железница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Aug 2023 14:43:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png железница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Железници: Одлуката за бојкот на машиновозачите е неразумна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zheleznitsi-odlukata-za-bojkot-na-mashinovozachite-e-nerazumna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zheleznitsi-odlukata-za-bojkot-na-mashinovozachite-e-nerazumna/#respond Tue, 29 Aug 2023 14:43:07 +0000 https://kurir.mk/?p=872127

Незаконитиот прекин на работата, т.н. бојкот, не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор и тој не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите, информираат од Железници на РСМ Транспорт АД-Скопје. Со прекинот на железничкиот сообраќај, се вели во соопштението, се нанесуваат огромни материјални и нематеријални штети на ЖРСМ Транспорт АД Скопје, ЈП за железничка инфраструктура на РСМ и на целокупното стопанство и менаџерскиот тим е приморан да ги преземе сите законски мерки за повторно воспоставување на железничкиот сообраќај. - Менаџерскиот тим е во постојани разговори со Владата на РСМ и се прават напори, да се обезбедат средства за непречено функционирање на железничкиот систем до крајот на годината. Во периодов кога имаме најава за зголемен железнички превоз од страна на коминтените, свесната одлука за бојкот од страна на машиновозачите во најмала рака е неразумна, бидејќи ќе предизвика огромни штети на друштвото и на целокупното стопанство на РСМ, се вели во соопштението од Железници на РСМ Транспорт АД Скопје. Од ЖРСМ Транспорт АД Скопје, исто така, информираат дека во периодот од 1 август до денот на прекинот на железничкиот сообраќај на 25 август, машиновозачите оствариле вкупни просечни лични примања во износ од 60.000 денари, додека за споредба во истиот период, раководител инженер, остварил лични примања во висина од 21.000 денари. Железничкиот сообраќај во државава е во прекин од 26 август поради бојкотот на машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт. Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, во изјава за МИА викендот, рече дека бојкотот ќе трае до исполнување на барањето, но и до постигнување договор за редовна целосна исплата на платите. -Ова веќе на ништо не личи, речиси за секоја плата мора да правиме бојкот и затоа ќе бараме да почнеме преговори и да се постигне договор да прекине оваа пракса, рече Димовски. И на крајот на јули имаше прекин во железничкиот сообраќај, исто така, поради неисплатен втор дел од плата, а од истата причина и претходно во неколку наврати вработените ја бојкотираа работата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zheleznitsi-odlukata-za-bojkot-na-mashinovozachite-e-nerazumna/feed/ 0
Германскиот синдикат за петок најави национален штрајк на железницата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-sindikat-za-petok-najavi-natsionalen-shtrajk-na-zheleznitsata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-sindikat-za-petok-najavi-natsionalen-shtrajk-na-zheleznitsata/#respond Wed, 19 Apr 2023 08:59:57 +0000 https://kurir.mk/?p=825358

Синдикатот на работниците во железницата и транспортот Е Фау Ге (ЕВГ) за в петок најави национален штрајк, а меѓу погодените превозници е и националниот железнички оператор Дојче Бан, јави ДПА. Штрајкот ќе opфати 50 компании и ќе трае од 03:00 часот по локално време до 11 часот, соопшти германската синдикална организација. Патниците треба да бидат подготвени за одложувања и откажувања на патувањата. Високата инфлација во Германија предизвика бран штрајкови во последниве месеци, бидејќи работниците бараат повисоки плати за да ги надоместат зголемените трошоци за живот. Синдикатот E Fau Ge, кој преговара во име на 230.000 луѓе, има за цел зголемување на платите за 12 отсто, или најмалку дополнителни 650 евра од нивните месечни плати. Државната „Дојче бан“ понуди зголемување на платите за 5 отсто на своите вработени и еднократна исплата до 2.500 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-sindikat-za-petok-najavi-natsionalen-shtrajk-na-zheleznitsata/feed/ 0
