железо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Mar 2023 15:58:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png железо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсен жител на Студеничани, украл поголема количина железо од железничките пруги во с.Трубарево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-zhitel-na-studenichani-ukral-pogolema-kolichina-zhelezo-od-zheleznichkite-prugi-vo-s-trubarevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-zhitel-na-studenichani-ukral-pogolema-kolichina-zhelezo-od-zheleznichkite-prugi-vo-s-trubarevo/#respond Fri, 03 Mar 2023 15:58:43 +0000 https://kurir.mk/?p=807732

На 02.03.2023 на влезот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н. од с.Трубарево, скопско. Имено, А.Н. бил сопрен додека со трактор со приколка превезувал поголема количина железо, односно делови од возови и железничка инфраструктура. Во службен разговор во Полициската станица Драчево А.Н. го признал кривичното дело со појаснување дека предметите ги одземал од железничките пруги во с.Трубарево. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-zhitel-na-studenichani-ukral-pogolema-kolichina-zhelezo-od-zheleznichkite-prugi-vo-s-trubarevo/feed/ 0
Победете ги паничните напади: Еве што може да ви помогне https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pobedete-gi-panichnite-napadi-eve-shto-mozhe-da-vi-pomogne/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pobedete-gi-panichnite-napadi-eve-shto-mozhe-da-vi-pomogne/#respond Wed, 01 Feb 2023 13:31:18 +0000 https://kurir.mk/?p=794596

За жал, анксиозноста денеска практично е составен дел од животот на речиси секој човек. Некои лесно се справуваат со неа, но други ги „држи“ многу долго. Општото анксиозно нарушување најчесто оди „под рака“ со паничните напади. Поради неможноста да се контролираат чувствата, личноста чувствува страв, паника и е спречена нормално да функционира. Во тој момент во телото се случува и физички и ментален стрес, а некогаш е потребна дури и лекарска помош за да се интервенира. Паничните напади може да се јават кога нивото на серотонин во организмот е многу ниско, па личноста не чувствува никаква среќа. Доколку оваа состојба потрае, доаѓа до анксиозност и депресија. Серотонинот се синтетизира од аминокиселината триптофан, а процесот го потпомагаат витаминот Б6 и железото. Откритието дека овој витамин може да влијае врз расположението, паничните напади и анксиозноста дава надеж дека може да се најде брзо и лесно решение кога тие состојби стануваат неподносливи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pobedete-gi-panichnite-napadi-eve-shto-mozhe-da-vi-pomogne/feed/ 0
Како да чистите садови од леано железо: Со овие две намирници ќе заблескаат како нови https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-chistite-sadovi-od-leano-zelezo-so-ovie-dve-namirnici-kje-zableskaat-kako-novi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-chistite-sadovi-od-leano-zelezo-so-ovie-dve-namirnici-kje-zableskaat-kako-novi/#respond Fri, 04 Nov 2022 09:02:28 +0000 https://kurir.mk/?p=755599

Садовите за готвење од леано железо станаа популарни и барани повторно во последниве години. Тенџерињата, вок тавчињата и тавите од леано железо се практично неуништливи, може да се користат и на шпорет, во рерна и на скара, а храната подготвена во нив има одличен вкус. Сепак, чистењето и одржувањето на ваквите садови може да биде напорно, особено за домаќинките кои никогаш не сретнале тави и тенџериња од специјални материјали. Основното правило за одржување на лиени садови е забраната за користење на алуминиумска жица. Дури и ако храната се залепи на дното на лиениот сад, никогаш не треба да ја отстранувате со жица или со некој остар предмет. Најдобро решение е комбинација од вода и оцет во сооднос 1:1, на кои при вриење треба да се додаде една лажица сода бикарбона. Реакцијата на почетокот ќе биде бурна, но храната залепена за лиените садови ќе се одвои, така што само испирање со вода ќе биде доволно за да се исчисти тавата или тенџерето. Постои уште еден, сосема природен начин за отстранување на остатоците од храна од дното на садовите од леано железо. Посипете слој сол на дното на садот, а потоа истријте го дното со исечен суров компир. Тавчињата и тенџерињата ќе светат како нови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-chistite-sadovi-od-leano-zelezo-so-ovie-dve-namirnici-kje-zableskaat-kako-novi/feed/ 0
Овие 5 симптоми укажуваат на тоа дека немате доволно железо во вашиот организам: Слушајте го вашето тело https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-5-simptomi-ukazuvaat-na-toa-deka-nemate-dovolno-zelezo-vo-vashiot-organizam-slushajte-go-vasheto-telo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-5-simptomi-ukazuvaat-na-toa-deka-nemate-dovolno-zelezo-vo-vashiot-organizam-slushajte-go-vasheto-telo/#respond Wed, 15 Dec 2021 08:29:09 +0000 https://kurir.mk/?p=608676

