зелена нафта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Oct 2022 09:13:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зелена нафта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Над 3.500 битолските земјоделци ќе добијат картички за т.н. зелена нафта https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nad-3-500-bitolskite-zemjodelci-kje-dobijat-kartichki-za-t-n-zelena-nafta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nad-3-500-bitolskite-zemjodelci-kje-dobijat-kartichki-za-t-n-zelena-nafta/#respond Thu, 06 Oct 2022 09:13:43 +0000 https://kurir.mk/?p=741764

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека картичките за зелена нафта се пристигнати во подрачната единица на министерството во Битола и од утре над 3.500 земјоделци непречено ќе може да ги подигнуваат. Од ПЕ на МЗШВ појаснуваат дека финансиската поддршка на картичката за нафта зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои аплицирале земјоделците за субвенции во 2021 година. -За пченица, јачмен, пченка, ‘рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак и просо поддршката изнесува 1.413 денари по хектар, за хмељ, лен, леќа, кикири, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток) и луцерка поддршката изнесува 2.119 денари по хектар, додека за домати, пипер, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, рукола, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, морков, целер, цвекло, пашканат, аспарагус, ротквици, цвеќе, култивирани лековити, ароматични и зачински растенија како и за лозови насади поддршката изнесува 4.238 денари по хектар, соопштуваат од ПЕ на МЗШВ со седиште во Битола. Картички за користење зелена нафта ќе добијат и овоштарите, односно производителите на јаболко, круша, слива, праска, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина и боровинка, а поддршката изнесува 5.273 денари по хектар. За дуња, мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем и лешник поддршката изнесува 3.766 денари по хектар, а за ореви и питоми костени, поддршката изнесува 2.636 денари по хектар. Со оваа мерка во овој момент во Пелагонискиот регион од трите општини Битола, Могила и Новаци корисници се над 3 500 земјоделци, посочија од ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nad-3-500-bitolskite-zemjodelci-kje-dobijat-kartichki-za-t-n-zelena-nafta/feed/ 0
Трипуновски: Зелената нафта е само козметичка мерка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-zelenata-nafta-e-samo-kozmetichka-merka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-zelenata-nafta-e-samo-kozmetichka-merka/#respond Wed, 05 Feb 2020 19:24:58 +0000 https://kurir.mk/?p=299822

Техничкиот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски вели дека Зелената нафта е само козметичка мерка. -Показател дека ова е една тотална неуспешна мерка е фактот што од минатата година речиси 30% од картичките не се ни подигнати од земјоделците затоа што, едноставно нема да ја компензираат загубата во производството. И оваа нова мерка која ја најавуваат, ова зголемување ќе биде само популизам, а нема да има реален ефект врз земјоделското производство, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-zelenata-nafta-e-samo-kozmetichka-merka/feed/ 0
ОК ВМРО-ДПМНЕ-Битола: Со мерката зелена нафта на земјоделците им се нуди навредлива пресметка од 750 денари по хектар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ok-vmro-dpmne-bitola-so-merkata-zelena-nafta-na-zemjodelcite-im-se-nudi-navredliva-presmetka-od-750-denari-po-hektar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ok-vmro-dpmne-bitola-so-merkata-zelena-nafta-na-zemjodelcite-im-se-nudi-navredliva-presmetka-od-750-denari-po-hektar/#respond Sat, 10 Aug 2019 11:51:40 +0000 https://kurir.mk/?p=228343