Пад на превезената стока со железницата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pad-na-prevezenata-stoka-so-zheleznitsata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pad-na-prevezenata-stoka-so-zheleznitsata/#respond Mon, 27 Feb 2023 10:25:31 +0000 https://kurir.mk/?p=805550

Во четвртото тримесечје од 2022 година, во патниот патнички превоз бројот на патници изнесува 939 000, во градско-приградскио 11 825 000, во железничкиот 131 000, а во воздухопловниот превоз 559 095, објави денеска Државниот зваод за статистика. Во патниот патнички превоз лани вкупно биле превезени 3 460 000 патници, во градско приградскиот, 41 634 000, во железничкиот 406 000, а во воздухопловниот 2 365 847. Во четвртото тримесечје од 2022 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2021 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20,7 проценти, во железничкиот е намаленo за 28,5 проценти, а во воздухопловниот е намалено за 3,5 проценти. Според податоците на ДЗС, во последниот квартал лани се превезени 22 061 000 тони стока во товарниот патен превоз, а во тек на целата година 74 639 000. Железничкиот превоз, пак, бил искористен за транспорт на 316 000 тони стока во четвртиот квартал, а во тек на цела 2022 година се транспортирани 1 372 000 тони стока. Од превезената стока со железницата во последниот квартал лани, 315 илјади тони се во меѓународниот, а илјада тони во националниот железнички превоз.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pad-na-prevezenata-stoka-so-zheleznitsata/feed/ 0
Коруноски: Дали по 150 години Македонија јубилејот на железницата ќе го дочека без возови? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/korunoski-dali-po-150-godini-makedonija-jubilejot-na-zeleznicata-kje-go-docheka-bez-vozovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/korunoski-dali-po-150-godini-makedonija-jubilejot-na-zeleznicata-kje-go-docheka-bez-vozovi/#respond Tue, 29 Nov 2022 11:12:16 +0000 https://kurir.mk/?p=768158

Колумна на Игор Коруноски, м-р по технички науки:  Железничкиот сообраќај на територијата на Р. Македонија се одвива од далечната 1873 година. Следнава 2023 година ќе одбележиме јубилеј, 150 години железници во Македонија, односно 150 години од пуштањето на пругата Солун – Скопје и воспоставување на железнички сообраќај во Македонија. Железницата низ историјата во одредени временски периоди одиграла клучна улога во формирањето, градењето и развојот на македонската држава. Така на пример за време на втората светска војна железницата и железничките работници имале активно учество во ослободителното движење на Македонија, а подоцна и во економскиот развој на државата. Во тоа тешко време всушност се направени и најголемите чекори за изградба на железничка мрежа во Р. Македонија. Во тој период во 1926 година е изградена пругата Велес – Кочани, во 1931 година Прилеп – Битола, во 1936 година Велес – Прилеп, во 1952 година Скопје – Гостивар, во 1956 година Куманово – Бељаковце, во 1957 година Бакарно гумно – Сапотница, во 1969 год. Гостивар – Кичево со крак Зајас – тајмиште и последно во 1981 година скопскиот железнички јазол и новата патничка станица Скопје. Но сега сме на крајот од 2022 година. Време на нови предизвици и нови околности. Денес Република Македонија веќе 31 година е самостојна, независна држава. Се поставува прашањето: Што ние како нови генерации кои работиме и создаваме во слободна, независна, самостојна држава, успеавме да направиме за подобрување и унапредување на железничкиот сообраќај во Р. Македонија? Дали изградивме километар плус нова пруга од онаа што ја изградиле нашите предци? Одговорот е не. Реалноста е сурова и поразителна за сите нас. Нашите предци во многу потешки услови од сегашниве успеале да градат железничка мрежа, а ние не само што не изградивме нови пруги, туку дозволивме и постоечките да ги уништиме. И за тоа виновникот не треба да го бараме од надвор, виновни сме сите ние кои живееме, работиме и создаваме во оваа држава. Денес во 21 век имаме руинирани нефункционални пруги, застарен возен парк, маратонско доцнење на возовите, укинати железнички линии без меѓународно железничко поврзување. Денес сме слепо црево на балканот. Наместо да станеме држава со