политичките партии почнуваат да се борат за нови гласови, притоа занимавајќи се и со игрите на среќа, сметаме дека како Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“, треба да го истакнеме следното: Игрите на среќа во Македонија се изведуваат согласно позитивните законски прописи, претставуваат една од внатрешно најстрого регулираните економски дејности споредено со сите земји на Балканскиот полуостров. Приредувачите на игри на среќа вработуваат 10 илјади луѓе, што вкупно ги прави најголем приватен работодавец во државата. Во државниот Буџет секоја година се слеваат 280 милиони евра по основ на даноци и друг тип на давачки. Истовремено, околу 54 илјади луѓе директно, а околу 100 илјади луѓе вработени во други дејности, остваруваат бенефит од индустријата игри на среќа. За негативните чувства кон обложувалниците, автомат клубовите и казината, меѓу другото се виновни и политичките партии. Иако гласаат закони кои ја регулираат оваа дејност, не се воздржуваат да дадат свој придонес во обвинувањата дека од игрите на среќа е најзагрозена младината, тогаш кога ваквите критики сметаат дека ќе им носат гласови. Фактите и социолошките науки упатуваат дека младите својот потенцијал за зависност го создаваат многу повеќе од семејните прилики отколку од рекламите. Доколку се точни тврдењата дека излозите на објектите за приредување игри на среќа ги привлекуваат младите и треба да се затворат, тогаш по истата логиката треба да се затворат сите тобака, ресторани, кафулиња, бидејќи им создаваат зависност од алкохол и никотин. Едноставно, вистината е дека на ниту еден приредувач на игри на среќа не му е во економски интерес да има невработени посетители. Истовремено, сите истражувања укажуваат дека интернет игрите на среќа се поголем потенцијален ризик за младината заради полесната достапност. Учениците најмногу користат интернет и времето го минуваат на мобилни телефони. Затоа воопшто не ни е јасно зошто Државната лотарија влегува во една ваква авантура да организира интернет игри на среќа. Нападите кон игрите на среќа се напади кон 10 илјади луѓе, кои можеби заедно со нивните семејства се и гласачи на одредени политички партии. Лесно е заради популизам една или повеќе политички партии да ветуваат дека ќе ги затворат игрите на среќа, но погледнете ги примерите од опкружувањето. Во октомври лани, албанската Влада соопшти дека после четири годишната забрана ги враќа игрите на среќа. Образложението на нивниот премиер е дека после забраната, игрите на среќа во Албанија почнале да се одвиваат на црно и дека повторното отворање на индустријата значително ќе и помогне на албанската економија. И во Грција беа забранети на игрите на среќа. Кога грчките власти видоа дека меѓу 3 до 5 илјади Грци само во еден ден играат во Гевгелија, во 2018 поставија 36 илјади апарати за игри на среќа за да спречат одлив на финансиски средства надвор од државата. А ако сакаме да зборуваме за Европски трендови, погледнете што се случи на почетокот на годината во Лихтенштајн. На 29 јануари, 72 проценти од жителите на Лихтенштајн на референдум со гласање „против“ ја отфрлија иницијативата за затворање на казината во Кнежевството. Конечно, здружението на вработени во игри на среќа „Сакам да работам“ апелира до сите политички партии да се воздржуваат од злоупотребата на секторот игри на среќа во нивните дневно политички пресметки. Крајно време е да се земат предвид исклучително тешките последици кои можат да се предизвикаат. Секое погрешно законско решение ќе не принуди нас вработените кога ќе останеме без работа, да си го бараме чарето на запад, каде повторно ќе работиме во истата дејност. Државата ќе остане годишно без 280 милиони евра приходи во Буџетот и ќе треба да се занимава со игри на среќа кои ќе се одвиваат на црно, без лиценци и без никаква државна контрола. Не заборавајте, дека меѓу нас има и родители на малолетни деца, кои никогаш нема да прифатат дека работат во дејност која може ним да им наштети. Подготвени сме за вистината и правдата да се бориме со сите демократски средства кои ни стојат на располагање, вклучително и протести. Нема да дозволиме да бидеме земени за поткусурување во партиските кампањи. Политичките партии мора да разберат дека со досегашниот пристап кон игрите на среќа, работат и против себе и против домашната економија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-partiite-vashite-kampani-protiv-igrite-na-sreka-se-protiv-10-iljadi-vraboteni-koi-mozhebi-zaedno-so-svoite-semejstva-na-izbori-glasale-i-za-vas/feed/ 0
