земјоделец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 May 2021 14:17:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png земјоделец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Земјоделец случајно ја поместил границата помеѓу Франција и Белгија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zemjodelec-sluchajno-ja-pomestil-granicata-pomegju-francija-i-belgija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zemjodelec-sluchajno-ja-pomestil-granicata-pomegju-francija-i-belgija/#respond Thu, 06 May 2021 14:17:37 +0000 https://kurir.mk/?p=506651

Земјоделец од Белгија ненамерно ја сменил границата на државата со Франција. Ова било откриено од локален жител, кој забележал дека каменот што ја означувал границата меѓу двете земји бил поместен за 2,29 метра. Белгискиот земјоделец го поместил каменот во француска територија бидејќи му пречел додека работел со тракторот. Границата помеѓу Франција и Белгија е долга 620 километри, а каменот кој го поместил земјоделецот бил поставен во 1819 година. Градоначалниците на градовите од двете страни на границата се шегувале за инцидентот. Белгиските власти планираат да стапат во контакт со земјоделецот и да го замолат да го врати каменот на старата локација. Доколку тоа не се случи, белгиското министерство за надворешни работи би требало да ја повика граничната комисија, која не била активна од 1930 година. Земјоделецот може да добие тужба доколку не го помести каменот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zemjodelec-sluchajno-ja-pomestil-granicata-pomegju-francija-i-belgija/feed/ 0
Државата пречка за проект финансиран од ЕУ – земјоделец го врати грантот од 74 илјади евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-prechka-za-proekt-finansiran-od-eu-zemjodelec-go-vrati-grantot-od-74-iljadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-prechka-za-proekt-finansiran-od-eu-zemjodelec-go-vrati-grantot-od-74-iljadi-evra/#respond Sun, 10 Jan 2021 18:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=453493

Доби 74 илјади евра грант од ЕУ, но тие средства во декември мораше да ги врати поради пречките создадени од лошото функционирање на државните институции, објавува ТВ21. Драги Памуков, земјоделец кој раководи и со земјоделската задруга Вегефреш во Куклиш заедно со 20 други земјоделци не успеаја да изградат откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи поради нејасна дефиниција дали земјиштето каде сакаа да го изградат објектот е земјоделско земјиште или индустриска зона. Врз основа на документите кои општината ги издала во 2016 дека земјиштето е вон градежен опфат, Памуков аплицирал со проектот во Министерство за земјоделство. Надлежните институции го потврдија овој јазол во кој требало да помине Памуков. Од Министерството за земјоделство од каде Вегефреш го земало земјиштето под закуп за 30 години со цел да се изгради откупниот центар велат: „Објектот не е изграден бидејќи нема добиено дозвола за градба, а причината е следна – Од 2000 година о. Струмица има донесено одлука за проширување на индустриската зона, а парцелата се наоѓа во тој опфат“. Од општина Струмица потврдуваат. Велат дека – земјиштето се наоѓа во градежен опфат на населеното место Куклиш, согласно ГУП – Одлука бр.07-184/1 од 2000 година. Целиот текст прочитајте го ТУКА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-prechka-za-proekt-finansiran-od-eu-zemjodelec-go-vrati-grantot-od-74-iljadi-evra/feed/ 0
Најсреќниот земјоделец на светот: Во калта си најде „камче“ кое му го промени животот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najsrekjniot-zemjodelec-na-svetot-vo-kalta-si-najde-kamche-koe-mu-go-promeni-zivotot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najsrekjniot-zemjodelec-na-svetot-vo-kalta-si-najde-kamche-koe-mu-go-promeni-zivotot/#respond Wed, 09 Dec 2020 16:17:28 +0000 https://kurir.mk/?p=441013

Земјоделец од Индија преку ноќ се збогатил откако на земјата што ја изнајмил пронашол дијамант од 14,98 карати. Лакан Јадав (45) минатиот месец започнал да работи под наем на земјиште во Мадја Прадеш за околу 200 рупии (околу 2,7 долари), за наскоро во калта да најде светликаво камче вредно 6 милиони рупии (околу 80.000 долари) што ќе му ги промени животите нему и на неговите деца. Јадав веќе се почастил со мотор, а исто така купил два хектари земја и два биволи со парите што ги добил како компензација по иселувањето од Националниот парк Пана, каде што се правел простор за резерват за тигри. За „Times of India“, земјоделецот рече дека нема намера да си дозволи нешто големо, но планира да инвестира. „Јас не сум образована личност и ќе ги ставам пари на фиксен депозит за да се осигурам дека моите четири деца ќе добијат добро образование“, рече тој. Тој вели дека планира да работи на земјиштето уште неколку месеци и можеби ќе го продолжи договорот за закуп. Покрај тоа, тој рече дека се надева дека ќе најде уште неколку дијаманти во областа каде што најмалку четири лица нашле скапоцени камења за само 10 дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najsrekjniot-zemjodelec-na-svetot-vo-kalta-si-najde-kamche-koe-mu-go-promeni-zivotot/feed/ 0
Земјоделец повреден во винарија во Неготино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zemjodelec-povreden-vo-vinarija-vo-negotino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zemjodelec-povreden-vo-vinarija-vo-negotino/#respond Sat, 03 Oct 2020 15:26:33 +0000 https://kurir.mk/?p=411982

