железничка пруга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 19:15:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png железничка пруга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пуштена во промет пругата од македонско-косовската граница до Косово Поле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pushtena-vo-promet-prugata-od-makedonsko-kosovskata-granitsa-do-kosovo-pole/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pushtena-vo-promet-prugata-od-makedonsko-kosovskata-granitsa-do-kosovo-pole/#respond Sat, 04 Nov 2023 19:15:10 +0000 https://kurir.mk/?p=896527

Железничката линија од Генерал Јанковиќ, на косовската страна на границата со Северна Македонија, до Косово Поле, во близина на косовската престолнина, денеска беше отворена по подолго време, откако беа пуштени во употреба два тунели на трасата, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната церемонија по повод отворањето на пругата, косовскиот премиер Албин Курти го опиша настанот како еден од најважните за косовската инфраструктура и за поврзувањето на земјата со регионот. Двата тунели, кои беа срушени во косовската војна од 1998-99 година, се долги, едниот 262 метри, а другиот 122. Според Курти, со целокупниот проект за ревитализација на косовските железници се предвидуваат 13 нови мостови и седум тунели, „реконструирани според највисоките европски стандарди за железнички транспорт“. Во соопштението на Владата на Косово се наведува дека вредноста на работите во овој сегмент, од границата на Северна Македонија до Косово Поле, е над 164 милиони евра, додека над 200 милиони евра е планираната вредност за преостанатиот сегмент до Митровица и од Митровица до северната граница на Косово. Курти изрази благодарност до Европската унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, за поддршката на финансирањето и рехабилитацијата на оваа железничка пруга, „која граѓаните на Косово уште повеќе ќе ги доближи до Европската унија“. - Овој проект со години се соочуваше со многу предизвици и пречки. Тие се надминуваат благодарение на решителноста на раководителите, инженерите и работниците на Косовските железници – јавното претпријатие Инфракос, нашето Министерство за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, Министерството за економија… и Министерството за финансии, труд и трансфери, изјави Курти. Тој додаде дека „железницата е многу важна инфраструктура која го поврзува Косово со регионот и со Европа и го отвора патот на раст и развој“. Министерката за економија, Артане Ризваноли рече дека штотуку отворената пруга нуди подобри можности за граѓаните и бизнисите, поевтин и побрз транспорт, додека министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура Либурн Алиу изјави дека со оваа пруга Приштина се поврзува директно со Скопје и Солун.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pushtena-vo-promet-prugata-od-makedonsko-kosovskata-granitsa-do-kosovo-pole/feed/ 0
ЕУ додели грант од 137,9 милиони евра за железничката пруга што ја поврзува Тирана со Подгорица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-dodeli-grant-od-137-9-milioni-evra-za-zeleznichkata-pruga-shto-ja-povrzuva-tirana-so-podgorica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-dodeli-grant-od-137-9-milioni-evra-za-zeleznichkata-pruga-shto-ja-povrzuva-tirana-so-podgorica/#respond Fri, 15 Jul 2022 10:58:04 +0000 https://kurir.mk/?p=705650

Европската унија, во рамките на економскиот план и вложувања во Западен Балкан, со 137,9 милиони евра ќе ги финансира работите за рехабилитација на железничката пруга што ја поврзува Тирана со Подгорица. Веста ја соопшти делегацијата на Европската Унија во Албанија, која наведува дека оваа инвестиција во форма на грант од ЕУ ќе започне во третиот квартал на 2023 година. Албанската влада ќе кофинансира 3,3 милиони евра, додека 62,9 милиони евра се заеми од Европската банка за обнова и развој, ЕБОР, а 62,9 милиони евра се заеми од Европската инвестициска банка(ЕИК). Со инвестицијата во железничката пруга од општина Вора, кај Тирана, до граничниот премин ХанХоти-Божај, на албанско – црногорската граница, предвидена е рехабилитација на 120 километри железничка пруга и реконструкција на 12 железнички станици. Со реализација на проектот ќе се обезбеди побрзо патување, со брзина до 120 километри на час и подобрување на безбедносните параметри, а се очекува да го зголеми меѓународниот железнички сообраќај за стоки и луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-dodeli-grant-od-137-9-milioni-evra-za-zeleznichkata-pruga-shto-ja-povrzuva-tirana-so-podgorica/feed/ 0
Товарен воз усмрти двајца мигранти кои лежеле на пругата меѓу Миравци и Клисура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tovaren-voz-usmrti-dvajca-migranti-koi-lezele-na-prugata-megju-miravci-i-klisura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tovaren-voz-usmrti-dvajca-migranti-koi-lezele-na-prugata-megju-miravci-i-klisura/#respond Wed, 29 Jun 2022 10:14:54 +0000 https://kurir.mk/?p=697234

Денеска (29.06.2022) во 02.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на железничката пруга, помеѓу Железничка станица Миравци и Железничка станица Клисура, товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија - Товарна Трубарево удрил во две лица мигранти коишто лежеле на пругата, информира МВР. Двете лица од здобиените повреди починале на местото на несреќата. Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tovaren-voz-usmrti-dvajca-migranti-koi-lezele-na-prugata-megju-miravci-i-klisura/feed/ 0
Жител на Муртино со автомобил паднал на железничка пруга, тешко повредени две лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zitel-na-murtino-so-avtomobil-padnal-na-zeleznichka-pruga-teshko-povredeni-dve-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zitel-na-murtino-so-avtomobil-padnal-na-zeleznichka-pruga-teshko-povredeni-dve-lica/#respond Mon, 28 Dec 2020 11:14:12 +0000 https://kurir.mk/?p=449355

