зегин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Sep 2023 11:57:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зегин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Свечено отворен Меѓународниот турнир „Зегин Опен 2023“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoren-megunarodniot-turnir-zegin-open-2023/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoren-megunarodniot-turnir-zegin-open-2023/#respond Sat, 02 Sep 2023 11:57:49 +0000 https://kurir.mk/?p=873712

Во Берово започна вториот Меѓународен турнир во пинг-понг Зегин Опен 2023. Организатор на турнирот кој се одржува под покровителство на спонзорот Зегин е истимениот пинг-понгарски клуб од Берово, настан на кој учествуваат натпреварувачи од 11 земји во светот вклучително и домаќинот Македонија. -Турнирот започна вчера со натпреварите во ветеранска конкуренција од 40 до 70 години, многу сме задоволни од посетата имаме учесници од 11 земји, како турнир се шириме многу брзо. Денеска е апсолутна категорија, имаме голема конкуренција, светски играчи кои се меѓу првите 200 на светската ранг листа. Медиумски сме добр покриени имурниротод таме лајв стрим пренос турнирот. Верувам дека од година во година уште повеќе ќе раснеме и ќе имаме двојно повеќе учесници, истакна Јован Ковачовски, тренер на ППК „Зегин“. Претседателот на пингпонгарската федерација Горан Тиловски истакна дека ова е еден од поголемите Регионални турнири и за нашата федерација која со организирањето на овој турнир и поддршката која ја дава испраќа порака за развој на спортот особено за развој на пин-понгот. -Ние Берово го гледаме како еден од најбрзо растечките клубови во државата. Ова е продолжеток на еден хиперактивен дел бидејки се одржаа два настани во Берово каде сертифициравме 11 тренери со ITTF второ ниво, со поддршка на Пингпонгарската федерација и Олимпискиот комитет. Потоа се одржа младински камп за репрезентативци така што ова е само еден логички сплет на настани како трет настан од огромна регионална и државна значајност со поддршка на федерацијата, рече Тиловски. Целата вест прочитајте ја на Делчево365.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoren-megunarodniot-turnir-zegin-open-2023/feed/ 0
Зегин донираше топла облека за Итната помош во Берово, најави и возило за полесно пружање помош во руралните средини https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zegin-donirashe-topla-obleka-za-itnata-pomosh-vo-berovo-najavi-i-vozilo-za-polesno-pruzhane-pomosh-vo-ruralnite-sredini/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zegin-donirashe-topla-obleka-za-itnata-pomosh-vo-berovo-najavi-i-vozilo-za-polesno-pruzhane-pomosh-vo-ruralnite-sredini/#respond Mon, 29 May 2023 12:38:24 +0000 https://kurir.mk/?p=840044

