Зекир Рамчиловиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 17 Sep 2022 10:31:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Зекир Рамчиловиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стоилковски: Дали дипломатскиот пасош за Рамчиловиќ е награда за корупцијата и антимакедонското делување? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-dali-diplomatskiot-pasosh-za-ramchilovikj-e-nagrada-za-korupcijata-i-antimakedonskoto-deluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-dali-diplomatskiot-pasosh-za-ramchilovikj-e-nagrada-za-korupcijata-i-antimakedonskoto-deluvanje/#respond Sat, 17 Sep 2022 10:31:56 +0000 https://kurir.mk/?p=734051

Антимакедонската СДС продолжува со девастација на дипломатијата со срамни недостоинствени вработувања на свои миленици, а сега и со именувања на амбасадори. Именувањето на Зекир Рамчиловиќ, докажан со гласање на антимакедонски зафати во Парламентот, сега е награден со амбасадорско место и тоа среде корупциски скандали и за МНР и за Рамчиловиќ, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. -Рамчиловиќ без никакво дипломатско искуство се испраќа за амбасадор во време кога е отворен предмет за вработувањето на неговиот син во МВР, откако претходно и за неговата сопруга беше отворен предмет во ДКСК за вработување во кабинетот на МВР. Именувањето на пратеникот од антимакедонската СДС е дипломатски скандал, во низа по скандалозните обиди за именувања на ликови како Фрчкоски, Теута Арифи и други на амбасадорски и конзулски функции, со што докажано, МНР е претворено во дувло за миленици на антинародната власт! Оттука Ковачевски и Османи мора да одговорат, со што Рамчиловиќ заслужил да биде именуван за амбасадор?  Кои се неговите квалификации? Ковачевски и Османи мора да одговорат дали дипломатскиот пасош за Рамчиловиќ е награда за корупцијата и антимакедонското делување? Дали е ова обид за сокривање на Рамчиловиќ од правдата за непотистичките вработувања? Антикорупциската комисија по втор пат отвора предмет за Рамчиловиќ, а корумпираната власт го праќа за амбасадор во држава членка на НАТО, порачува тој. Партискиот портпарол посочува дека наместо постапка пред македонските институции за непотизмот, Рамчиловиќ е награден со амбасадорски, дипломатски пасош за него и неговото семејство! -Македонија меѓународно доживува порази, тоне во скандали, а Ковачевски, Османи и антимакедонската власт се занимаваат со ухлебување на свои миленици и нивно сокривање од лицето на правдата.  Ова е срамно и за МНР и за Македонија. Ова мора да има крај! Потребни се итни избори по коишто ќе бидат ревидирани сите случаи и ќе има одговороност за сите порази и девастација, вели тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-dali-diplomatskiot-pasosh-za-ramchilovikj-e-nagrada-za-korupcijata-i-antimakedonskoto-deluvanje/feed/ 0
„Рамчиловиќ е доказ за партизираната дипломатија и како преку распродажба на државните интереси се добиваат функции“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramchilovikj-e-dokaz-za-partiziranata-diplomatija-i-kako-preku-rasprodazba-na-drzavnite-interesi-se-dobivaat-funkcii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramchilovikj-e-dokaz-za-partiziranata-diplomatija-i-kako-preku-rasprodazba-na-drzavnite-interesi-se-dobivaat-funkcii/#respond Fri, 16 Sep 2022 11:13:46 +0000 https://kurir.mk/?p=733673

Зекир Рамчиловиќ е доказ за партизираната дипломатија и за тоа како преку распродажба на државните интереси се добиваат функции и привилегии. Со поставувањето на Зекир Рамчиловиќ за амбасадор во Црна Гора владата на СДС и ДУИ продолжува да ја понижува и деградира македонската дипломатија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Наместо соодветен кадар кој достојно ќе ја претставува Македонија, власта за амбасадор поставува свој партиски послушник кој од дипломатија разбира само продажба на државните интереси на Македонија и преговори за фамилијарни вработувања. Така откако гласаше за промена на името на Република Македонија, СДС прво го награди Рамчиловиќ и го стави пратеник, а потоа наградата се прошири и за неговото семејство, стои во партиското соопштение и се додава: „Најпрвин си ја вработи сопругата на висока позиција во МВР, а потоа и неговиот син го вработи како полицаец. Очигледно е продажбата на државните интереси има цена, а цената на Рамчиловиќ е амбасадорско место и вработувања на семејството. Ваквите постапки на СДС и ДУИ се уште една причина зошто не смеат повеќе да останат на власт. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramchilovikj-e-dokaz-za-partiziranata-diplomatija-i-kako-preku-rasprodazba-na-drzavnite-interesi-se-dobivaat-funkcii/feed/ 0
Пепиќ: Тезата „едно општество за сите“ важи само во изборна кампања кога на СДСМ му се потребни гласовите на Бошњаците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pepikj-tezata-edno-opshtestvo-za-site-vazi-samo-vo-izborna-kampanja-koga-na-sdsm-mu-se-potrebni-glasovite-na-boshnjacite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pepikj-tezata-edno-opshtestvo-za-site-vazi-samo-vo-izborna-kampanja-koga-na-sdsm-mu-se-potrebni-glasovite-na-boshnjacite/#respond Fri, 25 Sep 2020 12:16:11 +0000 https://kurir.mk/?p=408417

