земја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 12:35:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png земја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Снимен судир на Јупитер со карпесто тело https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-snimen-sudir-na-jupiter-so-karpesto-telo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-snimen-sudir-na-jupiter-so-karpesto-telo/#respond Tue, 05 Sep 2023 12:35:05 +0000 https://kurir.mk/?p=874800

Астрономи-аматери, користејќи телескопи поставени на Земјиното копно, забележале и снимиле удар на вселенска карпа во планетата Јупитер кон крајот од август. Мрежата телескопи во Јапонија - пред сѐ составена од системите „ОАСЕС“ (Organized Autotelescopes for Serendipitous Event Survey) и „ПОНКОТС“ (Organized Autotelescopes for Serendipitous Event Survey), успешно го детектираа овој видлив судир. Според првичните наводи, овој краток миг е „уловен“ од аматер, а видеото е објавено и на „Х“-профилот „MASA Planetary Log“. Потоа се надоврзаа и други астрономи-аматери кои го забележале силниот блесок за којшто се верува дека бил предизвикан од мала комета или астероид. За да се одреди големината и видот на ова тело, треба да се направат повеќе истражувања. Целта е да се утврди дали телото му припаѓало на нашиот Сончев Систем или не. Јупитер повремено е мета на комети и астероиди поради неговата величина и силната гравитација. Неговото гравитациско влијание се протега до астероидниот појас што се наоѓа меѓу орбитите на Марс и Јупитер. Како последица на тоа, патеките на астероидите во појасот може да се променат, што ги насочува кон планетата и ја зголемува веројатноста за судир. Некои научници сметаат дека токму големината на Јупитер ја штити Земјата од судири со залутани вселенски тела, што го овозможило и развојот на живот на нашата планета. Јупитер или „ги впива“ овие тела што се движат кон Сонцето, или ги одбива од Земјата. Инаку, овие тела би претставувале голема закана за Земјата и другите внатрешни планети. Според истражувањата, гасниот џин трпи од 12 до 60 слични влијанија годишно. Сепак, снимањето на таквиот настан е релативно ретка појава. Најпознатиот снимен судир се случил 1994 година кога делови од кометата Шумакер-Леви го погодиле Јупитер со сила еднаква на 300 милиони атомски бомби. Оваа комета орбитираше околу Јупитер повеќе од 10 години, по што се распадна на 20 помали тела - токму поради огромната гравитација на гасовитата планета. Вселенскиот телескоп „Хабл“ ја сними оваа појава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-snimen-sudir-na-jupiter-so-karpesto-telo/feed/ 0
По шест месеци на МВС, четворица астронаути успешно слетаа на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-shest-mesetsi-na-mvs-chetvoritsa-astronauti-uspeshno-sletaa-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-shest-mesetsi-na-mvs-chetvoritsa-astronauti-uspeshno-sletaa-na-zemjata/#respond Mon, 04 Sep 2023 07:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=874257

По шестмесечен престој на Меѓународната вселенска станица (МВС), четворица астронаути утрово успешно се вратија на Земјата. Капсулата на „Спејс-Икс“ слета на површината на Атлантскиот Океан близу брегот на американската сојузна држава Флорида. Астронаутите на американската НАСА - Стивен Бовен и Ворен Вуди Хобург, Русинот Андреј Федаев и Султан ал Неџади од Обединетите Арапски Емирати, се вратија, по одложувањето за еден ден поради лошото време. На МВС во мигов има седум астронаути. Уште една промена на екипажот ќе се случи подоцна овој месец, кога двајца Руси и еден Американец кои минаа една година на МВС ќе се вратат на Земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-shest-mesetsi-na-mvs-chetvoritsa-astronauti-uspeshno-sletaa-na-zemjata/feed/ 0
ФОТО: Спектакуларни сцени го обиколија светот, Месечината беше поблиску до Земјата од вообичаено https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-spektakularni-stseni-go-obikolija-svetot-mesechinata-beshe-poblisku-do-zemjata-od-voobichaeno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-spektakularni-stseni-go-obikolija-svetot-mesechinata-beshe-poblisku-do-zemjata-od-voobichaeno/#respond Tue, 04 Jul 2023 17:26:36 +0000 https://kurir.mk/?p=852662

