зејтин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Nov 2022 14:44:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зејтин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Цената на зејтинот намалена за 40 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenata-na-zejtinot-namalena-za-40-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenata-na-zejtinot-namalena-za-40-denari/#respond Sat, 26 Nov 2022 14:44:40 +0000 https://kurir.mk/?p=766922

Цената на маслото за јадење е намалена за 40 денари, а цената на репроматеријалите мируваат, истакна генералниот извршен директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски при денешната посета на претседателот на Владата на Република Северна Македонија на фабриката „Брилијант“ во Штип, која е дел од групацијата на „Витаминка“. –Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде до цените од пред три години што беа. Цената најмногу зависи на нашиот производ од суровината, вели Наумоски. Забележа дека не конкурирале за поевтина струја од 1 декември бидејќи имаат инсталирано фотонапонски централи, а производството на струјата од нив за 30 отсто ги намалува трошоците за производство до крајниот производ. Додека пак премиерот Ковачевски прашан за поволностите за поставување на фотонапонски централи, посочи дека како Влада комплетно ја имаат сменето законската регулатива. Но е дециден дека и нивниот став е дека фотонапонски централи да не се поставуваат на земјоделско земјиште од прва и втора класа. -Во однос на поголемите централи исто така е направена промена во регулативата и тука се забрзани постапките. Меѓутоа, сакам да истакнам нешто многу важно. Ние не можеме да дозволиме земјиште од прва класа, земјиште од втора класа да биде користено за фотоволтаици. Регулативата ќе се однесува на земјиште од четврта, петта, шестта класа коишто треба да се користат за производство на електрична енергија, меѓутоа земјиштето од прва и втора класа треба да се користат за производство на земјоделски производи, бидејќи храната е исто толку значајна колку што е значајна и енергијата и заради ова Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски и другите ресори се во постојана комуникација, вели Ковачевски. Премиерот додаде ако за некои фирми има застој за инсталирање на фотонапонски централи, тогаш какошто вели веројатно се работи за трансформација на земјиште од прва и втора класа што смета и дека не треба да се прави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenata-na-zejtinot-namalena-za-40-denari/feed/ 0
Николовски: Имаме план и граѓаните да не се грижат – Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nikolovski-imame-plan-i-gragjanite-da-ne-se-grizat-leb-brashno-mleko-i-zejtin-kje-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nikolovski-imame-plan-i-gragjanite-da-ne-se-grizat-leb-brashno-mleko-i-zejtin-kje-ima/#respond Thu, 13 Oct 2022 12:17:51 +0000 https://kurir.mk/?p=744793

Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. -Имаме план и граѓаните не треба да бидат загрижени, заедно обезбедуваме доволно храна за сите граѓани, истакна Николовски на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, каде го презентира новиот модел за субвенционирање во земјоделството. -Исправени сме пред досега најтешката и најнеизвесна криза. Војната во Украина донесе зголемени трошоци за земјоделците, недостиг на репроматеријали и не соочи со предизвикот како да обезбедиме доволно храна. Наша задача, како Министерство, е грижа за секој земјоделец – преку конкретни мерки да го стабилизираме домашното производство, да ги намалиме производствените трошоци и да обезбедиме зголемен принос и храна за сите граѓани, нагласи Николовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nikolovski-imame-plan-i-gragjanite-da-ne-se-grizat-leb-brashno-mleko-i-zejtin-kje-ima/feed/ 0
И до 163 денари за зејтин, повисоки цени на храната за околу 10 денари по производ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/i-do-163-denari-za-zejtin-povisoki-ceni-na-hranata-za-okolu-10-denari-po-proizvod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/i-do-163-denari-za-zejtin-povisoki-ceni-na-hranata-za-okolu-10-denari-po-proizvod/#respond Wed, 01 Jun 2022 11:53:05 +0000 https://kurir.mk/?p=684923

