здруженија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Feb 2023 14:36:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png здруженија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Централен регистар: Здруженијата кои нема да ги усогласат имињата, се бришат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsentralen-registar-zdruzhenijata-koi-nema-da-gi-usoglasat-iminata-se-brishat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsentralen-registar-zdruzhenijata-koi-nema-da-gi-usoglasat-iminata-se-brishat/#respond Thu, 16 Feb 2023 14:36:33 +0000 https://kurir.mk/?p=801339

Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат имињата и дејноста, се бришат од Регистарот, соопшти денеска Централен регистар. Го пренесуваме соопштението од Централен регистар во целост: „Ја информираме јавноста во врска со усогласувањето на здруженијата согласно Законот за здруженија и фондации, Согласно измените од Законот за здруженија и фондации бр.239/2022, здруженијата се должни во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да ги усогласат своето име и/или назив, скратено име, програма, цели и дејности, согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации. Рокот за усогласување истекува денес – 16.02.2023. Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ број 52/10, 135/11 и 55/16), кои нема да ги усогласат името и/или називот, скратеното име, програмата, целите и дејностите се бришат од Регистарот врз основа на донесена одлука за неусогласеност од страна на министерот за правда по претходно добиено негативно мислење од Комисијата. Одлуката за неусогласеност од страна на Министерството за правда се донесува во рок од четири месеци од денот на влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации. До Централен регистар на ден 10.02.2023 година е доставен Допис со наслов - Предмет: Барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид со Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации( Службен весник на Република Северна Македонија број 239/2022). На Допис - барањето од подносителот, Централениот регистар до подносителот на Дописот, достави Известување за поднесување на пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации. Во текот на утрешниот ден, Централниот регистар ќе достави список на здруженија кои понатаму треба да бидат предмет на анализа од страна на Министерството за правда. Дополнително, Централен регистар ќе достави информација до Министерството за правда дали Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид постапило по Известувањето од Централен регистар, односно дали поднело пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsentralen-registar-zdruzhenijata-koi-nema-da-gi-usoglasat-iminata-se-brishat/feed/ 0
Кавадарци објави повик за апликации за буџетска поддршка за спортски клубови, здруженија и активности https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kavadartsi-objavi-povik-za-aplikatsii-za-budhetska-poddrshka-za-sportski-klubovi-zdruzhenija-i-aktivnosti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kavadartsi-objavi-povik-za-aplikatsii-za-budhetska-poddrshka-za-sportski-klubovi-zdruzhenija-i-aktivnosti/#respond Wed, 01 Feb 2023 17:39:34 +0000 https://kurir.mk/?p=794846

Општина Кавадарци денеска објави јавен повик за прибирање на апликации за финансиска поддршка од буџетот за 2023 година, наменета за спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи, како и поддршка на манифестации, турнири и проекти во областа на спортот од интерес на општината Кавадарци. - Средствата се наменети за сите што го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт, ја реализираат утврдената програма за развој на спортот, ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата, го организираат и спроведуваат системот на натпревари, се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри, се грижат за унапредување на младите, велат од локална самоуправа Кавадарци. Оттаму нагласуваат дека Општината и понатаму, како и досега, ќе го поддржува спортот како здрав начин на живот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kavadartsi-objavi-povik-za-aplikatsii-za-budhetska-poddrshka-za-sportski-klubovi-zdruzhenija-i-aktivnosti/feed/ 0
