зелс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 10:30:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зелс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓубре си е ѓубре https://arhiva.kurir.mk/kolumni/gubre-si-e-gubre/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/gubre-si-e-gubre/#respond Mon, 10 Jul 2023 09:34:29 +0000 https://kurir.mk/?p=854898

Во време кога Македонија е сарадисана од сите страни и со сите сили се бори против прифаќање на бугарски диктати со комуњарски амин, спроведување антимакедонски преспански капитулаци машносани од Заевци и се спрема за силна битка со албанската мафија скриена на Мала Речица, горенаведената засегната тројка-извршител го сврте телефонот и го повика „пријателот.“ Класика. А малку се расчисти небото над Македонија, секогаш ново „ѓубре“ го затскрива погледот. Овојпат, и буквално и фигуративно... За да, не дај Боже, некој не се зафати со криминалот на Дрин или со пробугарските глупоштии на Таче и за да не престане Македонија од Бехтел и Енка да стенка, за секој случај се јави ДА-НЕ-тра-ла-ЛА, и не така скриениот локален адут во ракавот на централната власт... Опозицијата, буквално, ора на терен, Таче се самозакопува со секоја нова ступидна изјава, на Ахмети „му врие крвот“ од внучето кое катадневно му го открива криминалот, Груби нежно го гали рушветот од Коридор 8, Заев води војна со Австрија која му ги обелоденува апашлуците... Сето ова во комбинација на редица анкети во низа кои велат дека опозицијата „ја мачка на леб“ власта со разлика од 2:1, комбинирано со незадоволството на 85 насто Македонци кои ни на крај памет не прифаќаат внос на Бугари во Устав и две третини граѓани кои во пет анкети по ред велат дека одиме во лоша, катастрофална насока е доволна причина за вклучување на алармот на Бихаќка, сега синхронизиран со Мала Речица. Уплав завладеа, криминал ќе се разоткрива, тик-так, тик-так, месеци до паѓање од власт, а сите властодршци сосе фамили засегнати од злодејанијата. Најбитно, пискотници се слушнаа и од Муртино до Виена, па од Зајас до Тирана. Црвениот телефон заѕвоне, крајно време е е за дигресија, дефокусче и нова тура „магла„ за затскривање на направените криминали, идиотизми и глупоштии. А, затоа што во оваа „влада“ Командантот решава, тој на Артан му рекол што да му пренесе на Ќуран. Крако и јасно. „ФКЉУЧЕТЕ ГО ДАНЕЉА“... И би драма. Горенаведената, пак, го вклучи копчето на својата послушна, исто така пребегуша, од Комунална нехигиена, па го пушти на најјако и директорчето од  Дрисла. Остатокот го знаете. Скопје се гуши во смет, скопски градоначалници сами се организираат да спречат смрдеа и не дај Боже, некоја епидемиичка од неа, а „драма-квинот“ Да-не-тра-ла-ла сипа ли сипа песок во до вчера сојузничката осовина, удира по човекот кој најмногу и пречи на власта, води војна со македонската опозиција и ја каља, плука, руга и „хистерише“ ко навиена. Мислите дека ова е случајно? Јок, поверојатна е дефиницијата на случајноста според која таа е моментот кога не гледате јасно кој ги движи конците на марионетата која е на сцена. Марионетата, пак, сега да ти била носител на името кое е само по себе парадоксално, составено од Афирмација/Негација/Потпевнување. Кумот да ти бил на висина на задачата. Уште една потврда дека ништо во животот не е случајно. Искуствено, ова е пак само уште една, нова потврда на онаа старата, кооперациска констатација. „ЃУБРЕ СИ Е ЃУБРЕ.“ Дефинитивно... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/gubre-si-e-gubre/feed/ 0
Посебна комисија во ЗЕЛС ќе работи на Иницијативата за конфискација за дивоградби https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/posebna-komisija-vo-zels-ke-raboti-na-initsijativata-za-konfiskatsija-za-divogradbi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/posebna-komisija-vo-zels-ke-raboti-na-initsijativata-za-konfiskatsija-za-divogradbi/#respond Fri, 12 May 2023 09:16:19 +0000 https://kurir.mk/?p=833386