Маслото за јадење, брашното, шеќерот, лебот и јајцата од денеска се продаваат по нова, зголемена цена откако престанаа да важат антикризните мерки што беа воведени во март. Зејтинот кој досега се продаваше по цена од 135 денари, сега може да се најде за цена од 156 до 163 денари, а новата цена на брашното тип 400 сега се движи од 54 до 60 денари. Шеќерот се продава по цена од 55 до 60 денари, а пакување од 10 јајца по цена од 90 до 110 денари. Повисоки цени има и кај лебот и оризот. Од вчера се зголемени и цените на горивата. Цената на Еуросупер БС-95 и на дизелот е зголемена за девет денари, а на Еуросупер БС-98 за 9,5 денари за литар. За 8,5 денари за литар поскапо е и Екстра лесното масло за домаќинство. Литар Еуросупер БС-95 чини 104 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 106,5 денари. Новата цена на дизелот е 95 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 93 денари. Зголемените цени на храната уследија откако од денеска престанаа да важат антикризните мерки со кои ДДВ-то на основните прехранбени производи беше намалено од 5 на нула проценти, а на енергенсите од 18 на 10 проценти. Се укина и ограничувањето на маржите за основните прехранбени производи. Антикризните мерки беа воведени во март со цел да се ублажат последиците од енергетската криза и да се заштити стандардот на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/i-do-163-denari-za-zejtin-povisoki-ceni-na-hranata-za-okolu-10-denari-po-proizvod/feed/ 0
Зејтинот достигна цена од 163 денари, килограм брашно е 60 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zejtinot-dostigna-cena-od-163-denari-kilogram-brashno-e-60-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zejtinot-dostigna-cena-od-163-denari-kilogram-brashno-e-60-denari/#respond Wed, 01 Jun 2022 10:07:07 +0000 https://kurir.mk/?p=684825

Цените од денеска во маркетите ги рушат сите рекорди. Откако Владата ги врати маржите и даноците на основните прехранбени производи килограм брашно за кое граѓаните плаќаа околу 35 денари, денеска се продава за 60 денари, а поскапен е и лебот, кој на полиците во маркетите се продава за 43 денари. Цените се зголеми меѓу 6 и 9 денари. Маржите во малопродажба беа ограничени на 5 отсто кај лебот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло за јадење и сончогледовото масло за јадење, млекото, свежото месо и сувомеснатите производи. Одлуката почна да се применува од 1 март 2022 година, а траеше до вчера, 31 мај. Целта беше, како што објасни тогаш министерот за економија Крешник Бектеши, да се ограничи растот на цените во следните три месеци. Маслото за јадење кое вчера беше 135 денари денеска достигна цена од 163 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zejtinot-dostigna-cena-od-163-denari-kilogram-brashno-e-60-denari/feed/ 0
Албанија: Литар масло за јадење 3,1 евро, литар нафта две евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-litar-maslo-za-jadenje-3-1-evro-litar-nafta-dve-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-litar-maslo-za-jadenje-3-1-evro-litar-nafta-dve-evra/#respond Sun, 01 May 2022 10:34:03 +0000 https://kurir.mk/?p=670405

Жителите на Албанија првомајските празници ги дочекаа со нови цени на основните прехранбени артикли и горивата. Според одлуката на Бордот за транспарентност, што ја објави Владата, нови цени добија маслото за јадење, шеќерот, оризот и брашното, а пред еден ден и горивата. Литар масло за јадење се продава по повисока цена од 60 лека (едно евро = 120,99 леки) и сега чини 381 лека (3,1 евро), килограм шеќер 121 лека, ориз 109 лека и килограм брашно 79 лека. Нови цени имаат горивата. Така, нафтата е поскапа за 10 лека и изнесува 243 лека (1,99 евра) за литар што е највисоко ниво на поскапување од 26 март. За 10 лека поскапе и бензинот и се продава по 223 лека. За два лека поскап е гасот, кој сега се продава по 106 лека за литар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-litar-maslo-za-jadenje-3-1-evro-litar-nafta-dve-evra/feed/ 0
СТАБИЛИЗАЦИЈА ПО ВЕЛИГДЕН: Од утре и задутре зејтин во сите маркети, еве која ќе биде цената https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stabilizacija-po-veligden-od-utre-i-zadutre-zejtin-vo-site-marketi-eve-koja-kje-bide-cenata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stabilizacija-po-veligden-od-utre-i-zadutre-zejtin-vo-site-marketi-eve-koja-kje-bide-cenata/#respond Wed, 20 Apr 2022 09:35:31 +0000 https://kurir.mk/?p=665821