Здруженијата за заштита на животните бараат институциите да работат на проблемот со бездомните животни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenijata-za-zashtita-na-zhivotnite-baraat-institutsiite-da-rabotat-na-problemot-so-bezdomnite-zhivotni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenijata-za-zashtita-na-zhivotnite-baraat-institutsiite-da-rabotat-na-problemot-so-bezdomnite-zhivotni/#respond Fri, 13 Jan 2023 17:46:46 +0000 https://kurir.mk/?p=787038

Здруженија за заштита на животните и бројни активисти денеска протестираа пред Владата по повод последниот настан што се случи во Струга, каде беа убиени десетина кучиња скитници. Тие бараат од институциите да работат на проблемот со бездомните животни во интерес на заштита на животните, но и на луѓето. – Ние не сакаме да има напади на граѓани од страна на кучиња! Не сакаме ниту да има бездомни животни по улиците! Токму затоа бараме поддршка да се избориме сите заедно и да извршиме притисок, институциите да започнат еднаш засекогаш да работат на овој проблем. Сите општини, сите градоначалници, сите пратеници се платени од нашиот данок и време е да започнат со работа. Секоја една општина има буџет за решавање на проблемот со бездомните кучиња, а каде завршуваат тие пари никој не знае, изјави Наталија Малзаркова од Здружението „Шепасти ентузијасти“. За да не дојде до нови напади на граѓани од кучиња, убиства и расфрлани отрови од кои може да настрадаат и луѓе, Малзаркова рече дека до надлежните институции, ги поставуваат следните барања и додаде дека се надеваат дека ќе бидат разгледани заедно со нив. – Обезбедување 250 бесплатни кастрации/стерилизации секој месец на територијата на целата држава, со услов за микрочипирање на милениците; задолжително микрочипирање на секое куче со сопственик – глоба од 80 евра првиот пат и 180 евра доколку сопственикот повторно не ја почитува наредбата; како и зголемување на бројот на инспектори во АХВ или формирање посебно тело што ќе врши строги контроли за неодговорно сопствеништво (испуштање миленици на улици, фрлање легла од мали кутриња и сл.) и за нечипирани миленици, се дел од барањата. Малзаркова рече дека бараат и зголемување на казните за неодговорно сопствеништво и нечипирани миленици бидејќи моментната глоба од 30, односно од 15 евра, само ги стимулира луѓето да ги напуштаат своите миленици, со што се зголемува бројот на бездомни кучиња. – Забрана и казни за оплодување на домашните миленици, освен за легално регистрираните одгледувачници; ангажирање локални инспектори или формирање посебно тело, Animal Police, кое ќе врши надзор и пријавување на секое легло исфрлено на улица бидејќи секојдневно се соочуваме со нови и нови кутриња, кои како партали се фрлаат пред контејнерите. Сите тие понатаму стануваат бездомни кучиња доколку не ги преземат здруженијата и љубителите!, се исто така дел од барањата. Според Малзаркова, проблемот се решава од две страни и тоа со строго санкционирање на неодговорните сопственици на миленици, од каде почнува проблемот и сериозен ангажман од надлежните за справување со постојните кучиња кои ги има по улиците, на хуман и цивилизиран начин, како што доликува на една држава која претендира да биде демократска. Протестот е организиран од здруженијата за заштита на животните: Хепи Шелтер – Скопје, Нала Рескју, Анима Мунди, Кане Корзо, Здружение на активисти за заштита на животните (ААПЖ), Анимал Воис, Шепасти Ентузијасти Скопје, Арк Анималис Битола, Срце за животните Тиквеш – Кавадарци, Спаси живот Штип, Шепи 2021 Кавадарци, Ива Лавс Петс Скопје и Здружение Ангел кетс, а учествуваа и педесетина љубители и активисти за правата на животните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenijata-za-zashtita-na-zhivotnite-baraat-institutsiite-da-rabotat-na-problemot-so-bezdomnite-zhivotni/feed/ 0
Пратениците ги изгласаа измените: Се забранува основање на здруженија насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-gi-izglasaa-izmenite-se-zabranuva-osnovanje-na-zdruzenija-nasocheni-kon-nasilno-urivanje-na-ustavniot-poredok-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-gi-izglasaa-izmenite-se-zabranuva-osnovanje-na-zdruzenija-nasocheni-kon-nasilno-urivanje-na-ustavniot-poredok-na-makedonija/#respond Wed, 02 Nov 2022 12:21:17 +0000 https://kurir.mk/?p=754506