технолошки развиена и усовршена железница, ние станавме железнички изолирана земја. Замислете пред 150 години можело да се патува со воз од Скопје до Солун, а сега во 21 век тоа е невозможно. Од друга страна да не одиме подалеку, да видиме како соседните држави напредуваат во железничкиот сектор. Еве на пример во соседна Србија, постојано слушаме за нови проекти во железницата, за изградба на брзи пруги, набавки на брзи возови, скратување на времето на патување, подобрување на железничките услуги, интегрирање со железничка Европа итн. Додека тие одат напред, ние стоиме во место. Како да се подобри оваа ситуација во интерес на стабилен железнички сообраќај и задоволни корисници на железнички услуги? Како до современи, квалитени и ефикасни македонски железници? Ако сакаме да останеме и живееме во оваа наша Македонија мораме да се надминеме себеси, да ги засукаме ракавите и да тргнеме од негде. Ваквата коматозна состојба не нè води кон прогрес. За континуиран развој на железничкиот сообраќај и подобрување на железничките услуги, потребен е консензус за изработка на државна стратегија за развој на железничкиот сообраќај во Р. Македонија. Стратегија од која нема да има отстапување, без разлика кој е на позиција да одлучува за иднината на државата. Потребно е отворање на широка дебата на која стручни лица ќе дадат препораки за подготвување државна стратегија која ќе обезбеди ефикасен и сигурен железнички систем за превоз на патници и стока. Развојот на железницата е значаен и има директно и индиректно влијание на економскиот развој на Р. Македонија. Зголемена безбедност, зголемен квалитет на сообраќајните услуги, интеграција во транспортниот систем на Европска унија, економски раст низ ефикасен и евтин транспорт и заштита на животната средина се придобивки кои треба да бидат резултат на таа стратегија. Во таа дебата со свои идеи и предлози секако потребно е да се вклучи и бизнис секторот како крајни корисници на железничките услуги. Целта на ЕУ е единствен транспортен пазар на кој нема да постојат граници за железничките оператори. Железницата е еден од најсложените инфраструктурни системи, нејзиното значење треба да го сфатат сите оние кои одлучуваат за иднината на оваа држава и да се има волја за нејзино помагање. Но за тоа се потребни стручни лица кои ќе имаат можности да носат вистински одлуки без мешање на политиката. Неопходна е подобра организација на работите во која главен адут се човековите ресурси. Потребни се млади стручни кадри кои ќе го превземат товарот и со истите идеали како нивните предци, кои ги граделе пругите, ќе одат напред кон модерни и современи македонски железници, затоа што македонските граѓани го заслужуваат тоа.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/korunoski-dali-po-150-godini-makedonija-jubilejot-na-zeleznicata-kje-go-docheka-bez-vozovi/feed/ 0
Стоилковски: Железницата во кома, 10 милиони денари годишно за директорите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zeleznicata-vo-koma-10-milioni-denari-godishno-za-direktorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zeleznicata-vo-koma-10-milioni-denari-godishno-za-direktorite/#respond Tue, 22 Nov 2022 12:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=764763

Продолжуваме со аферата „Паразити“, продолжуваме со објавување на платите на именувани лица од Владата додека државата колабира. Македонската железница е во кома, Македонија е железнички изолирана држава, домашниот сообраќај до Кичево или до Кочани е укинат, а релацијата Скопје - Битола трае по 10 часа, ако  патниците воопшто ја имаат среќата да стигнат до дестинацијата или пак да го дочекаат возот, ама пак затоа пари мора да се има за директорите, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција: Македонски железници, акционерско друштво во државна сопственост, е дел од колачот за делење на менаџерски позиции и за високи директорски плати. Македонски железници има седум директорски позиции со плати над 70 илјади денари, без додатоци! Сите седуммина се членови на Управниот одбор на Железници.
  1. Саша Јовановски, директор на патнички сообраќај член на Управен одбор на МЖ транспорт АД – Скопје, со плата над 70.000 денари.