На 28.12.2020 околу 03,30 часот во близина на село Пепелиште, А.И.(49) од село Муртино, струмичко управувајќи патничко моторно возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на железничката пруга Криволак - Неготино, информира МВР. По незгодата на возачот А.И. и сопатникот М.И.(23) од село Муртино, струмичко, во Општа болница Кавадарци, им биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zitel-na-murtino-so-avtomobil-padnal-na-zeleznichka-pruga-teshko-povredeni-dve-lica/feed/ 0
Укинат бесплатниот превоз со Железницата, се затвора Скопскиот аеродром, ограничен влез во државата за странци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinat-besplatniot-prevoz-so-zeleznicata-se-zatvora-skopskiot-aerodrom-ogranichen-vlez-vo-drzavata-za-stranci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinat-besplatniot-prevoz-so-zeleznicata-se-zatvora-skopskiot-aerodrom-ogranichen-vlez-vo-drzavata-za-stranci/#respond Tue, 17 Mar 2020 07:56:28 +0000 https://kurir.mk/?p=317575

Железници Транспорт да го укине бесплатниот превоз на патници, Меѓународниот аеродром Скопје и граничниот премин на аеродромот да се затворат во рок од 48 часа, да се затворат сите гранични премиени за влез на странски државјани, а камионските превозници да ги почитуваат препораките за заштита при патување во земји со среден и висок ризик. Тоа се најновите  заклучоци што ги донесе Владата на синоќешната седница, разгледувајќи ги насоките од состанокот на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот Ковид 19. Според заклучокот на Владата, се затвораат Меѓународниот аеродром Скопје и граничниот премин на овој аеродорм по истек на 48 часа од  влегувањето во сила на оваа одлука, освен за државни, воени, хуманитарни, болнички, карго и легови без патници за позиционирање на воздухоплови, со претходна најава до аеродромскиот оператор ТАВ Македонија ДООЕЛ, а АД М-НАВ Скопје да издаде НОТАМ препораки за истото. Претходно, со одлука на Владата, како превентивна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот  беше затворен и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Како што одлучи Владата на синоќешната седница, зе затвораат сите гранични премини во РСМ за премин на странски државјани – патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставниците од дипломатскиот кор во државава, како и за други лица, за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес.  Тие товарни возила и лица ќе влезат во држвава според посебни услови за заштита согласно со протоколот на Министерството за здравство. Железници на РСМ, Транспорт АД Скопје, пак, по принципот на донесените одлуки од ЈСП Скопје, треба времено да ги прекине мерките кои се однесуваа на бесплатните билети и бесплатниот превоз за возрасни лица. Претходно, ЈСП Скопје ги укина бесплатните билети за учениците и пензионерите и сообраќа во возен ред како во тек на зимскиот распуст. Владиниот кабинет утврди и препораки за превозници кои патуваат во средно и високо ризичини земји. Превозниците на тешки товари возила за превоз на прехранбени производи и друга стока при патување во земјите со среден и висок ризик на Ковид 19, за време на нивниот транзитен превоз и престој, утовар или растовар на стока во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат  мерките за лична и колективна заштита. Конкретно, им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет, им се забранува контакт со други лица. Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства:ракавици за еднократна употреба, заштитни маски N 95 или FFP 3 за единечен филтер, а нема потреба од носење на заштитни мантили, како и заштитни ночари и каљачи Заради можноста од остварување директен респираторен контакт со заболени лица на Ковид 19 во мотелите , хотелите и рестораните се препорачува  тие да спијат во кабините на своите моторни возила. При враќање во државава треба да стапат во контакт со надлежна епидемиолошка служба – Центар за јавно здравје заради добивање на натамошни инструкции за мерки и постапки доколку пројават симтоматологија. Како што стои во препораките, за време на патување, после секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е дезинфекција на рацете, максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10 – 15 секунди (особено со лица со симптоми), почесто проветрување на кабината за време на возењето. При престојот во кабина нема потреба од носење лична заштитна опрема. Забрането е примање на слепи патници и задолжително треба да имаат средства за дезинфекција на раце на база на алкохол за време на патувањето. Воедно, зе задолжува Здружението на лиценцирани автопревозници да изготви свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризичини земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinat-besplatniot-prevoz-so-zeleznicata-se-zatvora-skopskiot-aerodrom-ogranichen-vlez-vo-drzavata-za-stranci/feed/ 0
Познат идентитетот на скопјанецот кој почина на железничка пруга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznat-identitetot-na-skopjanecot-koj-pochina-na-zeleznichka-pruga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznat-identitetot-na-skopjanecot-koj-pochina-na-zeleznichka-pruga/#respond Wed, 18 Sep 2019 09:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=241992

На 17.09.2019 околу 22.00 часот на железничка пруга, пред надвозникот на бул.„Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола - Скопје удрил во пешакот Н.М.(31) од Скопје, кој починал на местото. Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznat-identitetot-na-skopjanecot-koj-pochina-na-zeleznichka-pruga/feed/ 0