зеленчук – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Sep 2023 10:43:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зеленчук – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бектеши: Јужното овошје и дел од зеленчукот ќе поевтини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-juzhnoto-ovoshje-i-del-od-zelenchukot-ke-poevtini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-juzhnoto-ovoshje-i-del-od-zelenchukot-ke-poevtini/#respond Thu, 28 Sep 2023 10:43:02 +0000 https://kurir.mk/?p=882720

Владата на седницата која се одржа утринава донесе неколку одлуки со кои се намалуваат царинските давачки од 65, 55 и 45 отсто на 10 отсто за повеќето производи кои спаѓаат во категоријата овошје и зеленчук, освен домати, краставици и пиперки, имајќи во предвид дека ќе им се даде дополнителен рок на нашите производители на овие производи до 1 декември за да го снабдуваат и македонскиот пазар, информира министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека според анализите на Министерството за економија има зголемен извоз на земјоделски производи од нашата земја што се надополнува од увоз од соседните земји, што на крај влијае негативно кај домашните потрошувачи преку повисоки цени. -Заради тоа што сме обврзани за тој недостаток да го покриваме преку увоз, во моментот кога се прави увоз во овој период, за овие производи има царинска давачка од 65 отсто. На пример ако еден земјоделски производ чини 100 денари при увоз, увозната цена, директно станува 165 денари, без никакви маржи да имаат трговците на мало или трговците на големо. Зошто е тоа направено, заради што имаме систематски пропусти и во таа насока треба и Министерството за земјоделство во соработка со нас и со Министерство за финансии да ги усогласиме овие давачки, бидејќи крајната цел е граѓаните да плаќаат пониски цени. Ние тоа можеме да го направиме, во регионот сме конкурентни и секако дека во таа насока и работиме, кажа Бектеши при денешното гостување во емисијата „10 минути“ на Телевизија 24. Посочи дека е донесена и Одлука да се зголемат дозволените квоти за увоз на јужно овошје во земјава со што, како што кажа, очекува да се намалат цените на овие продукти во текот на годината. -Зголемени се квотите за лимони, портокали, мандарини. Наместо 8.000 тони за јужно овошје, се зголемува за 2.000 тони до крајот на годината и зимоска ќе имаме пониски цени, појасни Бектеши. Со цел да се почитуваат одлуките на Владата, додаде, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат се постојано на терен и нагласи дека изминатите неколку дена се затворени повеќе маркети во Куманово, Тетово, Гостивар и Струга кои не ги почитувале одлуките на Владата и не ги намалиле цените. -Во делот на намалување на цените, согласно дописот на Министерството за економија треба целосно да се почитува и Законот за заштита на потрошувачите. Таму се предвидени одредени работи во делот на неможност на трговците да ги стават во заблуда потрошувачите, да направат измама кон потрошувачите и да наведат ознака гарантирана цена, а при контрола таа цена да не биде намалена, согласно цените кои биле од 1 август, минус 10 отсто од тие цени. Според Законот, глобите се затварање на објектот од три до 30 дена максимум, плус парична казна, согласно процената на инспекторите. Тие ќе одлучат колку е обемот на измамата, рече Бектеши. Согласно последните одлуки на Владата намалени се царините на 10 отсто на: домат, свеж или разладен, краставици, благи и лути пиперки, кромид, праз, карфиол, брокула, главчеста салата, друга салата, моркови, модар патлиџан, тиквички. Оваа одлука стапува на сила од денот кога ќе бидат објавени во Службен весник и ќе траат до 28 февруари 2024 година. Исто така, според одлуката на Владата за дополнителни 2.000 тони од сегашните 8.000 тони се зголемени без царинските квоти за агруми, свежи или сушени, портокали, мандарини, клементини, грејпфрут, лимони и лимета. Оваа одлука стапува на сила од денот кога ќе биде објавена во Службен весник и важи до 31 декември 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-juzhnoto-ovoshje-i-del-od-zelenchukot-ke-poevtini/feed/ 0
Од утре гарантирана цена и за безалкохолните пијалаци, наскоро ќе поевтинат овошјето и зеленчукот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-garantirana-tsena-i-za-bezalkoholnite-pijalatsi-naskoro-ke-poevtinat-ovoshjeto-i-zelenchukot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-garantirana-tsena-i-za-bezalkoholnite-pijalatsi-naskoro-ke-poevtinat-ovoshjeto-i-zelenchukot/#respond Tue, 26 Sep 2023 13:25:58 +0000 https://kurir.mk/?p=881866