,,Малешевци за Малешевијата” формирано ново здружение во Берово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maleshevtsi-za-maleshevijata-formirano-novo-zdruzhenie-vo-berovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maleshevtsi-za-maleshevijata-formirano-novo-zdruzhenie-vo-berovo/#respond Wed, 26 Apr 2023 15:10:27 +0000 https://kurir.mk/?p=827937

Во Берово е формирано ново здружение „Малешевци за Малешевијата“, со основна цел навраќање на малешевските граѓани кон корените и еснафскиот малешевски статус на регионот. Од здружението информираа дека на основачкото Собрание одржано на 22 април годинава, биле усвоени актите за основање, статутот, програмата за работа и други одлуки за основање согласно позитивните законски одредби. - Во фокусот секако е поддршка и развојот на општеството, во кое социјално ранливи категории на граѓани се третираат еднакво во нивните права, за да ги подобриме економските, културни и образовни состојби, Исто така цел на Здружението е заеднички да ги вратиме малешевските граѓани кон корените и еснафскиот малешевски статус на регионот, од каде почнала мисијата на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, истакнаа од здружението. Иницијатор за основање на здружението ,,Малешевци за Малешевијата" е познатиот бизнисмен со беровски корени Благој Механџиски, кој додаде дека истражувајќи на оваа тема повеќе од приоритет е враќањето на стариот еснафски дух со кој се одликувал малешевскиот крај и по кој биле препознатливи самите Малешевци. Меѓу останатите посебни цели и задачи од здружението ги наведоа унапредување на земјделството, зачувување на шумите и искористување на шумските плодови за одржлив развој, потоа зголемување на постојниот стопански потенцијал како и враќање на индустриските капацитети, занаетчиството и земјоделските ресусрси кои се на работ на изумирање. Очекуваат преку активностите за кои ќе се залага здружението, да се овозможи поддршка на спортските и рекреативните здруженија кај младите лица, средношколците и старите лица, промовирање на туристичките потенцијали преку различни активности и проекти од домашна и меѓународна поддршка. Во делот на културата предвидуваат организирање на неколку локални, регионални, национални и меѓународни фестивали. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maleshevtsi-za-maleshevijata-formirano-novo-zdruzhenie-vo-berovo/feed/ 0
Реакција на Здружението на вработени во сектор игри на среќа “САКАМ ДА РАБОТАМ“: НЕ МАНИПУЛИРАЈТЕ СО ГРАЃАНИТЕ, ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ПРИМЕРОТ СО АЛБАНИЈА! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-zdruzenieto-na-vraboteni-vo-sektor-igri-na-srekja-sakam-da-rabotam-ne-manipulirajte-so-gragjanite-poglednete-go-primerot-so-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-zdruzenieto-na-vraboteni-vo-sektor-igri-na-srekja-sakam-da-rabotam-ne-manipulirajte-so-gragjanite-poglednete-go-primerot-so-albanija/#respond Wed, 14 Dec 2022 14:46:53 +0000 https://kurir.mk/?p=775567

Здружението на вработени во секторот игри на среќа „САКАМ ДА РАБОТАМ“ одамна изразува сомневања за вистинската улога на неформалното Движење „Антикоцкање“ од Тетово. Секоја нивна иницијатива е деструктивна и има за цел да предизвика штети по државниот Буџет. Во услови на финансиска неизвесност и економска криза од цените на струјата и енергенсите низ цела Европа, додека многу домашни компании се борат за гол опстанок ова наводно движење тера кампања за отпуштање на речиси 10 илјади вработени и уништување на цела економска гранка која на годишно ниво обезбедува 280 милиони евра приходи во државниот Буџет, реагираат од Здружението на вработени во сектор игри на среќа “САКАМ ДА РАБОТАМ“ на иницијативата на Антикоцкање од Тетово за локален референдум. Крајно време е господата кои во името на „Антикоцкање“ конечно да кажат чии интереси штитат и што е нивната крајна цел? Дали одработуваат за нечиј план и сценарио за нелегално заработка од игри на среќа кои би се организирале на црно, без никаков приход