Жељка Цвијановиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Apr 2022 13:27:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Жељка Цвијановиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Велика Британија воведе санкции за Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-vovede-sankcii-za-milorad-dodik-i-zeljka-cvijanovikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-vovede-sankcii-za-milorad-dodik-i-zeljka-cvijanovikj/#respond Mon, 11 Apr 2022 13:27:52 +0000 https://kurir.mk/?p=661380

Велика Британија денеска објави дека воведува санкции за лидерите на босанските Срби Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ поради обидот да го поткопаат легитимитетот на Босна и Херцеговина, јави Бета. Санкциите против српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, вклучуваат замрзнување на имотот и забрана за патување, а се први во рамки на санкциите на Велика Британија кон Босна и Херцеговина, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи. „Охрабрени од руското поткопување на меѓународниот систем заснован на правила, и двајцата поединци ги искористија своите позиции на авторитет за да се залагаат за де факто отцепување на Република Српска – еден од двата ентитета на Босна и Херцеговина – директно прекршувајќи го уставот на земјата“, се наведува во соопштението на британското Министерство. Велика Британија верува дека тие намерно го поткопуваат тешко стекнатиот мир во БиХ, се вели во соопштението. Милорад Додик, се наведува во соопштението, ги предводел акциите за повлекување на Република Српска од клучните државни институции користејќи опасна, националистичка реторика на поделби, која го поткопува домашниот и регионалниот мир и поттикнува етничка омраза и негирање на геноцидот. Жељка Цвијановиќ, пак, ја искористила својата функција во октомври 2021 година за да предложи закони во Република Српска кои бараат префрлање на државните овластувања на ниво на ентитет, таа јавно ги величеше воените злосторства и го негираше геноцидот во Сребреница. Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас изрази надеж дека денешното соопштение ќе ги охрабри другите земји да применат слични рестриктивни мерки, со кои ќе ги повикаат на одговорност политичарите кои имаат дестабилизирачко и опасно однесување. Како што е наведено, Британија дејствува во соработка со САД и другите партнери кои размислуваат слично. „Овие двајца политичари намерно го поткопуваат тешко стекнатиот мир во Босна и Херцеговина. Охрабрени (од рускиот претседател Владимир Путин), нивното непромислено однесување ја загрозува стабилноста и безбедноста низ Западен Балкан“, рече Лиз Трас. Во соопштението се заклучува дека акциите и реториката на Додик и Цвијановиќ се закануваат да го поништат 26-годишниот тешко стекнат мир и стабилност и да го поткопаат Дејтонскиот мировен договор, со кој се стави крај на непријателствата во 1995 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-vovede-sankcii-za-milorad-dodik-i-zeljka-cvijanovikj/feed/ 0
Цвијановиќ го наследи Додик на чело на Република Српска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cvijanovikj-go-nasledi-dodik-na-chelo-na-republika-srpska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cvijanovikj-go-nasledi-dodik-na-chelo-na-republika-srpska/#respond Tue, 20 Nov 2018 07:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=129816

Во Палатата на Република Српска во Бања Лука вечерва е извршено примопредавање на должноста меѓу досегашниот претседател Милорад Додик и новоизбраната Жељка Цвијановиќ. Додик изјави дека сега е сосема поинакво време од она кога тој го преземал мандатот. – Горд сум што сум првиот претседател на РС кој едноподруго бил избран во два мандати. Верувам дека во тоа ќе успее и Жељка Цвијановиќ, истакна Додик. Од своја страна, Цвијановиќ изрази очекување брзо да се избере ентитеска влада. Таа порача дека должноста ќе ја извршува одговорно, бидејќи РС е силна колку што се силни нејзините институции. Цвијановиќ и потпретседателите на ентитетите Рамиз Саклиќ и Јосип Јерковиќ денеска во парламентот на РС положија заклетва, како и членот на Претседателството на БиХ од РС Милорад Додик. – Ќе ја работам оваа работам чесно. Секогаш е предизвик кога после Додик доаѓате на некоја позиција, но ќе функционираме како тим. Со Додик, како српски член на Претседателството, ќе биде олеснета соработката на институциите на РС со нашите претставници во Сараево. Верувам во Републиката, во наша подобра иднина, изјави Цвијановиќ За утре е најавено Цвијановиќ да предложи мандатар за состав на нова ентитетска влада. Се очекува тоа да биде Радован Вишковиќ од редовите на Сојузот на независни социјалдемократи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cvijanovikj-go-nasledi-dodik-na-chelo-na-republika-srpska/feed/ 0