Гарантираната цена, освен кај прехранбените производи, од утре ќе важи и за безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото. Покрај оваа одлука, денеска Владата на седница донесе одлука и за намалување на маржите кај овошјето и зеленчукот. Со ова се очекува намалувањето на цените да биде од 10 до 30 проценти. Одлуката за намалување на цените, како што објави попладнево премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција, денеска ќе биде објавена во „Службен весник“ и од утре стапува на сила. Ковачевски смета дека има доволно време да се направи корекција на цените. -Кога се работи за зголемување на цените, тие може преку ноќ да се зголемат, така што истото тоа може да биде направено и за намалувањето на цените, рече Ковачевски на прес-конференцијата во Владата. Производителите на безалкохолни пијалаци и на вода, како што посочи Ковачевски објавувајќи ги денешните одлуки, самоиницијативно се приклучиле кон мерката „гарантирана цена“. Највисоките цени на овие производи, со исклучок на енергетските пијалоци, се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 19 септември, а трговците на мало се должни да ги сменат цените на овие производи и да ги одбележат со натписот „гарантирана цена“. „Гарантираната цена“ за сите овие производи ќе важи до 30 ноември. Претходно, Владата веќе овозможи 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната и месната индустрија да се намалат за најмалку 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август. Во однос на овошјето и зеленчукот денеска е донесена одлука за определување на највисока трговска (профитна) маржа. Во трговијата на големо таа се утврдува во вкупен износ до 10 проценти, а во трговијата на мало во износ од 15 проценти. - Пред нас следат одлуки за намалување на увозните давачки на свеж зеленчук, ориз, портокали, лимони, мандарини, како и намалување на царинските стапки на млечните производи со масленост над 10 проценти. И ова се одлуки кои ќе бидат донесени во текот на наредните денови, објавени и спроведени во пракса, рече Ковачевски. Очекува дека со овие мерки ќе се стабилизира инфлацијата до крајот на годината. - Тоа веќе се покажа со зголемувањето на платите во јули годинава, кога беше надминато зголемувањето на инфлацијата. Со септемвриските покачувања за 10 проценти на платите, како и линеарното зголемување на пензиите согласно со методологијата која беше утврдена во текот на изминатиот период очекуваме двоцифрената инфлација да падне на 8 проценти, а за храната да достигнеме до 5 проценти, рече Ковачевски. Апелираше до трговците и до големопродавачите да ги почитуваат мерките, а граѓаните да алармираат до Државниот пазарен инспекторат за сите неправилности доколку ги воочат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-garantirana-tsena-i-za-bezalkoholnite-pijalatsi-naskoro-ke-poevtinat-ovoshjeto-i-zelenchukot/feed/ 0
ВЕЧЕРА ЗА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО: Врз топол леб ставете го омилениот летен зеленчук и босилек кој ќе ве освежи максимално! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vechera-za-tseloto-semejstvo-vrz-topol-leb-stavete-go-omileniot-leten-zelenchuk-i-bosilek-koj-ke-ve-osvezhi-maksimalno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vechera-za-tseloto-semejstvo-vrz-topol-leb-stavete-go-omileniot-leten-zelenchuk-i-bosilek-koj-ke-ve-osvezhi-maksimalno/#respond Fri, 30 Jun 2023 07:40:13 +0000 https://kurir.mk/?p=851072

Состојки: 750 гр домати 1 главица кромид 4 супени лажици маслиново масло 1 лажица оцет 8 парчиња бел леб 1/2 китка босилек 1 чешне лук сол, бибер Подготовка: На маслиново масло пропржете го лебот од двете страни. Извадете и зачинете со сол. Доматот исечкајте го на кришки и измешајте со ситно исечкан кромид и лук и покријте го со оцет. Намачкајте ја смесата од домати на топлите кришки леб. Измијте го и исушете го босилекот и распоредете го врз доматите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vechera-za-tseloto-semejstvo-vrz-topol-leb-stavete-go-omileniot-leten-zelenchuk-i-bosilek-koj-ke-ve-osvezhi-maksimalno/feed/ 0
Трипуновски: Власта го труе сопствениот народ, не е само зеленчукот имало и портокал со штетни пестициди и тоа шест пати над дозволеното https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-go-true-sopstveniot-narod-ne-e-samo-zelenchukot-imalo-i-portokal-so-shtetni-pestitsidi-i-toa-shest-pati-nad-dozvolenoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-go-true-sopstveniot-narod-ne-e-samo-zelenchukot-imalo-i-portokal-so-shtetni-pestitsidi-i-toa-shest-pati-nad-dozvolenoto/#respond Thu, 01 Jun 2023 16:51:29 +0000 https://kurir.mk/?p=841293