Итната медицинска помош во Берово ќе добие возило за полесен пристап до тешко достапните места. Донацијата ја најави стопанственикот Благој Механџиски кој за подобрување на работењето на Брзата помош обезбеди топла облека, која денес им беше предадена на вработените во беровската медицинска установа. -Целта на оваа донација е да помогнеме на службата подобро да биде опремена и со тоа да дадеме белег на нивното ажурно работење, бидејки секогаш се присутни во најтешките моменти на најнепристапните места во најболните моменти на луѓето од овој крај. Затоа ние решивме со добра намера да ги „дотераме“ лекарите да бидат на ниво на нивната струка и самата услуга што ја даваат. Нема тоа да биде последна помош и донација бидејки обезбедивме и возило за да го убрзаме делувањето на лекарите во недопирливите планински места, рече Механџиски. Директорката на ЈЗУ Здравствен Дом Берово, Весна Коловска се заблагодари за донацијата велејки дека лекарите ќе ја оправдаат нивната грижа и хуманост, давајќки се од себе во грижата кон пациентите. -Почитувани, Најпрвин би сакала да Ве поздравам од мое лично име и од името на вработените во ЈЗУ Здравствен Дом Берово. Во оваа прилика сакам да кажам дека сум пријатно изненадена од хуманиот гест на Господинот Благој Механџиски, сопственик и менаџер на Фармацевстката веледрогерија Зегин, кои години наназад е присутен кај нас и препознатлив по неговите хумани и донаторски гестови. Во текот на денешниот ден во раните утрински часови Господинот Благој Механџиски ги посети вработемите во Итната Медицинска Помош и донираше топли јакни, дуксери, маици и пантолони за вработените во Итната Медицинска помош. ИМП е служба која има цел да ги мобилизира живото загрозените и да ги транспортира до најблиските болници и работи на терени и во просториите на ЈЗУ Здравствен Дом Берово. Со овој гест Господинот Благој Механџиски само ја потврди важноста и го препозна она што го работиме ние и ја донираше оваа опрема како општествено одговорна компанија Зегин. Го користам овој момент да Ви се заблагодарам за се што направивте до сега години наназад со Вашите донации, бевте присутни на терен на пожарите во Малешевијата, не удостоивте како ваши гости на денот на здравјето 7-ми април неколку години наназад и повеќе пати дониравте работни униформи Ви упатувам голема благодарност за беспрекорната грижа, посветеност, енергичен дух и хуманост која ја поседувате Вие и целиот Ваш тим на Зегин Ви посакувам добро здравје и врени достигнувања во иднина, а ние ќе ја оправдаме Вашата грижа и хуманост давајќки се од себе во грижата кон пациентите, рече Коловска. Во моментот Итната медицинска помош брои околу 13 вработени кои со своите услуги опслужуваат терен од селото Митрашинци до Двориште, а за нив како што истакна медицинската сестра Дафинка Андоновска од голема важност е најавеното возило за достап до непристапните места. -Возилата наши се при крај со нивната амортизација бидејки се си има рок на траење. Дај боже и други луѓе од Малешевијата да помогнат, секој кој што е финансиски возможен, кој фатил негде во светот, нека помисли дека овде има негови блиски, без разлика дали се родители и пријатели, Oвде остана многу старо и болно население, луѓето бројчано се намалуваат, а ние имаме повеќе работа затоа благодариме и ако друг вака помогне, дали со возило, дали со друга помош, како во Итната помош, така и воопшто во Малешевијата, рече Андоновска. Претходно со помош на општествено-одговорната компанија беше опремен кабинет во Здравствениот дом во Берово, а во најава е и реновирање на една од собите каде престојуваат лекарите во Итната медицинска помош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zegin-donirashe-topla-obleka-za-itnata-pomosh-vo-berovo-najavi-i-vozilo-za-polesno-pruzhane-pomosh-vo-ruralnite-sredini/feed/ 0
Во духот на традицијата-ЗЕГИН со поддршка на големиот Христијански Празник- ВОДИЦИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-duhot-na-traditsijata-zegin-so-poddrshka-na-golemiot-hristijanski-praznik-voditsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-duhot-na-traditsijata-zegin-so-poddrshka-na-golemiot-hristijanski-praznik-voditsi/#respond Fri, 20 Jan 2023 10:27:30 +0000 https://kurir.mk/?p=789652

И оваа година во чест на долгогодишната традиција се одржа црковно-народната манифестација- Богојавление Водици. Се верува дека оној кој ќе го фати Светиот крст ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. Компанијата Зегин и оваа година, во духот на хуманоста и сплотеноста ја поддржа централната манифестација во Скопје, но и останатите манифестации ширум земјата и обезбеди награди за сите учесници, дарувај’и 54 вредносни ваучери од по 12.000 денари за сите најсреќни кои го фатија светиот крст. Со тоа Зегин уште еднаш покажа дека е вистински пример за општествено одговорна компанија која постојано вложува во својата средина и општеството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-duhot-na-traditsijata-zegin-so-poddrshka-na-golemiot-hristijanski-praznik-voditsi/feed/ 0
Успешно завршен првиот Меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин Опен 2022“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/uspeshno-zavrshen-prviot-megjunaroden-turnir-vo-ping-pong-zegin-open-2022/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/uspeshno-zavrshen-prviot-megjunaroden-turnir-vo-ping-pong-zegin-open-2022/#respond Tue, 20 Sep 2022 07:29:57 +0000 https://kurir.mk/?p=735090

Заврши првиот Меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин Опен 2022“ кој викендов се одржа во Берово. Првото место на завршниот ден од турнирот во машка конкуренција му припадна на Милан Миленковиќ од Србија, додека најдобра кај жените беше Дамла Хасанова од Бугарија. За победникот Милан Миленковиќ, Зегин Опен 2022 е најдобриот турнир на кој учествувал.
– Ова беше феноменален турнир, прв пат сум овде, многу јаки играчи дојдоа. Противникот со кој играв во финалето е доста перспективен, но добро се борев и го освоив првото место. Секоја чест за клубот од Берово кој со поддршка на својот спонзор ова го овозможија, рече победникот Миленковиќ.
Првопласираната во женска конкуренција Дамла Хасанова од Бугарија која настапува за ППК „Зегин“ исто така изрази задоволство од одличната организација на турнирот.
– Многу сум задоволна бидејќи победив и во јуниорска и во сениорска конкуренција. Од оваа година настапувам за клубот од Берово и се надевам на успешна сезона, рече Хасанова.
Најдобрите на турнирот поделија награди во висина од 5000 евра кој беше вкупниот награден фонд годинава. Организатор на првиот Меѓународен турнир со поддршка на главниот спонзор Зегин е Пингпонгарскиот клуб ,,Зегин” и Пингпонгарската федерација на Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/uspeshno-zavrshen-prviot-megjunaroden-turnir-vo-ping-pong-zegin-open-2022/feed/ 0
Меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин Опен 2022“ викендов во Берово https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/megjunaroden-turnir-vo-ping-pong-zegin-open-2022-vikendov-vo-berovo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/megjunaroden-turnir-vo-ping-pong-zegin-open-2022-vikendov-vo-berovo/#respond Wed, 14 Sep 2022 12:52:29 +0000 https://kurir.mk/?p=732672

Пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово викендов (17 и 18 септември) ќе биде домаќин на Меѓународниот турнир во пинг-понг ,,Зегин Опен 2022″. Вкупно пријавени се 76 играчи од Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Косово, кои ќе се натпреваруваат во четири категории.
-Натпреварите се во сениорска и јуниорска конкуренција и ќе бидат организирани во две нивоа на натпреварување и тоа квалификации по групи и систем на елиминација. Прво и второпласираните натпреварувачи од групите ќе се пласираат по систем на еднократна елиминација, додека сите натпревари се играат во систем подобар од 5 сетови, полуфинале и финале се играат во систем подобар од 7 сетови, информираа организаторите.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 5000 евра, а за сите натпревари ќе бидат ангажирани сертифицирани судии.
-Жрепката е закажана за утре, 14 септември, а носителите на групи ќе бидат поставени согласно ИТТФ ранкинг. Натпреварите ќе започнат со почеток од 9 часот. Со ова се докажува дека Берово и нашиот беровски пингпонгарски клуб „Зегин“ кој е најбрзорастечки клуб во Македонија, полека го зазема приматот на град на пинг-понгот, додадоа организаторите.
Помагател на турнирот е Пингпонгарската Федерација на Македонија, а турнирот целосно се одржува под комплетно спонзорство на компанијата „Зегин“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/megjunaroden-turnir-vo-ping-pong-zegin-open-2022-vikendov-vo-berovo/feed/ 0
Механџиски: Парична и медицинска помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehandziski-parichna-i-medicinska-pomosh-za-semejstvata-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehandziski-parichna-i-medicinska-pomosh-za-semejstvata-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja/#respond Thu, 25 Nov 2021 11:33:24 +0000 https://kurir.mk/?p=599731

Како фамилија Механџиски, која негува здрави општествени и човечки вредности и како сопственици на Холдинг-компанијата ЗЕГИН, со која управуваме и која има долга традиција на општествена одговорност, одлучивме на семејствата кои ги загубија своите најмили во трагичната сообраќајна несреќа на 23 ноември во Бугарија, да им доделиме парична помош во износ од 45.000 евра, информира семејството Механџиски. Воедно на членовите на потесните семејства на загинатите ќе им се овозможи едногодишно бесплатно користење на комплет поликлинички здравствени услуги и лекување во ПЗУ Д-р Верица Механџиска - Зегин Интер Медика. -Ја користиме приликата на семејствата кои ги загубија своите најмили да им изразиме длабоко и искрено сочувство и да ги замолуваме да ни дозволат заеднички да ја споделиме нивната неизмерна болка и тага. Драги и почитувани, сметајте на нас и во иднина, вели семејството Механџиски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehandziski-parichna-i-medicinska-pomosh-za-semejstvata-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja/feed/ 0
„Зегин“ со донација во спортска опрема за младите пингпонгари од Берово https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zegin-so-donacija-vo-sportska-oprema-za-mladite-pingpongari-od-berovo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zegin-so-donacija-vo-sportska-oprema-za-mladite-pingpongari-od-berovo/#respond Tue, 03 Aug 2021 12:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=545662

Сопственикот на компанијата „Зегин“, г-дин Благој Механџиски, донираше спортска опрема за членовите на пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово. Обезбедени се нови дресови и тренерки за сите играчи. Господинот Механџиски истакна дека поддршката за младите во областа на спортот ќе продолжи и понатаму, бидејќи тие се иднината и најдобар начин за промоција на една држава. Тренерот на ППК „Зегин“ изрази задоволство и упати голема благодарност до компанијата „Зегин“ за поддршката која несебично ја дава уште од почетокот на формирањето на пингпонгарскиот клуб во Берово. ППК „Зегин“ е еден од најдобрите клубови во државата и единствен клуб кој за толку кратко време постигнал врвни резултати, а целта е и учество во натпревари на меѓународно ниво на кое се надеваат од клубот, со заеднички труд и помош од Механџиски. Во наредниот период 10 натпреварувачи од градскиот пинг-понгарски клуб ќе учествуваат на меѓународен камп во Крупањ, каде ќе има претставници од неколку држави од регионот како што се Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Романија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zegin-so-donacija-vo-sportska-oprema-za-mladite-pingpongari-od-berovo/feed/ 0