На предлог на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на вчерашната седница на ЗЕЛС беше формирана посебна комисија која ќе работи на имплементирање на Иницијативата за конфискација на бесправно изградени објекти во ново законско решение. Новоформираната комисија е составена од пет градоначалници и членови на Управниот одбор на ЗЕЛС, нивни стручни тимови од општината и претставници од Министерството за транспорт и врски и Министерството за правда под чии ингеренции спаѓаат Законот за управување на конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка и Законот за постапување со бесправно изградени објекти под чии законски регулативи спаѓа Иницијативата за конфискација на дивоградби, соопшти Општина Центар. - Прифаќањето на предлогот и во истиот момент формирање на комисија е силен показател за потребата за имплементирање за Иницијативата за конфискација на бесправно изградени објекти во законско решение. Воедно ова покажува колку е голем и сериозен проблемот со бесправното градење и узурпирање и присвојување на државното земјиште во сите општини, во целата држава. Им се заблагодарувам на колегите градоначалници на ЗЕЛС кои даваат силна поддршка за конечно заедно да ставиме крај на неконтролираното градење, изјави вчера Герасимовски. Според градоначалникот, комисијата која ќе ги иницира измените и дополнувањата на законите под кои спаѓа Иницијативата, се формира во вистинско време затоа што законите кои треба да претрпат измени и дополнувања веќе се влезени во собраниска процедура. Целта на преточување на Иницијативата за конфискација на бесправно изградени објекти во закон има за цел да ги ре-употреби објектите за потребите на граѓаните. Герасимовски смета дека законско решение за оваа иницијатива би била огромен чекор напред во однос на превенција од идни дивоградби. Само за една градба на Водно потребни се околу пет милиони денари само за онеспособување но не и нецелосно отстранување на нелегалниот објект. Само во Општина Центар има десетина големи дивоградби додека на државно ниво се неколку стотици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/posebna-komisija-vo-zels-ke-raboti-na-initsijativata-za-konfiskatsija-za-divogradbi/feed/ 0
ЗЕЛС и општините во функција на задоволни граѓани и поквалитетна здравствена заштита https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zels-i-opshtinite-vo-funktsija-na-zadovolni-gragani-i-pokvalitetna-zdravstvena-zashtita/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zels-i-opshtinite-vo-funktsija-na-zadovolni-gragani-i-pokvalitetna-zdravstvena-zashtita/#respond Fri, 07 Apr 2023 13:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=821535

Прв чекор за унапредување на здравствената заштита е локалното ниво или формирање на комисии за заштита на права на пациенти. Со ова же се даде придонес во унапредување на квалитетот на здравствена заштита кај различни категории пациенти. Ова беше заклучено на денешната средба во организација на ЗЕЛС и претседателот Орце Ѓоргиевски и Комсијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ предводена од доктор Игор Николов. Денеска тие се сретнаа со претседателот на Здружението на дијабетичари, Димче Велев, а средбата беше во рамки на одбележувањето на 7-ми април, Светски ден на здравјето кој годинава се одбележа под мотото „Здравје за сите“. „Неопходен е достоинствен третман за дијабетичарите, но и сите останати категории пациенти. Имавме одлична и конструктивна средба со фокус на долгогодишните предизвици со кои се соочуваат дијабетичарите. Заеднички иницираме преку ЗЕЛС конкретни чекори во соработка со општините со цел во рамки на прописите да се излезе во пресрет на пациентите“, рече на средбата градоначалникот Ѓоргиевски. Доктор Игор Николов, претседател на Комсијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ псоочи дека со оваа иниција голема придобивка ќе имаат пациентите, а ќе значи и растеретување на терциерното здравство. „Заедно со градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС ја инициравме оваа средба. Идејата општините да се вклучат преку комисии за здравство на локално ниво во помош на граѓаните и пациентите ќе е од голема помош за