железничка мрежа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 10:49:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png железничка мрежа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бочварски: Се планира инвестиција од над една милијарда евра во железничката мрежа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-se-planira-investicija-od-nad-edna-milijarda-evra-vo-zeleznichkata-mreza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-se-planira-investicija-od-nad-edna-milijarda-evra-vo-zeleznichkata-mreza/#respond Thu, 17 Nov 2022 10:49:49 +0000 https://kurir.mk/?p=762312

Финализирањето на патниот и железничкиот Коридор 8 е предизвик и нешто на кое сме силно фокусирани во овој период. Нашата цел е со регионалните партнери, Бугарија, Албанија и Италија овој Коридор да го позиционираме во единствениот Коридор на Западен Балкан. Поради тоа планираме инвестиција од преку една милијарда евра само во железничката мрежа, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешниот панел за Кластерот 4. Како што истакна Бочварски, ова било и темата на која пред два дена во Брисел  разговарал со еврокомесарката за транспорт. -Во текот на разговорите со еврокомесарката воедно побаравме и поддршка од европските фондови во оваа фаза на преговори, напомена министерот. Во однос на приоритетите поврзани со кластерите 21 и 4, е, подвлече Бочварски, и алатката „е-транспорт“ која овозможува посебна граѓанска контрола врз внатрешниот и меѓународниот превоз на патници. -На Коридорот 10 работиме на постапките за воведување интелигентен транспортен систем (ИТС) кој подразбира имплементација на мерки за поголема безбедност и информации за возачите во реално време. Во 2023 година е предвидена тендерска постапка и имплементација на ИТС, рече министерот. Тој се осврна и на зелената агенда, нагласувајќи дека се најавени измени во Законот за градење со кои ќе се поедностави постапката за поставување фотоволтаици, како за физичките така и за правните лица. -КОВИД пандемијата не натера да делуваме регионално и Северна Македонија во тој дел беше првата земја што воспостави „зелени коридори“ со држава членка на ЕУ, за брз и навремен транспорт на стоките и услугите, потенцира Бочварски. Пред него се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, а дебатата ја отвори вицепремиерот Бојан Маричиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-se-planira-investicija-od-nad-edna-milijarda-evra-vo-zeleznichkata-mreza/feed/ 0