Собранието денеска на продолжение на 88-та седница донесе измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, и на Законот за Законот за политички партии, на предлог на СДСМ, по скратена постапка. За измените на Законот за здруженија и фондации „за“ гласаа 67 пратеници, ниту еден против и воздржани, а ист број пратеници гласаа „за“ и за Законот за полититички партии, без ниту еден против и воздржани. Во образложение за измените на Законот за здруженија и фондации, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи рече дека во последните осум месеци сме сведоци за обиди на ревидирање и извитоперување на историските вистини во државата. -Човештвото се уште носи лузни од геноцидот и етничкото чистење, расизмот, антисемитизмот и ксенофобијата, а меѓународната заедница како и сите ние имаме голема одговорност во спречување на овие зла. Страшната вистина за фашизмот и нацизмот мора сите заедно да ја браниме од оние коишто ја негираат. Мора да ја зајакнеме моралната и политичката посветеност на нашата влада и институциите за да обезбедиме можност идните генерации да ги разберат причините за пандемијата на омраза и лудилото од Втората светска војна, во која Македонија даде повеќе од 25 000 жртви, од кои 7 144 Евреи, рече Мизрахи. Токму од овие причини, додаде Мизрахи, денеска ќе донесеме мал, навидум незначителен закон, што ќе биде употребен за да го заштити антифашистичкото минато, и историската вистина на нашата земја. Пратеничката Соња Мирковска од НСДП рече дека во потполност го поддржуваат предлогот на опозицијата за измените на овој закон. -Како владејачка партија учестувавме во изработката на овој закон за да стане пооперативен и практично го носиме заедно. Сметам дека после се она што се случуваше е исклучително важно да се оградиме од таквите случувања, да не дозволиме да ни се формираат такви здруженија во државата, и ова е начинот како може да се стави браната, рече Мираковска. Во образложението за измените и дополнувањата на Законот за политички партии, пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева рече дека и двата закона имаат една иста цел. – Таа цел произлеува и од членот 20 од Уставот, но се надополнува на она што значи предизвици на новите времиња, што придонесуваат да се создаде потребата од ваквите измени, и целта на предлог законот што содржи две одредби е золемување на транспарентоста и дистанцирање од се она што значи фашизам, нацизам, национал-социјализам и гарантирање на правната сигурност на граѓаните, својствени на една демократска, цивилизирана и правна држава. Предложените законски измени на двете партии уследија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Пратениците на 17 октомври дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Со усвоените измени и дополнувања, во Законот за здруженија и фондации членот 4, став 2 се менува и гласи „Се забранува основање на организација ако програмата, целите, дејностите и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица“. – Како име, скратено име и/или назив на организација не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица кои по кој било основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, стои во новиот став во членот 8 од Законот. Според Законот, за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира самиот министер. Во преодните и завршните одредби на измените и дополнувањата на Законот е наведено дека организации, здруженија, фондации, сојуз и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар. Здруженија и фондации регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат одредбите согласно став 1 од овој член, се бришат од Регистарот, за што министерот за правда донесува одлука. Министерот за правда е должен да донесе одлука за престанок на истите, во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на овој закон. Со измените, пак, на Законот за политички партии, ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање на правната сигурност на граѓаните својствени за една демократска, современа и цивилизирана правна држава, стоеше во предложениот текст. Со членот 1 се допрецизира одредбата за програмата, статутот и дејствувањето на политичките партии да не можат да бидат насочени разгорување на национална, расна или верска омраза,нетрпеливост,етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх. Со членот 2 се дополнува членот 16 со два нови става во кои е уредено дека: (4) Статутот на политичката партија не смее да содржи одредби кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх. – Името и ознаките на политичката партија не смеат да содржат симболи, зборови, кратенки кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, е предложено во еден од ставовите. Политичките партии ќе треба да ги усогласат своите имиња со овој закон во рок од три месеци.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-gi-izglasaa-izmenite-se-zabranuva-osnovanje-na-zdruzenija-nasocheni-kon-nasilno-urivanje-na-ustavniot-poredok-na-makedonija/feed/ 0