Многу луѓе синоќа беа сведоци на спектакуларни сцени од Месечината, а причината e во фактот што таа беше поблиску до Земјата за околу 22.000 километри од вообичаеното. Јулската Супермесечина е првата од четирите таканаречени супермесечини што ќе се појават оваа година, а воедно е и најсветлата што ќе се појави оваа година. Овој феномен објаснува зошто многу луѓе синоќа не спиеле добро. Имено, полната месечина може да го наруши сонот бидејќи испушта голема количина сина светлина. Оние кои имаа можност да ја видат се вистинските среќници, бидејќи сцените беа фасцинантни, а голем дел од луѓето ја искористија оваа единствена можност да ја фотографираат. -Супермесечина е кога Месечината се појавува малку поголема на нашето небо. Додека Месечината орбитира околу Земјата, таа не е во совршен круг. Значи, има точки во нејзината орбита каде што е малку поблиску или малку подалеку од Земјата, изјави директорот на планетариумот Абрамс на Државниот универзитет во Мичиген, Шенон Шмол за Си-Ен-Ен. Она што е интересно е дека повеќето години имаат 12 полни фази на Месечината, но оваа година ќе има 13. Во август ќе се појави таканаречената Сина Месечина, која ќе биде најблиску до Земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-spektakularni-stseni-go-obikolija-svetot-mesechinata-beshe-poblisku-do-zemjata-od-voobichaeno/feed/ 0
Планетата Земја лани загуби 4,1 милиони хектари тропска шума https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/planetata-zemja-lani-zagubi-4-1-milioni-hektari-tropska-shuma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/planetata-zemja-lani-zagubi-4-1-milioni-hektari-tropska-shuma/#respond Tue, 27 Jun 2023 12:00:28 +0000 https://kurir.mk/?p=850086

Планетата Земја во 2022 година изгуби 4,1 милиони хектари недопрена тропска шума, што е еднакво на територијата на Холандија или Швајцарија, објави денеска Светскиот институт за ресурси (WRI). Според анализата на сателитски податоци собрани од платформата Global Forest Watch (GWF) на овој институт со седиште во Вашингтон, на секои пет секунди по едно дрво се сечело или горело во подрачје со површина на фудбалско игралиште. Во споредба со 2021 година, тоа е 10 проценти повеќе изгубена вегетација, што е клучно за биолошката разновидност и складирањето на јаглеродот. Најпогодена земја е Бразил, со 43 отсто од вкупно уништената површина, потоа Конго (13 отсто) и Боливија (девет отсто). - Губиме една од нашите најефикасни алатки за борба против климатските промени, за заштита на биолошката разновидност и поддршка на здравјето и егзистенцијата на милиони луѓе, рече директорката на GWF, Микаела Вајс. Тропските шуми уништени во 2022 година ослободиле 2,7 милијарди тони јаглерод диоксид, што е еднакво на годишните емисии на најнаселената земја во светот, Индија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/planetata-zemja-lani-zagubi-4-1-milioni-hektari-tropska-shuma/feed/ 0
Денот порано траел 19 часа, научниците објаснија зошто било така https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/denot-porano-trael-19-chasa-nauchnitsite-objasnija-zoshto-bilo-taka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/denot-porano-trael-19-chasa-nauchnitsite-objasnija-zoshto-bilo-taka/#respond Fri, 16 Jun 2023 11:13:11 +0000 https://kurir.mk/?p=846507

Во далечното минато денот траел 19 часа бидејќи Месечината била поблиску до Земјата. Научниците објаснија како растојанието помеѓу Месечината и Земјата и другите природни околности влијаат на должината на денот. Геофизичарот на Институтот за геологија и геофизика на Кинеската академија на науките Рос Мичел изјави дека со текот на времето, како што рече, Месечината ја украла ротационата енергија на Земјата за да ја премести понатаму во орбитата, односно подалеку од Земјата. Мичел е водечки автор на студијата посветена на должината на денот, која беше објавена во научното списание Nature Geoscience. „Повеќето модели на ротација на Земјата покажуваат дека должината на денот била пократка во минатото“, вели Уве Киршер, коавтор на студијата и соработник на австралискиот универзитет Куртин. Сепак, Мичел и Киршер не забележале стабилни промени во должината на денот во минатото. Како што пишува Jerusalem Post, геолозите некогаш користеле траги на специјални седиментни карпи за да ја измерат должината на денот. Имено, на нив имало траги од плимата и осеката. Ова овозможи да се одреди бројот на часови во еден ден. Сепак, трагите од плимата и осеката се ретки, па дури и оние што биле зачувани често се оспоруваат. Сепак, постои уште еден начин да се процени должината на денот. Циклостратиграфијата е геолошка метода во која се користат ритмички седиментни слоеви за откривање на астрономските „миланковички циклуси“ кои одразуваат како промените во орбитата и ротацијата на Земјата влијаат на климата. „Двата „Миланковички циклуси“ – прецесија и наклон – се поврзани со осцилацијата и навалувањето на ротацијата на Земјата во вселената. Побрзата ротација на Земјата во минатото е забележлива во периодот на пократка прецесија и навалување“, вели Киршнер. Една од недокажаните теории е дека должината на денот се стабилизирала во далечното минато. Покрај плимата и осеката на океаните предизвикани од влијанието на Месечината, Земјата има и соларни плими поврзани со загревањето на атмосферата во текот на денот. Атмосферските плими на Сонцето не се толку силни како плимата и осеката на океаните, но тоа не е секогаш случај. Додека Месечината ја успорува ротацијата на Земјата, Сонцето ја забрзува. „Во минатото овие две спротивставени сили станаа еднакви една со друга, што резултираше со тоа што должината на денот престанува да се менува и останува константна одреден временски период“, нагласи Киршнер, а токму тоа го покажа споменатото истражување. Според него, должината на денот престанала да се менува на 19 часа, а тоа се случило пред една до две милијарди години, пишува Jerusalem Post.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/denot-porano-trael-19-chasa-nauchnitsite-objasnija-zoshto-bilo-taka/feed/ 0
На месечина на Сатурн забележан клучниот елемент во создавањето на животот на Земјата – фосфор https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-mesechina-na-saturn-zabelezhan-kluchniot-element-vo-sozdavaneto-na-zhivotot-na-zemjata-fosfor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-mesechina-na-saturn-zabelezhan-kluchniot-element-vo-sozdavaneto-na-zhivotot-na-zemjata-fosfor/#respond Thu, 15 Jun 2023 10:48:26 +0000 https://kurir.mk/?p=846057

