зелено – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Jul 2020 17:02:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зелено – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Семафор“ систем на гласање во македонското собрание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semafor-sistem-na-glasanje-vo-makedonskoto-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semafor-sistem-na-glasanje-vo-makedonskoto-sobranie/#respond Wed, 29 Jul 2020 17:02:19 +0000 https://kurir.mk/?p=383339

Ковид-19 ги „избрка“ пратениците од пленарната сала, каде што одстана системот за електронско изјаснување и каде што, за време на конститутивната седница ќе бидат сместени гостите од државниот протокол и од дипломатскиот кор Христијан Мицкоски, кој е единствен лидер на парламентарна партија што нема да стане пратеник, ќе биде поканет како гостин на конститутивната седница Првпат по три децении парламентаризам и плурализам во земјава, македонското Собрание ќе заседава надвор од салата за одржување пленарни седници. И по повеќе години, гласањето нема да биде електронско, туку ќе се гласа со кревање рака, односно со картончиња во три бои – зелена -„за“, црвена – „против“ и жолта – „воздржано“. Системот за електронско гласање останува во пленарната сала, додека, поради ситуацијата со ковид-19, конститутивната седница на новиот парламент, која ќе почне на 4 август, ќе се одржи во една од новите сала, што беа изградени за време на реконструкцијата и доградбата на собраниската зграда, односно во салата позната како „Голема купола“. Во салата за пленарни седници „Македонија“, пак, ќе бидат сместени гостите кои се поканети на на конститутивната седница, а чиј список е прилично долг, и покрај препораките на здравствените власти за избегнување поголеми собири. Од Собранието велат дека во салата „Македонија“ ќе биде обезбедена неопходната физичка дистанца меѓу гостите. Инаку, меѓу поканетите на конститутивната седница би требало да биде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е единствен лидер на партија кој не влегува во новиот парламент, затоа што не беше кандидат на изборите на 15 јули. Конститутивната седница, како што соопштија од парламентот, ќе се одвива според протоколи и критериуми што се утврдени во претходна координација со претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, со единствена цел да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од коронавирусот. На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. На сите влезови ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција. Сценариото за конститутивната седница предвидува да се гласа рачно, со картончиња, а од седницата ќе има директен пренос на Собранискиот канал на МРТ. На крајот на денот ќе се дезинфицираат сите простории во кои имало активности. „Во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести и за претставниците на медиумите ќе важат одредени протоколи за следење на Конститутивната седница, со цел да се намали ризикот од ширење на коронавирусот“, велат од Собранието. За да се избегне поголемо групирање, конститутивната седница ќе може да ја следат најмногу по двајца претставници од секој медиум. Исто така, во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, во Собранието нема да работат Клубот на пратениците, ресторанот и бифето во прес-центарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semafor-sistem-na-glasanje-vo-makedonskoto-sobranie/feed/ 0
Климатските промени ќе го обојат Антарктикот во зелено https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatskite-promeni-kje-go-obojat-antarktikot-vo-zeleno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatskite-promeni-kje-go-obojat-antarktikot-vo-zeleno/#respond Wed, 20 May 2020 10:25:14 +0000 https://kurir.mk/?p=348233

Делови од Антарктичкиот Полуостров ќе ја променат бојата, бидејќи „зелениот снег“ предизвикан од цветните алги се очекува да се шири со зголемувањето на глобалните температури, покажува новата студија. Иако честопати се смета за лишен од растенија, Антарктикот е дом на неколку видови алги кои растат на дождлив снег и вшмукуваат јаглерод диоксид од воздухот. Истражувачите од Универзитетот Кембриџ и Британското антарктичко истражување ги комбинирале сателитските снимки со набљудувања од земја за да го следат моменталниот степен на зелените алги на најбесплодниот континент во светот. Тие идентификуваа повеќе од 1.600 одделни зелени алги на снегот на полуостровот со вкупна површина од 1,9 квадратни километри. – Иако нивниот број е релативно мал во светски рамки, на Антарктикот, каде има толку малку растенија, оваа количина на биомаса е многу значајна, рече Мет Дејви од Катедрата за растителни науки во Кембриџ. – Многу луѓе мислат дека Антарктикот е само снег и пингвини. Всушност, кога ќе погледнете по периферијата, има многу растителен живот, рече тој. Тимот проценува дека алгите на полуостровот моментално апсорбираат нивоа на СО2 што е еквивалентно на 875.000 просечни патувања со автомобили. Откриле и дека повеќето цветања на алги биле на 5 километри од колонијата на пингвини, бидејќи изметот од птици е одлично ѓубриво. Поларните региони се затоплуваат многу побрзо од другите делови на планетата, а тимот предвидува дека пониските региони на Антарктикот наскоро ќе бидат без алги бидејќи летата се без снег. Но, оваа загуба најверојатно ќе биде компензирана со доминацијата на големи цветни алги со зголемувањето на температурите и снегот на повисоки височини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatskite-promeni-kje-go-obojat-antarktikot-vo-zeleno/feed/ 0