за државата? Дали вистинската цел на референдумот е да се затвори легален бизнис за да некој печали од диви играчници кои ќе работат на црно? Се повторува ли нов „Детонатор“, познатиот скандал од 2011, кога полицијата заплени околу 1 500 диво поставени покер апарати во нелегални коцкарници? Наместо да сеат магла и да манипулираат со етничките и верски чувства на граѓаните, сите противници на игрите на среќа во Северна Македонија нека објаснат зошто после четири години од забраната, Албанската Влада се пишмани и повторно дозволи да се организираат игри на среќа. Клучниот аргумент на Албанскиот Премиер е дека после забраната, игрите на среќа продолжиле да се одвиваат на црно и дека повторното легализирање на оваа дејност ќе и помогне на албанската економија во време на енергетска и економска криза. „САКАМ ДА РАБОТАМ“ нема да дозволи некој да си поигрува со судбината на 10 илјади семејства заради политички, лични и бизнис интереси. Подготвени да си го браниме нашето уставно право на работен однос со масовни протести пред сите надлежни институции. Ние не сме и нема да бидеме нечија монета за поткусурување!, велат од Здружението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-zdruzenieto-na-vraboteni-vo-sektor-igri-na-srekja-sakam-da-rabotam-ne-manipulirajte-so-gragjanite-poglednete-go-primerot-so-albanija/feed/ 0
ОЈО Охрид оформи предмет за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението „Цар Борис Трети“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ohrid-oformi-predmet-za-eventualni-propusti-pri-registracijata-na-zdruzenieto-car-boris-treti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ohrid-oformi-predmet-za-eventualni-propusti-pri-registracijata-na-zdruzenieto-car-boris-treti/#respond Tue, 16 Aug 2022 12:10:13 +0000 https://kurir.mk/?p=719308

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид. Како што информираат од Јавното обвинителство, издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение. Од мај годинава, по поднесена кривична пријава од една политичка партија, исто така, оформен е предмет и во Основното јавно обвинителство Битола кој се однесува на регистрацијата и функционирањето на Културниот центар „Иван (Ванчо) Михајлов“. Постапувајќи по пријавата, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување докази до СВР Битола, како и барања за податоци од Централниот регистар и Министерството за правда.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ohrid-oformi-predmet-za-eventualni-propusti-pri-registracijata-na-zdruzenieto-car-boris-treti/feed/ 0
Почина Димитар Узунски, легендата на Пијанечкото-народно творештво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-dimitar-uzunski-legendata-na-pijanechkoto-narodno-tvoreshtvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-dimitar-uzunski-legendata-na-pijanechkoto-narodno-tvoreshtvo/#respond Wed, 24 Nov 2021 06:38:14 +0000 https://kurir.mk/?p=599101

На 83 години вчера почина народниот уметник, фолкористот Димитар Узунски. Веста ја соопшти секретарот на здружението ,,Копачка”, Перса Стојановска која истакна дека Узунски ја загубил битката со болестите. -Со неизмерна тага и болка соопшуваме дека нашиот драг претседател Димитар Узунски, ја загуби битката со болестите и не напушти засекогаш. Неговото заминување несомнено ќе биде само телесно, додека неговиот дух ќе остане вечно да живее во неговите дела кои ќе сведочат за неговиот живот во кој се даде себеси со несебично, крајно одговорно, со целосна посветеност во негувањето, трансмисијата и одржливоста на пијанечкиот фолклор а пред се на орото „Копачката“, рече Стојановска. Со негова заслуга како што додаде „Копачката“ во 2014 година беше прогласена за национално културно наследство со особено значење од исклучителен интерес, а воедно и беше впишано во УНЕСКО, во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото. -Димитар Узунски е роден на 22.09.1938 година во село Тработивиште, општина Делчево. Завршил Педагошка академија група музичко воспитување во Скопје. Над 50 години ја раководи ФГ КОПАЧКА с. Драмче и со неа има бројни настапи во земјата и странство како пејач, организатор, инструменталист и играорец. Кога го предаваше архивскиот материјал за негова национална и светска заштита во Министерството за