зелена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 20 May 2023 14:03:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зелена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЈА ВИКААТ ЗЕЛЕНА ИНФУЗИЈА Ги спречува болестите и го детоксицира организмот https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ja-vikaat-zelena-infuzija-gi-sprechuva-bolestite-i-go-detoksitsira-organizmot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ja-vikaat-zelena-infuzija-gi-sprechuva-bolestite-i-go-detoksitsira-organizmot/#respond Sat, 20 May 2023 14:03:09 +0000 https://kurir.mk/?p=836752

Има и железо, а богата е и со протеини, од кои има дури шест грама во само една кафена лажичка спирулина во прав, колку во едно јајце. Застапниците за здрава храна од целиот свет со години ја споменуваат спирулината. Оваа намирница ја заслужи својата репутација на суперхрана со причина. Тоа е сино-зелена алга која расте во слатководни езера, природни извори и океани во суптропска и тропска клима. Во местата во централна Африка е позната со векови, здрава е поради корисните масни киселини, високото ниво на антиоксиданси и многубројните хранливи материи. Содржи калциум, калиум и магнезиум, кои се неопходни за здравјето на мускулите, коските и срцето, додека витаминот Б е одговорен за енергијата. Има и железо, а богата е и со протеини, од кои шест грама се наоѓаат во само една кафена лажичка спирулина во прав, колку во едно јајце. Спирулината го зголемува нивото на енергија, промовира детоксикација, помага во контролирање на апетитот и го намалува холестеролот, но може да содржи штетни токсини поради одгледувањето во водите ширум светот, од кои некои се загадени. Затоа секогаш е потребно да се провери потеклото на оваа алга пред да се консумира, пишува „The Sun“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ja-vikaat-zelena-infuzija-gi-sprechuva-bolestite-i-go-detoksitsira-organizmot/feed/ 0
Хрватите ја снимија зелената комета: Ние сме последните луѓе што ја видовме (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatite-ja-snimija-zelenata-kometa-nie-sme-poslednite-luge-shto-ja-vidovme-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatite-ja-snimija-zelenata-kometa-nie-sme-poslednite-luge-shto-ja-vidovme-video/#respond Thu, 02 Feb 2023 08:58:33 +0000 https://kurir.mk/?p=795014

Впечатливата зелена комета C/2022 E3 (ZTF) веќе некое време лебди над нашето ноќно небо, а деновиве се приближи најблиску до Земјата за време на нејзината траекторија – моментално е на 42 милиони километри од нас, што е околу една третина од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето. Тоа е редок спектакл, последен пат имал блиска средба со нашата планета пред 50.000 години кога неандерталците оделе по неа, и изгледа како да сме последните суштества на Земјата што ја виделе. Имено, Хрватското астрономско здружение пишува дека поради својата параболична траекторија, откако ќе го заобиколи Сонцето, најверојатно ќе одлета надвор од Сончевиот систем во меѓуѕвездениот простор. Затоа, многу аматерски астрономи побрзаа да ја овековечат оваа сцена со камери и телескопи. И тоа не е лесна задача. Со недели е облачно, а и најмала облачност може да го расипе снимањето. „Бидејќи поголемиот дел од Хрватска беше под густа капа од облаци, полни со снежни врнежи цел јануари, сите ние кои сакаме да ги гледаме и да ги снимаме ѕвездите веќе бевме малку луди“, рече Бранко Наѓ, новинар и пејзажен астрофотограф од Загреб, главен уредник на порталот Index Universitas на Универзитетот во Загреб. „Зошто? Затоа што кометата ZTF (C/2022 E3), која последен пат го посетила Сончевиот систем во ерата на праисторискиот човек, пред околу 50 илјади години, стана видлива во текот на јануари. Затоа некои медиуми ја нарекоа Неандерталска комета. Се карактеризира со зелено сјајно јадро и имав голема желба да го снимам, како и да е и каде било“, објасни тој. „Па, кога минатиот петок видов на метеоролошките карти дека Истра (конечно) ќе биде чиста таа вечер, после работа седнав во автомобилот и се упатив кон Мотовун. Бидејќи кометата е на северното небо, а јужно од ридот Мотовун, немаше дилема каде ќе го снимам овој небесен настан. Се сместив во лозјето, чекав Месечината да ослабе на небото и почнав да снимам“, додаде тој. „Треба да се каже дека конечната фотографија е таканаречена композитна, односно комбинација на специјално снимено небо и земја, со тоа што фотографијата на кометата ZTF е малку зголемена, за да се истакнат нејзините детали, убава опашка и зелениот сјај на јадрото“, забележа Наѓ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatite-ja-snimija-zelenata-kometa-nie-sme-poslednite-luge-shto-ja-vidovme-video/feed/ 0
Зелена комета ќе прелета покрај Земјата за прв пат по 50.000 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/zelena-kometa-ke-preleta-pokraj-zemjata-za-prv-pat-po-50-000-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/zelena-kometa-ke-preleta-pokraj-zemjata-za-prv-pat-po-50-000-godini/#respond Tue, 31 Jan 2023 11:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=794178