  2. Милчо Смилевски, директор на товарен сообраќај и член на Управниот одбор на МЖ, со плата над 72.000 денари.
  3. Брахим Ајваз, директор на маркетинг и продажба и член на Управен одбор на Железници, плата над 72.000 денари.
  4. Сашко Ангеловски, директор за влеча и одржување на возни средства и член на Управен одбор на Железници, плата над 70.000 денари.
  5. Шенур Османи, директор за финансиски и економски работи и член на УО на Железници, плата над 70.000 денари.
  6. Местото директор за правни работи и човечки ресурси и секако член на УО, во моментов е испразнето, а е позиција, со плата над 70.000 денари.
  7. И секако на крај, Мајан Вејсели, Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор на Железници, соплата околу 75.000 денари.
  За оваа состојба со парите во рамки на аферата „Паразити“ во Акционерското друштво Македонски железници мора да се напомене дека овие директори, ангажирале и петмина советници, платени советници, со позиција со „коефициент осум“ по списокот во Македонски железници, односно со плати над 60.000 денари. Железничкиот сообраќај е во кома, ама месечно за плати на директорите и нивните советници има и се двојат над 800.000 денари! Десет милиони денари годишно земаат директорите и нивните советници за работниците да немаат плата, а за линијата Битола - Скопје да се вози и да се чека воз над 10 часа, ако воопшто стигне возот! Железници служат само за намирување на коалицискиот капацитет на оваа ненародна власт. Македонски железници е едно од претпријатијата најголемите загубари во државата, со долг од над 67 милиони евра Македонски железници во пет години, почитувани, има сменето дури шестмина генерални директори, почнувајќи од СДС, па Алтернатива, па Беса, сега повторно Алтернатива, во зависност од апетитите, или додека не се најде друго место за задоволување на апетитите на коалициските партнери на власта, како на пример Орхан Муртезани, којшто од генерален директор во Македонски железници, сега е генерален директор во МЕПСО, за кого што веќе ја објавивме платата во рамки на аферата „Паразити“! Од буџетот се двојат огромни пари за директори и паразити додека државните фирми работат без никаков учинок и нудат се помалку квалитет и функционалност кон народот. Паразитлукот ја изеде државата и доведе до сиромаштија, рецесија и инфлација. Потребни се избори, за да се стави крај на паразитлукот на власта! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zeleznicata-vo-koma-10-milioni-denari-godishno-za-direktorite/feed/ 0
Два часа блокиран железничкиот сообраќај на станицата во Велес, вработените на „Колска“ на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dva-chasa-blokiran-zeleznichkiot-soobrakjaj-na-stanicata-vo-veles-vrabotenite-na-kolska-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dva-chasa-blokiran-zeleznichkiot-soobrakjaj-na-stanicata-vo-veles-vrabotenite-na-kolska-na-protest/#respond Wed, 12 Oct 2022 10:50:08 +0000 https://kurir.mk/?p=744215

Седумдесетина вработени на велешката фабрика за шински возила „Колска“ предводени од Синдикатот, кој е членка на ССМ, утрово од 07 до 09 часот го блокираа патниот железнички сообраќај на железничката станица во Велес. Вработените предводени од Синдикатот на „Колска“, како што велат, се револтирани поради тоа што веќе пет-шест месеци Управата за јавни приходи им ја блокира сметката поради заостанат долг од околу 650 илјади евра за периодот од 2013 до 2017 година. Во изјава за МИА директорот на „Колска“ Мите Јанков вели дека бараат од УЈП итно одблокирање на сметката за да можат да набават репроматеријали и да можат да платат струја и други комунални трошоци. -Во периодот од 2013 до 2017 година поранешното раководство на „Колска“ воопшто не плаќале ДДВ поради што направиле долг од околу 650 илјади евра. УЈП бара од „Колска“ тој долг законски да се плати во рок од три години по 20 илјади евра месечно. Ние тој долг не можеме да го платиме со овој број на 70 вработени што останаа на работа. Можеме