Здружението на оштетени штедачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Jan 2021 09:23:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Здружението на оштетени штедачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здружение на оштетени штедачи на Еуростандард: Зошто „Глобал“ е побитен од 3.000 ограбени семејства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-eurostandard-zoshto-global-e-pobiten-od-3-000-ograbeni-semejstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-eurostandard-zoshto-global-e-pobiten-od-3-000-ograbeni-semejstva/#respond Fri, 22 Jan 2021 06:46:21 +0000 https://kurir.mk/?p=458310

Пожари се случуваат постојано во нашава држава. Горат дуќани, станови, куќи. Пожарите прават материјални штети а некогаш носат и човечки животи. Семејства остануваат без покрив над главата, ги губат своите живеалишта во целост, остануваат на улица. Губат се што имаат, за да потоа се надеваат дека некој ќе им помогне. Доброволна помош стигнува, но не е секогаш доволна за да се санираат направените материјални штети и доживеаните трауми, ова преку соопштение до јавноста го истакнуваат од Здружението на оштетените штедачи на Еуростандард банката. -Само изгорените приватни дуќани во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица ја имаат таа среќа да бидат целосно санирани. Експедитивно, Владата донесе заклучок со којшто им наложи на јавните претпријатија основани од државата да донираат средства на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ за да целосно се реконструира опожарениот трговски центар. Во листата на „обврзани“ да финансиски помогнат се акционерски друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции. Дали е ова морален хазард? Дали Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд дадоа согласност и го поддржаа овој заклучок на Владата да наложи санирање на приватен објект со државни пари? Дали сите приватни изгорени и оштетени објекти во државава ќе добијат финансиска помош од државните институции за секој настанат пожар којшто ќе предизвика штета?, прашуваат од здружението. Тие додаваат дека депозитите на околу 3.000 граѓани и фирми депоненти во Еуростандард банка изгореа во невиден „пожар“. Поминаа повеќе од пет месеци од затворањето на банката. Минато време во немир, неизвесност и агонија. Навидум, никој сеуште не знае што се случило или каде завршиле парите, кој ги украл ниту пак дали некој ќе одговара за криминалот. Масовен организиран грабеж на депозитите што се спроведувал од познати лица на раководни позиции во Еуростандард банка со амин и под “бурното“ око на Народна Банка. Повеќегодишна кражба толерирана од Народната банка и релеванти државни органи кои иако известени за криминалот не делувале воопшто. Исходот е добро познат, затворена банка и целосно ограбени граѓани и фирми. -За разлика од експедитивната финсиска помош од државни институции за обнова на изгорените приватни дуќани во „Глобал“, оштетените физички и правни лица од Здружението „Правда за штедачи“ го немаа тој третман од Владата. Имено, оштетени од масовниот грабеж во банката со знаење но толерирање од Народна банка и релевантни државни органи, минатата година се обратија до Владата за решавање на ова горливо и мачно прашање, но вратите им останаа затворени. Премиерот Заев првично ги поддржи, за да потоа по некое време го промени ставот и категорично ги одбие со оправдување дека се работи за „морален хазард“ за којшто наводно бил советуван од меѓународни финансиски институции, поради којшто државата неможе никако да им помогне. Денес се чувствуваме излажани, понижени и гневни поради двојните аршини во нашата држава. Во истата таа држава ги доверивме нашите тешко спечалени пари кои неретко се надвор од неа печалени и потоа испраќани да бидат инвестирани во истиот тој систем кој на крајот не изневери. Државата може да помогне во „Глобал“, но не може и не смее да помогне во случајот со Еуростандард банка. Околу 3.000 семејства го изгубија својот личен имот доверен во законски лиценцирана, регулирана и контролирана финансиска институција која е свесно и брутално ограбена. Тешка судбина на илјадници семејства кои се оставени на немилост од системот на државата којшто ја толериралa кражбата на депозитите кога се крадело со години, а ја толерира и денес кога не прави ништо да се открие вистината, казнат сторителите и да се вратат украдените пари. Едноставно, Владата е мајка за едни а маќеа за други. Не така одамна од владеачката партија се родија паролите „Живот за сите“ и „Едно општество за сите“. Изгледа дека овие пароли веќе одамна починаа, велат оштетените штедачи. Тие прашуваат и дали Владата ќе ја санира и штетата од „пожарот“ во Еуростандард банка или ќе продолжи да го игнорира и толерира криминалот направен во банката?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-na-eurostandard-zoshto-global-e-pobiten-od-3-000-ograbeni-semejstva/feed/ 0
Здружението на оштетени штедачи на „Еуростандард” бара обештетување и на правните лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-na-oshteteni-shtedachi-na-eurostandard-bara-obeshtetuvanje-i-na-pravnite-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-na-oshteteni-shtedachi-na-eurostandard-bara-obeshtetuvanje-i-na-pravnite-lica/#respond Mon, 11 Jan 2021 08:27:30 +0000 https://kurir.mk/?p=453599