Сите клетки во човечкото тело содржат железо и најголем дел од железото во телото е во нашите црвени крвни зрнца. Црвените крвни зрнца транспортираат кислород од белите дробови до органите и ткивата низ телото. Овој минерал од групата елементи во трагови на телото му е потребен во многу мали количини. Но, организмот не е способен сам да го создаде, туку се внесува исклучиво преку храната. Ако нашето тело нема доволно хемоглобин, нашите ткива и мускули нема да добијат доволно кислород за да можат ефикасно да работат, што доведува до состојба наречена анемија. Постојат различни видови на анемија, но анемијата со дефицит на железо е најчеста во светот. Еве неколку симптоми кои може да укажуваат на недостаток на железо во вашето тело: Постојано сте уморни Краток здив]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-5-simptomi-ukazuvaat-na-toa-deka-nemate-dovolno-zelezo-vo-vashiot-organizam-slushajte-go-vasheto-telo/feed/ 0
Витаминска бомба: Зошто е потребно почесто да јадете спанаќ? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vitaminska-bomba-zoshto-e-potrebno-pochesto-da-jadete-spanakj/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vitaminska-bomba-zoshto-e-potrebno-pochesto-da-jadete-spanakj/#respond Wed, 17 Nov 2021 08:59:38 +0000 https://kurir.mk/?p=596408

Спанаќот е вистинска ризница на здравје и витамини, а сепак едноставно се подготвува. Спанаќот претставува одличен извор на железо, а богат е и со витамините К, А, Ц како и фолна киелина. Исто така содржи и манган, магнезиум и витамин Б2. Витаминот А е потребен за раст на сите телесни ткива, вклучувајќи ја кожата и косата. Витаминот Ц е важен за изградба и одржување на колагенот, косата и кожата. Ако сакате здрава коса и кожа, дефинитивно треба да консумирате спанаќ. Витаминот К е исклучително важен за здравјето на коските. Недостатокот на витамин К го зголемува ризикот од фрактура на коските. Спанаќот е богат и со влакна кои спречуваат запек и го подобруваат варењето. Зимскиот период е најдобар да јадете спанаќ. Овој зеленчук можете да го подготвите на многубројни начини комбинирајќи го со ориз, тестенини, супа, различен зеленчук, како салата или со компир, а можете и да направите сендвич со спанаќ. Кога ве мрзи да готвите, идеално решение е да го потопите спанаќот во маслиново масло со бел лук и да го зачините со мелен бибер, па изедете го сиров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vitaminska-bomba-zoshto-e-potrebno-pochesto-da-jadete-spanakj/feed/ 0
Важна вест за луѓето кои се слабокрвни, ова жените најмногу треба да го знаат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazna-vest-za-lugjeto-koi-se-slabokrvni-ova-zenite-najmnogu-treba-da-go-znaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazna-vest-za-lugjeto-koi-se-slabokrvni-ova-zenite-najmnogu-treba-da-go-znaat/#respond Wed, 10 Nov 2021 13:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=593665