да си го платиме само за тековниот месец, односно онаа работа што сега ја работиме, само за неа можеме да платиме ДДВ, вели Јанков. Според Јанков, заостанатиот долг ќе можат да го платат во зависност од тоа кога ќе имаат прилив на средства. – Ни ја блокираа сметката и не можеме да работиме редовно, а ни бараат да враќаме редовно, изјави Јанков. Бараат од Владата итно да им помогне и за утре планираат да дојдат на протест во Скопје. Јанков, кој го подржува Синдикатот на „Колска“, утре најави дека ќе обезбеди автобуси за работниците до Скопје и назад. Велат, ако се затвори „Колска“, тогаш ќе нема кој да ги репарира вагоните на Железници и ќе мора да се носат во Србија, Грција или Бугарија. Во моментот во работилницата на „Колска“ имаат 25 товарни вагони за репарација и еден патнички вагон, кои треба да бидат направени до Нова година. „Колска“ е единствена фабрика со ваква намена во земјава која порано беше во состав на Железници. Преостанатите 70 од некогашните 350 вработени со години бараат повторно да бидат во состав на Железници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dva-chasa-blokiran-zeleznichkiot-soobrakjaj-na-stanicata-vo-veles-vrabotenite-na-kolska-na-protest/feed/ 0
Германија: Нема индиции дека зад саботажата на железницата стои странска држава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-nema-indicii-deka-zad-sabotazata-na-zeleznicata-stoi-stranska-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-nema-indicii-deka-zad-sabotazata-na-zeleznicata-stoi-stranska-drzava/#respond Sun, 09 Oct 2022 14:04:19 +0000 https://kurir.mk/?p=743114

Германската полиција соопшти денеска дека не исклучува дека стојат политички мотиви зад  саботажата на железничките комуникациски кабли, но дека нема индиции дека тоа го направиле други земји или странски терористи. Портпаролот на берлинската полиција   објави дека се уште се истражува саботажата на комуникациската инфраструктура во Берлин и Херне во Северна Рајна Вестфалија, поради која железничкиот сообраќај на северот на земјата беше во прекин околу три часа. Тоа не е прв напад на комуникациските врски на железничката компанија Дојче Бан, но е најголем во последните години. Германските железници вчера објавија дека причина за неколкучасовните големи проблеми во железничкиот транспорт во северна Германија е саботажа на комуникациските кабли. Прекинот го вклучи алармот откако НАТО и Европската унија минатиот месец ја нагласија потребата да се заштити клучната инфраструктура, по саботажата на гасоводот Северен поток. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-nema-indicii-deka-zad-sabotazata-na-zeleznicata-stoi-stranska-drzava/feed/ 0
Велика Британија парализирана од штрајкот на синдикатите во железницата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-paralizirana-od-shtrajkot-na-sindikatite-vo-zeleznicata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-paralizirana-od-shtrajkot-na-sindikatite-vo-zeleznicata/#respond Sat, 01 Oct 2022 18:33:56 +0000 https://kurir.mk/?p=739958

Британските железници денеска се речиси во целосен застој поради штрајкот на синдикатите, бидејќи вработените бараат зголемување на платите поради инфлацијата. Низ земјата денеска сообраќаат само 11 отсто од возовите, а во некои делови на Велика Британија воопшто нема железнички сообраќај. Еден од синдикатите, кој им се извини на граѓаните за штрајкот, објави дека британската Влада е одговорна за штрајкот „поради предлогот да се укинат некои работни места и да се намалат пензиите и платите“. Британските домаќинства се соочуваат со инфлација од околу 10 отсто и се загрижени дали ќе можат да ги платат сметките за парно и други сметки оваа зима. Железничарите, пристанишните и поштенските работници, адвокатите и градските чистачи од јуни организираат штрајкови со барања за повисоки плати во услови на криза со зголемените трошоци за живот. Штрајкови на железницата и лондонското метро се закажани за и за следната недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-paralizirana-od-shtrajkot-na-sindikatite-vo-zeleznicata/feed/ 0