Системот е девастиран, не функционираат институциите. Свиркачи се обратија до нас како политичка партија, ни доставија информации и информираа дека се случува вака ситуација. Податоците се фрапантни, концентрациите на пестициди се големи, а тоа значи дека ако ние не бевме да ја информираме јавноста како власта оркестрирано го труе сопствениот народ, ова ќе поминеше така, а можеби и во минатото се случувало тоа, изјави претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски за „За или против“ на Алфа ТВ. Тој посочи дека јавноста треба да биде информирана дека во овие четири земјоделски култури пиперката, домат, млад кромид и краставица се детектирани повеќе пестициди штетни за човековото здравје. И ова е само заради тоа што Агенцијата за храна и ветеринарство како една од најповиканите институции, го има преспано периодот и со оглед како функционира оваа власт претпоставувам дека се работи за проценти кои на брза лента овие пратки влегуваат во Македонија, а се крајно небезбедни. Пред мене го имам извештајот кој се однесува на млад кромид, детектиран еден пестицид, максимално ниво кое е дозволено е 0,01 милиграм на килограм, а резултатот кој е евидентиран од Државна фитосанитарна лабораторија е 0,13. Тоа значи дека 13 пати над дозволената граница е во овој производ кој го консумирале граѓаните, истакна Трипуновски. Тој нагласи дека вакво труење има и кај овошјето, односно алармантно е и кај портокалот, дури 6 пати над дозволената граница. - Сакам ексклузивно да наведам дека и кај овошје, односно портокали. Иако директорот Бабовски вчера информираше за некаква пратка која е вратена, зборуваше за 30 мај, а мојот резултат е за 29 што значи дека е различна пратка. Се работи за портокал, барател на анализата е АХВ и детектирани се да пестициди. Првиот каде горната максимална граница е 7,00, но резултатот е 43,8%. Тоа значи дека овој портокал е 6 пати над дозволеното и е многу штетен. Тоа значи дека ако некој родител сакал да го нахрани своето дете со цеден портокал, му дал нешто штетно, рече Трипуновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-go-true-sopstveniot-narod-ne-e-samo-zelenchukot-imalo-i-portokal-so-shtetni-pestitsidi-i-toa-shest-pati-nad-dozvolenoto/feed/ 0
Чибишев за пестицидите во увезениот зеленчук: Исклучително токсични хемикалии кои може сериозно да го загрозат здравјето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-za-pestitsidite-vo-uvezeniot-zelenchuk-iskluchitelno-toksichni-hemikalii-koi-mozhe-seriozno-da-go-zagrozat-zdravjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-za-pestitsidite-vo-uvezeniot-zelenchuk-iskluchitelno-toksichni-hemikalii-koi-mozhe-seriozno-da-go-zagrozat-zdravjeto/#respond Mon, 29 May 2023 13:29:16 +0000 https://kurir.mk/?p=840073

Доктор Андон Чибишев, откако во јавноста беше објавено дека во увезени домати е детектирана недозволена количина на пестициди –инсектиции означени како Хлорперифос метил и Перимифос метил, истакнува дека се работи за хемикалии кои припаѓаат на групата на пестициди кои според хемискиот состав се органофосфорни соединенија и се користат воглавно како инсектициди. -Се работи за исклучително токсични хемикалии кои во САД и Европската унија се забранети да се користат во земјоделството. Според Законот за хемикалии и во Македонија овие токсични супстанции се ставени во препарати кои се штетни за човековото здравје и треба да се користат под строго утврдени правила. Инаку, внесени во човековиот организам доведуваат до пореметување на одредени метаболни процеси при што со блокирање на одредени ензими доаѓа до натрупување на други материи кои во високи концентрации можат сериозно да го нарушат здравјето, вели Чибишев. Докторот истакнува тие имаат афинитет кон периферниот и централниот нервен систем, кардиоваскуларниот и респираторнит систем и можат да го нарушат видот. -Внесени во поголема количина можат да го загрозат и животот, а внесувани хронично во помали количини можат на пократок и подолг рок сериозно да го нарушат човековото здравје. Соодветните државни институции се на потег, нагласува Чибишев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-za-pestitsidite-vo-uvezeniot-zelenchuk-iskluchitelno-toksichni-hemikalii-koi-mozhe-seriozno-da-go-zagrozat-zdravjeto/feed/ 0
Владата прво ќе анализира, па ќе одлучи дали ќе продолжи мерката за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-prvo-ke-analizira-pa-ke-odluchi-dali-ke-prodolzhi-merkata-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-prvo-ke-analizira-pa-ke-odluchi-dali-ke-prodolzhi-merkata-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot/#respond Fri, 19 May 2023 12:10:08 +0000 https://kurir.mk/?p=836411

