Зелен хуман град – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 08 Jan 2023 08:08:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Зелен хуман град – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зелен хуман град: Индустријата лобира да ѝ се врати дозволата за увоз на отпад што ќе го согорува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelen-human-grad-industrijata-lobira-da-se-vrati-dozvolata-za-uvoz-na-otpad-shto-kje-go-sogoruva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelen-human-grad-industrijata-lobira-da-se-vrati-dozvolata-za-uvoz-na-otpad-shto-kje-go-sogoruva/#respond Sun, 08 Jan 2023 08:08:16 +0000 https://kurir.mk/?p=784528

Најголемиот загадувач – индустријата, лобира за законски измени да ѝ се врати дозволата за увоз на отпад што ќе го согорува, предупредуваат од Зелен хуман град. Активистите на Граѓанската иницијатива тврдат дека деновиве кога Македонија се најде на врвот од најзагадени земји во светот, има обид на индустријата да си овозможи уште повеќе да гори отпад така што повторно ќе ѝ се дозволи законски увоз на отпад за горење. -Спалувањето на отпадот е спротивно на концептот нула отпад. Тоа е штетен, загадувачки, скап и неефикасен процес кој ги заробува градовите во безизлезна ситуација со тоа што тие се принудени да произведуваат многу отпад за да го нахранат инцинераторот, поткопувајќи ги напорите за намалување на создавањето отпад или зголемување на стапките на рециклирање. Втор голем проблем со спалувањето отпад е што за еден таков процес високоризичен по човековото здравје е неопходно да постојат институции и држава, што со Македонија не е случај. Дури и тие земји каде што системот функционира имаат проблем со остатоците од процесот на инцинерација (спалување) и увезување на отпадот. Лекарската комора на Словенија има изјавено дека во емисиите од инцинераторите има многу токсини опасни за бремените жени и за развојот на децата кои предизвикуваат голем број на болести и случаи на прерана смрт. Во услови на отсуство на институции, најдоброто што можеме да го направиме со отпадот што не се биокомпостира, а „гние“ по депониите, е да го извезуваме зашто постојат земји што купуваат, а каде што институциите и законите функционираат, велат од Зелен хуман град. Зелен хуман град порачува дека на македонското општество му се неопходни научно-базирани и конзистентни чекори кон истата цел – нула отпад и енергетска независност. Истовремено, 24-часовна ригорозна надворешна контрола врз загадувачката индустрија со неселективни строги санкции за прекршувачите на законот. Единствено така можеме вистински да го решиме загадувањето и да ги заштитиме животите на нашите сограѓани.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelen-human-grad-industrijata-lobira-da-se-vrati-dozvolata-za-uvoz-na-otpad-shto-kje-go-sogoruva/feed/ 0
Протест против градба на висококатниците кај Холидеј Ин: „Што ќе ни се згради кога нема воздух?“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/protest-protiv-gradba-na-visokokatnicite-kaj-holidej-in-shto-kje-ni-se-zgradi-koga-nema-vozduh/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/protest-protiv-gradba-na-visokokatnicite-kaj-holidej-in-shto-kje-ni-se-zgradi-koga-nema-vozduh/#respond Mon, 06 Dec 2021 16:35:42 +0000 https://kurir.mk/?p=604909

 Висококатниците кои треба да се изградат на паркингот спроти Градскиот трговски центар ќе доведат до поголемо загадување, а овој предел ќе биде најгусто населен регион во светот и ќе има крајно нехумани услови за живот, порачаа „Зелен хуман град“ и граѓанската  иницијативата „Шанса за Центар“ на вечерашниот мирен протест пред Основното Јавно обвинителство. Тие испратија порака до Јавното обвинителство, иницијативата која е поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата по однос на изградбата на висококатниците конечно да има завршница. -Од мај годинава досега тие немаат никакво известување за јавноста односно никаков напредок во предметот. Ако сакаме да спречиме корупција, ако сакаме да спречиме злоупотреба и оштетување на граѓаните во оваа земја, едноставно не може органите на државата да постапуваат на овој начин и да ги штитат инвеститорите. Не смеат да го штитат крупниот капитал, а да работат на штета на скопјани. Оваа власт наводно се бореше против Скопје 2014, но изгледа за да може да ни го сервира Скопје 202, истакна активистката Драгана Велковска. На протестот беше истакнато дека постои сомнеж за корупција и злоупотреба на службената положба. -Она што почнува да се гради спроти Холидеј Ин според Државната комисијата за спречување корупција е нелегално, постои сомнеж за злоупотреба на службената положба, постои сомнеж за корупција. Никој не знае како Министерството за транспорт и врски во 2018 продало над 9.000 квадратни метри државно земјиште во време кога ДУП-от не се спроведува за таа парцела. Ние ги бараме тие одговори и од Министерството за транспорт и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, додаде Велковска. Според архитектот Даница Павлоска, овој проблем ги истакнува слабостите на правниот систем и притоа гради култура на непочитување на државата. Дел од жителите на Ново маало, пак, со соопштение до јавноста реагираа на протестот истакнувајќи дека проектираното решение од страна на инвеститорот гарантира урбано и зелено домување, но и фер обесштетување, како и дека протестот е поради политички цели. -Потсетуваме уште еднаш дека тригодишниот мораториум во 2017 потпишан од тогашната претседателка на Советот на Општина Центар Јана Белчева беше прогласен за неважечки од Уставниот суд во декември 2020 година, а воедно и дека Министерството за транспорт и врски веќе еднаш се изјасни за инцијативата за суспензија на ДУП-от како неоснована. „Зелен хуман град“ и останатите лажни борци за екологија немаат апсолутно никакво право да одлучуваат во име на нашите имоти, ниту постои правен основ врз кој би можело да дојде до спречување на проектот, се наведува во соопштението. Додаваат дека треба да престане да се врши притисок врз ОЈО, Општина Центар и Државната комисија за спречување корупција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/protest-protiv-gradba-na-visokokatnicite-kaj-holidej-in-shto-kje-ni-se-zgradi-koga-nema-vozduh/feed/ 0
Зелен хуман град почнува со собирањето потписи за нивните листи на претстојните локални избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelen-human-grad-pochnuva-so-sobiranjeto-potpisi-za-nivnite-listi-na-pretstojnite-lokalni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelen-human-grad-pochnuva-so-sobiranjeto-potpisi-za-nivnite-listi-na-pretstojnite-lokalni-izbori/#respond Tue, 17 Aug 2021 05:44:40 +0000 https://kurir.mk/?p=551452

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ од денеска официјално го почнува процесот за собирање потписи за нивната независна листа за претстојните локални избори. -Новина е тоа што освен за советничката листа за Град Скопје, ќе собираме потписи и за кандидат за градоначалник чиешто име ќе го откриеме на денешната прес-конференција. Се работи за професионалец со висок интегритет кој долги години е активен на македонската политичка сцена и чиишто принципи и работна етика целосно се поклопуваат со целите и заложбите на Зелен хуман град, велат од Граѓанската иницијатива и додаваат дека потписи ќе се собираат во сите подрачни одделенија на ДИК на територија на Град Скопје, но и кај нотари во Општините Центар, Карпош и Аеродром.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelen-human-grad-pochnuva-so-sobiranjeto-potpisi-za-nivnite-listi-na-pretstojnite-lokalni-izbori/feed/ 0