зеленило – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 05:15:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зеленило – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javna-debata-za-zakonski-izmeni-za-urbano-zelenilo-i-urbanistichko-planirane/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javna-debata-za-zakonski-izmeni-za-urbano-zelenilo-i-urbanistichko-planirane/#respond Thu, 06 Jul 2023 05:25:21 +0000 https://kurir.mk/?p=853344

Во организација на Зелен институт, денеска во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање. На дебатата се поканети градоначалничката на Градот Скопје, претседателот и членовите на Советот на Градот Скопје, претставници на градските служби и на ЈП „Паркови и зеленило“, општините во Градот Скопје, комисиите за урбанистичко планирање формирани од општините и Градот Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, граѓанските здруженија: Зелен хуман град, О2 Иницијатива, Здравје пред профит, Зелените од Гази Баба, За спас на Влае, За расадник на можности, Пржино, Во одбрана на Буњаковец и др., Комората на овластени инженери и архитекти, Асоцијацијата на архитекти, изработувачи на убанистички планови и други засегнати страни и граѓани. Дебата е дел од проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“ што се спроведува во соработка со Градот Скопје и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, во партнерство со граѓанските организации Флорозон и Македонско женско лоби. Целта на проектот е да се подобри состојбата со зеленилото во градот преку законски измени и други интервенции, а со тоа и да се спречи појавата на топлински острови, да се намали загадувањето со стакленички гасови и да се подобри квалитетот на живот во Градот Скопје. Сите засегнати страни ќе учествуваат во законските реформи со цел заштита на зеленилото и климата. Експертски тимови од сферата на урбанизмот, шумарството и правото ги анализираа и истражуваа меѓусебната ускладеност и функционалност на законите за урбано зеленило, урбанистичко планирање и градење, како и соодветните правилници, урбанистичките планови со чии пропусти му се наштетило на зеленилото, состојбата со недовршениот и заборавен зелен катастар и согледувањата на жените и мажите за нивната потреба од јавно зеленило, достапноста на зеленилото до домовите и влијание врз нивното физичко и ментално здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javna-debata-za-zakonski-izmeni-za-urbano-zelenilo-i-urbanistichko-planirane/feed/ 0
Експерти од Шумарски факултет ќе работат со Град Скопје за зачувување и зголемување на зеленилото https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/eksperti-od-shumarski-fakultet-kje-rabotat-so-grad-skopje-za-zachuvuvanje-i-zgolemuvanje-na-zeleniloto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/eksperti-od-shumarski-fakultet-kje-rabotat-so-grad-skopje-za-zachuvuvanje-i-zgolemuvanje-na-zeleniloto/#respond Mon, 18 Apr 2022 10:36:38 +0000 https://kurir.mk/?p=664707

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и деканот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, проф. др. Кирил Сотировски Скопје, потпишаа Меморандум за соработка за овозможување унапредување и развој во областа на шумарството, заштитата и унапредувањето на животната средина, вклучувајќи ги аспектите кои се однесуваат на урбано зеленило, теренската и научноистражувачката работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области, информираат од Град Скопје. - Системски пристапуваме кон заштитата на постојното зеленило во градот, кон планирањето и подигањето нови зелени површини, засадувањето нови дрвја и заштита на животната средина. Како резултат на оваа нашата соработка се формираат работни групи во кои учествуваат стручни лица од секторите за комунални работи и заштита на животната средина од Град Скопје, од ЈП Паркови и зеленило и Шумарскиот факултет кои ќе работат на проценка на дрвјата во градот. Со овој пристап нема да дозволиме да се отстрани ниту едно здраво дрво, а дополнително со соодветна поддршка во форма на трансфер на знаења од факултетот, ќе се обозможи новите дрвја да бидат квалитетно и успешно засадени. истакна градоначалничката Арсовска, на потпишувањето на овој значаен документ. Според меморандумот, Градот Скопје и Факултетот ќе соработуваат при спроведување на проекти во областа на зеленилото и заштита и унапредување на животната средина, вклучувајќи ги следните аспекти: -урбано зеленило (урбана дендрофлора, проектирање и подигање на зелени површини, -заштита и одгледување на урбано зеленило и цветни култури, -проценка на здравствена состојба на растенија, фитопатолошка и ентомолошка заштита, педолошки анализи, -производство на декоративни садници, парковски инфрастуктурни објекти и елементи), -вонградско зеленило (планирање, пошумување и одгледување, здравствени аспекти на зеленилото, заштита на шумите и зеленилото, екологија и одржлив развој, заштита на земјиштето од ерозија, уредување на поројни водотеци и рекултивација на копови, депонии и јаловишта со акцент на биолошките аспекти, управување со опасности и ризици од некои природни непогоди, периурбана дендрофлора), -машини и механизација, -датабази за зеленилото, -социоекономски аспекти на зеленилото, -стратегиска оцена и оцена на влијание врз животната средина, -теренска и научноистражувачка работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области, информираат од градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/eksperti-od-shumarski-fakultet-kje-rabotat-so-grad-skopje-za-zachuvuvanje-i-zgolemuvanje-na-zeleniloto/feed/ 0
ЈП Паркови и зеленило активно ги уредува цветните површини низ главниот град https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-parkovi-i-zelenilo-aktivno-gi-ureduva-cvetnite-povrshini-niz-glavniot-grad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-parkovi-i-zelenilo-aktivno-gi-ureduva-cvetnite-povrshini-niz-glavniot-grad/#respond Thu, 24 Feb 2022 10:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=635897