Анемијата е предизвикана поради недостиг на железо во крвта, витамин Б12 и фолна киселина. Болеста се јавува доста често, а најчесто ги напаѓа жените на возраст од 15 до 50 години. Најчесто до слабокрвност доаѓа поради недостиг на железо. Железото е неопходно за изградба на хемоглобин, а поради недостиг на железо доаѓа до ослабување на апсорпцијата на други минерали и елементи во крвта, што може да доведе до поголема чувствителност на инфекции. Слабокрвноста или анемијата може да се лекува со препарати кои се збогатени со железо. Лекувањето на анемијата трае подолг период, дури и до шест месеци, а важно е да се напомене дека оваа болест не се лечи со витамински препарати со додаток на железо бидејќи тие не содржат доволна количина железо за лекување на болести. Исто така, за време на лекувањето на анемијата, важно е да не се внесуваат преголеми количини железо во организмот. Важна улога во лекување на слабокрвноста има исхраната, при што важно е да се внесува храна богата со железо, како грав, леќа, говедско месо, јајца, морски плодови, суви смокви, какао… Употребата на намирници со доста витамин Ц ја поттикнува апсорпцијата на железо, така што добро е со оброкот да се испие чаша цеден портокал, или да се дополнува исхраната со витамин Ц (до два грама дневно). Веќе споменавме дека најзагрозени се жените на возраст од 15 до 50 години, односно во време на репродуктивниот период. На жените на таа возраст им е потребно 15 мг железо, на доилките 20 мг, а на трудниците дури 25 мг. За време на циклусот жената може да изгуби и до 13,5 мг железо на ден, а некои студии покажуваат дека секоја петта жена поради силни месечни циклуси има анемија. Потребите за железо се зголемуваат и во текот на растот и развојот, и во адолесценцијата. Железото се апсорбира во дванаесетпалачното црево и во почетниот дел на тенкото црево, па во посебна ризична група спаѓаат лицата кои имаат проблеми, или болест на желудникот и цревата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazna-vest-za-lugjeto-koi-se-slabokrvni-ova-zenite-najmnogu-treba-da-go-znaat/feed/ 0
Овие работи мора да ги јадете: Производи кои имаат повеќе железо од месото https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-raboti-mora-da-gi-jadete-proizvodi-koi-imaat-povekje-zelezo-od-mesoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-raboti-mora-da-gi-jadete-proizvodi-koi-imaat-povekje-zelezo-od-mesoto/#respond Fri, 21 Feb 2020 12:35:39 +0000 https://kurir.mk/?p=306994