Зекир Рамчиловиќ немаше да каже ниту збор за односот на власта во министерскиот и заменичкиот владин состав да нема ниту една друга етничка заедница. Бидејќи Рамчиловиќ, очигледно, нема доблест да се спротивстави на Заев, побаравме став од Авдија Пепиќ. Тој потенцира дека тезата "едно општество за сите" важи само за избори и изборна кампања кога на СДСМ му се потребни гласовите на Бошњаците. „Во Собранието два дена се дискутираше за предлог заменици министри, а пратеникот Зеќир Рамчиловиќ не најде за време ни 10 минути да реагира за предлогот кој не гарантира едно општество за сите. Рамчиловиќ не најде храброст да се заложи за гласот и правата на Бошњаците. Скандалозно е во составот на заменици министри да нема ниту еден претставник од Бошњаците. Дали пратеникот Рамчиловиќ се повикува на гласот на Бошњаците само и кога се во прашање личните интереси? Скандалозно е што во овој состав на заменици министри на Влада покрај Бошњаците нема ниту преставници од другите помали заедници. Очигледно е дека тезата " едно општество за сите" важи само за избори и изборна кампања кога се потребни гласовите на Бошњаците“, порача Пепиќ.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pepikj-tezata-edno-opshtestvo-za-site-vazi-samo-vo-izborna-kampanja-koga-na-sdsm-mu-se-potrebni-glasovite-na-boshnjacite/feed/ 0
АВАЗ: Спогодбата за промена на име за целосна употреба е понижувачка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avaz-spogodbata-za-promena-na-ime-za-celosna-upotreba-e-ponizuvachka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avaz-spogodbata-za-promena-na-ime-za-celosna-upotreba-e-ponizuvachka/#respond Tue, 18 Sep 2018 10:35:54 +0000 https://kurir.mk/?p=102517

Периодот од 2017 г. до денес и периодот кој што е непосредно пред нас е од огромно значење за сите македонски граѓани, за нашата држава и пред се за македонскиот народ. Негативните трендови во економијата, здравството, образованието, политички мотивираните судски процеси и др., ќе ги преживееме и ќе ги надминеме, но прифаќањето на грчите црвени линии околу нашето име и отстапувањето од она што беше национален консензус не смееше да се случат. Од политички аспект, позицијата што ја имаме како релативно млада држава наметна неопходност за решавање на проблемот кој Грција го има со нашето име, стои во соопштението на пратеникот Зекир Рамчиловиќ и Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија АВАЗ и се додава: „Како припадници на бошњачкиот народ за нас е прифатливо решение само доколку истото e прифатено од мнозинството на македонскиот народ и од мнозинството на сите македонски граѓани. Приоритетот го даваме на македонскиот народ, а потоа на сите македонски граѓани затоа што како Бошњаци, сме дел и од нација на друга држава. А особено, што ние Бошњаците сме доживеале и промена на име од Босна во Босна и Херцеговина, промена на име на јазик од босански во земаљски, потоа во српско-хрватски, па и забрана за изјаснување како Бошњаци се до 28 септември 1993 г., кога ги вративме сите елементи на нашиот идентитет. Спогодбата за промена на име за целосна употреба е понижувачка, но ние нема да можеме ниту имаме право да не ја почитуваме волјата на македонските граѓани.“ -Длабоко веруваме дека Македонците се свесни за одговорноста која ја носат и во наредниот период ќе донесат исправна одлука со која ќе го заштитат својот национален идентитет и своите национални интереси. Сметаме дека е најискрено, како припадници на Бошњачкиот народ кои во минатото ги имаат доживеано и ги живеат последиците од негирањето на идентитетот, промените на името на својата држава или тогаш административна единица, промена на јазик..., да се воздржиме од какво било лобирање и водење кампања по ова прашање. Сметаме дека секој треба самостојно да постапи по свое лично убедување. Здружението за обединување на Бошњаците АВАЗ смета дека ваквиот став е правилен и принципиелен, се потенцира во соопштението на АВАЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avaz-spogodbata-za-promena-na-ime-za-celosna-upotreba-e-ponizuvachka/feed/ 0
Да се знае, да не се заборави: Одржана комеморација за жртвите од геноцидот во Сребреница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-se-znae-da-ne-se-zaboravi-odrzana-komemoracija-za-zrtvite-od-genocidot-vo-srebrenica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-se-znae-da-ne-se-zaboravi-odrzana-komemoracija-za-zrtvite-od-genocidot-vo-srebrenica/#respond Wed, 11 Jul 2018 08:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=75484