Владата ќе прави анализа за цените на овошјето и зеленчукот и врз основа на тоа ќе донесе одлука дали ќе ја продолжи мерката со замрзнување, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на новинарски прашња по настанот на кој се одбежела Светскиот ден на метрологијата - 20 мај, тој повтори дека кризата нема да биде на товар на граѓаните и оти Министерството за економија носи соодветни мерки за оние што не ги почитуваат одлуките. Во однос на реакцијата на маркетите дека добавувачите не им доставуваат производите рече дека секој има право да го каже своето мислење, а институциите се тие што ќе реагираат. – Ние сме демократија. Секој има право да го искаже своето мислење, и маркетите, и институциите, и граѓаните, и Организациите за заштита на потрошувачите, а секако дека институциите имаат обврска да го заштитат тоа што е согласно законот. Ние имаме Закон за заштита на потрошувачи во нашата држава и имаме Закон за трговија. Кој не го применува тоа секако во правна држава треба надлежните институции да постапат и да ги преземат соодветните мерки. Убеден сум дека тоа и ќе го направат како што го направија и претходно, рече Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-prvo-ke-analizira-pa-ke-odluchi-dali-ke-prodolzhi-merkata-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot/feed/ 0
Владата ги казнува маркетите за нешто што не зависи од нив: Не можеме да продаваме производи доколку добавувачот не ни ги дистрибуира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-kaznuva-marketite-za-neshto-shto-ne-zavisi-od-niv-ne-mozheme-da-prodavame-proizvodi-dokolku-dobavuvachot-ne-ni-gi-distribuira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-kaznuva-marketite-za-neshto-shto-ne-zavisi-od-niv-ne-mozheme-da-prodavame-proizvodi-dokolku-dobavuvachot-ne-ni-gi-distribuira/#respond Tue, 09 May 2023 08:16:20 +0000 https://kurir.mk/?p=832132

Претставниците на домашните синџири на маркети трговци со прехранбени производи на мало ја поздравија владината одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврската на трговците да прибавуваат и да им продаваат на потрошувачите определени видови и количества од одделни стоки (Сл. весник бр. 42-3066/3 од 21.3.2023 година), истакнувајќи дека, со заеднички напори на Владата на РМ и на Министерството за економија, учествуваат во примената на мерките за намалување на енергетската криза и за ублажување на порастот на цените. -Но, поврзано со објавите во повеќето електронски медиуми за изречените парични и кривични казни за непочитување на владината одлука за замрзнување на цените на одредени видови овошје и зеленчук, компаниите информираат дека од Пазарниот инспекторат биле извршени контроли во повеќето маркети во изминатите неколку денови. Информацијата дека се изречени прекршочни казни е точна, а казните се изречени од причина што во маркетите немало количини или, пак, воопшто немало одредени видови овошје и зеленчук опфатени со мерките на Владата, велат тие. Откако министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека повеќе трговци ќе бидат санкционирани поради непочитување на одлуката за замрзнати цени, повеќето домашни синџири на маркети се јавија со појаснување дека до маркетите немало доставено количини или немало воопшто од овошјето и од зеленчукот кои се опфатени со мерките на Владата. -И покрај сите направени напори од нив, нарачки и контакти со добавувачи, маркетите не успеаја да ги обезбедат потребните количини на овошје и на зеленчук пропишани со одлуката на Владата, па тие не се достапни на пазарот по оние цени по кои е наложено да се набавуваат и да се продаваат. Претставниците на синџирите на маркети, со најдобра намера за да им излезат во пресрет на своите потрошувачи, а истовремено и за да ги исполнат одлуките на Владата, НЕ СЕ ВО МОЖНОСТ ДА ПРОДАВААТ ПРОИЗВОДИ ДОКОЛКУ ДОБАВУВАЧОТ НЕ ИМ ГИ ДИСТРИБУИРА. Оттука, трговците на мало со прехранбени производи упатуваат апел до сите надлежни институции да не ги оптоваруваат компаниите со казнени мерки кои ќе имаат финансиски последици врз нив во овие тешки моменти за стопанството, посочуваат тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-kaznuva-marketite-za-neshto-shto-ne-zavisi-od-niv-ne-mozheme-da-prodavame-proizvodi-dokolku-dobavuvachot-ne-ni-gi-distribuira/feed/ 0
Бектеши: Контролите на зелените пазари ќе продолжат, граѓаните да пријавуваат нерегуларности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-kontrolite-na-zelenite-pazari-ke-prodolzhat-graganite-da-prijavuvaat-neregularnosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-kontrolite-na-zelenite-pazari-ke-prodolzhat-graganite-da-prijavuvaat-neregularnosti/#respond Mon, 08 May 2023 15:15:33 +0000 https://kurir.mk/?p=831899

