железнички сообраќај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Sep 2023 09:13:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png железнички сообраќај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола во прекин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zheleznichkiot-soobrakaj-na-relatsija-skopje-bitola-vo-prekin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zheleznichkiot-soobrakaj-na-relatsija-skopje-bitola-vo-prekin/#respond Mon, 25 Sep 2023 09:13:20 +0000 https://kurir.mk/?p=881488

Сообраќајот на пругата Скопје -Битола - Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион. Од Железници на Република Северна Македонија-Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот. - Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај, се наведува во денешното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zheleznichkiot-soobrakaj-na-relatsija-skopje-bitola-vo-prekin/feed/ 0
Продолжува прекинот на железничкиот сообраќај поради бојкот на вработените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-prekinot-na-zheleznichkiot-soobrakaj-poradi-bojkot-na-vrabotenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-prekinot-na-zheleznichkiot-soobrakaj-poradi-bojkot-na-vrabotenite/#respond Sat, 26 Aug 2023 08:24:26 +0000 https://kurir.mk/?p=871117

Железничкиот сообраќај во државава и денеска е во прекин поради бојкотот на машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт. Причина за бојкотот, што почна вчера попладне, е неисплатениот втор дел од платата за јули годинава. Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, за МИА изјави дека од стартот на бојкотот не сообраќаат ниту патничките ниту товарните возови. Досега, како што вели, не се реализирани предвидените сообраќања согласно со возниот ред на шест патнички и пет товарни возови. Димовски најави дека бојкотот ќе трае до исполнување на барањето, но и постигнување договор за редовна целосна исплата на платите. -Ова веќе на ништо не личи, речиси за секоја плата мора да правиме бојкот и затоа ќе бараме да почнеме преговори и да се постигне договор да прекине оваа пракса, рече Димовски. И на крајот на јули имаше прекин во железничкиот сообраќај исто така поради неисплатен втор дел од плата, а од истата причина и претходно во неколку наврати вработените ја бојкотираа работата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-prekinot-na-zheleznichkiot-soobrakaj-poradi-bojkot-na-vrabotenite/feed/ 0
Прекин на железничкиот сообраќај од 16 часот: Бојкот на машинскиот и извршен персонал поради неисплатена плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekin-na-zheleznichkiot-soobrakaj-od-16-chasot-bojkot-na-mashinskiot-i-izvrshen-personal-poradi-neisplatena-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekin-na-zheleznichkiot-soobrakaj-od-16-chasot-bojkot-na-mashinskiot-i-izvrshen-personal-poradi-neisplatena-plata/#respond Fri, 25 Aug 2023 13:39:03 +0000 https://kurir.mk/?p=870911

Машинскиот и извршен персонал во ЖРСМ Транспорт попладнево во 16 часот ќе стапи во бојкот со прекин на железничкиот сообраќај поради неисплатен втор дел од платата за јули, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал. Димовски најави дека нема да сообраќаат патничките и товарните возови. -Бојкотот ќе трае до исполнување на поставеното барање, изјави Димовски. Тој соопшти дека првиот воз што нема да сообраќа поради бојкотот ќе биде на релација Скопје-Гевгелија предвиден со возниот ред за 16:55 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekin-na-zheleznichkiot-soobrakaj-od-16-chasot-bojkot-na-mashinskiot-i-izvrshen-personal-poradi-neisplatena-plata/feed/ 0
Постигнат договор за платата на машиновозачите, железничкиот сообраќај ќе се нормализира од 20 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postignat-dogovor-za-platata-na-mashinovozachite-zheleznichkiot-soobrakaj-ke-se-normalizira-od-20-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postignat-dogovor-za-platata-na-mashinovozachite-zheleznichkiot-soobrakaj-ke-se-normalizira-od-20-chasot/#respond Mon, 31 Jul 2023 16:34:34 +0000 https://kurir.mk/?p=862104