сите, а со тоа и ќе го подобриме квалитетот на здравствена заштита“, рече доктор Николов. Првиот чекор за унапредување на здравствената заштита на локално ниво е формирање Комисии за заштита на права на пациенти за да дадеме придонес во унапредување на квалитетот на здравствена заштита кај различни категории пациенти. Честититки по повод Светскиот ден на здравјето до сите вработени во здравствениот систем кои несебично секојдневно даваат се од себе и се посветени за грижата кон своите пациенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zels-i-opshtinite-vo-funktsija-na-zadovolni-gragani-i-pokvalitetna-zdravstvena-zashtita/feed/ 0
Ѓорѓиевски до институциите: Паниката и стравот со кои живеат родителите и учениците се притисок и тортура кои никој не треба да ги трпи – справете се со дојавите за бомби! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievski-do-institutsiite-panikata-i-stravot-so-koi-zhiveat-roditelite-i-uchenitsite-se-pritisok-i-tortura-koi-nikoj-ne-treba-da-gi-trpi-spravete-se-so-dojavite-za-bombi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievski-do-institutsiite-panikata-i-stravot-so-koi-zhiveat-roditelite-i-uchenitsite-se-pritisok-i-tortura-koi-nikoj-ne-treba-da-gi-trpi-spravete-se-so-dojavite-za-bombi/#respond Thu, 02 Mar 2023 15:12:59 +0000 https://kurir.mk/?p=807216

По повод случувањата во последните месеци во кои поради лажните дојави за бомби во училиштата и неможноста да се најдат испраќачите, кај граѓаните сериозно е нарушено чувството на безбедност и доверба во системот, Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, упати апел до надлежните институции за сериозност и професионално делување. Тој нагласи дека освен до МВР апелира и до МОН, бидејќи системот за онлајн настава не функционира во повеќето од училиштата, па заобиколните решенија за одвивање на образовниот процес не се возможни. Општините не можат да ја спроведуваат оваа доверена надлежност и не можат да им помогнат на родителите кои огорчени се обраќаат во единиците на локалната самоуправа . -Од името на ЗЕЛС, сакам да апелирам и да го повикувам МВР, како надлежна институција да преземе сериозни чекори за пронаоѓање на испраќачите на електронските пораки за поставени бомби низ училиштата во Скопје и другите градови за да можат учениците што поскоро непречено да следат настава“ нагласи Ѓорѓиевски. -Паниката и стравот со кои живеат родителите и учениците, чувството на небезбедност и несигурност во училиштата кои траат со месеци, се притисок и тортура кои никој не треба да ги трпи. Затоа го повикувам министерот Спасовски да заврши со објаснувањата зошто не можат да ги најдат сторителите, бидејќи во системот и МВР, тој е поставен за министер токму со таква цел. Не поминуваат повеќе никакви оправдувања, никакви декларативни заложби, бидејќи и после неколку месеци, нема резултати од ниту една истрага. Ова е класична тортура на учениците, родителите, наставниците и на сите граѓани и мора да престане“, нагласи Ѓорѓиевски . Тој го повика и Министерството за образование и наука да најде начин наставата да продолжи и да се зафати сериозно со овој проблем, бидејќи системот за онлајн настава не функционираше вчера, а не функционира ниту денес за некои училишта. -Во име на родителите ве замолувам и барам да ставите крај на овој хаос, изјави Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievski-do-institutsiite-panikata-i-stravot-so-koi-zhiveat-roditelite-i-uchenitsite-se-pritisok-i-tortura-koi-nikoj-ne-treba-da-gi-trpi-spravete-se-so-dojavite-za-bombi/feed/ 0
Средба на раководството на ЗЕЛС со делегација од Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-rakovodstvoto-na-zels-so-delegatsija-od-tsrna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-rakovodstvoto-na-zels-so-delegatsija-od-tsrna-gora/#respond Fri, 17 Feb 2023 14:43:24 +0000 https://kurir.mk/?p=801829