Цената на зејтинот ќе биде меѓу 2,20 – 2,40 евра или максимум 2,50 евра и ова цена ќе се задржи, особено по празниците. Ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи, рече денеска генералниот директор на фабриката „Благој Ѓорев“ во Велес, Горан Лазов. -Не очекувам поскапувања. По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Нема потреба граѓаните да прават залиха, ќе има доволно зејтин на пазарот, истакна Лазов по средбата со министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски кои ја посетија фабриката. Според Лазов, во Бугарија цената на зејтинот е 180 денари или шест лева, а во Грција околу четири евра. Одговорајќи на новинарски прашања, директорот нагласи дека има и доволно суровина. Во континуитет се вршат набавки од Бугарија. Лазов изрази надеж дека на македонските земјоделски површини сончогледот повторно ќе се врати. -Порано произведувавме околу 40 000 тони сончоглед, а лани откупивме помалку од 4 000 тони. Тоа е само 10 отсто од она што сме го имале како држава, подвлече Лазов.  Годишно капацитетот на фабриката „Благој Ѓорев“ е 40 000 тони сончоглед, а може да се складираат 16 000 тони сурово масло. -Ако се зголемат површините, ќе го откупиме целото производство, нема да оставиме ниту едно зрно неоткупено, истакна директорот. Претходно, министрите уверија дека зејтин има, како и суровина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stabilizacija-po-veligden-od-utre-i-zadutre-zejtin-vo-site-marketi-eve-koja-kje-bide-cenata/feed/ 0
Бекеши и Николовски уверуваат дека сончоглед и зејтин има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekeshi-i-nikolovski-uveruvaat-deka-sonchogled-i-zejtin-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekeshi-i-nikolovski-uveruvaat-deka-sonchogled-i-zejtin-ima/#respond Wed, 20 Apr 2022 09:09:26 +0000 https://kurir.mk/?p=665813

Министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски денеска соопштија дека снабдувањето со сончоглед е стабилно и дека државата во континуитет увезува сурово масло, потребно за домашните каацитети, но има и зејтин за потрошувачка. Како што истакнаа Бектеши и Николовски по посетата на фабриката „Кристал“ во Велес, владините мерки даваат резултати. -Почна увозот на рафинирано масло од соседите, но се увезува и од други држави со оглед дека ја укинавме царинската стапка од 29 отсто, истакна Бектеши. Се работи, секако, нагласи, и на дополнителни мерки за поголемо производство на сончоглед. – Ја следиме ситуацијата на дневна основа и заеднички со МЗШВ ги носиме одлуките, подвлече министерот за економија. Според министерот Николовски, и очекувањата на менаџменот на „Кристал“ се дека годинава двојно ќе се зголемат површините под сочоглед, а со тоа и количините на суровина за масло за јадење. Тој повтори дека Владата вчера распиша оглас за доделување 5 722 хектара за одгледување стратешки култури, меѓу кои и сончогледот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekeshi-i-nikolovski-uveruvaat-deka-sonchogled-i-zejtin-ima/feed/ 0
Ни пристигна зејтин од соседите: Во Македонија донесени 48.000 шишиња од Србија, утре уште толку https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-pristigna-zejtin-od-sosedite-vo-makedonija-doneseni-48-000-shishinja-od-srbija-utre-ushte-tolku/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-pristigna-zejtin-od-sosedite-vo-makedonija-doneseni-48-000-shishinja-od-srbija-utre-ushte-tolku/#respond Tue, 19 Apr 2022 20:30:33 +0000 https://kurir.mk/?p=665632

