желино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Oct 2023 09:14:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png желино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од понеделник реконструкција на наплатната станица Желино, времен режим на сообраќај на автопатот Скопје – Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-rekonstruktsija-na-naplatnata-stanitsa-zhelino-vremen-rezhim-na-soobrakaj-na-avtopatot-skopje-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-rekonstruktsija-na-naplatnata-stanitsa-zhelino-vremen-rezhim-na-soobrakaj-na-avtopatot-skopje-tetovo/#respond Sat, 21 Oct 2023 09:14:06 +0000 https://kurir.mk/?p=891545

Од 23 октомври (понеделник) ќе започне реконструкција на постоечката наплатна станица Желино, на државен пат А2 - делница Скопје – Тетово. Сообраќајот на автопатот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на сообраќај, информираат утрово од АМСМ. -Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-rekonstruktsija-na-naplatnata-stanitsa-zhelino-vremen-rezhim-na-soobrakaj-na-avtopatot-skopje-tetovo/feed/ 0
ФОТО: Запленети над 26 илјади парчиња пиротехника на патарината кај Желино, приведено едно лице од Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-zapleneti-nad-26-iljadi-parchinja-pirotehnika-na-patarinata-kaj-zelino-privedeno-edno-lice-od-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-zapleneti-nad-26-iljadi-parchinja-pirotehnika-na-patarinata-kaj-zelino-privedeno-edno-lice-od-skopje/#respond Thu, 16 Dec 2021 09:25:10 +0000 https://kurir.mk/?p=609180

Сообраќајни полицајци успеале да откријат и запленат над 26 илјади парчиња пиротехника утринава на наплатна станица за патарина кај тетовско Желино. Пиротехниката била најдена кај 53 годишен жител на Скопје, кој е приведен. – Полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово денеска (16 декември) околу 7 часот, при планирана контрола, а по претходни оперативно потврдени сознанија, на наплатна станица Желино, го лишиле од слобода Н.И.(53) од Скопје. При преглед на возилото што го управувал „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на скопска фирма, во возилото биле пронајдени 26.540 разновидни петарди и друга пиротехника и 77 килограми тутун, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Пронајденото е фотодокументирано и одземено за вештачење, а Н.И. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-zapleneti-nad-26-iljadi-parchinja-pirotehnika-na-patarinata-kaj-zelino-privedeno-edno-lice-od-skopje/feed/ 0
Објавени конечните резултати од локалните избори за Желино, Брвеница, Студеничани и Старо Нагоричане https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-konechnite-rezultati-od-lokalnite-izbori-za-zelino-brvenica-studenichani-i-staro-nagorichane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-konechnite-rezultati-od-lokalnite-izbori-za-zelino-brvenica-studenichani-i-staro-nagorichane/#respond Tue, 09 Nov 2021 13:44:29 +0000 https://kurir.mk/?p=593190

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, по завршување на сите постапки, ги објави конечните резултати од вториот круг за градоначалник во општините Желино, Брвеница, Студеничани и Старо Нагоричане. Во вториот круг од изборите во Желино победи кандидатот на Движењето Беса Блерим Сејди, во Брвеница ВМРО-ДПМНЕ Јовица Илиевски, во Студеничани ДПА Азем Садики, во Старо Нагоричане Коалицијата Најдоброто за мојата општина предводена од СДСМ Жаклина Јовановска. Општинските изборни комисии треба веднаш да ги објават резултатите и да ги достават до ДИК. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-konechnite-rezultati-od-lokalnite-izbori-za-zelino-brvenica-studenichani-i-staro-nagorichane/feed/ 0
Откако Беса се закани дека ќе сруши Влада, Управниот суд одлучи во нивна полза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-ja-prifati-tuzbata-na-besa-nema-da-ima-preglasuvanje-vo-zelino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-ja-prifati-tuzbata-na-besa-nema-da-ima-preglasuvanje-vo-zelino/#respond Mon, 08 Nov 2021 17:54:04 +0000 https://kurir.mk/?p=592762