Контролите на зелените пазари и кај увозниците на овошје и зеленчук ќе продолжат, граѓаните да пријавуваат доколку мислат дека има нерегуларности, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што информираше на прес-конференцијата во Владата, поднесени се три кривични пријави за увзонциите на овошје и зеленчук од страна на Финансиската полиција, а има и десетина прекршочни пријави од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи. -Не би сакал да ги кажам имињата бидејќи тоа е работа на Обвинителството и на судството. Веќе се доставени кривичните пријави до Обвинителството. Има десетина прекршочни пријави од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи. Контролите ќе продолжат, а ги повикувам и граѓаните да пријавуваат доколку мислат дека има нерегуларности, рече Бектеши. Тој ги повика инспекторите да ја вршат својата работа, но и им се заблагодари што иако се во мал број го контролираат спроведувањето на мерките што ги носи Владата. - Ги повикувам инспекторатите да ја завршат својата работа, иако јавно морам да кажам и да им се заблагодарам на секој инспектор, посебно на Државниот пазарен инспекторат, кои и во време на пандемија, иако со толкав број кој не надминува 160 инспектори во целата држава, упорно 24 часа на ден работеа, со цел да го контролираат спроведувањето на мерките што ги носи Владата, рече Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-kontrolite-na-zelenite-pazari-ke-prodolzhat-graganite-da-prijavuvaat-neregularnosti/feed/ 0
Паѓаат цените на зеленчукот на Градскиoт пазар во Штип https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pagaat-tsenite-na-zelenchukot-na-gradskiot-pazar-vo-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pagaat-tsenite-na-zelenchukot-na-gradskiot-pazar-vo-shtip/#respond Fri, 05 May 2023 14:26:12 +0000 https://kurir.mk/?p=831020

Домашното производство ги намали цените на заленчукот на Градските пазари. На штипскиот Градски пазар денеска земјоделците своите производи ги продаваат по пониска цена, во спореба од минатиот петок. Раководителот на Градскиот пазар-Штип, Димче Колев вели дека краставицата се продава од 30 до 50 денари, доматот е со различна цена во зависност дали е увозен или пак домашно производство, оние од увоз се по цена од 80 денари. Како што вели Колев тие се со пониска цена, бидејќи станува збор за втора класа, додека домашното производство на домат е далеку поквалитетно и цената е од 120 до 140 денари. Забележува дека на пазарите се појави и благата пиперка, која може да се купи од 120 до 140 денари за килограм. Прашан дали цените на зелечукот и наредниот период ќе бележат пад, Колев со одговор дека пазарот не може да се предвиди, варира, во зависност од понудата и побарувачката и дали македонскиот зеленчук ќе се извезува на некои од странските пазари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pagaat-tsenite-na-zelenchukot-na-gradskiot-pazar-vo-shtip/feed/ 0
Цените на овошјето и зеленчукот ќе останат замрзнати до 31-ви мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-ke-ostanat-zamrznati-do-31-vi-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-ke-ostanat-zamrznati-do-31-vi-maj/#respond Fri, 28 Apr 2023 15:35:33 +0000 https://kurir.mk/?p=828760

За еден месец, односно до 31 мај се продолжува рокот на траење на Одлуката за определување на највисоки цени на овошје и зеленчук во трговијата на големо и трговијата на мало. Предлогот е на Министерството за економија, а одлуката ја донесе Владата на денешната седница. - Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените во трговијата на мало, а состојбата на пазарот укажува дека цените се уште не се стабилизирани, се наметна потребата да се предложи измена на Одлуката, со која рокот на примената се продолжува до 31 мај 2023 година, соопшти Министерството за економија. Со оваа Одлука, се определени највисоките цени во трговијата на мало на одреден дел од овошјето и на зеленчукот. Килограм свежи домати и килограм свежи краставници ќе чинат до 95 денари. Исто толку ќе чини и килограм грав, а килограм кромид - 70 денари. Килограм свежи зелени пиперки ќе чинат до 100 денари, 110 денари ќе чини килограм леќа, а 75 денари килограм банани. Килограм портокали и килограм лимони ќе чинат до 60 денари, а 65 денари за килограм мандарини. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-ke-ostanat-zamrznati-do-31-vi-maj/feed/ 0