Железничкиот сообраќај во државава ќе се нормализира вечер во 20 часот откако претставниците на машинскиот извршен персонал и на раководството во ЖРСМ Транспорт доцна попладнето постигнаа договор за исплата на вториот дел од платата за јуни и за старт на преговори за измени во актот за систематизација, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал. Сообраќајот, што е во прекин од 13 часот денеска кога вработените стапија во бојкот, според најавите од Димовски, ќе се нормализира со возот за Битола 645 во 20.05 часот. -Постигнат е договор со менаџерскиот на ЖРСМ Транспорт за исплата на вториот дел од платата за јуни во петок како и да почнат преговори за доставените барања за изменување и дополнување на систематизацијата со што ќе се зголеми коефицинетот на сложеност за машинскиот извршен персонал, а можно е и за сите вработени, изјави Димовски. Во тек на неколку часовниот прекин на железничкиот собраќај, не се реализираше сообраќањето на два патнички воза од Скопје за Битола и за Гевгелија, додека од товарните немаше откажување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postignat-dogovor-za-platata-na-mashinovozachite-zheleznichkiot-soobrakaj-ke-se-normalizira-od-20-chasot/feed/ 0
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО МАКЕДОНИЈА ВО КОЛАПС – протестираат машинскиот и извршниот персонал! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zheleznichkiot-soobrakaj-vo-makedonija-vo-kolaps-protestiraat-mashinskiot-i-izvrshniot-personal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zheleznichkiot-soobrakaj-vo-makedonija-vo-kolaps-protestiraat-mashinskiot-i-izvrshniot-personal/#respond Mon, 31 Jul 2023 11:53:51 +0000 https://kurir.mk/?p=861989

Машинскиот и извршниот персонал на МЖ „Транспорт“ денеска од 13 часот ќе стапи во бојкот, со целосно блокирање на железничкиот сообраќај низ земјава. Како што изјави за МИА претставникот на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи, Тони Димовски, бојкотот е поради неисплатен втор дел од платата за јуни, но и за покачување на коефициентите. -Бојкотот е и за почнување преговори или одговор за измена и дополнување на систематизацијата, зашто имаме сознанија дека се поделени 230 решенија со покачување на коефициенти на одредени работни места, истакна Димовски. Според него, на 2 ноември 2021 година е донесена Одлука согласно која, ако до 25-ти во месецот не биде исплатена во целост платата за претходниот месец, на 26-ти машинскиот и извршниот персонал почнува со бојкот и блокада на железничкиот сообраќај. -Минатата недела имавме средба со генералниот директор на која ни беше кажано денеска во 10 часот да бидеме во канцераијата кај него. Но, директорот денеска не беше дојден на работното место зашто бил на некаков состанок, дали во Влада или на друго место. Не прими неговиот советник кој не замоли да се стрпиме за плата до 4 август, петок. Ние неколку пати даваме шанса, еве и овој пат помина 26-ти. Им дадовме простор до крајот на месецот, но и до тогаш тие не можат во целост да ја исплатат платата за претходниот месец. Дополнително, и за првиот дел од платата, одбитоците за кредити кои некои колеги ги имаат земено, не се исплатени, објасни Димовски. Тој потенцира дека железничкиот сообраќај ќе биде прекинат до исплаќање на вториот дел од платата и додека не се удоволат барањата на машинскиот и извршниот персонал доставени на 3 јули 2023 година. -Барањата се за покачување на коефициентите и за наредбата од генералниот директор која требаше да важи од 1 јуни. Во периодот со енормно високи температури, наместо да бидеме наградени, ние сме казнети со 10 отсто на квалитет, а ниту еден друг во фирмата не е казнет, дури некои се и наградени. Сите од администрација и од работилница од одржување работат до 13 часот, а некои и воопшто не доаѓаат на своите работни места, нагласи Димовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zheleznichkiot-soobrakaj-vo-makedonija-vo-kolaps-protestiraat-mashinskiot-i-izvrshniot-personal/feed/ 0
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПРЕКИН: Вработените од влеча на возови бараат исплата на априлската плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zheleznichkiot-soobrakaj-vo-makedonija-vo-prekin-vrabotenite-od-vlecha-na-vozovi-baraat-isplata-na-aprilskata-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zheleznichkiot-soobrakaj-vo-makedonija-vo-prekin-vrabotenite-od-vlecha-na-vozovi-baraat-isplata-na-aprilskata-plata/#respond Mon, 05 Jun 2023 08:11:19 +0000 https://kurir.mk/?p=842118