Здруженија за заштита на човекови права бараат компензација од 440 милиони долари од ФИФА https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zdruzenija-za-zashtita-na-chovekovi-prava-baraat-kompenzacija-od-440-milioni-dolari-od-fifa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zdruzenija-za-zashtita-na-chovekovi-prava-baraat-kompenzacija-od-440-milioni-dolari-od-fifa/#respond Thu, 19 May 2022 14:30:31 +0000 https://kurir.mk/?p=679090

Амнести Интернешнл и други здруженија за заштита на човековите права ја повикаа ФИФА да издвои 440 милиони долари како компензација за работниците мигранти во Катар поради „кршење на човековите права“ за време на подготовките за Светското фудбалско првенство во Катар. Во извештајот на 48 страници на Амнести Интернешнл се наведуваат бројни примери на злоупотреба од страна на катарските власти поврзани со платите на ангажираните странски работници. – Со цел да се исправат серијата злоупотреби извршени од 2010 година кога ФИФА му ја додели организацијата на Катар без да ја услови земјата да ги подобри работничките права, организациите бараат ФИФА да исплати компензација од 440 милиони долари колку што изнесува и наградниот фонд на Светското првенство, се наведува во извештајот доставен до ФИФА. Катар, од своја страна, ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека вовел серија реформи во последните пет години, додека ФИФА во својот одговор наведе дека го проценува предлогот на Амнести Интернешнл и спроведува „процес без преседан во однос на заштитата на ангажираните работници“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zdruzenija-za-zashtita-na-chovekovi-prava-baraat-kompenzacija-od-440-milioni-dolari-od-fifa/feed/ 0
Се поголем број индустрии бараат помош поради загрозена егзистенција, сметаат дека државата ги заборавила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-pogolem-broj-industrii-baraat-pomosh-poradi-zagrozena-egzistencija-smetaat-deka-drzavata-gi-zaboravila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-pogolem-broj-industrii-baraat-pomosh-poradi-zagrozena-egzistencija-smetaat-deka-drzavata-gi-zaboravila/#respond Tue, 02 Feb 2021 07:20:35 +0000 https://kurir.mk/?p=462907

Во тек разговорите за новиот антикризен пакет, се зголемува бројот на индустрии што бараат помош Интензивно течат разговорите за новиот, петти антикризен пакет мерки што треба да обезбеди финансиска поддршка за граѓаните и стопанството. Според најавите, угостителството, транспортот, туризмот, тутунарите и медиумите ќе бидат во фокусот на петиот сет мерки, како директно најпогодени сектори на кои им е неопходна помош. Но, да бидат вклучени во антикризниот пакет побараа и други индустрии: музичарите, организаторите на настани и претставниците на фото и видео дејностите. Некои дури формираа и комори за здружено да делуваат. За новиот сет мерки вчера седница одржа и Економско-социјалниот совет. На седницата присуствуваа Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Конфедерацијата на слободни синдикати и Организацијата на работодавачи. ССМ побара да продолжи финансиската поддршка за исплата на плати, но искажа и неколку други барања: надоместот на плата за отсуството од работа поради зараза од КОВИД, изолација и самоизолација да изнесува 100 проценти од основицата утврдена со закон, спроведување јавни набавки од страна на државните органи исклучиво од домашните компании кои не отпуштиле неосновано работници и не злоупотребиле од финансиската поддршка за исплата на платите, работниците кои користеа мерки како хронично болните, бремени жени, чување на дете до 10 години да бидат исплатени во висина на нивната плата, без нејзино намалување и истовремено да се води грижа за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по кој било основ, како и да имаат право на