Попладнево во Македонија влегле 48.000 шишиња масло за јадење од Србија, а уште толку се најавени за текот на утрешниот ден. На малопродажните рафтови се очекува да се најдат веќе од утре. Забраната за извоз на нерафинирано масло од Србија сè уште е на сила и засега нема информација кога ќе биде симната, иако се очекува во најскоро време. Домашните производители, во меѓувреме, набавуваат суровини од други земји и со повисоки цени, па затоа и предупредуваат на можноста од поскапување на маслото за јадење во малопродажбата. Освен 96.000 шишиња со масло за јадење од Србија, од кои пола пристигнаа, а пола се очекуваат, договорени се уште два милиона литри чиј начин и рок на испорака ќе бидат дополнително прецизирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-pristigna-zejtin-od-sosedite-vo-makedonija-doneseni-48-000-shishinja-od-srbija-utre-ushte-tolku/feed/ 0
Се очекува денеска да почне испораката на српски зејтин во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-ochekuva-deneska-da-pochne-isporakata-na-srpski-zejtin-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-ochekuva-deneska-da-pochne-isporakata-na-srpski-zejtin-vo-zemjava/#respond Mon, 18 Apr 2022 09:48:17 +0000 https://kurir.mk/?p=664682

Денеска би требало да почне организацијата за товарење и испорака на српски зејтин во земјава, информираат за МИА од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Србија во петокот ја донесе одлуката за извоз на масло за јадење во Северна Македонија. Како што соопшти тогаш министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се работи за два милиони литри зејтин. Според него, овие количини се за потребите од еден месец, но доколку се процени дека има потреба, можно е да се реализира дополнителен увоз. -Можно е доколку има потреба да се донесе одлука за увоз на дополнителни количини. Состојбите се следат, а комуникацијата со српските власти е континуирана, рече министерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-ochekuva-deneska-da-pochne-isporakata-na-srpski-zejtin-vo-zemjava/feed/ 0
Србија ја крена рампата за зејтинот, надлежните во Македонија апелираат граѓаните да не прават залихи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-ja-krena-rampata-za-zejtinot-nadleznite-vo-makedonija-apeliraat-gragjanite-da-ne-pravat-zalihi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-ja-krena-rampata-za-zejtinot-nadleznite-vo-makedonija-apeliraat-gragjanite-da-ne-pravat-zalihi/#respond Sat, 16 Apr 2022 10:28:06 +0000 https://kurir.mk/?p=663996

Српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење во земјава со што увозниците веќе можат да набавуваат зејтин од Србија. Надлежните смируваат дека масло за јадење ќе има и апелираат граѓаните да не складираат залихи. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера изјави дека ќе има доволно количини на храна, брашно и зејтин и дека нема место за паника. Истакна дека се прават напори за обезбедување на доволни количини на суровини и на производи кои се стратешки за државата. -Донесена е одлуката од српска страна за извоз. Два милиона литри зејтин од утре ќе бидат на располагање. Нема потреба од паника. Граѓаните да не се плашат и да не се грижат, има доволно зејтин за сите. Ова е прв увоз, веќе ја дизајнираме втората одлука зависно од потребите. Ова е одлука која се однесува за потребите од еден месец, но пред да помине тој период веќе се разговара за можности за дополнителен увоз, истакна вчера Николовски, додавајќи дека состојбите се следат и дека комуникацијата со српските власти е континуирана. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, според Николовски, говори дека домаќинствата непотребно прават залихи. -Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренесуваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат, рече Николовски. Од средата, Владата ја ограничи продажбата на маслото за јадење на пакети така што секој купувач ќе може да купи сончогледово масло за јадење во трговските објекти во мали количини, а не цели пакети. Одлуката ќе важи до 31 мај годинава. Одлуката е донесена поради значајниот пораст на купување масло за јадење од страна на домашните и странските купувачи со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар. -Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат, велат од Министерството за економија. Од друга страна, досега не се активирани стоковите резерви, а причината за тоа, како што вчера изјави министерот за земјоделство, е поради тоа што според Министерството за економија има доволно суровини и репроматеријали. Се разгледува можноста оризот да биде ставен во стоковите резерви. -Разговараме кои дополнителни земјоделски производи бараме да влезат, како што е оризот и некои други. Макотрпно се работи на тој процес. Имавме средби со Министерството за финансии, но од она што го знам, резервите досега не се ставени во функција зашто Министерството за економија соопшти дека има доволно залихи и дека е направен увид во компаниите кои се дел од нивните регистри, изјави вчера Николовски.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-ja-krena-rampata-za-zejtinot-nadleznite-vo-makedonija-apeliraat-gragjanite-da-ne-pravat-zalihi/feed/ 0