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава од изутринава е во прекин откако вработените во РЕ одржување - работилница во подружницата влеча на возови при ЖРСМ Транспорт, прекинаа со извршување на работните задачи за одржување на локомотивите и патничките гарнитури поради неисплатена плата за април. Од РЕ Одржување за МИА информираа дека прекинот на сообраќајот стартувал со возот 7011/0506 предвиден со возниот ред во 09:30 часот на релацијата Скопје - Велес. -Бидејќи се уште не е исплатена платата за април работниците одлучија од денеска во 08:00 часот да не си ги извршуваат работните задачи односно нема да ги поправаат и прегледуваат машините и како такви тие не можат да бидат вклучени во сообраќај, наведуваат од РЕ Одржување во известување за состанокот што го доставиле до генералниот директор и Управниот одбор на ЖРСМ Транспорт. Оттаму потсетуваат дека согласно договорот со раководството на железничката компанија од изминатиот период, доколку до 15-ти во месецот не биде исплатен првиот дел од платата односно до 25-ти вториот дел од платата, наредниот ден работниците ќе престанат да ги извршуваат работните задачи и нема да ги поправаат и прегледуваат машините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zheleznichkiot-soobrakaj-vo-makedonija-vo-prekin-vrabotenite-od-vlecha-na-vozovi-baraat-isplata-na-aprilskata-plata/feed/ 0
Нормализиран железничкиот сообраќај на релација Гевгелија-Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/normaliziran-zheleznichkiot-soobrakaj-na-relatsija-gevgelija-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/normaliziran-zheleznichkiot-soobrakaj-na-relatsija-gevgelija-skopje/#respond Fri, 05 May 2023 14:05:31 +0000 https://kurir.mk/?p=831012

Железничкиот сообраќај на релација Гевгелија - Скопје кај Градско е нормализиран, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи од Велес. Сообраќајот беше во прекин поради железничка несреќа во која воз удри во маж кој почина на самото место. На местото на несреќата е извршен увид од екипи на СВР Велес и јавен обвинител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/normaliziran-zheleznichkiot-soobrakaj-na-relatsija-gevgelija-skopje/feed/ 0
Од утре нормализирање на железничкиот сообраќај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-normalizirane-na-zheleznichkiot-soobrakaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-normalizirane-na-zheleznichkiot-soobrakaj/#respond Tue, 11 Apr 2023 15:04:08 +0000 https://kurir.mk/?p=822918

Од попладнево е прекинат бојкотот на машиновозачите откако се исполнети нивните барања - исплатен е вториот дел од февруарската плата и патни трошоци за март. Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот и извршниот персонал Тони Димовски во изјава за МИА потврди дека се исполнети нивните барања и дека од попладнево се очекува да биде нормализиран товарниот сообраќај, а од утре од 06 часот и патниот сообраќај. Синдикатот вчера имал средба со раководството на претпријатието на која им било ветено дека денеска ќе биде исплатена платата. Бојкотот на машинскиот и помошниот персонал во Железници на РСМ Транспорт траеше 12 дена, период во кој во прекин беше и патничкиот и товарниот железнички сообраќај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-normalizirane-na-zheleznichkiot-soobrakaj/feed/ 0
Коруноски: Имаме целосно нефункционални пруги и застарен железнички сообраќај, државата мора постојано да инвестира во железничкиот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/korunoski-imame-tselosno-nefunktsionalni-prugi-i-zastaren-zheleznichki-soobrakaj-drzhavata-mora-postojano-da-investira-vo-zheleznichkiot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/korunoski-imame-tselosno-nefunktsionalni-prugi-i-zastaren-zheleznichki-soobrakaj-drzhavata-mora-postojano-da-investira-vo-zheleznichkiot-sektor/#respond Fri, 07 Apr 2023 10:22:13 +0000 https://kurir.mk/?p=821425