култура, рече: „Ви го давам срцето“, додаде Стојановска. Узунски како надворешен соработник на Институтот за фолклор до длабока старост се занимаваше со собирачка активност. -За МТВ имаше учествувано во повеќе емисии, а за радио Скопје снимил 40 изворни пијанечки народни песни. За програмата на РТДелчево, за 12 години подготвил над 400 емисии, за серијата емисии „Од фолкорното богатство на нашето поднебје“. Објавил три монографии: „Разловци“; „Дедо Митко- ороводецот на Копачката“ и „Копачката, чекор по чекор до УНЕСКО- мојот живот со Копачката“, додаде секретарот на ,,Копачка”. Узунски има освоено повеќе признанија и награди меѓу кои и наградите за „Особено истакнат педагошки работник“-1980; Гран при од ФИИП „Пеце Атанасовски“ 2011; Плакета за животно дело од Градоначалникот на општина Делчево, по повод „100-год град Делчево“; Државна награда за народен уметник, 23-Октомври во 2014 год; „Најдобар културен работник на Источна Македонија“. Последно простување од својот Претаедател упатија и од здружението. -Нека ти е светол патот драг наш Претседателе, почивај во рајот, во мир. За секогаш ќе останеш во нашите срца на сите нас носителите на нематеријалното светско културно наследство орото „Копачката“ и во знак на завет длабоко ти се поклонуваме и ти ја одаваме нашата последна почит, исѕакнаа од ЗФГ ,,Копачка”. Димитар Узунски ќе биде погребан денеска во 10 часот на градските гробишта во село Тработивиште]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-dimitar-uzunski-legendata-na-pijanechkoto-narodno-tvoreshtvo/feed/ 0
Здружението „Храбро срце“ втора година по ред го одбележува 13 Август – светскиот ден на органодарителството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-hrabro-srce-vtora-godina-po-red-go-odbelezuva-13-avgust-svetskiot-den-na-organodaritelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-hrabro-srce-vtora-godina-po-red-go-odbelezuva-13-avgust-svetskiot-den-na-organodaritelstvoto/#respond Fri, 13 Aug 2021 14:16:29 +0000 https://kurir.mk/?p=550163

Ирена Р. Најдевска, поддржувач на Здружението „Храбро срце“ е организаторот на овој настан на кој беа поделени едукативни флаери со цел граѓаните да се информираат за донирање органи по завршувањето на нечиј живот. Целта на настанот е подигнување на јавната свест за потребата и важноста од донирање органи, како и да им се даде поддршка на сите пациенти кои се на листата за трансплантација. Претседателот на „Храбро срце“ – Васко Јолески изрази голема благодарност до Акад. Жан Митрев и до проф. д-р Сашко Јовев, кои се всушност водилка во овој процес што во моментов се развива во нашата земја кои ни испратија видеопорака за кампањата за подигнување на свеста кај народот за донирање органи. На настанот беа присутни доктори кои им даваат поддршка на овие пациенти и тоа: Кардиолошки завод Св. Стефан Охрид (д-р Елена Башуроска, д-р Слаѓана Тупаре, д-р Виолета Мојсова, д-р Ѓорѓи Нестороски), потоа претставници од Општа болница Охрид и директорот на болницата во Струга, д-р Арменд Арслани. Од здружението „Храбро срце“ упатуваат благодарност до спонзорите на овој настан: Пункт мебел и Бебе Хоум од Скопје, кафетерија Тераса Аквариус Охрид, Кожувчанка ДОО и Фризерско студио SKILL - Охрид како и до несебичната поддршка од активистите на Црвен крст – Охрид кои и годинава како и лани учествуваат во одбележувањето на овој настан, како и на активистот Гордана Лолеска од Охрид од Здружението на ретките болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-hrabro-srce-vtora-godina-po-red-go-odbelezuva-13-avgust-svetskiot-den-na-organodaritelstvoto/feed/ 0
Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“: Нема да дозволиме да бидеме жртви на политички мотивирани законски измени! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-vraboteni-vo-sektor-igri-na-srekja-sakam-da-rabotam-nema-da-dozvolime-da-bideme-zrtvi-na-politichki-motivirani-zakonski-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-vraboteni-vo-sektor-igri-na-srekja-sakam-da-rabotam-nema-da-dozvolime-da-bideme-zrtvi-na-politichki-motivirani-zakonski-izmeni/#respond Sat, 01 May 2021 10:21:33 +0000 https://kurir.mk/?p=504260

