железничари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Dec 2022 16:11:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png железничари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штрајк на железничарите во Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-zeleznicharite-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-zeleznicharite-vo-velika-britanija/#respond Tue, 13 Dec 2022 16:32:06 +0000 https://kurir.mk/?p=775097

Британските железничари денеска на повик на синдикатот започнаа штрајк, со барања за повисоки плати во мигови кога растечката инфлација го разјадува животниот стандард. Синдикатот за железнички, поморски и патен транспорт повика на два 48-часовни штрајкови оваа седмица, со откажување на услугите прво денеска и утре, а потоа и в петок и сабота. Штрајковите следат по неуспехот на преговорите со работодавците и откако синдикатите ја отфрлија најновата понуда за платите и условите за работа од компаниите што управуваат со железничката мрежа. Во Велика Британија за овој месец се најавени штрајкови уште и на медицинските сестри, граничарите и на возачите на Службата за итна медицинска помош, принудувајќи ја Владата да размисли за мобилизирање на армијата како припомош во јавните услуги зимава. Штрајковите може да го загрозат и бизнисот на продавниците, хотелите и рестораните чии приходи во многу зависат токму од работењето за време на Божикните и новогодишните празници. Незадоволството на работниците е големо бидејќи високите цени на храната и енергенсите предизвикаа инфлацијата да достигне 11,1 отсто, што е ниво највисоко во последните 41 година. Поради штрајкови во октомври се изгубени околу 417 илјади работни денови, најмногу во последната деценија. Освен барањето за зголемување на платите, синдикатот се спротивставува на предлозите што би можеле да доведат до губење работни места и принуденост на вработените да работат ноќе и викенди, со ризици по безбедноста. Железничките компании и Владата наведуваат дека мора да се промени начинот на работа на железничката мрежа за да се контролираат трошоците настанати поради пандемијата која влијаеше за намалување на патничкиот сообраќај. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-zeleznicharite-vo-velika-britanija/feed/ 0
Најголем штрајк на британските железничари во последните 30 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najgolem-shtrajk-na-britanskite-zeleznichari-vo-poslednite-30-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najgolem-shtrajk-na-britanskite-zeleznichari-vo-poslednite-30-godini/#respond Tue, 21 Jun 2022 08:55:47 +0000 https://kurir.mk/?p=693544

Најголемиот штрајк на железницата во последните 30 години во Велика Британија започна денеска кога десетици илјади работници ги напуштија своите работни места поради спор околу платите, работните услови и работните места. Овој штрајк може да биде почеток на понатамошни акции во индустријата, но и во целата економија во наредните месеци. Штрајкот започна рано наутро и се очекува да учествуваат над 40.000 работници кои, како што е најавено, се очекува да штрајкуваат денеска, во четврток и во сабота, што ќе доведе до застој на железничката мрежа. Поради штрајкот затворено е и лондонското метро. Премиерот Борис Џонсон, кој е под притисок да стори што е можно повеќе за да им помогне на граѓаните да се справат со најтешката економска криза во последните децении, рече дека индустриската акција дополнително ќе го забави закрепнувањето на компанијата од пандемската криза. Синдикатите најавија дека штрајковите на железницата би можеле да го означат почетокот на „летото на незадоволство“ на кое ќе им се придружат наставниците, медицинските лица, комуналните работници, па дури и адвокатите вклучени во индустриската акција. Сето ова се случува во контекст на големите поскапувања на храната и горивата, кои ја туркаат инфлацијата кон стапка од 10 проценти. Џонсон, пак, тврди дека штрајковите им штетат повеќе на луѓето за кои тврдат дека им помагаат. – Со продолжување на овој штрајк, железничките работници ги принудуваат патниците, луѓето кои патуваат на работа, кои на крајот на краиштата ги поддржуваат работните места на железничарите, а влијаат и на погодуваат компаниите и заедниците во земјата, изјави денеска Џонсон. Илјадници луѓе учествуваа на синдикалниот собир во центарот на Лондон во саботата. Штрајковите се одржуваат во време кога патниците на британските аеродроми се соочуваат со хаос поради доцнење и откажување летови во последен момент поради недостиг на персонал, а многу Британци мора да чекаат месеци за нови пасоши поради доцнење во обработката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najgolem-shtrajk-na-britanskite-zeleznichari-vo-poslednite-30-godini/feed/ 0