 Вчера во просториите на општина Чаир се одржа Комеморација за жртвите од геноцидот во Сребреница во организација на „Форумот на Бошњаците".На Комеморацијата присуствуваа голем број на граѓани, претставници на институции, пратеници, политички партии, претставници од Исламската верска заедница, здруженија и делегации. По интонирањето на химните на Република Македонија и Босна и Херцеговина се одржа и едноминутен молк во чест на жртвите во Сребреница, а потоа се одржаа и пригодни обраќања во рамките на комеморативната програма. Со пригоден реферат на присутните им се обрати кординаторот на Форумот на Бошњаците, Садрија Хасановиќ. На присутните им се обрати и пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој го потенцираше значењето на одбележувањето на овој ден како еден од иницијаторите од првото одбележување до денес. -Важно е да го одбележиме овој ден, да се потсетиме себе си, да ги потсетиме и другите за Геноцидот во Сребреница, да се сеќаваме и да извлечеме поука, но и да упатиме порака до сите, порака на осуда и порака за подготвеност да градиме подобро утре со сите, но на рамноправни односи, истакна Рамчиловиќ.  
На крајот на присутните им се обрати Енес Шемсовиќ, координатор на Форумот на Бошњаците кој истакна: -Пораката на денешната комеморација е да се знае, да не се заборави. Со оглед дека Сребреница е морално прашање од прв ред и се однесува на целото човештво, денеска сме тука припадници од сите етнички групи и од сите религиозни заедници заеднички да го осудиме она што се случило во Сребреница за да не му се повтори на никого, изјави Шемсовиќ. На Комеморацијата присуствуваа претставници од сите поголеми политички партии, освен од СДСМ која на овој начин го покажа својот непринципиелен однос кон бошњачката заедница во Република Македонија. Во рамките на одбележувањето вчера група граѓани отпатуваа во Меморијалниот центар Поточари во Босна и Херцеговина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-se-znae-da-ne-se-zaboravi-odrzana-komemoracija-za-zrtvite-od-genocidot-vo-srebrenica/feed/ 0
Рамчиловиќ: Со отфрлувањето на амандманите СДСМ прави штета врз научно- истражувачката дејност од национално значење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramchilovikj-so-otfrluvanjeto-na-amandmanite-sdsm-pravi-shteta-vrz-nauchno-istrazuvachkata-dejnost-od-nacionalno-znachenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramchilovikj-so-otfrluvanjeto-na-amandmanite-sdsm-pravi-shteta-vrz-nauchno-istrazuvachkata-dejnost-od-nacionalno-znachenje/#respond Mon, 16 Apr 2018 12:23:41 +0000 https://kurir.mk/?p=41308