Управниот суд ја прифати тужбата на Движењето Беса, со која се оспорува одлуката на Државната изборна комисија за прегласување во Општина Желино. Управниот суд одлучи во корист на тужителот на Движењето Беса и го потврди прелиминарниот изборен резултат каде победи кандидатот на Беса, Блерим Сејдиу. Претходно, по одлуката на ДИК за прегласување во Желино, во петокот на 5 ноември, Арјанит Хоџа пред медиумите рече дека ДУИ манипулира со изборниот резултат и дека неговата партија дискутира за излегување од влада. Тој дури рече дека нема да биде министер во овој владин кабинет. - Јас за себе, тргнувајќи од мојот личен интегритет, јас, дури и да одлучи партијата да продолжи да биде дел од владата, јас нема да бидам министер во оваа влада, и ова е изјава од која не планирам да се повлечам, изјави Хоџа. Тој ден доцна вечерта, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави фотографија на Фејсбук каде на маса е заедно со претставници на Беса, АА, Алтернатива и Левица, со што објави дека ја обезбедил потребната бројка за уривање на владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-ja-prifati-tuzbata-na-besa-nema-da-ima-preglasuvanje-vo-zelino/feed/ 0
Клековски: ДУИ ги донесе СДСМ на власт, сега ДУИ ги сруши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klekovski-dui-gi-donese-sdsm-na-vlast-sega-dui-gi-srushi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klekovski-dui-gi-donese-sdsm-na-vlast-sega-dui-gi-srushi/#respond Sat, 06 Nov 2021 09:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=591721

Со приговори за Желино, ДУИ инсистираше да демонстрира кој е главен фактор меѓу етничките Албанци и во земјава, што ја премина границата на трпение на Беса, вели политичкиот аналитичар Сашо Клековски по одлуката на БЕСА да ја напушти власта и да формира ново парламентарно мнозинство со опозицијата. Тој за Дојче Веле вели дека смета дека следниве денови новото парламентарно мнозинство ќе се зголемува и ќе резултира во нова Влада. -Дали владата ќе биде времена до организација на предвремени парламентарни избори, останува да се види, но очекувам дека изборите ќе бидат во 2022 година, а сега фокусот ќе биде на справување со пандемијата, економската и енергетската криза. Секако, со новото парламентарно мнозинство пропаѓаат шпекулациите дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се подготвени да ја преземат одговорноста за водење на Македонија во исклучително тежок период за земјата, оценува Клековски, пренесе Дојче Веле. Тој додава дека победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори и оставката на Зоран Заев беа вовед во криза на парламентарното мнозинство. И покрај изјавите за верност на парламентарното мнозинство, како што истакнува, јасно беше дека со изменет однос на политичките сили, оваа Влада и ова парламентарно мнозинство се неодржливи. -Конечниот удар на Владата и парламентарно мнозинство и го нанесе ДУИ. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои се повлекоа од приговори на резултатите на локалните избори, ДУИ не го стори тоа во Желино, со што инсистираше да демонстрира кој е главен политички фактор меѓу етничките Албанци и во земјава. Чекор кој ја премина границата на трпение на Беса. ДУИ ги донесе на власт Зоран Заев и СДСМ, ДУИ ги сруши, вели Клековски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klekovski-dui-gi-donese-sdsm-na-vlast-sega-dui-gi-srushi/feed/ 0
За Тетово и Желино не се мешале, а на сите други места СДСМ ќе ја подржи ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-tetovo-i-zelino-ne-se-meshale-a-na-site-drugi-mesta-sdsm-kje-ja-podrzi-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-tetovo-i-zelino-ne-se-meshale-a-na-site-drugi-mesta-sdsm-kje-ja-podrzi-dui/#respond Sat, 23 Oct 2021 13:55:25 +0000 https://kurir.mk/?p=584273