ЈП Паркови и зеленило активно ги уредува зелените и цветните површини низ градот, се вели во соопштението од Град Скопје. -Екипите на ЈП Паркови и зеленило интензивно работат на терен и ги уредуваат зелените и цветните површини низ градот. Во Центар се сади сезонски цветен расад од видот виола, а во вториот дел на Градскиот парк се подготвува теренот за садење нови садници. На повеќе локации низ градот се засадуваат нови квалитетни садници, односно во Центар на булеварот 11 Октомври се садат 50 садници зимзелени брзорастечки грмушки и 5 од видот туи. На 16та Македонска бригада, во општина Гази Баба, продолжува етапно хортикултурното уредување на Паркот Скулптура, додека на улица Бутелска продолжува хортикултурното уредување на јавните површини. Во реоните Центар, Ново Лисиче и на булевар Србија на цветните површини се засадува сезонски цветен расад. Дополнување на сезонско цвеќе се врши и во леите на булевар Илинден и на булевар Климент Охридски. Екипите на ЈП Паркови и зеленило на булевар Александар Македонски поставуваат систем за полевање капка по капка на ново подигнатата цветна фигура знаме на Република Македонија, истакнуваат од таму. По налог на Град Скопје екипите работат и во Рајскиот парк во Аеродром на нови објекти и реквизити, односно поставуваат видиковци, клупи, маси и корпи за отпадоци, додаваат од Град Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-parkovi-i-zelenilo-aktivno-gi-ureduva-cvetnite-povrshini-niz-glavniot-grad/feed/ 0
Се уредува зеленилото по должината на булеварот Србија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-ureduva-zeleniloto-po-dolzinata-na-bulevarot-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-ureduva-zeleniloto-po-dolzinata-na-bulevarot-srbija/#respond Wed, 16 Feb 2022 11:24:21 +0000 https://kurir.mk/?p=632088