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека високото образование, особено научно - истражувачката дејност на јавните научни установи не е приоритет на СДСМ. -Со отфрлањето на амандманите и забелешките за подобрување на статусот на јавните установи СДСМ не му прави штета на ВМРО-ДПМНЕ, туку прави штета врз научно - истражувачката дејност од национално значење за Република Македонија. Прави штета на јавните научни установи од национален карактер: Институт за национална историја, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, Институт за фолклор „Марко Цепенков” и Институт за македонска литература, изјави на прес Зекир Рамчиловиќ од ВМРО-ДПМНЕ. Рамчиловиќ вели дека со овој предлог-закон се генерализира статусот на сите институти и во крајно неповолна положба се доведуваат токму институтите од национален карактер. -Иако во Законот за научно - истражувачка дејност од 2008 година и со последната измена и дополнување од 2016 година, во чл. 61 јасно е наведено кои институти остануваат да работат како јавни научни установи, а кои се должни да се припојат на универзитет, а во Законот за високо образование се остава можноста научните институти да вршат настава во втор и трет циклус студии. Исто така, на лицата со научни звања им е дадена можноста да изведуваат настава во соодветната област во сите три циклуси на високото образование, изјави Рамчиловиќ Тој вели дека за жал во текстот што сега го нуди Владата на СДСМ, професорите од јавните научни установи според член 161 ќе можат да изведуваат настава само на втор и трет циклус на студии, односно професорите од јавните научни институти своето искуство и знаење нема да можат да им го пренесат и на студентите во прв циклус студии. -Исто така се нуди неповолно решение јавните научни установи од национален интерес чиј основач е Владата на Република Македонија да се третираат само како придружни членки на еден универзитет и тоа во соработка само со единица на универзитет според член 23, без притоа да се води сметка дека овие установи треба да ја остваруваат својата функција на ниво на целата територија на Република Македонија, односно да имаат посебни договори за соработка со сите државни универзитети, потенцирам со универзитет, а не само со единица на универзитет како што сега предвидува Законот за Високо образование на СДСМ и на тој начин не дозволија да се помогне од наша страна во унапредувањето на високото образование, особено во делот на националните дисциплини на кои што работат токму институтите и тоа за историја, јазик, литература, фолклор, изјави Рамчиловиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramchilovikj-so-otfrluvanjeto-na-amandmanite-sdsm-pravi-shteta-vrz-nauchno-istrazuvachkata-dejnost-od-nacionalno-znachenje/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ поднесе 17 амандмани за законот за високо образование, Дескоска вели дека дел од нив се неисправни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-podnese-17-amandmani-za-zakonot-za-visoko-obrazovanie-deskoska-veli-deka-del-od-niv-se-neispravni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-podnese-17-amandmani-za-zakonot-za-visoko-obrazovanie-deskoska-veli-deka-del-od-niv-se-neispravni/#respond Fri, 13 Apr 2018 11:09:49 +0000 https://kurir.mk/?p=40108

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред почетокот на собраниската комисија за образование поднесе 17 амандмани за предлог законот за високо образование. Зекир Рамчиловиќ од оваа партија оцени дека предлог законот за високо образование е недоследен и со низа пропусти. Според него, предлог-законот има пропусти во поглед на  регулирањето на соодветната материја кои, како што рече, не значат унапредување на образованието бидејќи суштински тие оставаат недоречености и уназадување во одредени области. -Сметаме дека со нивно прифаќање министерката ќе покаже демократски капацитет за слушање на решенија кои значат подобрување  и унапредување и развој на образованието во Република Македонија. Амандманите кои ги предлага пратеничката група се во насока на зголемување на буџетот кој е предвиден за финансирање на Универзитетите и самостојните високи стручни школи кое е клучен за развојот и унапредување на научната и образовната дејност, рече Рамчиловиќ. Посочува дека пратеничката група предвидува и амандмантска интервенција за финансирањето на Универзитетите, но и за коефициентот за платите на наставниот и соработничкиот кадар, кое како што рече, не е докрај дефинирано. -Кога ќе се земат предвид платите на универзитетските работници споредено со други далеку подобро платени позиции во нашето општество ја прави сферата на високото образование неконкурентна и непрвилечна за вработување на млади кадри, посочи Рамчиловиќ. Според него, предложениот закон во голема мера е рестриктивен во однос на демократизацијата на правата на студентите, односно студентските избори и студентскиот парламент. Тој вели дека предлог законот ја загрозува автономијата на студентското организирање. Рамчиловиќ вели дека со амандманите кои се предложени ќе се заштити студентскиот стандард, со акцент ставен на студентите кои доаѓаат од ранливите категории. Тој очекува од владејачкото мнозинство да прифати конкретни предлози во однос на овој закон, кој се носи со европско знаменце, односно по скратена постапка, што според него, ќе доведе до унапредување на образованието. Веднаш по Рамчиловиќ се обрати и министерката за образование и наука, Рената Дескоска рече дека предлог законот поминал инклузивен процес на дебата. Според неа, дел од амандманите кои беа поднесени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се неисправни, ниту технички, ниту суштински, ниту ќе го продолжат самиот текст на законот. -Има одредби со кои сакаат да бришат надлежност на Деканот да ги распишува студентските избори на факултетите. Во одредени временски периоди на повеќе факултети Студентските Парламенти одбиваа да распишат избори со цел да оневозможат легитимно донесување на одлуките на Наставничките совети, рече Дескоска. Рече дека на некои факултети не биле распишувани студентски избори за да се оневозможи избор на Декан. Дескоска вели дека со новиот закон се предвидува праксата да биде оставена на факултетите, а не како досега, тоа да биде законска обврска. Министерката потенцира дека некои од амандманите имаат технички грешки со мешање на термини, со што всушност стануваат неразбирливи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-podnese-17-amandmani-za-zakonot-za-visoko-obrazovanie-deskoska-veli-deka-del-od-niv-se-neispravni/feed/ 0