СДСМ ја потврди поддршката за кандидатите на ДУИ во сите општини каде што се натпреварува со опозицијата. Но, премиерот Зоран Заев рече дека во општините каде што има трка меѓу ДУИ и Движењето БЕСА, како во Тетово и Желино, ќе остават гласачите сами да одлучат кого да поддржат. Запрашан зошто ќе го поддржи градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, за кого неодамна рече дека една од неговите најголеми грешки била токму поддршката за Мерко во 2017 година, Заев сега рече дека актуелниот градоначалник на Струга, се сменил. Од друга страна и од ДУИ велат дека остануваат во соработка со СДСМ, но ги бараат гласовите и на сите останати граѓани. Албанската опозиција пак, продолжува со внатрепартиските консултации за можна соработка со БЕСА во Тетово, но и во некои други општини каде што се во втор круг со кандидати на ДУИ. Алијансата неколку пати ја потенцираше поддршката за кандидатот на БЕСА во Тетово, но првин треба да се испеглаат разликите што постојат со Алтернатива. Детали во моментов не даваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-tetovo-i-zelino-ne-se-meshale-a-na-site-drugi-mesta-sdsm-kje-ja-podrzi-dui/feed/ 0
Во пожар до темел изгоре угостителски објект во тетовско Желино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-pozar-do-temel-izgore-ugostitelski-objekt-vo-tetovsko-zelino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-pozar-do-temel-izgore-ugostitelski-objekt-vo-tetovsko-zelino/#respond Wed, 21 Jul 2021 10:15:47 +0000 https://kurir.mk/?p=539675

Во пожар кој се случи денеска во раните утрински часови целосно е опожарен ресторан во Желино. Шест пожарникари од Територијалната противпожарна единица Тетово веднаш се упатиле на местото со две противпожарни возила, при што гаснењето на огнот траело нешто повеќе од три часа. – Во Територијалната противпожарна единица во 4 часот и 8 минути беше пријавено дека има пожар на стариот пат од Тетово кон Желино. Од наша страна веднаш е излезено на лице место и беше утврдено дека гори ресторан. Имаше и плински боци кои претставуваа опасност. Интервениравме и пожарот беше локализиран во 7 часот и 20 минути. Повредени нема, а причинета е голема материјална штета, информира Ука Алити, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово. Инаку тетовските пожарникари секојдневно имаат интервенции. Вчера гаснеле два пожари, првиот на електричен столб во Џепчиште и вториот на отворено во близина на тетовско Теќе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-pozar-do-temel-izgore-ugostitelski-objekt-vo-tetovsko-zelino/feed/ 0
Фотографии како од хорор филм: Кога Филипче вели дека има услови за почеток на наставата! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/fotografii-kako-od-horor-film-koga-filipche-veli-deka-ima-uslovi-za-pochetok-na-nastavata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/fotografii-kako-od-horor-film-koga-filipche-veli-deka-ima-uslovi-za-pochetok-na-nastavata-foto/#respond Tue, 18 Aug 2020 21:09:21 +0000 https://kurir.mk/?p=392392

Овие фотографии се направени од страна на жител на село Желино, Општина Долнени, односно фотографиите се направени од училиштето во истото село.
Од она што може да се заклучи од самите фотографии, е фактот што истите го демантираат министерот Филипче кој што вели дека постојат услови за почеток на школската година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/fotografii-kako-od-horor-film-koga-filipche-veli-deka-ima-uslovi-za-pochetok-na-nastavata-foto/feed/ 0
Променет сообраќаен режим на патот Групчин – Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promenet-soobrakjaen-rezim-na-patot-grupchin-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promenet-soobrakjaen-rezim-na-patot-grupchin-tetovo/#respond Mon, 14 Oct 2019 06:32:32 +0000 https://kurir.mk/?p=251357

Променет сообраќаен режим денеска ќе има на магистралниот пат Групчин – Тетово, кај наплатната станица Желино. Авто мото сојузот на Македонија информира дека промената на режимот на сообраќај е поради поставување на индуктивни јами на патот. Променетиот сообраќаен режим ќе важи само еден ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promenet-soobrakjaen-rezim-na-patot-grupchin-tetovo/feed/ 0
Три албански државјанки приведени во тетовско Желино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-albanski-drzavjanki-privedeni-vo-tetovsko-zelino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-albanski-drzavjanki-privedeni-vo-tetovsko-zelino/#respond Fri, 02 Aug 2019 08:51:59 +0000 https://kurir.mk/?p=225691

На 02.08.2019 година во 00:35 часот во с.Желино–тетовско во угостителски објект сопственост на Ј.Ф. (42) од с.Желино, при акциска контрола од страна на полициски службеници од СВР-Тетово, три албански државјанки биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. При фотодокументирање на настанот од крим.техничар од СВР-Тетово, од страна на гостин во објектот Ш.И.(48) од с.Желино бил нарушен јавниот ред и мир, поради што бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-albanski-drzavjanki-privedeni-vo-tetovsko-zelino/feed/ 0