зелени коридори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Jan 2021 14:08:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зелени коридори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вучиќ до Транспортната заедница: Помош за воспоставување Зелени коридори на Западен Балкан со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-do-transportnata-zaednica-pomosh-za-vospostavuvanje-zeleni-koridori-na-zapaden-balkan-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-do-transportnata-zaednica-pomosh-za-vospostavuvanje-zeleni-koridori-na-zapaden-balkan-so-eu/#respond Tue, 12 Jan 2021 14:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=454324

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и директорот на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница на ЈИЕ, Матеј Закошњек, на денешната средба разговораа за развој на регионалната транспортна мрежа и сообраќајната врска на Западен Балкан со ЕУ, што ќе донесе бројни придобивки за граѓаните и компаниите. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ побарал од директорот Закоњшек да помогне во воспоставувањето на Зелени коридори на границите на Западен Балкан и Европската Унија односно да се отстранат бариерите за побрз проток на стоки, следејќи го примерот на Зелените коридори воспоставени меѓу партнерите на Западен Балкан во вонредните околности на пандемијата со Ковид-19. – Вучиќ истакна дека за Србија е важно оваа иницијатива да се спроведе, пред сè, на границите со Хрватска и Унгарија, каде што неколкучасовниот задржувања се најдолги, соопшти прес-службата на претседателот на Србија. Тој ги издвоил и проектите кои се приоритет за Србија и побара забрзување на процедурите за реализација на автопатот Ниш – Приштина. Закоњшек на средбата ги презентирал приоритетите на работата на Транспортната заедница во врска со поврзувањето на сообраќајната инфраструктура со трансевропската мрежа, безбедноста во сообраќајот, имплементацијата на европското законодавство и стандардите во областа на транспортот, што вклучуваат и дигитализација и подобрување на животната средина, побрз проток на стоки на границите преку воспоставување заедничка контрола и ревитализација на железничкиот и воден транспорт. Целта на Постојаниот секретаријат на Транспортната зедница на ЈИЕ (Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Косово и Црна Гора) е правилата, принципите и политиките на ЕУ за транспортниот пазар да се прошират до земјите од Западен Балкан преку правно обврзувачка рамка. Транспортната заедница е основана со Договорот за основање на ТЗ потпишан на 12 јули 2017 година на Самитот на Берлинскиот процес во Трст, а седиште на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница беше отворен во Белград кон средината на септември 2019 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-do-transportnata-zaednica-pomosh-za-vospostavuvanje-zeleni-koridori-na-zapaden-balkan-so-eu/feed/ 0
Михајловиќ: Зелените коридори важни за регионот, губиме 300 милиони евра поради чекање на граници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mihajlovikj-zelenite-koridori-vazni-za-regionot-gubime-300-milioni-evra-poradi-chekanje-na-granici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mihajlovikj-zelenite-koridori-vazni-za-regionot-gubime-300-milioni-evra-poradi-chekanje-na-granici/#respond Wed, 13 May 2020 11:53:39 +0000 https://kurir.mk/?p=345357

Српската вицепремиерка и министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ денеска изјави дека идејата за зелени коридори, произлезена од земјите членки на ЦЕФТА, Европската унија и Западен Балкан, треба да придонесе за побрзи и поефикасни премини преку границите, со оглед на тоа дека чекањето трае со часови, јави дописникот на МИА од Белград. -Минатата недела Владата на Србија донесе одлука за зелените коридори и започнуваме со имплементација. Тоа е посебен систем и режим со цел да се направи сé што е потребно на граничните премини на најбрз и најефикасен начин. Ние веќе го испробавме тоа за време на вонредната состојба -кога станува збор за меѓународниот транспорт, оцени Михајловиќ во соопштението од нејзиниот кабинет. Михајловиќ истакна дека чекањето на границите чини многу – и време и пари. -Секоја година на граничните премини се чека 27 милиони часови. Тоа ги чини земјите од Западен Балкан 300 милиони евра. Очекуваме брзо спроведување на оваа одлука кон Северна Македонија, Црна Гора и БиХ и исто така го покренавме прашањето за зелените коридори и со земјите од ЕУ. За еден или два месеци, можеме да очекуваме резултати, бидејќи ова прашање е важно за економијата и економскиот развој, кажа Михајловиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mihajlovikj-zelenite-koridori-vazni-za-regionot-gubime-300-milioni-evra-poradi-chekanje-na-granici/feed/ 0
Србија од денеска почнува со примена на „зелените коридори“ на граничните премини и со Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-od-deneska-pochnuva-so-primena-na-zelenite-koridori-na-granichnite-premini-i-so-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-od-deneska-pochnuva-so-primena-na-zelenite-koridori-na-granichnite-premini-i-so-makedonija/#respond Mon, 13 Apr 2020 12:46:55 +0000 https://kurir.mk/?p=331462

Србија од денеска почнува со примена на системот на „зелени коридори“ на одредени гранични премини, меѓу кои и со  Македонија, во рамките на ЦЕФТА регионот, а кога ќе се исполнат пропишаните технички услови, во овој систем ќе бидат вклучени и други премини, јави дописникот на МИА од Белград. Како што сопштија од Стопанската комора на Србија (ПКС), системот на зелени коридори е воспоставен за олеснување на сообраќајот и трговијата со стоки во регионот, во услови на значително успорен транспорт заради дополнителни мерки за заштита на границите и населението од пандемијата со Ковид 19. Зелените коридори претставуваат систем на гранични премини под посебен режим, на кои ќе се забрзаат царинските и други процедури. Граничните премини во овој режим отворени се 24 часа на ден, седум дена во неделата, а во Србија во овој режим ќе работат премините на Прешево, Сремска Рача, Гостун и Мердаре. Првенствено тоа се храна и медицинска опрема кои во иднина ќе имаат приоритет на премин на т.н. „зелените коридори“ воспоставени за поефикасен транспорт и побрзо преминување на границите за сите стоки. Најава за пристигнување на стоката на граничните премини ќе се одвива преку Електронскиот систем за размена на податоци помеѓу царинските администрации во рамките на ЦЕФТА. -Граничните премини и зелените ленти во рамките на овој систем се отворени за сите видови на стоки, додека производите со посебно хуманитарно значење имаат дополнителен режим на претходна најава, кој обезбедува посебен приоритет на граничните премини по должина на зелените коридори, оценуваат во Стопанската комора на Србија. Во овој режим вклучени се одредени производи наменети за исхрана на луѓето и животните, како и лекови, медицинска и заштитна опрема неопходна за сузбивање и заштита на населението од ковид 19 епидемијата. Земјите од Централноевропскиот трговски договор (ЦЕФТА) го одобрија списокот на основните производи на кои треба да им се даде приоритет кога станува збор за прекуграничниот транспорт со цел да се обезбеди соодветно снабдување во услови на кризата од ковид-19. Претседателот на ПКС и на Комората на инвестицискиот форум на Западен Балкан, Марко Чадеж, на крајот на март упати апел до претседателот на Европската комисија, Урсули фон дер Лајен, Западен Балкан да се приклучи во системот на „зелени коридори“ на ЕУ, што го олеснува и забрзува превозот на стоки. Сите потребни санитарни мерки и списокот на производи може да се најдат на веб-страницата на ЦЕФТА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-od-deneska-pochnuva-so-primena-na-zelenite-koridori-na-granichnite-premini-i-so-makedonija/feed/ 0