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве хортикултурно ги уредуваа средишната жардиниера и десниот коридор на булеварот Србија, на потегот од улицата Христо Татарчев до булеварот Борис Трајковски. На овие јавни зелени површини со вкупна површина од 670 квадратни метри е нанесена плодна земја, а обновени се системот за полевање и тревникот. Денеска, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ на оваа локација засадуваа зимзелени садници од видот туја. -Според проектот, новоформираниот зелен појас на булеварот Србија покрај зимзелените садници ќе го красат и листопадни грмушки. Избраните видови садници што ќе ја разубават оваа локација имаат отпорност на издувни гасови и аерозагадување, со оглед на тоа што станува збор за високо фреквентна сообракајница. Исто така, избраните видови садници нема да ја попречуваат видливоста на коловозот за учесниците во сообракајот, информираат од Град Скопје. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги продолжуваат активностите за собирање лисја, отпадоци и хартија од зелените површини, а започнаа и со садење цветен расад од видот виола во цветните леи низ градот, како и копање дупки по должината на булеварите како подготовка за пролетното садење. Со зеленило деновиве се уредува и јавна површина од 1.496 квадратни метри на улицата Бутелска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-ureduva-zeleniloto-po-dolzinata-na-bulevarot-srbija/feed/ 0
Трајановски: Парите кои што ние скопјани ги плаќаме секој месец не се користат за одржување на зеленилото во Градскиот Парк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-parite-koi-shto-nie-skopjani-gi-plakjame-sekoj-mesec-ne-se-koristat-za-odrzuvanje-na-zeleniloto-vo-gradskiot-park/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-parite-koi-shto-nie-skopjani-gi-plakjame-sekoj-mesec-ne-se-koristat-za-odrzuvanje-na-zeleniloto-vo-gradskiot-park/#respond Wed, 28 Jul 2021 16:02:28 +0000 https://kurir.mk/?p=543160

Ова е слика од птичја перспектива на Градскиот Парк во Скопје околу големото езеро или познат како "стариот дел" на паркот. ПР-от на Шилегов ја искористил сликава за да ја претстави новата тартан стаза за која лично сметам дека е добро решение, но гледајќи ја сликава неизбежно е да не се констатира дека на зеленилото во Градскиот Парк му се случува егзодус. За сивилото наместо зеленилото на сликава постојат две верзии. Првата е дека лицето кое работи на фотошоп дотерување на сликите заминало на одмор. Втората е дека станува збор за веќе постоечка зелена површина, а штом е постоечка, нема проектирање, нема мрсно тендерирање за садници и расад од по 10.000 ден по стебленце. Со други зборови, во садење и наводнување трева нема ќар. Во ерата на некаква си поинаква приказна за Скопје, нараторот на оваа крајно лицемерна приказна воведе нова давачка со која директно од џебот на граѓаните се акумулираат околу 4 милиони евра годишно за наводно одржување на градското зеленило. Оваа слика кажува се! Повеќе од очигледно е дека овие пари кои ние скопјани ги плаќаме секој месец не се користат за одржување на зеленилото. Чекор по чекор стигаме од поинаква до лицемерна приказна Фејсбук статус на Александар Трајановски ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-parite-koi-shto-nie-skopjani-gi-plakjame-sekoj-mesec-ne-se-koristat-za-odrzuvanje-na-zeleniloto-vo-gradskiot-park/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Средишниот дрворед по Партизанска и 40.000 м2 зеленило ќе бидат уништени од БРТ на Шилегов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sredishniot-drvored-po-partizanska-i-40-000-m2-zelenilo-kje-bidat-unishteni-od-brt-na-shilegov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sredishniot-drvored-po-partizanska-i-40-000-m2-zelenilo-kje-bidat-unishteni-od-brt-na-shilegov/#respond Wed, 28 Apr 2021 06:37:16 +0000 https://kurir.mk/?p=503078

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека средишниот дрворед по булеварот Партизански одреди, и 40.000м2 зеленило ќе бидат уништени како последица на БРТ на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Од партијата истакнуваат дека под постојана закана ќе биде и водоснабдувањето на Скопје, чија главна цевка, во големина од 1 метро и 60 сантиметри минува на 2 метри под средишното зеленило на булеварот Партизански одреди. -И најмали осцилации можат да ја оштета и да предизвикаат пукање. Имајќи ја во предвид големината на истата и големиот притисок, штетите во минута ќе бидат огромни. Дополнително БРТ не е превоз за мали градови како Скопје, тој се користи за градови како Истанбул и Мексико сити, каде растојанието од едниот до другиот крај на градот е и до 180 километри. Автобуските постојки кај истиот се поставени на поголемо растојание и со цел да се овозможи брз излез и влез на секоја постојка има натпатници. Во Скопје е проблем што растојанието е мало, а ќе треба да се намали бројот на постојки, со тоа граѓаните ќе добијат нефункционален транспорт, каде за да стигнат од една до друга постојка ќе треба да поминат големо растојание, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат Шилегов наместо да продава скапи проекти, кои не се за град како Скопје нека направи две подземни раскрсници, и раскрсници на повеќе нивоа, и целиот проблем со метежот во Скопје ќе биде решен во целост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sredishniot-drvored-po-partizanska-i-40-000-m2-zelenilo-kje-bidat-unishteni-od-brt-na-shilegov/feed/ 0
Стојкова Серафимовска: Се обрзуваме на реални проекти, од кои што 30 отсто се зеленило за секое мало https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojkova-serafimovska-se-obrzuvame-na-realni-proekti-od-koi-shto-30-posto-se-zelenilo-za-sekoe-malo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojkova-serafimovska-se-obrzuvame-na-realni-proekti-od-koi-shto-30-posto-se-zelenilo-za-sekoe-malo/#respond Tue, 30 Jun 2020 09:01:01 +0000 https://kurir.mk/?p=365619