платено на породилно отсуство. – Точно 11 месеци сме соочени со невиден предизвик, 11 месеци сме без можност за работа и без остварување приходи, а не знаеме уште колку ќе трае кризата, реагираа компаниите членки на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП). Тие сметаат дека државата ги заборавила и дека не се третирани соодветно на состојбата во која се наоѓаат. Предупредуваат дека се пред колапс и оти мерките што досега ги понуди Владата не се доволни зашто намалувањето на прометот во нивниот сектор, како што велат, е и до 100 проценти. – Иако нашата работа подразбира гласност и многу врева, одлучивме во оваа криза да делуваме одговорно и тивко, со намера да покажеме дека сме конструктивен партнер во борбата против пандемијата. Но, тоа не значи дека треба да бидеме заборавени или игнорирани. Затоа, бараме итно и веднаш да бидеме издвоени како една од најзагрозените дејности од пандемијата, а во претстојниот пакет мерки за помош да бидеме вклучени соодветно на состојбата во која се наоѓаме, соопшти ИВАП. Претставниците на фотографската и видео дејноста, пак формираа Комора. Здружени, апелираа дека и тие се погодени од пандемијата, дека се колатерална штета од ограничувањата за работа на угостителските објекти, дека е загрозена нивната егзистенција и дека државата ги заборавила. Затоа, како што нагласија, бараат да бидат опфатени со петтиот пакет антикризни мерки. Според Комората, голем дел од нејзините членки се микро и мали претпријатија со мал број вработени, еден до пет, па само со отпуштање на еден вработен не ги исполуваат условите за користење на владините мерки и условите за поволните кредити од Развојната банка. Поради откажаните настани и намалената работа, повеќето дуќани ги отпуштиле вработените, дел ги ставиле фирмите во мирување, а некои ги затвораат претпријатијата. -Нашите членови се колатерална штета на забраните кои се однесуват на угостителскиот сектор за организирање и одржување семејни веселби, прослави и настани. Ние како дејност која највеќе се занимава со фотографирање и видео снимање на погоре спомнатите настани, поради забраните ги изгубивме сите договорени настани за 2020 година, а овој тренд на откажување ќе продолжи и во 2021-ва ако пандемијата не се стави под контрола, напиша Комората во дописот до медиумите, изнесувајќи повеќе барања. Комората најави и дека деновиве, додека чека средба со надлежните по упатените барања, ќе направи статистика за претрпената штета во овој сектор од почетокот на пандемијата. -Да бидеме опфатени во петтиот пакет економски мерки како една од најзагрозените стопански дејности, да добиеме континуирана финансиска помош за исплата на плати до завршување на пандемијата и до изготвување протоколи за свадби и организирање на настани кај угостителите, со финансиската помош за исплата на плати да бидат опфатени и отпуштените вработени кои на овој начин ќе се вратат на работа, да добиеме директна неповратна финансиска помош – грант за сите чинители во дејноста, достапност на фотографската и видео дејноста до долгорочни и бескаматни државни кредити за одржување на ликвидноста на правните субјекти, како и повластена стапка на ДДВ од или на фотографската и видео услуга за правните субјекти кои се ДДВ обрзници, се само дел од барањата на фото студијата, видео продукциите за свадби и настани, самостојните вршители на фотографска дејност и правните лица кои вршат набавка и дистрибуција на добра. Музичарите кои членуваат во вкупно шесте здруженија низ земјава, потпишаа Меморандум за соработка и за заеднички настап пред државните орани и институции. Тие јавно соопштија дека заедно со угостителите се најзагрозената категорија поради што бараат да бидат опфатени со новиот сет мерки. -Ги почитуваме мерките донесени од Комисијата за здравство, имаме разбирање и ги почитуваме владините одлуки, но бараме разбирање за нашето право на егзистенција зашто најголемиот дел од нашите членови заработуваат и живеат од музички настапи во живо кои веќе десет месеци се забранети така што немаат можност да работат и да заработат за основните потреби. Затоа, уште еднаш апелираме до надлежното Министерство и до Владата, музичарите како најоштетени од корона кризата да бидат вклучени во петтиот пакет за финансиска помош, истакнаа музичарите по состанокот во Охрид. Во однос на новиот сет мерки реагираше