Ретката Зелена комета која орбитира околу Сонцето на секои 50.000 години наскоро ќе прелета покрај нашата планета. До 1 февруари, кометата C/2022 E3 (ZTF) ќе се приближи до Земјата, а нејзината позиција на небото е таква што Канаѓаните се идеално поставени да ја забележат. Кометата орбитира околу Сонцето само еднаш на секои 50.000 години, го обиколи Сонцето на 12 јануари и сега се движи кон Земјата на својот излез од Сончевиот Систем. Поради природата на нејзината орбита, можеби никогаш повеќе нема да ја посети внатрешноста на Сончевиот Систем, што значи дека ова би можело да биде последна шанса на човештвото да ја види оваа комета. „Во моментов е невозможно кометата да биде видлива со голо око“, вели Пол Вигерт, професор на катедрата за физика и астрономија при Универзитот Вестерн во Лондон. Сепак, тој рече дека „ќе станува посветла како што ќе се приближува на крајот на јануари“ и ќе може да биде видлива со голо око ако небото е ведро и нема многу светлосно загадување во вашата област. Се смета дека C/2022 E3 (ZTF) доаѓа од Ортовиот облак, регион околу надворешниот Сончев Систем за кој се смета дека содржи милијарди комети кои се главно во стабилна орбита околу Сонцето. Дефинитивно вреди да се потрудите да излезете надвор и да ја побарате кометата, особено ако можете да дојдете до потемно мнесто некаде со што е можно помало светлосно загадување.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/zelena-kometa-ke-preleta-pokraj-zemjata-za-prv-pat-po-50-000-godini/feed/ 0
Знаете ли зошто црвената и зелената се боите на Божиќ? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/znaete-li-zoshto-crvenata-i-zelenata-se-boite-na-bozikj/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/znaete-li-zoshto-crvenata-i-zelenata-se-boite-na-bozikj/#respond Tue, 26 Nov 2019 15:26:27 +0000 https://kurir.mk/?p=269483

Продавниците се веќе полни со украси, а боите што без сомнеж преовладуваат се црвената и зелената. Дали некогаш сте се запрашале зошто баш овие две бои се синоним за Нова година и Божиќ?

Зелена

Божиќното дрвце (Ilex aquifolium) и смреката веќе долги години се користат при украсување за време на новогодишните празници. Зимата е ладна и тмурна, па токму поради тоа зимзелените билки се користат за декорација – како потсетник дека зимата нема да трае вечно.

Црвена

Црвената боја на бобинките за Христијаните ја претставува Исусовата крв затоа што тој се жртвувал за луѓето. Таа е потсетник за тоа што Спасителот направил за верниците. Други бои што често се користат за новогодишните и божиќните украси се златната, белата и сината. Еден од трите светски цареви му донел злато како подарок на малиот Исус, а златото ја симболизира и ѕвездата што тројцата кралеви ја следеле на патот кон Витлеем. Белата симболизира мир и чистота, додека сината боја е симбол на мајката на Исус, Дева Марија, а исто така се толкува и како синоним за небото и рајот. Извор: КафеПауза]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/znaete-li-zoshto-crvenata-i-zelenata-se-boite-na-bozikj/feed/ 0