Здравата и чиста средина е право на секој граѓанин, а обврска на државата. До сега видовме многу ветувања и предлози за подобрување на условите на сите граѓани во Македонија, особено во последните три години. Шилегов и Богдановиќ и владата на СДСМ, ветуваа кули за прочистување на воздух, враќање на узурпирани површини, вертикални градини, енергетски фасади, а Шилегов вети дека Скопје ќе стане европска престолнина на чистиот воздух, вели во своето видео обраќање кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 Велика Стојкова Серафимовска За жал Скопје се искачи на врвот на листата, но по загадување во светот, а сите проекти остана не реализирани. Во програмат на ВМРО-ДПМНЕ, „Обнова на Македонија“ ветуваме и се обрзуваме на реални проекти, од кои што 30 отсто се зеленило за секое мало, проектот урбана шума, за пошумување на градовите во Македонија, како и регулирање на загаденоста. На 15-ти јули заокружете го бројот 14 за здрава и чиста животна средина за секој граѓанин, повикува кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 Стојкова Серафимовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojkova-serafimovska-se-obrzuvame-na-realni-proekti-od-koi-shto-30-posto-se-zelenilo-za-sekoe-malo/feed/ 0
ВИДЕО: „Една од најтажните години за зеленилото во Карпош“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-edna-od-najtaznite-godini-za-zeleniloto-vo-karposh/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-edna-od-najtaznite-godini-za-zeleniloto-vo-karposh/#respond Sun, 22 Sep 2019 18:11:11 +0000 https://kurir.mk/?p=243640

Една од најтажните години за зеленилото во Карпош, пишува Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил. -Речиси единствените зелени површини што останаа летово беа оние за коишто се грижеа сами граѓаните. Ваква состојба не смее да се повтори, вели тој како коментар на видеото кое го објавува. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-edna-od-najtaznite-godini-za-zeleniloto-vo-karposh/feed/ 0
Ќе се уништува голема површина зеленило: Во Чаир ќе никнат 5 нови паркинзи https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kje-se-unishtuva-golema-povrshina-zelenilo-vo-chair-kje-niknat-5-novi-parkinzi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kje-se-unishtuva-golema-povrshina-zelenilo-vo-chair-kje-niknat-5-novi-parkinzi/#respond Sun, 10 Mar 2019 13:43:01 +0000 https://kurir.mk/?p=173278