Македонија е единствената земја во Европа каде правните лица – фирми воопшто не се обештетуваат од државниот Фонд за осигурување на депозити во случај на пропаѓање на банка. Ова е спротивно на начелата на владеење на правото дефинирани со Уставот на РМ. Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити, физичките лица депоненти во банка се осигурани до 30 илјади евра додека за правните лица депоненти во банка не постои никаква осигурителна сума. За разлика од нашата земја која се стреми да биде членка на Европската унија, не постои земја членка во унијата каде правните лица не се заштитени и не се законски обештетени, како и физичките лица. Директивата 2014/49/EU на Европскиот парламент и на Советот од 16 април 2014 година за шемите за гаранција на депозити јасно ги дефинира и правните и физичките лица како депоненти со право за обештетување во случај на стечај на банка. Оваа директива е преточена во законите на сите земји членки на Европската унија, кадешто висината на осигурувањето односно обештетувањето е до 100 илјади евра по депонент, а во некои случаи и повеќе. И кај сите наши соседи односно земјите од таканаречениот Западен Балкан постои обештетување со закон коешто важи како за физичките така и за правните лица при стечај на банка. Тоа е така и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. Само во Македонија правните лица се дискриминирани и лишени од било каква заштита и обештетување. Државата ги оштетува фирмите со закон. Согласно член 163 став 3 од Законот за банки, на државниот Фонд за осигурување на депозити му се дава првенство односно монопол во наплата на побарувањата во однос на физичките и правни лица депоненти на банка во стечај, кои на ваков начин се ставени во нерамноправна положба и се директно оштетени. Оваа крајно неправедна, дискриминирачка, незаконска и неуставна одредба ги оштетува двете групи на доверители, граѓаните со депозити над 30 илјади евра и особено фирмите. Од една страна, фирмите се законски обврзани да работат преку банки кои официјално имаат дозвола за работа издадена од Народна банка и кои треба да бидат контролирани од истата. Од друга страна, во случај на стечај на банка, како што е сега случајот со Еуростандард банка, тие воопшто не се обештетуваат. Тие се оштетени од Фондот којшто им ги одзема нивните средства и ги оштетува со тоа што се поставува пред нив се додека целосно не се обештети од стечајната маса. Значи, фирмите мораат да работат преку банка со целиот свој капитал, а ако пропадне банка во Македонија сите средства им се заробуваат и немаат никаква гаранција односно обештетување. Каква е таа логика да фирмите доверители вршат обештетување на Фондот во стечајната постапка, а ништо не наплатиле од Фондот односно воопшто не биле обештетени од истиот!? „Фондот за осигурување на депозити" одеднаш во стечајната постапка постанува „Фонд за оштетување на депозити"! Покрај депозити, најголем дел од фирмите ги користеле и услугите на сега пропаднатата Еуростандард банка за тековен платен промет. Со пропаѓањето на банката и тие средства на тековни сметки на фирмите им се заробуваат во целост, а има и повеќе случаи на фирми коишто примиле уплата на нивни фактури на самиот ден на затворање на банката, некои од нив и со суми од стотици илјади евра. Без разлика дали се работи за депозити или парични средства на тековна сметка, со затворање на банка фирмите веднаш ги губат сите свои средства, немаат никакво обештетување, неможат да ги сервисираат тековните обврски, стануваат несолвентни, неможат да исплатат плати на вработените, се затвораат. Тие се оние кои је креираат додадената вредност во реалната економија и го полнат државниот буџет, а државата наместо да ги заштити таа ги казнува со неуставно законско решение коешто е единствено во Европа и пошироко. Со затворањето на Еуростандард банка, Владата категорично одби да им помогне и на фирмите депоненти кои ги изгубија сите свои пари и ги остави на немилост на системот да се снаоѓаат како знаат и умеат во сред пандемија. Не постоењето на законско обештетување за правните лица во случај на стечај на банка драстично го зголемува и ризикот за нивно работење во нашата земја. Освен за домашните фирми, тоа не е воопшто добар сигнал ниту за странски директни инвестиции и непотребно ја зголемува неизвесноста во одлучувањето на странските фирми да се етаблираат во нашата земја и да работат со нашите банки. Напротив, ова е уште една причина да тие ја избегнуваат нашата земја за нивни планирани инвестиции во споредба со останатите земји од регионот каде не постојат вакви законски небулози. Водејќи се од начелата за правда и правичност, Здружението на оштетените физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи" поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки преку Адвокатското друштво „Кузмановски" од Скопје на 28 октомври минатата година. Со оваа иницијатива бараме укинување на предметниот член од наведениот закон бидејќи со истиот се прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајната постапка на банката, што е спротивно на Уставот на РСМ. Од сето досега образложено, длабоко сме убедени дека предметниот член е неуставен и незаконски и поради тоа веруваме дека укинувањето на оваа одредба е повеќе од нужно и неминовно. Останува на Уставниот суд и уставните судии да ја донесат конечната праведна одлука, со која се надеваме дека барем делумно ќе се надминат страдањата на оние кои се оштетени од системот не по нивна вина. Околу 2.000 фирми, оштетени депоненти на Еуростандард банка, нестрпливо ја очекуваат конечната одлука на Уставниот суд. Веруваме дека многу скоро ќе ја видиме и светлината на крајот од тунелот и дека правдата во овој дел сепак ќе биде задоволена! Здружение на оштетени штедачи на „Еуростандард Банка"]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-na-oshteteni-shtedachi-na-eurostandard-bara-obeshtetuvanje-i-na-pravnite-lica/feed/ 0