земјата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 09:59:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png земјата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕСА планира да одобри тригодишна студија за пренос на енергија од вселената на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-planira-da-odobri-trigodishna-studija-za-prenos-na-energija-od-vselenata-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-planira-da-odobri-trigodishna-studija-za-prenos-na-energija-od-vselenata-na-zemjata/#respond Tue, 22 Nov 2022 09:59:13 +0000 https://kurir.mk/?p=764624

Европската вселенска агенција (ЕСА) планира во текот на оваа недела да одобри тригодишна студија за да утврди дали големите соларни фарми во вселената можат да бидат функционални и исплатливи на Земјата. Во следните три години, откако ќе биде прифатен планот, „вселенските газди“ ќе истражуваат како безжично да пренесуваат електрична енергија од вселената до милиони домови на планетата Земја. Крајната цел е да има гигантски сателити во орбитата, секој од нив способен да произведе иста количина на електрична енергија како електрана. Инаку, станува збор за иницијатива наречена Соларис, која доколку биде усвоена од ЕСА, би била првата што ќе ги постави основите за практичен план за развој на вселенски систем за производство на обновлива енергија. Жозеф Ашбахер, кој е генерален директор на ЕСА, за Би-Би-Си изјави дека верува дека сончевата енергија од вселената може да биде од „огромна“ помош во решавањето на идниот недостиг на енергија. Тој ја нагласи потребата од намалување на фосилните горива, наведувајќи дека верува оти е можно во вселената да се произведува електрична енергија за домаќинствата на Земјата. Сончевата енергија може многу поефикасно да се собира во вселената бидејќи нема ниту ноќ, ниту облаци. Идејата постои повеќе од 50 години, но беше премногу тешка и премногу скапа за спроведување. До сега. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-planira-da-odobri-trigodishna-studija-za-prenos-na-energija-od-vselenata-na-zemjata/feed/ 0
НА СВЕТОТ МУ СЕ ЗАКАНУВА КАТАСТРОФА! Дел од кинеско летало неконтролирано иде кон Земјата – не се знае каде ќе падне! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-svetot-mu-se-zakanuva-katastrofa-del-od-kinesko-letalo-nekontrolirano-ide-kon-zemjata-ne-se-znae-kade-kje-padne-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-svetot-mu-se-zakanuva-katastrofa-del-od-kinesko-letalo-nekontrolirano-ide-kon-zemjata-ne-se-znae-kade-kje-padne-foto/#respond Thu, 06 May 2021 07:20:35 +0000 https://kurir.mk/?p=506291

Голема катастрофа се заканува да се случи на 8 мај, бидејќи јадрото на лансираната кинеска ракета оди неконтролирано кон Земјата и постои можност таа да влезе во атмосферата. Имено, по успешното започнување на склопувањето на кинеската вселенска станица и поставувањето на модулот „Тијанхе“ во орбитата на 29 април, ракетата „Долг марш-5Б“, односно нејзиното јадро, започна со својот неконтролиран пад. По неколку неуспешни обиди да се обезбеди негово враќање на Земјата, ракетното јадро во должина од 30 метри сега се заканува да влезе во атмосферата на Земјата во наредните години. Постои страв дека, иако нејзината површина е процент на водни површини, јадрото на ракетата сепак ќе падне на населено место. Се движи неконтролирано и не е можно точно да се предвиди каде ќе падне. Научниците веруваат дека најголемиот дел ќе гори во атмосферата, но дека сепак постои реална опасност некои делови од ракетата да преживеат и да паднат на Земјата.
Таквиот настан не би бил изолиран. Слична ситуација веќе се случи во мај 2020 година, кога најголемиот дел од јадрото на истата ракета изгоре во атмосферата, но некои делови завршија во Атлантскиот Океан, но и во населени места на Брегот на Слоновата Коска. За среќа, тогаш никој не беше повреден, но е забележана голема материјална штета. Некои прогнози велат дека јадрото на ракетата, кое тежи околу 21 тон, ќе падне во сабота, на 8 мај, со веројатност делови да паднат на населените места, а американската влада предупредува на ова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-svetot-mu-se-zakanuva-katastrofa-del-od-kinesko-letalo-nekontrolirano-ide-kon-zemjata-ne-se-znae-kade-kje-padne-foto/feed/ 0
Мистериозна магнетна аномалија над Земјата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/misteriozna-magnetna-anomalija-nad-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/misteriozna-magnetna-anomalija-nad-zemjata/#respond Tue, 18 Aug 2020 11:45:33 +0000 https://kurir.mk/?p=392161

НАСА веќе неколку години активно следи една необична аномалија во магнетното поле на Земјата. Се работи за поголема област со помал магнетен интензитет на небото меѓу Јужна Америка и Африка. Овој феномен, наречен Јужно-атлантска аномалија (ЈАА), со години ги збунува научниците. Сателитите се особено чувствителни на ослабената јачина на магнетното поле во рамки на аномалијата, зашто поради тоа тие се поизложени на честички од Сонцето, пишува списанието „Сајенс алерт“. ЈАА генерално не влијае на животот на Земјата, но има ефект врз движењето на сателитите и вселенските летала, вклучително и на Меѓународната вселенска станица. Кога вселенското летало поминува низ аномалија, нивните технолошки системи може да се соочат со дефект доколку бидат погодени од високоенергетски протони. Се смета дека основниот извор на аномалијата е вител на стопено железо во јадрото на Земјата. Движењето на оваа метална маса создава електрични струења кои обликуваат магнетно поле околу Земјата и, се чини, тоа не е секаде исто. Иако ова е сè уште голема мистерија за научниците, неодамнешните истражувања понудија некои увид во причините и последиците од оваа необична појава. Така, на пр., НАСА во 2016 година објави труд каде што се открива дека аномалијата полека се движи во северозападна насока. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/misteriozna-magnetna-anomalija-nad-zemjata/feed/ 0