Владата на Зоран Заев си поигрува со македонските земјоделци, и повторно со своите постапки ги потценува и понижува, реагираат денеска од ОК ВМРО-ДПМНЕ-Битола. -Имено со последното задолжување кое го направи оваа влада земјоделците за момент добија надеж дека конечно ќе се најде решение за нивниот проблем и ќе ги добијат неисплатените субвенции кои повеќе од 18 месеци владата на Зоран Заев ги должи на нашиот земјоделец а тој и неговата таканаречена влада заедно со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски само знаат да се сликаат и рекламираат по телевизии и социјални мрежи но неуспешно се трудат да го оттргнат вниманието на граѓаните со мерката зелена нафта која е крајно популистичка и со која на земјоделците им се нуди смешна дури и навредлива пресметка од 750 денари гориво за површина од 1 хектар. -Од секојденвните средби со земјоделците можеме да видиме дека состојбата во Пелагонискиот регион е застрашувачка, на повеќе од 2000 земјоделци од овој регион не им се исплатени субвенции за кг земјоделски производ во преработувачки капацитети. Исто така и за предадено млеко до ден денес не е исплатен ниту еден денар од ветените средства кои им следуваат. -Со овој несериозен и игнорански однос, власта ги доведува земјоделците до работ на егистенција. Земјоделците треба да имаат достоинствен живот и непрекинато производство, а не да се наоѓаат на работ на егзистенцијата. Некој треба да понесе одговорност за ваквата состојба, велат на прес-конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ-Битола. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ok-vmro-dpmne-bitola-so-merkata-zelena-nafta-na-zemjodelcite-im-se-nudi-navredliva-presmetka-od-750-denari-po-hektar/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ откако дојде на власт го заборави ветувањето „Зелена нафта“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-otkako-dojde-na-vlast-go-zaboravi-vetuvanjeto-zelena-nafta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-otkako-dojde-na-vlast-go-zaboravi-vetuvanjeto-zelena-nafta/#respond Tue, 12 Feb 2019 11:40:40 +0000 https://kurir.mk/?p=162996

СДСМ откако дојде на власт го заборави ветувањето „Зелена нафта“. Поминаа две години реализација на оваа мерка се уште нема, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -„Зелена нафта“ стана историски проект, секогаш се ветува, а никако да започне. Со ова само се докажува недостатокот на капацитет за истата мерка. Ветениот „живот“ за земјоделците откако СДСМ е на власт почувствуваа само беда и лажни ветувања. Нивната работа беше ниско вреднувана, откупните цени беа и се уште се ниски и немаат пласман за своите производи. Заради лошата откупна политика во изминатата година имаме најниски цени на земјоделските производи дури одредени производи пропаднаа на нивите, стои во реакцијата на партијата и се додава: „СДСМ земјоделството го доведе во катастрофална состојба. На земјоделците им се потребни средства кои ќе ги имаат на располагање во секое време и мерки за помош и развој на земјоделството. Време е оваа временска непогода за земјоделството наречена Влада на СДСМ да си замине, за да се спаси она малку што остана од македонското земјоделство“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-otkako-dojde-na-vlast-go-zaboravi-vetuvanjeto-zelena-nafta/feed/ 0
Зелена нафта за земјоделците сѐ уште нема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zelena-nafta-za-zemjodelcite-se-ushte-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zelena-nafta-za-zemjodelcite-se-ushte-nema/#respond Mon, 22 Oct 2018 18:11:13 +0000 https://kurir.mk/?p=118197

Растот на цената на нафтата удри по македонското земјоделство, анализира телевизија Алфа. Постојаното поскапување на дериватите на секои две недели ги загрижи земјоделците дека нема да можат уште долго да работат со профит ако ги задржат сегашните цени. Велат од зелената нафта, која Владата им ја вети уште пред една година нема ништо, а нивните трошоци постојано растат. Ако нафтата продолжи да поскапува, неминовно ќе биде и зголемувањето на цените на земјоделските производи. Од Стопанската комора велат дека се уште немаат информации кога би можеле да ја очекуваат зелената нафта што значително треба да им ги скрати трошоците. Oд министерството за земјоделство соопштуваат дека мерката е во завршна процедура и дека би требало да профункционира до крајот на годинава. Земјоделците, пак, велат дека Владата нема слух ниту за користењето на термалните води во оранжериите. – Минатата недела повторно имавме средба со дел од претставниците на оранжериското производство кои користат термални води, но засега нема поголем успех. Очигледно нема слух. Сметаме дека тоа би било решение за поголемите производители на зеленчук, пластеничко, градинарско производство, вели Васко Ристовски од Стопанската комора. Не само земјоделците, туку и бизнис конфедерацијата алармираше дека ако продолжи трендот на раст на цената на нафтата, компаниите ќе бидат принудени да ги поскапат крајните производи. Нафтените деривати, а особено дизелот поскапеа енормно во изминатата година. Споредено со ланското лето, цената на дизелот се зголеми за 50%, а на бензинот од 95 октани за 25 отсто. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zelena-nafta-za-zemjodelcite-se-ushte-nema/feed/ 0