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски и потпретседателот Перо Костадинов денеска имаа средба со шестчлена делегација од Одборот за политички систем, правосудство и управа при Собранието на Република Црна Гора, предводена од претседателот на Одборот, Момо Копривица. Како што е наведено во соопштението од ЗЕЛС, претставниците од црногорската делегација биле информирани за искуствата на единиците на локалната самоуправа од нашата земја, за законската регулатива и нејзината имплементација на локално ниво, како и за степенот на развој на процесот на децентрализација на власта, од причина што во овој момент во Република Црна Гора се започнати процедури на законски измени поврзани со локалната власт. -Гостите особено беа заинтересирани да добијат попрецизни сознанија за начинот на финансирање на општините, собирањето на данок на имот, развивањето на нови услуги за граѓаните, територијалната организација, начинот на организирање на локалните избори, но и за нивото на соработката меѓу локалната и централната власт. Тие посочија на традиционалната поврзаност на двете држави, на сличниот менталитет и предизвиците со кои се соочуваат, што им дава посебна важност на искуствата што ќе ги слушнат од оваа средба. При тоа, беше посочено дека десет општини од Црна Гора се збратимени со општини од нашата земја и дека таа соработка треба да продолжи и да се надградува, информираат од ЗЕЛС. Претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски нагласил дека процесот на децентрализација мора забрзано да продолжи да се развива во секоја земја и да се интензивира лобирањето за обезбедувањето на поголема финансиска стабилност на единиците на локалната самоуправа. - Во суштина сметам дека имаме слични предизвици и дека централната власт секогаш е скептична кога станува збор за обезбедување на соодветни средства за финансирање на префрлените надлежности на локално ниво, но ние треба секогаш да се залагаме да добиеме повеќе надлежности и да лобираме да добиеме и што повеќе или барем соодветни средства за нивно спроведување, како што тоа впрочем е утврдено и во Европската повелба за локална самоуправа. Главната причина е што општините се основните клетки на развој и демократизирање на едно општество, посочил Ѓорѓиевски. Притоа, тој ја нагласил улогата на ЗЕЛС во целиот тој процес, како значајна алатка на сите единици на локалната власт, преку која се градат консензуални ставови за лобирање пред централната власт, без партиски интереси, а во интерес на општините и на граѓаните. И потпретседателот на ЗЕЛС, Перо Костадинов, ја потврдил взаемната соработка на сите членки во рамките на ЗЕЛС, посочувајќи дека локалната и централната власт секогаш ќе бидат во една „вечна борба“ но дека тоа не треба никого да поколеба, напротив општините треба да се залагаат за преземање на што поголем број на ингеренции и услуги во интерес на граѓаните. Присутните биле информирани и за поконкретни начини на дејствување на ЗЕЛС и на активностите што ги реализира, каде освен лобирањето, посебно место заземаат активностите за јакнењето на капацитетите на единиците на локалната самоуправа и електронските услуги, но станало збор и за начинот на соработка со Владата и со Собранието на Република Северна Македонија. Како што е информираат од ЗЕЛС, на средбата биле изнесени заложбите за континуиран притисок за законски измени во насока на обезбедување на повеќе средства за општините и постигнување на поголема финансиска стабилност, но и за реорганизација кон утврдување на задолжителни и факултативни надлежности на општините.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-rakovodstvoto-na-zels-so-delegatsija-od-tsrna-gora/feed/ 0
ЗЕЛС: Речиси половина од општините обезбедија 14 милиони денари парична донација за настраданите во Турција и Сирија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zels-rechisi-polovina-od-opshtinite-obezbedija-14-milioni-denari-parichna-donatsija-za-nastradanite-vo-turtsija-i-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zels-rechisi-polovina-od-opshtinite-obezbedija-14-milioni-denari-parichna-donatsija-za-nastradanite-vo-turtsija-i-sirija/#respond Mon, 13 Feb 2023 14:42:46 +0000 https://kurir.mk/?p=799926