и месната индустрија. Но, не бараше да биде опфатена со пакетот, туку предупреди да се внимава при неговото конципирање. -Четвртиот и петтиот пакет антикризни мерки нема да имаат ефект зашто не се правилно насочени. Владата повторно треба да ги врати картичките „Купувај домашно“, за да се насочат средствата на граѓаните кон домашните компании, оценија производителите и преработувачите на месо. Викендов, токму за петтиот пакет и планираната поддршка, средба со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, одржаа претставници од Независната угостителска комора кои ги повторија петте барања, а во петокот средба во Владата беше одржана и со четирите стопански комори. -Сметам дека до крајот на месецов ќе бидат оперативни мерките од петтиот пакет за економска помош на стопанството и граѓаните за справување со последиците од ковид кризата за февруари да биде апликативен за евентуалната финансиска поддршка. До крајот на неделава сакаме да ја затвориме дискусијата со нашите партнери за тоа што е прифатливо, а што не. Со нив не преговараме, туку заеднички се консултираме за да донесеме заеднички решенија и заедно да имаме придобивка од нив, информира синоќа во телевизиско гостување вицепремиерот Битиќи. Во петтиот пакет, како што посочи, се планира да се замени мерката државна помош за исплата на плати, со бескаматни кредити за компаниите. Наместо субвенција од 14.500 до 21.770 денари по работник, компаниите ќе имаат на располагање бескаматни кредити со грејс период од 12 месеци и период на отплата од три години со вклучен грант од 30 проценти ако покажат позитивни резултати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-pogolem-broj-industrii-baraat-pomosh-poradi-zagrozena-egzistencija-smetaat-deka-drzavata-gi-zaboravila/feed/ 0
Синдикати и здруженија остро реагираат: Струјата не смее да поскапи, одлуката се носи преку ноќ во пост-изборен период https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikati-i-zdruzenija-ostro-reagiraat-strujata-ne-smee-da-poskapi-odlukata-se-nosi-preku-nokj-vo-post-izboren-period/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikati-i-zdruzenija-ostro-reagiraat-strujata-ne-smee-da-poskapi-odlukata-se-nosi-preku-nokj-vo-post-izboren-period/#respond Sat, 01 Aug 2020 12:25:22 +0000 https://kurir.mk/?p=384758

Поголем број здруженија и синдикати преку соопштение остро реагираат на, како што велат, скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараат истата веднаш да биде повлечена. -Револтира што Одлуката се носи во екот на најголемата криза од поновото време, кога илјадници луѓе остануваат без работа или добиваат намалување на платите, како и во период кога се обелоденуваат разни малверзации од страна на фирми кои добивале државна помош а не исплаќале плати на вработените. Со ваква штетна предлог Одлука уште еднаш се потврдува дека најголемиот удар од кризава ќе биде врз економски најранливите и работниците. Револтира образложението на Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, дека цената морала да се покачи, поради намалените приходи на енергетските компании. Профитот на големите монополски компании не смее да биде пред јавниот интерес и обврската на државата да ги штити посиромашните граѓани. Револтира и тоа што одлуката се носи преку ноќ, без никаква јавна консултација, среде лето, пред продолжен викенд и државен празник, кога граѓаните немаат многу простор да реагираат на неа. Одлуката се носи и во пост-изборен период, кога не е конституирано Собранието и нема избрано нова Влада, поради што е спорен и нејзиниот легитимитет, бидејќи ова не е техничка одлука. Ова е политичка одлука, со сериозни политички и социјални последици, која ќе ги засегне сите граѓани на оваа држава на долг период. Укажуваме и дека многу европски држави во кризава донесоа одлуки со кои ги одложија или ги покрија сметките за струја за сиромашните граѓани, или пак ја намалија цената на струјата. Нашата држава, која има највисока сиромаштија и невработеност во цела Европа, има уште поголема обврска да донесе некоја таква мерка, наместо да покачува цени. Поради сето ова, бараме Регулаторната комисија за енергетика веднаш да ја повлече Одлуката за поскапување на струјата, се вели во соопштението. Потписници на Повелбата за солидарност и здруженијата и организациите за заштита на човековите и работничките права: Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС) Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ) Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) Независен академски синдикат (НАкС) Левичарско движење СОЛИДАРНОСТ Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија Здружение на граѓани „Гласен Текстилец“ ЈАДРО - Асоцијација на независната културна сцена Субверзивен фронт]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikati-i-zdruzenija-ostro-reagiraat-strujata-ne-smee-da-poskapi-odlukata-se-nosi-preku-nokj-vo-post-izboren-period/feed/ 0