Железницата на Србија најави проект за реконструкција на пругата Ниш-Прешево-Македонија за големи брзини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zeleznicata-na-srbija-najavi-proekt-za-rekonstrukcija-na-prugata-nish-preshevo-makedonija-za-golemi-brzini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zeleznicata-na-srbija-najavi-proekt-za-rekonstrukcija-na-prugata-nish-preshevo-makedonija-za-golemi-brzini/#respond Thu, 21 Jul 2022 15:06:32 +0000 https://kurir.mk/?p=708528

Железницата на Србија најави проект за реконструкција на пругата Ниш-Прешево-Македонија за возови со голема брзина во должина од 92 километри како дел од проектот за модернизација на коридорот Белград-Ниш-Прешево. Вредноста на работите на овие делници од пругата е 182,25 милиони евра, а ја финансираат ЕИБ со 90,5 милиони евра и ВИБФ со 4 милиони евра, како и Србија со 14,67 милиони евра. Завршувањето на проектот се очекува до крајот на 2025 година, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти регионална платформа која собира професионалци во областа на транспортот и логистиката, порталот Плутонлогистикс, модернизацијата на овој дел од железницата опфаќа работи на делниците Брестовац-Винарци, Орево-Врањска Бања, Ристовац-Бујановац и Букаревац-Прешево-граница со Северна Македонија. – Делницата Ниш-Прешево е една од најстарите железнички линии во Србија и најважната делница на Коридорот 10. Оваа електрифицирана линија долга 151 км се користи за најголемиот дел од транспортот во Србија, соопшти Плутонлогистикс. Во рамки на проектот е предвидена и санација и доградба на железничката линија Белград-Ниш во должина од 228 километри. Вкупните проценети трошоци за модернизација и реконструкција на коридорот Белград-Ниш-Прешево во должина од 350 километри (поделен на неколку делници) изнесуваат 2,5 милијарди евра. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе и додели на Србија државен заем од 500 милиони евра за реализација на овој проект.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zeleznicata-na-srbija-najavi-proekt-za-rekonstrukcija-na-prugata-nish-preshevo-makedonija-za-golemi-brzini/feed/ 0
Рааб: Поради штрајкот најмногу страдаат оние со најниски примања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raab-poradi-shtrajkot-najmnogu-stradaat-onie-so-najniski-primanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raab-poradi-shtrajkot-najmnogu-stradaat-onie-so-najniski-primanja/#respond Wed, 22 Jun 2022 09:27:48 +0000 https://kurir.mk/?p=694038

Заменикот на британскиот премиер, Доминик Рааб денеска изјави дека Владата не смее да им дозволи на „милитантните синдикати“ да победат во штрајкот на железничарите, предупредувајќи оти исполнување на нивните барања може да доведе до спирала на инфлацијата. Над 40.000 вработени ги напуштија своите работни места вчера, за време на првиот ден од најголемиот штрајк на железницата во Велика Британија во изминатите 30 години. Со тоа, се создаде хаос во сообраќајот. – Мислам дека нема може да им дозволиме на синдикатите, на ваков доста милитантен начин што го одбрале, да победат во овој спор, бидејќи тоа ќе им наштети на најсиромашните во нашата заедница. Поради штрајкот најмногу страдаат оние со најниски примања, а така ќе биде и доколку навлеземе во таа спирала на инфлацијата кон што водат барањата на синдикатите, истакна Рааб за Скај њуз. Синдикатите најавија дека штрајкот на железничарите би можел да го означи почетокот на „летото на незадоволство“ на кои ќе им се придружат наставниците, медицинските лица, комуналните работници, па дури и адвокатите вклучени во индустриската акција. Сето ова се случува во контекст на големите поскапувања на храната и горивата, кои ја туркаат инфлацијата кон стапка од 10 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raab-poradi-shtrajkot-najmnogu-stradaat-onie-so-najniski-primanja/feed/ 0