По повикот за обезбедување на парична помош за настраданите од подрачјата зафатени од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија што неодамна го упати претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, веќе се огласија околу половина од општините од нашата земја. Паричната сума што тие досега ја обезбедија за оваа намена измесува околу 14 милиони денари. Ова парична донација не е конечната сума што ќе биде уплатена од страна на единиците на локалната самоуправа, на отворената сметка на Црвениот крст. Како што информираат од ЗЕЛС, и во останатите општини веќе се покренати процедурите за спроведување на законската форма за одобрување на утврдените донации, што треба да ги изгласаат општинските совети. Поддршката што ја даваат општините, велат од ЗЕЛС, претставува само уште една потврда за хуманоста и солидарноста за настраданите од оваа природна непогода. - Освен парична помош, дел од општините обезбедуваат и материјална помош, во согласност со барањата што ги упатува населението од погодените подрачја. Исто така, и многу граѓани се обраќаат во општините, заинтересирани самостојно да донираат и на тој начин да ја покажат солидарност и поддршка за настраданите. Од таа причина уште еднаш ја објавуваме сметката на која може да се уплатат финансиски средства: https://ckrm.org.mk/pomosh-na-nastradanoto-naselenie-pogodeno-od-katastrofalniot-zemjotres-vo-turtsija-i-sirija/, се вели во денешното соопштение од ЗЕЛС. Од Заедница на единиците на локалната самоуправа нагласуваат дека остануваат да бидат на располагање за сите барања и потреби кои ги имаат жителите на погодените подрачја.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zels-rechisi-polovina-od-opshtinite-obezbedija-14-milioni-denari-parichna-donatsija-za-nastradanite-vo-turtsija-i-sirija/feed/ 0
Претседателот на ЗЕЛС ги повика општините за финансиска помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pretsedatelot-na-zels-gi-povika-opshtinite-za-finansiska-pomosh-za-pogodenite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pretsedatelot-na-zels-gi-povika-opshtinite-za-finansiska-pomosh-za-pogodenite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/#respond Mon, 06 Feb 2023 16:05:01 +0000 https://kurir.mk/?p=796861

Со длабоко жалење и вознемиреност ја примив ужасната вест за разорниот земјотрес што ги погоди граѓаните на Република Турција и Сирија. Во овие исклучително тешки и тажни моменти за нив, за семејствата на загинатите и повредените, од мое лично име, како и од име на сите општини во ЗЕЛС и нивните граѓани, упатувам искрено сочувство, напиша градоначалникот на општина Кисела вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Георгиевски. -И Македонија во својата историја памети човечки загуби и огромни материјални штети од природни катастрофи. Ја памети и помошта и топлината на подадената рака во моментите кога и’биле најпотребни. Во вакви моменти сите треба да се потсетиме дека не можеме против природните катастрофи со трагичен епилог, но можеме со хуманост и солидарност да помогнеме. Оттука, како Претседател на ЗЕЛС, апелирам за солидарност до градоначалниците на сите општини во Република Македонија. Сега е момент кога секој, согласно своите финансиски можности треба да ја покаже својата благородност и на дело да докаже дека хуманоста и солидарноста со кои не’опишуваат биле и остануваат наша движечка сила! Самиот, како градоначалник на Општина Кисела Вода, веќе поднесов иницијатива до Советот за обезбедување на финансиска помош од 500.000,00 денари за погоденото население од Турција и Сирија. Остваривме контакт и со Амбасадата на Република Турција во Македонија, на која понудивме поддршка и од друг тип. Од таму дополнително ќе бидеме известени околу конкретните потреби па ќе излеземе со адекватна помош за семејствата погодени од разорниот земјотрес! Истакна Георгиевски. Се надевам и силно верувам дека овој чекор ќе го следат сите останати градоначалници. Искрено и од срце посакуваме брзо заздравување на повредените, а овие земји што поскоро да ги санираат погодените места од разорниот земјотрес, додаде тој.