Дали сме изградиле километар плус железничка делница, нова за разлика од она што претходно е изградено? Одговорот е не. Одговорот е поразителен за сите нас кои што живееме и создаваме во онаа држава. Ако нашите предци успевале во такви тешки времиња да градат пруги, да шират железничка мрежа, за жал ние во овој изминат период на независна и самостојна држава не можеме да се пофалиме со тоа, вели Игор Коруноски „150 години железници во Македонија 1873-2023" во организација на Републичката комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ. Коруноски посочи дека наместо да се градат нови железнички пруги и да се инвестира, државата дозволила и постоечките да се запуштат и државата денеска да има целосно запуштени и нефункционални пруги, застарени возови, доцнење на возовите, како и лоши услови за корисниците на железничкиот сообраќај. Напротив не само што не изградивме нови железнички делници, ние дозволивме и постоечките да ги запуштиме и да имаме нефункционални пруги. Имаме запуштени нефункционални пруги, неискористени пруги, имаме застарен возен железнички парк, имаме маратонски доцнења на возовите, имаме многу лоши железнички услуги за нашите корисници, рече тој. Коруноски потенцираше дека за разлика од Македонија, во соседна Србија постојано се инвестира во железничкиот сообраќај, и ако претходно можело да се патува со воз до Солун, денеска граѓаните на Македонија го немаат тоа задоволство. Да погледнеме во Република Србија како наша соседна држава од каде што добиваме постојано нови информации за нови проекти во железницата, за набавка на брзи возови, за скратување на времето на патување, за интегрирање на железничкиот систем во транспортната железница на ЕУ. За жал, ние во овој момент после 150 години можеме да констатираме едно, а тоа е дека Македонија е слепо црево на Балканот во делот на железничкиот сектор. Замислете ако пред 150 години можело да се патува со воз до Солун, денеска во 21 век ние граѓаните на Република Македонија го немам тоа задоволство, истакна тој. Според Коруноски потребно е да се направи државна стратегија за развој на железниците, а како што рече таа стратегија треба да обезбеди стабилен железнички сообраќај, на интеграција на нашиот железнички сообраќај со сообраќајот во ЕУ, на брз ефективен, ефикасен и евтин транспорт на патници и стока. Денес ние имаме железничка пруга и возови кои што се движат на релација Скопје Велес со 20 километри на час. Ова е поразително за сите нас. Ние сите кои што овие 32 години работиме во овој сектор и создаваме нови македонски железници. Прашањето е како да ги подобриме овие ситуации и како до стабилен железнички сообраќај и задоволни корисници на железничките услуги. Одговорот на ова прашање го темелам на консензус на создавање на државна стратегија за развој на железниците. Ние ако сакаме да останеме во оваа држава и да живееме тука, мораме да се надминеме себе си и да ги засукаме ракавите и да тргнеме од некаде, кажа тој. Таа стратегија би требало да ги даде придобивките на стабилен железнички сообраќај, на интеграција на нашиот железнички сообраќај со сообраќајот во ЕУ, на брз ефективен, ефикасен и евтин транспорт на патници и стока, истакна Коруноски. Вели дека државата мора да сфати дека континуирано мора да помага на железничкиот сектор и да се фокусира во суштинските проекти во делот на изградба на пруги, ремонт на постоечките пруги, како и набавка на нови и современи возови, локомотиви но и ремонт на постоечките. Мора државата да сфати дека континуирано треба да го помага железничкиот сектор, да не се користи железницата како место за непродуктивни вработувања. Напротив треба да се фокусираат кои се оние суштински проекти кои треба да се направат во делот на изградба на пруги, ремонти на постоечки пруги, набавка на нови и современи возови, локомотиви и ремонт на постоечките. Се разбира за тоа се потребни и во човечки и во финансиски ресурси кои што државата мора да ги оддели, ако сакаме современ и модерен железнички сообраќај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/korunoski-imame-tselosno-nefunktsionalni-prugi-i-zastaren-zheleznichki-soobrakaj-drzhavata-mora-postojano-da-investira-vo-zheleznichkiot-sektor/feed/ 0
Поради неплатени сметки: Исклучена струјата во „ЖРСМ Транспорт“, можен прекин на железничкиот сообраќај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-neplateni-smetki-iskluchena-strujata-vo-zrsm-transport-mozen-prekin-na-zeleznichkiot-soobrakjaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-neplateni-smetki-iskluchena-strujata-vo-zrsm-transport-mozen-prekin-na-zeleznichkiot-soobrakjaj/#respond Thu, 15 Dec 2022 08:47:23 +0000 https://kurir.mk/?p=775865

Исклучена е струјата на „ЖРСМ Транспорт“ АД во депото во Лисиче во Скопје и во објектите во Велес, поради долг за електрична енергија кон „ЕВН Македонија“, потврдија за МИА од железничкото претепријатие. Оттаму најавуават дека исклучувањето на струјата ќе повлече и прекин на сообраќајот што ќе се случи откако ќе биде потрошена нафтата во возовите. Без објектите каде е исклучена струјата, појаснуваат, не може да функционира претпријатието, бидејќи тука се снабдуваат возовите со нафта, а пумпата работи на струја. Според последните информации, „ЕВН Македонија“ побарува од „ЖРСМ Транспорт“ над 400 милиони денари за електрична енергија. Раководството на „ЖРСМ Транспорт“ е во комуникација со Владата, од каде неодамна најавија дека државата ќе ги плати долговите за струја на државни институции. Премиерот Димитар Ковачевски завчера изјави дека Владата ќе ги покрие долговите за неплатена струја на државни институции на ЕВН. -Тоа се буџетски организации и заради зголемената цена на електрична енергија, Владата направи прераспределба на финансиски средства кои се одобрени и ќе ги достави до Собранието со цел да се обезбеди непречено работење на овие институции, рече премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање. ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и „ЖРСМ Транспорт“ и други. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-neplateni-smetki-iskluchena-strujata-vo-zrsm-transport-mozen-prekin-na-zeleznichkiot-soobrakjaj/feed/ 0