По повод 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“, го упатува следниот апел до Владата и Собранието на Република Македонија: Ние сме гласот на 10 илјади луѓе вработени во секторот игри на среќа. Нема да дозволиме да бидеме жртви на политички мотивирани законски измени. Згрозени сме од хајката која се води против нас подолг период. Некои партии треба да престанат пред секои избори да се обидуваат да ловат политички поени со нашите судбини. Јавноста треба да земе предвид дека со оваа дејност не се занимаваат некои наводно бесчувствителни профитери, туку луѓе од крв и месо, кои се активни чинители во ова општество. И ние сме родители, најчесто на малолетни деца и никогаш не би се согласиле да бидеме дел од нешто што ги прави нив потенцијални жртви. Во автомат клубовите одамна се имплементираат сите највисоки стандарди на ЕУ, се е 100% законски! Доколку биде усвоен предлогот за дислокација на автомат клубовите и обложувалниците на 500 метри од основни и средни училишта, тоа ќе значи затворање на сите објекти во кои се организираат игри на среќа. Согласно постоечката инфраструктурна поставеност, одредено дистанцирање од едно училиште, ќе го приближи објектот до друго училиште. Ова е неспроведливо на терен. Ние ќе ги загубиме нашите работни места и ќе бидеме принудени да си ја бараме иднината надвор од границите на нашата Татковина, во западните земји, членки на ЕУ. Тоа значи дека 10 илјади луѓе на кои уредно им се исплатуваат плати, придонеси, додатоци за прекувремена работа, ќе останат на улица. Дури и за време на безбедносните мерки за заштита од пандемијата со „Ковид-19“, кога не одевме на работа, платите ни беа исплаќани во целост. Надлежните државни институции треба да бидат свесни дека најмалку 24 илјади граѓани преку нашите работни места обезбедуваат егзистенција, а истовремено секторот игри на среќа индиректно подржува и помага речиси 54 илјади работни места. Апелираме до Владата и Собранието да не преземаат чекори кои дополнително ќе ја отежнат и онака тешката економска состојба во приватниот сектор кој е драматично погоден од светската пандемија со „Ковид-19“. Врвен национален приоритет треба да биде зачувувањето на секое работно место. Премиерот, министрите и пратениците треба да бидат свесни дека со затворањето на еден 100% легален сектор игри на среќа, ќе создадат услови за играње на црно, каде државата ќе нема никаква контрола, ниту буџетски приходи. „Сакам да работам“ ќе се бори за вистината со сите демократски средства. Не сме против да се воведат дополнителни законски регулативи за подобра контрола, но укинувањето на секторот на игри на среќа е надвор од сите европски и светски стандарди. Подготвени сме преку масовни протести да ги браниме нашите права на работен однос! Да живее 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот!, велат во апелот од Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-vraboteni-vo-sektor-igri-na-srekja-sakam-da-rabotam-nema-da-dozvolime-da-bideme-zrtvi-na-politichki-motivirani-zakonski-izmeni/feed/ 0
Здружениот Генералштаб на САД го осуди упадот во Капитол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdruzeniot-generalshtab-na-sad-go-osudi-upadot-vo-kapitol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdruzeniot-generalshtab-na-sad-go-osudi-upadot-vo-kapitol/#respond Wed, 13 Jan 2021 07:45:26 +0000 https://kurir.mk/?p=454559

Генералот Марк Мили и целиот Здружен Генералштаб на САД, составен од началниците на штабови на сите воени родови, издадоа соопштение во кое го осудија нападот врз Капитол Хил и ги потсетуваат припадниците на армијата за нивната посветеност да го поддржуваат и бранат Уставот и да го отфрлаат екстремизмот. “Сведоци сме на активностите во зградата на Конгресот што не беа во согласност со владеењето на правото. Правата на слобода на говор и собирање никому не му даваат право да прибегне кон насилство, бунт и востание”, се наведува во соопштението. Како што претходно јави Си-Ен-Ен, соопштението се смета за значаен чекор затоа што воените команданти се обидоа да бидат воздржени од се што може да има политички тон, и сега сметаат дека е важно да се огласат со оглед на сериозноста на инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден. “Како припадници на службата, ние мора да им дадеме лик на отелотворените вредности и идеали на земјата. Ние го поддржуваме и браниме Уставот. Секоја акција што го нарушува уставниот процес не е само спротивна на нашата традиција, вредности и заклетва, туку таа е спротивна на законот”, се додава во соопштението на највисоките генерали во американската армија. Покрај тоа, во него се споменува и потврдувањето на изборот од Конгресот и се вели дека „новоизбраниот претседател Бајден ќе биде инаугуриран и ќе стане нашиот 46-ти врховен командант“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdruzeniot-generalshtab-na-sad-go-osudi-upadot-vo-kapitol/feed/ 0