Научници од САД открија дека фосфорот - клучен елемент во создавањето на животот на Земјата, го има и во океанот под ледената површина на Енцелад - еден од природните сателити на планетата Сатурн. Ова откритие се заснова на анализата на податоците собрани од сондата „Касини“ на НАСА, а објавено е во престижното научно списание „Нејчр“ (Nature). - Ова е неверојатно откритие за астробиологијата. Пронајдовме изобилство на фосфор во примероците мраз кои избиваат од подземниот океан, изјави Кристофер Глен од Југозападниот истражувачки институт. Гејзерите на јужниот пол на Енцелад исфрлаат парчиња мраз преку пукнатините на површината и на тој начин се лепат на прстените на Сатурн. Научниците претходно забележаа одредени други минерали и органски соединенија во тој мраз, но не и фосфор, којшто е суштински елемент за градењето ДНК и РНК и се наоѓа во коските и забите на луѓето, животните, па дури и кај океанските планктони. - Геохемиското моделирање претходно предвиде дека фосфорот најверојатно ќе биде присутен и тоа предвидување се оствари, но едно е да се предвиди нешто, а друго да се потврди, рече Глен. Сондата „Касини“ почна да го истражува Сатурн и неговите прстени и месечини во 2004., пред да изгори во атмосферата на гасовитиот џин кога нејзината мисија заврши во 2017 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-mesechina-na-saturn-zabelezhan-kluchniot-element-vo-sozdavaneto-na-zhivotot-na-zemjata-fosfor/feed/ 0
Деветнаесет мртви под одрон на земја во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devetnaeset-mrtvi-pod-odron-na-zemja-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devetnaeset-mrtvi-pod-odron-na-zemja-vo-kina/#respond Mon, 05 Jun 2023 06:41:19 +0000 https://kurir.mk/?p=842073

Деветнаесет лица вчера загинаа во свлечиште во провинцијата Сечуан, во југозападна Кина, објавија кинеските државни медиуми. Според првичните информации за несреќата, локалната самоуправа пријавила 14 загинати и пет исчезнати, но телата на исчезнатите подоцна биле пронајдени, пишуваат службените гласила. Изворите наведуваат дека до одронот на земјиштето дошло на врвот на планината, кај една шумска фарма, во близина на градот Лешана. Во 20 часот (14 часот по средноевропско време), пронајдена е 19-та жртва и потрагата по исчезнатите е прекината, јави кинеската државна телевизија CCTV. Повеќе од 180 лица се испратени на местото на несреќата за да трагаат по преживеани, соопштија локалните власти. Местото на несреќата е во планинска област, на околу 240 километри јужно од Ченгду, административниот центар на покраината. Околу 40.000 лица живеат во оваа рурална провиниција, главно од шумарство и земјоделство. Одроните се честа опасност во кинеските планински и рурални области, особено за време на сезоната на дождови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devetnaeset-mrtvi-pod-odron-na-zemja-vo-kina/feed/ 0
Денеска покрај Земјата ќе помине голем астероид https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/deneska-pokraj-zemjata-ke-pomine-golem-asteroid/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/deneska-pokraj-zemjata-ke-pomine-golem-asteroid/#respond Sun, 21 May 2023 10:23:29 +0000 https://kurir.mk/?p=836962

