железничко возило – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Jan 2023 13:24:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png железничко возило – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нови детали и фотографии од несреќата во Велес, железничкото возило кочело околу 500 метри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-i-fotografii-od-nesrekjata-vo-veles-zeleznichkoto-vozilo-kochelo-okolu-500-metri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-i-fotografii-od-nesrekjata-vo-veles-zeleznichkoto-vozilo-kochelo-okolu-500-metri/#respond Thu, 05 Jan 2023 13:24:42 +0000 https://kurir.mk/?p=784013

Повредени се 10 патници во сообраќајна несреќа што се случила денеска напладне откако возило моторна дрезина на ЈП МЖ Инфраструктура удрило во патничко комбе со 12 лица на патниот премин Порцеланка во Велес. -Денеска во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес се случила железничка незгода помеѓу железничко возило и такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од 52 годишниот Д.Ј. од Чашка. Во незгодата со повреди се здобиле 10 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, информира Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес. Од ЈП МЖ Инфраструктура велат дека нивното возило удрило во задниот дел на комбето. -Возило сопственост на Инфраструктура се враќало од извршување работни задачи од станица во Богомила кон станица Велес, при што на патен премин Порцеленкна пред Велес удрило во задниот дел на патничко комбе, во кое се превезувале работници. Нашето возило кочело колку што му дозволувале техничките услови, неговиот запирен пат е околу 500 метри, дало сигнални знаци за опасност, но патничкото возило не застанало и поминало директно и било удрено на задниот дел, изјави Никола Марков, помошник директор за сообраќај во МЖ Инфраструктура. Увид на местото на несреќата вршат екипи на Комисијата за вонредни настани на ЈП МЖ Инфраструктура и на Министерството за внатрешни работи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-i-fotografii-od-nesrekjata-vo-veles-zeleznichkoto-vozilo-kochelo-okolu-500-metri/feed/ 0