Железници Транспорт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Dec 2022 11:21:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Железници Транспорт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Железници Транспорт доби струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zeleznici-transport-dobi-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zeleznici-transport-dobi-struja/#respond Thu, 15 Dec 2022 11:21:37 +0000 https://kurir.mk/?p=776047

Железници Транспорт на РСМ АД Скопје напладне повторно доби струја, откако изутрината ЕВН поради долг за неплатени сметки ги исклучи од мрежата објектите на државното железничко претпријатие кај депото во скопско Лисиче и во Велес. Информацијата дека повторно има струја ја потврдија од ЖРСМ Транспорт, од каде велат дека прекинот на напојувањето со струја не се одразил на одвивањето на железничкиот собраќај, иако постоеше таква опасност со оглед дека струја им е потребна за пумпите за нафта. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претходно во изјава за медиумите најави дека Железници ќе има струја и повтори дека долгот кон ЕВН за неплатените сметки на одредени државни институции ќе биде подмирен веднаш штом во Собранието ќе помине најавената пренамената на средствата од Буџетот. Според него, не треба никаква друга гаранција дека тоа ќе се исполни, бидејќи веќе го најавија и премиерот Димитар Ковачевски и други членови на Владата. – Сметам дека веќе во овој момент во „Железници Транспорт“ има струја. Владата не е ниту договорна, ниту облигациска страна кон ЕВН и ако ЕВН не сфаќа дека Владата не е тука страна која дава гаранции, тогаш ЕВН има навистина проблем со толкување на нивното функционирање во нашата држава. Премиерот, вицепремиерот и министерот за финансии кажаа дека ќе се платат долгови кон ЕВН и тоа е сосема доволно за било кој економски оператор да сфати дека тоа е Влада и држава и оти не треба никакви други гаранции, рече вицепремиерот Битиќи во одговор на новинарско прашање зошто досега Владата не испратила гаранција до ЕВН дека ќе го подмири долгот, откако изутрина беше исклучена струјата во „Железници Транспорт“. ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и „ЖРСМ Транспорт“ и други.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zeleznici-transport-dobi-struja/feed/ 0
Железничкиот сообраќај од утре во прекин поради бојкот: Перосналот бара да им се исплатат материјалните трошоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zeleznichkiot-soobrakjaj-od-utre-vo-prekin-poradi-bojkot-perosnalot-bara-da-im-se-isplatat-materijalnite-troshoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zeleznichkiot-soobrakjaj-od-utre-vo-prekin-poradi-bojkot-perosnalot-bara-da-im-se-isplatat-materijalnite-troshoci/#respond Thu, 10 Mar 2022 18:08:16 +0000 https://kurir.mk/?p=645040

Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ најавува дека од утре во седум часот ќе го прекине железничкиот сообраќај. Причина за бојкотот на работата, како што вели претставникот на машинскиот персонал Душко Чакаровски, е неисплатениот надомест за материјални трошоци што требале да го добијат заклучно со денеска. Според Чакаровски, бојкотот е согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zeleznichkiot-soobrakjaj-od-utre-vo-prekin-poradi-bojkot-perosnalot-bara-da-im-se-isplatat-materijalnite-troshoci/feed/ 0
Машиновозачите бараат исполнување на барањата, во прекин патничкиот и товарен железнички сообраќај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mashinovozachite-baraat-ispolnuvanje-na-baranjata-vo-prekin-patnichkiot-i-tovaren-zeleznichki-soobrakjaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mashinovozachite-baraat-ispolnuvanje-na-baranjata-vo-prekin-patnichkiot-i-tovaren-zeleznichki-soobrakjaj/#respond Tue, 04 Feb 2020 07:14:02 +0000 https://kurir.mk/?p=298936

Машинскиот персонал во Железници Транспорт изутринава од седум часот ја бојкотира работата, поради што ќе биде во прекин патничкиот и товарниот железнички сообраќај, изјави за МИА Душко Чакаровски, претставник на вработените. Тој информира дека изутрината заминале патничките возови за Битола и за Гевгелија, а останатите предвидени со возниот ред нема да сообраќаат до исполнување на нивното барање за зголемување од 30 на 40 проценти на надоместот на плата за квалитет. Тоа, како што појаснува Чакаровски, го бараат врз основа на Колективниот договор за дополнителна работа и работење со намален број на извршен персонал. Чакаровски вели дека за нивното барање вчера имале средба со членовите на Управниот одбор на Железници Транспорт и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, но не бил постигнат договор со образложение дека евентуалната исплата на повисок надомст ќе се одрази на редовната исплата на платите. Надомест на плата за квалитет во износ од 40 проценти на машинскиот персонал му бил исплаќан до пред антикризните мерки во 2008 година. Чакаровски потенцира дека зад организацијата на бојкотот на работата не стои ниту една синдикална организација, односно дека се вклучени 99 проценти од машинскиот персонал од различни синдикати, но и работници кои не членуваат во синдикатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mashinovozachite-baraat-ispolnuvanje-na-baranjata-vo-prekin-patnichkiot-i-tovaren-zeleznichki-soobrakjaj/feed/ 0