Стојаноска на средба со претставници од Здружението на слепи, Здружението на глуви и наглуви лица и Здружението на лица со телесна инвалидност “Мобилност” за Тетово и Гостивар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-na-sredba-so-pretstavnici-od-zdruzenieto-na-slepi-zdruzenieto-na-gluvi-i-nagluvi-lica-i-zdruzenieto-na-lica-so-telesna-invalidnost-mobilnost-za-tetovo-i-gostivar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-na-sredba-so-pretstavnici-od-zdruzenieto-na-slepi-zdruzenieto-na-gluvi-i-nagluvi-lica-i-zdruzenieto-na-lica-so-telesna-invalidnost-mobilnost-za-tetovo-i-gostivar/#respond Wed, 01 Jul 2020 09:58:31 +0000 https://kurir.mk/?p=366522

Утрово во Тетово, остварив средба со претставници од Здружението на слепи, Здружението на глуви и наглуви лица и Здружението на лица со телесна инвалидност “Мобилност” за Тетово и Гостивар. За овие наши сограѓани, ВМРО-ДПМНЕ, во проектот www.obnova.mk, додаде нови мерки, како поголема инклузивност, активни стимулативни мерки за фирмите кои ќе вработуваат лица со инвалидитет, формирање на координативно национално тело, кое континуирано ќе работи на препознавање на проблемите и унапредување на правата на овие граѓани и редица други, објави на својата Фејсбук страница носителот на листата во ИЕ6 Дафина Стојаноска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-na-sredba-so-pretstavnici-od-zdruzenieto-na-slepi-zdruzenieto-na-gluvi-i-nagluvi-lica-i-zdruzenieto-na-lica-so-telesna-invalidnost-mobilnost-za-tetovo-i-gostivar/feed/ 0
Мизрахи на средба со претставници на здруженија со инвалидитет: За овие лица потребен е бенефициран стаж, бидејќи инвалидитетот го зема данокот со годините https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-na-sredba-so-pretstavnici-na-zdruzenija-so-invaliditet-za-ovie-lica-potreben-e-beneficiran-staz-bidejkji-invaliditetot-go-zema-danokot-so-godinite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-na-sredba-so-pretstavnici-na-zdruzenija-so-invaliditet-za-ovie-lica-potreben-e-beneficiran-staz-bidejkji-invaliditetot-go-zema-danokot-so-godinite/#respond Sun, 02 Feb 2020 16:58:25 +0000 https://kurir.mk/?p=298283

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи при денешната нејзина посета на Гевгелија оствари средби со претставници на повеќе здруженија. Денеска во Гевгелија се сретнав со претставници од повеќе здруженија, и тоа од Здружението на слепи, Здружението на глуви и наглуви и Здружението на телесни инвалиди ,,Мобилност”, објави на својата Фејсбук страница Мизрахи. -Целта на средбата беше запознавање на проблемите коишто ги имаат овие целни групи како најранливи во општеството. Тие ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат пред сѐ ограничувањето на додатокот за попреченост со годините. Велат дека инвалидитетот не прашува доба, тој најчесто е траен и со текот на годините се влошува, а не се подобрува. Додека пак за деинституционализација без пристапност не може ни да се зборува, а не да се применува, пишува министерката Мизрахи. -Во оваа насока, активно ќе се заложам за системско решавање на пристапноста заедно со сите надлежни институции. Нашата цел со Министерството мора да биде изнаоѓање системски решенија за унапредување на социјалната сигурност за оваа група сограѓани во Македонија. Неопходно е да им се овозможи на овие лица активно да учествуваат на пазарот на труд и да придонесат во општеството. Потребно е за лицата со телесен инвалидитет да има бенефициран стаж, затоа што инвалидитетот го зема данокот со годините, вели министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-na-sredba-so-pretstavnici-na-zdruzenija-so-invaliditet-za-ovie-lica-potreben-e-beneficiran-staz-bidejkji-invaliditetot-go-zema-danokot-so-godinite/feed/ 0