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pretsedatelot-na-zels-gi-povika-opshtinite-za-finansiska-pomosh-za-pogodenite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/feed/ 0
Ѓорѓиевски вети дека силно ќе се залага за носење на квалитетни одлуки како претседател на ЗЕЛС https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-veti-deka-silno-ke-se-zalaga-za-nosene-na-kvalitetni-odluki-kako-pretsedatel-na-zels/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-veti-deka-silno-ke-se-zalaga-za-nosene-na-kvalitetni-odluki-kako-pretsedatel-na-zels/#respond Mon, 30 Jan 2023 13:15:05 +0000 https://kurir.mk/?p=793754

Управниот одбор на ЗЕЛС доби нов Претседател. На единствен предлог од членовите на УО, Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со големо мнозинство беше избран да го раководи ова тело во наредните три години. -Денес, мнозинството на членови на Управниот одбор на ЗЕЛС, го даде својот глас и донесе одлука да ме избере за нов претседател на ЗЕЛС, заедницата што ги обединува сите 81 општина во Македонија. Пред се’, сакам да им се заблагодарам на членовите на УО на ЗЕЛС за укажаната доверба и за тоа што во мене препознаа човек кој ќе се залага за поголема стабилност на општините и нивна поголема независност во финансиска смисла. Оттука сакам да потенцирам дека во периодот што е пред нас, силно ќе се залагам за носење на квалитетни одлуки, за поголема децентрализација во духот на демократските процеси, за подеднаков развој на сите единици на локалната самоуправа без разлика на политичката припадност на нивните раководства, од што, секако, најголем бенефит ќе имаат нашите граѓани. Воедно, сакам да се заблагодарам за досегашниот ангжманот на сега веќе поранешниот Претседател на ЗЕЛС, градоначалничката Данела Арсовска, изјави новиот Претседател на ЗЕЛС, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-veti-deka-silno-ke-se-zalaga-za-nosene-na-kvalitetni-odluki-kako-pretsedatel-na-zels/feed/ 0
Арсовска разрешена од ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски избран за нов претседател https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-razreshena-od-zels-ortse-gorgievski-izbran-za-nov-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-razreshena-od-zels-ortse-gorgievski-izbran-za-nov-pretsedatel/#respond Mon, 30 Jan 2023 12:34:17 +0000 https://kurir.mk/?p=793726

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната седница на Заедница на единиците на локална самоуправа е разрешена од позицијата претседател. На денешната седница на ЗЕЛС, по барање на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ предложено е нејзино разрешување, а предлог за нов претседател е градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Георгиевски. Мнозинството на членови на Управниот одбор на ЗЕЛС ги усвои предлозите. -Потпретседателите на ЗЕЛС, Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир и Перо Костадинов, градоначалник на Општина Валандово, остануваат на истата позиција, а досегашната претседателка на ЗЕЛС, Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје продолжува со активностите во ова тело, како член на Управниот одбор. Всушност и според Статутот на ЗЕЛС, градоначалникот на Град Скопје по функција е член на Управниот одбор на ЗЕЛС. На оваа седница, Управниот одбор донесе заклучок за упатување на итно барање до Владата на РСМ за одржување на заедничка средба на која главна тема на разговорот ќе биде изнаоѓање на соодветни решенија за предизвиците со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа, поврзани со енергетска криза, се вели во соопштението од ЗЕЛС. Оттаму посочуваат дека општините се доведени во колапс од високите сметки за електрична енергија и дека ваквата состојба најголемиот број на општини не би можеле да ја издржат ниту уште еден месец. Од Кабинетот на Арсовска излегоа со реакција од каде истакнуваат дека на постојниот политички естаблишмент очигледно му пречеле луѓе со визија, вредни и чесни, луѓе кои се независни и делуваат исклучително во интерес на граѓаните. -На СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ очигледно му пречат луѓе кои знаат да кажат не на корупцијата и криминалот, луѓе кои јавниот го ставаат пред бизнис интересот на врхушката во партиите. Истите луѓе кои се најзаслужни за ерозија на македонското општество во сите сфери од денес ја превземаат контролата врз единствената национална асоцијација и непрофитна организација, во која на доброволна основа членуваат сите 80 општини и Градот Скопје, велат од Кабинетот на Арсовска.