Астероидот наречен 2023 JK се очекува утре да прелета покрај Земјата, промашувајќи ја нашата планета за нешто повеќе од 1,6 милиони километри. Според американската вселенска агенција НАСА, 2023 JK е со големина колку комерцијален патнички авион. Астероидот JD4 - кој е приближно со иста големина како 2023 JK - исто така ќе помине утре и ќе ја промаши Земјата за речиси двојно поголема оддалеченост. Уште три астероиди ќе поминат недалеку од Земјата: Blue Marble со големина на автобус, 2023 JL2 со големина на авион и HG11 - со дијаметар од само седум метри - кој ќе се приближи на 4,5 милиони километри. Преминот на JK 2023 можеби е многу опасен во споредба со другите летечки карпи, но човештвото сепак не треба да ги менува своите планови за викендот. За споредба, Месечината е оддалечена 380.000 километри од Земјата, а во ретка прилика кога астероиди удриле во нашата планета, обично тоа и не бил некој настан. „Околу еднаш годишно, астероид со големина на автомобил удира во атмосферата на Земјата, создава импресивна огнена топка и гори пред да стигне до површината“, објави НАСА. Пред околу 65 милиони години, астероид со големина на планина ги збриша диносаурусите и поголемиот дел од остатокот од животот на Земјата. извор: kajgana]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/deneska-pokraj-zemjata-ke-pomine-golem-asteroid/feed/ 0
Ден на планетата Земја: Територија со големина на Португалија се губи годишно поради нелегалната сеча на шумите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/den-na-planetata-zemja-teritorija-so-golemina-na-portugalija-se-gubi-godishno-poradi-nelegalnata-secha-na-shumite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/den-na-planetata-zemja-teritorija-so-golemina-na-portugalija-se-gubi-godishno-poradi-nelegalnata-secha-na-shumite/#respond Sat, 22 Apr 2023 10:16:32 +0000 https://kurir.mk/?p=826348

Светската организација за заштита на природата денеска на Денот на планетата Земја, соопшти дека територија со големина на Португалија се губи секоја година во светот поради нелегалната сеча на шумите, што како директна последица има „уште покатастрофални климатски промени и поголем процент на загуба на биолошката разновидност“. Огранокот на Светската организација за заштита на природата за регионот Адрија (земји од поранешна Југославија и Албанија) во соопштението по повод Денот на планетата Земја наведува дека шумите „полека умираат“, и покрај бројните договори и договори постигнати на глобално ниво, кои се однесуваат на запирање на глобалното затоплување на 1,5 степен и прогласување на 30 отсто од територијата на планетата за заштитено подрачје. Извршната директорка на Светската организација за заштита на природата за регионот Адрија, Наташа Калауз изјави дека Денот на планетата Земја претставува можност да се посвети внимание на шумите и борбата за здрава планета, но дека не смееме да заборавиме на другите ресурси, како што се водата и воздухот. „Користењето на обновливите извори на енергија наместо досегашната практика да се потпираме исклучиво на фосилните горива може многу да помогне во зачувувањето на природните ресурси, бидејќи ако ги нема нив го нема ниту живиот свет како целина, а ниту нас на крајот“, рече Калауз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/den-na-planetata-zemja-teritorija-so-golemina-na-portugalija-se-gubi-godishno-poradi-nelegalnata-secha-na-shumite/feed/ 0
Огромен астероид ќе мине блиску до Земјата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ogromen-asteroid-ke-mine-blisku-do-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ogromen-asteroid-ke-mine-blisku-do-zemjata/#respond Sat, 25 Mar 2023 09:22:58 +0000 https://kurir.mk/?p=816284

Астероид доволно голем да уништи цел град викендов ќе помине помеѓу орбитите на Земјата и Месечината. Објектот наречен 2023 DZ2 е откриен пред еден месец, јавува Би-Би-Си. Тој денеска ќе помине на оддалеченост од 515.000 километри од Месечината, а неколку часа подоцна ќе помине и покрај Земјата. Ретко е толку голем астероид, кој се проценува дека има дијаметар од 40-90 метри, да помине толку блиску до некоја планета. Според НАСА, ова е ретка можност за астрономите да го прошират своето знаење за астероидите, што ќе биде корисно во случај во иднина да се открие опасен објект со потенцијал да удри во Земјата. – Нема шанси овој „убиец на градови“ да удри во Земјата, но фактот што минува толку блиску е одлична можност за набљудување, вели Ричард Моислиз од Европската вселенска агенција. Додека поминува на растојание од само 68.000 километри, астероидот ќе биде видлив преку двогледи и мали телескопи во целиот свет. Преносот во живо ќе се емитува на страницата „The Virtual Telescope Project.“. Овој астероид најверојатно ќе се врати во орбитата на Земјата во 2026 година, но научниците велат дека и тогаш нема да претставува закана за нашата планета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ogromen-asteroid-ke-mine-blisku-do-zemjata/feed/ 0