Здружението на музичари бара итна средба со институции и ревизија на протоколите за да можат повторно да работат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-na-muzichari-bara-itna-sredba-so-institucii-i-revizija-na-protokolite-za-da-mozat-povtorno-da-rabotat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-na-muzichari-bara-itna-sredba-so-institucii-i-revizija-na-protokolite-za-da-mozat-povtorno-da-rabotat/#respond Wed, 14 Oct 2020 11:10:08 +0000 https://kurir.mk/?p=416277

Итна средба со сите релевантни институции, ревизија на сите протоколи кои се однесуваат на музичарите со цел нивна измена и дополнување, месечни состаноци со Комисијата за заразни болести и поголема застапеност на македонските музичари во медиумите побара денеска Здружение за унапредување на правата на музичарите „Музика – сега“. Од Здруженито велат дека за сите протоколи предложени од Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на музичките настапи не биле контактирани ниту еднаш. Според нив, ограничувања за музиката изразени во децибели се смешни, и појаснуваат дека голем дел од музичарите во земјава се на работ на егзистенција. Како што велат, потребно е веднаш да се преземат мерки за да можат да работат. -Бараме итна средба со сите релевантни институции на која ќе бидат продискутирани сите актуелни проблеми на целата фела, и ќе пробаме заеднички да изнајдеме механизми за помош и поддршка од Владата, а притоа ние како Здружение, заедно со сите негови членови, односно разни групи и музички проекти од коишто сме дел, ќе се понудиме да помогнеме и да организираме музички настани ширум целата држава, при што би биле опфатени сите музички правци и со правична застапеност на сите етникуми во Македонија, за кои секако музичарите би добивале хонорари со кои ќе можат да ги преживеат следните четири/пет месеци, додека гледаме рестриктивните мерки и протоколи се заоструваат, рече на денешната прес-конференција претседателот на Здружението, Трајко Симоновски. На овој начин тој верува дека ќе можат да го одржат и постојано да го креваат нивото на култура, во соработка со постоечките и функционални Домови на културата и општините во кои би се одржувале овие настани. Од Здружението бараат и итна ревизија на сите протоколи што се однесуваат на музичарите, за кои како што велат, во најскоро време ќе предложат измени и дополнувања на веќе постоечките протоколи и мерки. Според нив, и Комисијата за заразни болести барем еднаш месечно треба да одржува состанок со музичките здруженија каде би присуствувале максимум по еден до две претставници од секое здружение, на кој би се разгледувале тековните и актуелните проблеми. -Искрено се надеваме дека може и ќе продложиме до Владата и Министерството за култура да се одвојува дел од годишните општински буџети за организирање на музички настани на територијата на цела држава, а исто така и децентрализација на буџет преку Министерството за култура кое смета дека треба да биде наш заштитник, поддржувач и помагател на сите проекти кои вредат и заслужуваат да бидат претставени пред јавноста на крајот на краиштата овие органи треба да постојат за унапредување на културата, културно издигнување на индивидуалецот, посочи претседателот на Здружението. Од „Музика – сега“ бараат и поголема и правична застапеност на македонските музичари во медиумите, поточно во електронските медиуми, тв, радио, каде ќе можат да остваруваат за неколку проценти поголеми приходи од Здружението за заштита на авторски права, средства кои би помогнале во дополнително инвестирање во музиката, нова опрема, снимање на албум, видео запис]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-na-muzichari-bara-itna-sredba-so-institucii-i-revizija-na-protokolite-za-da-mozat-povtorno-da-rabotat/feed/ 0