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-razreshena-od-zels-ortse-gorgievski-izbran-za-nov-pretsedatel/feed/ 0
Паунов: ЗЕЛС изгуби цела година во време на криза, без позитивни резултати заради игноратскиот однос и незаинтересираноста на Арсовска https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-zels-izgubi-cela-godina-vo-vreme-na-kriza-bez-pozitivni-rezultati-zaradi-ignoratskiot-odnos-i-nezainteresiranosta-na-arsovska/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-zels-izgubi-cela-godina-vo-vreme-na-kriza-bez-pozitivni-rezultati-zaradi-ignoratskiot-odnos-i-nezainteresiranosta-na-arsovska/#respond Mon, 26 Dec 2022 15:22:15 +0000 https://kurir.mk/?p=780704

ЗЕЛС изгуби цела година во време на криза, без позитивни резултати заради игноратскиот однос и незаинтересираноста на Арсовска, вели во интервју за Курир градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов. Како општина Карбинци ја помина календарската 2022 година? - Во Карбинци оваа година беше полна со предизвици, проекти, градежна офанзива во текот на целата година и многу реализирани и завршени проекти. Кои проекти би ги издвоиле како најважни за годината што изминува? - Општина Карбинци реализираше повеќе од 5км улици со асфлат, клучниот проблем со мостот кај село Долни Балван е саниран во помал период од 1 год. речното корито на Козјачка река во должина од 140м во село Карбинци и многу други важни проекти за нашата општина иако не зафати голема енергетска криза успејавме да го реализираме планираното. Како Карбинци се справуваше со оваа енергетска криза? - Знаете дека најголемиот предизвик во првата година од овој мандат е токму овој проблем за електричната енергија. Успејавме да ставиме под контрола со мерки кои ги воведовме заедно со општинската администрација. Но она што не успејавме како општини е токму преку ЗЕЛС каде што сум член на УО, по интензивни разговори и состаноци на УО резултатот е катастрофален. Претседателството на ЗЕЛС незаинтересирано цела година без воопшто да присуствуваат на поголем дел од седниците придонесе да општините сами доваѓаат до решенија. Кои се предизвиците за во иднина во 2023 година? - Многу проекти кои веќе ги имаме во програмата и буџетот. Клучно ќе биде училиштето во село Таринци како капитален проект, канализирањето на каналот во Долни Балван и многу улици кои ќе бидат во програмата за асфлатирање. Вие сте и дел од Управниот одбор на ЗЕЛС, како ја оценувате работата на ЗЕЛС за изминатата 2022 година? - ЗЕЛС практично ништо не реализираше. На чело со Арсовска општините не може да се надеваат на позитивни резултати на ЗЕЛС. Игнорантскиот однос и незаинтересираноста не доведе до изгубено време цела една година. ЗЕЛС бара заложби, и тврди ставови за борба која ја очекуваат општините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-zels-izgubi-cela-godina-vo-vreme-na-kriza-bez-pozitivni-rezultati-zaradi-ignoratskiot-odnos-i-nezainteresiranosta-na-arsovska/feed/ 0