Жељко Комшиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 19 Jun 2022 08:01:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Жељко Комшиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комшиќ ја обвини Хрватска дека ја злоупотребува својата улога во иницијативите на ЕУ и НАТО за БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/komshikj-ja-obvini-hrvatska-deka-ja-zloupotrebuva-svojata-uloga-vo-inicijativite-na-eu-i-nato-za-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/komshikj-ja-obvini-hrvatska-deka-ja-zloupotrebuva-svojata-uloga-vo-inicijativite-na-eu-i-nato-za-bih/#respond Sun, 19 Jun 2022 08:01:31 +0000 https://kurir.mk/?p=692723

Членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ упати обвинувања кон Хрватска дека ја злоупотребува својата улога во ЕУ и НАТО со иницијативите за измена на Изборниот закон на БиХ и рече дека таквите потези не се поддржани од „пријателска“ и „добронамерна“ Турција предводена од претседателот Реџеп Таип Ердоган. На прес-конференција по средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, Комшиќ синоќа рече дека најмногу разговарале за односите меѓу земјите од регионот и деталите од неговата посета на Загреб и разговорите со неговиот колега Гордан Грлиќ Радман, пренесува Хина. – Од министерот добивме уверување дека не го поддржуваат она што Загреб се обидува да го направи во однос на интервенциите во внатрешните работи, дури и во однос на Изборниот закон, рече Комшиќ. – Фактот што Загреб ги злоупотребува таквите средби, па дури и неговата позиција во ЕУ и НАТО, според мене е одраз на очајот на Загреб што не може да го зграпчи тој лост на моќ во Босна и Херцеговина, рече Комшиќ. -Турција не ја поддржува позицијата дека „треба да се отворат преговори меѓу двата народа“, рече Комшиќ. -Колку се поупорни, толку посилен ќе биде нашиот одговор. Драго ни е што ја имаме поддршката од Република Турција за таквиот став, а не за ставот што се обидоа да се покрене по тој состанок во Загреб, рече Комшиќ. На завчерашната средба со неговиот хрватски колега во Загреб, турскиот министер за надворешни работи ја поддржа идејата за решавање на несогласувањата преку разговори меѓу Хрватите и Бошњаците во БиХ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/komshikj-ja-obvini-hrvatska-deka-ja-zloupotrebuva-svojata-uloga-vo-inicijativite-na-eu-i-nato-za-bih/feed/ 0
Комшиќ во самоизолација поради страв од коронавирусот по средбата со Трудо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komshikj-vo-samoizolacija-poradi-strav-od-koronavirusot-po-sredbata-so-trudo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komshikj-vo-samoizolacija-poradi-strav-od-koronavirusot-po-sredbata-so-trudo/#respond Thu, 12 Mar 2020 20:03:45 +0000 https://kurir.mk/?p=315800

Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ потврди денеска дека се наоѓа во самоизолација по неговото враќање од посетата на Канада. Комшиќ во Канада оствари средба со тамошниот премиер Џастин Трудо, кој се одлучи на истата постапка додека не се утврди дали е заразен од коронавирусот. Тие се сретнаа вчера во Отава, а денеска е објавено дека Трудо и неговата сопруга се во самоизолација поради благите симптоми кои се појавиле кај неа, но засега не е потврдено дали таа е заразена со Ковид-19. – Денеска се вративме од пат. Доколку биде потребно ќе ги направиме сите можни испитувања и ќе постапиме според препораките кои се издадени од надлежните институции. Ќе бидеме во самоизолација додека не ги направиме тестирањата, изјавил Комшиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komshikj-vo-samoizolacija-poradi-strav-od-koronavirusot-po-sredbata-so-trudo/feed/ 0