Вегетаријанците, трудниците и они кои постат, од особено значење им е храната богата со железо. Овој минерал е многу важен за организмот и во текот на денот треба да се внесе во доволни количини, за да можеме нормално да фунционираме. Железото е важно за организмот, затоа што се врзува за хемоглобинот. При внес на храна сиромашна со железо, многу лесно може да настане анемија. Железо-дефицитарна анемија е најчестата форма на анемија и настанува при намалување на бројот на црвени крвни клетки-еритроцити, предизвикано од ниската концентрација на железо во храната. Без доволно железо, вашето тело не може да синтетизира доволно хемоглобин, респираторен пигмент во црвените крвни клетки што го врзува и транспортира кислородот до сите ткивата и клетки на телото. Како резултат на тоа, може да се чувствуваат слаби, уморни и нервозни. Околу 20% од жените, 50% од бремените жени и 3% од мажите немаат доволно железо во телото. Решението, во многу случаи, е да се консумираат повеќе храна богата со железо. Препорачаната дневна доза на железо за возрасни е 8-27 mg на ден. Возрасните мажи треба да се придржуваат кон подолната бројка, додека пак жените кон погорната. Постарите жени, бремените и доилките, треба да внесуваат повеќе железо во текот на денот. Додека месото е на врвот на листата за препорачан извор на железо, има доста растенија кои содржат повеќе железо од месото. Такви на пример се: 1. Спанаќ Темно лиснатиот зеленчук, особено спанаќот е богат извор на железо. Три чаши спанаќ содржат околу 18 мг железо, а тоа е повеќе отколку во од 200гр црвен (говетски, телешки) стек. Тоа значи дека вашите дневни потреби можете да ги задоволите со само една салата со спанаќ. Најубава комбинација е авокадо со спанаќ, заради максимално искористување на витамините и минералите. 2. Брокула 150 гр брокула, содржи 1 мг железо. Брокулата не само што е богата со железо, туку содржи и други клучни хранливи материи, како што е витамин К и магнезиум. Богата е со витамин Ц, кој помага да се поттикне апсорпцијата на железо во организмот. 3. Леќа Само една чаша леќа (200гр) има 6,6 гр железо или тоа е повеќе отколку во 200гр црвено месо. Леќата е солиден извор на растителнии влакна, калиум и протеини. Можете да ја додадете во салата или пак подготвена како чорбичка. 4. Кељ Три чаши кељ содрат 3,6 mg железо. Најдобро е да се јаде свеж, во салата, одозгора со цеден лимон, заради комбинацијата со витамин Ц и железо. 5. Блитва Само една чаша на блитва има 4 мг на железо или тоа е повеќе од 200 гр стек. Блитвата исто така, содржи вредни хранливи материи, вклучувајќи омега-3 масни киселини, витамини A, C, и К, и Б и фолати. 6. Печен компир Еден голем печен компир содржи речиси три пати повеќе железо од износот на 200гр пилешко. Во комбинација со грчки јогурт (високо протеинска замена за павлака), варена брокула или малку топено сирење, ќе добиете вкусен оброк. 7. Семки сусам Само една лажица сусам содржи 1,3 мг железо. Тоа е супер едноставен начин како да вклучите железо во вашата исхрана. Посипете сусам врз салата, за поубав вкус или при криза за слатко, изедете 1 лажица сусам да ве засити. 8. Индиски ореви Јаткастите плодови се познат добар извор на протеини за вегетаријанците, но индиските ореви имаат дополнителна корист, бидејќи се многу богати со железо. Една чаша индиски ореви содржи околу 2 грама на железо. Одлични се во комбинација со салата или смуди. 9. Наут/ леблебија Една чаша наут содржи 4,7 mg железо или тоа е повеќе од половина од дневните потреби за возрасен маж. Печената леблебија е вкусна крцкава закуска и одлично се комбинира со суво грозје, но и сварениот наут подготвен како хумус или во комбинација со домати, сирење и краставица, ќе добиете одличен солени гарнир. 10. Темно чоколадо Придобивките од темното чоколадо се чинат бесконечни. Консумирањето на темно чоколадо придонесува до поздрава кожа и заби и намалување на анксиозност. Темното чоколадо ви нуди сладок начин на внес на железо. 30гр на темно чоколадо содржи 2 до 3 mg железо, а тоа е повеќе железо отколку во истиот износ на говедско месо. 11. Грав Гравот содржи 3-4мг на железо по чаша. Највкусно подготвено гравче е во чорба или на тавче, но и како додаток во салата е одлична комбинација за вкусен оброк. Многу брз начин на поготовка на салата е кога корисите конзервиран грав, веќе подготвен, во комбинација со марула, лимонов сок и домати. Извор: ГРАДИНА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-raboti-mora-da-gi-jadete-proizvodi-koi-imaat-povekje-zelezo-od-mesoto/feed/ 0
Како да препознаете дека ви недостасува железо? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-prepoznaete-deka-vi-nedostasuva-zelezo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-prepoznaete-deka-vi-nedostasuva-zelezo/#respond Mon, 24 Dec 2018 20:13:42 +0000 https://kurir.mk/?p=144509

Причините за недостаток на железо во нашиот организам често се поврзани со неадекватна исхрана, болести на цревата, а често недостатокот на железо се јавува и кај трудниците во текот на бременоста и за нив предизвикува зголемено крварење. Симптомите кои можат да укажат на тоа дека имаме недостаток на железо се контанстен замор, бледило на лицето, губење на здивот, главоболка и вртоглавици, забрзано чукање на срцето, сува и оштетена кожа и коса, отекување и болка во крајниците и устата, синдром на немирни нозе (постојано цупкање со нозете), анксиозност, болни менструации кај жените и студени стопала и раце. Ако ги чувствувате овие симптоми, тоа што треба прво да направите е да посетите лекар и да направите крвна слика. За да го надминете ваквиот недостаток, важно е да го снабдувате телото со овој минерал, па затоа се препорачува редовно конзумирање на црвено месо, зелен зеленчук (спанаќ и ќељ), суво овошје, мешункаст зеленчук, морски плодови, земки, житарици и овошје богато со витамин Ц. Докажано е дека витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо, па така докторите препорачуваат редовно земање на овој витамин како додаток во исхраната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-prepoznaete-deka-vi-nedostasuva-zelezo/feed/ 0