Фадиљ Амети веќе 50 години живее во Топанско Поле. Вели дека во Чаир се гради многу, но хигиената според него е на многу ниско ниво. Во минатото, се присетува Амети, градењето не било толку интензивно, па поради тоа ова место било почисто и позелено за разлика од сега. „Секако дека е подобро, без градби. Населбата е изградена. Парковите се посредени. Недостига хигиена. Ми се чини дека тогаш имаше повеќе чистота. Чистота околу парковите, тоа недостига“, изјави Фадиљ Амети, жител на Чаир за Тв 21. Еко-активистот Африм Османи вели дека надлежните институции треба да ги казнуваат граѓаните кои ги уништуваат зелените површини. Предлага да се намали изградбата на објекти и да има повеќе паркови и зеленило. „Градењето е една од главните причини за уништување на парковите, зеленилото и сечата на дрвја. Еднаш засекогаш треба да се реши прашањето за градење. Новите градби, градежништвото, претставува еден од главните фактори за уништување на зелените површини“, изјави Африм османи, еко-активист за Тв 21. Од друга страна, во недостиг на паркинзи, граѓаните ги паркираат нивните возила на зелени површини. Првиот човек на Чаир, Висар Ганиу вели дека од јуни ќе започне изградба на нови паркинзи во оваа општина. Паркинг ќе има во близина на улицата „Цветан Димов“, втор на популарната Пластичарска улица, потоа кај Исабеговата џамија и еден кај Албанскиот театар на Бит Пазар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kje-se-unishtuva-golema-povrshina-zelenilo-vo-chair-kje-niknat-5-novi-parkinzi/feed/ 0
Напомена на научниците: Луѓето што живеат во позелени населби имаат поздраво срце https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/napomena-na-nauchnicite-lugjeto-shto-ziveat-vo-pozeleni-naselbi-imaat-pozdravo-srce/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/napomena-na-nauchnicite-lugjeto-shto-ziveat-vo-pozeleni-naselbi-imaat-pozdravo-srce/#respond Fri, 04 Jan 2019 07:20:57 +0000 https://kurir.mk/?p=148151

Претходните истражувања спроведени врз населението утврдиле дека животот во зеленило е поврзан со намален ризик од смрт поради срцеви болести и проблеми со дишењето, како и намален ризик за хоспитализација поради срцеви и мозочни удари, напоменуваат научниците. Но, немало многу докази за такви врски на ниво на поединци. За потребите на сегашното истражување, научниците анализирале различни биомаркери на стрес и ризик од срцеви болести во крвта и урината кај 408 пациенти примени во клиника за кардиологија во Кентаки. Со помош на сателитските податоци на американската агенција НАСА, научниците процениле колку е густо зеленилото што го опкружува домот на пациентите. Во споредба со луѓето што живееле во бетонски населби, жителите на најзелените населби имале значително пониско ниво на хормонот епинефрин во урината, што е показател за нивото на стрес, покажува истражувањето. Исто така, биле пронајдени и пониски нивоа на маркери за оксидативен стрес познат како Ф2-изопростан. Дополнително, луѓето што живеат во зелени населби имале поголем капацитет за одржување на здравјето на крвните садови во споредба со оние што живееле опкружени со бетон и асфалт. - Изненадува влијанието на зеленилото врз здравјето на луѓето,  вели Аруни Батнагар, лидерот на истражувањето, од Универзитетот во Луисвил. Испитаниците биле на просечна возраст од 51 година, повеќето имале висок крвен притисок или зголемен холестерол, и повеќето живееле во област со малку зеленило. Научниците истакнуваат дека ограничувањето на истражувањето е тоа што било спроведено на мал број испитаници. - Доколку резултатите од истражувањето се потврдат, тоа би значело дека честите интеракции со природата би можеле да бидат еден начин на намалување на ризикот од срцеви заболувања - вели Батнагар. Научниците истакнуваат дека врската помеѓу зеленилото и помалото ниво на одредени маркери за срцеви заболувања се потврдила и откако ги елиминирале другите фактори што можат да влијаат врз здравјето на срцето, како возраста, полот, пушењето, користењето статини за намалување на нивото на холестерол, близината на загадувањето од сообраќајот и влијанието на сиромаштијата. - Иако е точно дека во повеќето американски градови побогатите живеат во позелени населби, во нашето истражување тоа статистички го зедовме предвид и се покажа дека влијанието на зеленило е независно од социо-економскиот статус, вели Батнагар. Можно е и близината на зеленилото да поттикнува поголема физичка активност, а поголемата густина на зеленило да го подобрува квалитетот на воздухот, вели научникот Анемари Хирш, која не била вклучена во истражувањето. Зелените простори може да го зајакнат чувството на социјална кохезија, што е фактор поврзан со здравјето и благосостојбата. - Зеленилото претставува и пречка на стресните фактори во животната средина,вклучувајќи ја и бучавата од сообраќајот и грдите градби - вели Хирш и додава дека погледот кон зеленилото ги блокира негативните мисли и чувства и со тоа го намалува стресот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/napomena-na-nauchnicite-lugjeto-shto-ziveat-vo-pozeleni-naselbi-imaat-pozdravo-srce/feed/ 0