На 03.10. во 09.25 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во Општа болница Кавадарци била донесена Љ.П.(59) од Неготино со тешка телесна повреда која што, според пријавеното, ја здобила при извршување на земјоделски работи во винарија во близина на Неготино. Увид на местотот на настанот извршиле полициски службеници од Полициска станица Неготино. За настанот е известен  јавен обвинител и трудов инспектор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zemjodelec-povreden-vo-vinarija-vo-negotino/feed/ 0
Млад земјоделец со порака до Заев: Срамна и жална е твојата лицемерна политика кон земјоделците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mlad-zemjodelec-so-poraka-do-zaev-sramna-i-zalna-e-tvojata-licemerna-politika-kon-zemjodelcite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mlad-zemjodelec-so-poraka-do-zaev-sramna-i-zalna-e-tvojata-licemerna-politika-kon-zemjodelcite/#respond Sun, 22 Mar 2020 13:46:27 +0000 https://kurir.mk/?p=320333

Младиот земјоделец Панде Ѓоршевски реагира по денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ и екс-премиер Зоран Заев. Неговиот статус го пренесуваме во продолжение: Вака сега,мене две работи не ми се јасни и ќе го замолам Зоки да ми одговори ама и Заев да потврди, ако можи. 1. Дали мислиш дека ние кои произведуваме МАКЕДОНСКА храна, со многу пот и мака, и уште поголема мака за да ја продадеме по бедни цени треба конечно да не испочитуваш и да мислиш на нас а не да држиш голи прес конференции каде ни држиш предавања за како да се однесуваме ние земјоделците? 2. Знам дека веќе не си земјоделец, сега си функционер и наместо мотиката или што и да е друго,држиш пенкало, но мене не ми е јасно како и каде мислиш дека ќе го продадеме тоа што не советуваш да го сработиме сега? Срамна и жална е твојата лицемерна политика кон земјоделците сите овие години... особено кон нас,младите земјоделци. Ни во вакви услови, ЗА НАС ПОМОШ нема никаква! Границите блокирани,пазарите затворени-јаболката скапуваат. Ниту ти е гајле за тој бруто домашниот ПРОДУКТ, ко што велиш, ниту за нашата храна произведена со пот и мака. Затоа убаво велиш: “остани дома и спаси не СИТЕ НАС! Ама од тебе... Ќе си почекаме за подобро утре, порача тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mlad-zemjodelec-so-poraka-do-zaev-sramna-i-zalna-e-tvojata-licemerna-politika-kon-zemjodelcite/feed/ 0
Земјоделецот на кого СДСМ му бараше партиска книшка за да му исплати оштета од поплавите правдата ќе ја бара во Стразбур https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelecot-na-kogo-sdsm-mu-barashe-partiska-knishka-za-da-mu-isplati-oshteta-od-poplavite-pravdata-kje-ja-bara-vo-strazbur/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelecot-na-kogo-sdsm-mu-barashe-partiska-knishka-za-da-mu-isplati-oshteta-od-poplavite-pravdata-kje-ja-bara-vo-strazbur/#respond Mon, 13 Jan 2020 12:05:54 +0000 https://kurir.mk/?p=288917

Откако КУРИР пред неколку дена го објави скандалот со разочараниот земјоделец од Арачиново на кого СДСМ му бараше партиска книшка за да му исплатат оштета од поплавите во 2016 година, правдата ќе ја бара во Стразбур. Земјоделецот Екрем Јаји од скопското село Арачиново денеска повторно побара институциите јавно да кажат зошто сé уште не му е исплатена отштетата вредна 10.000 евра за овошните насади уништени во катастрофалните поплави во 2016 година. Јаји во изјава пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство рече дека ако не ја најде тука, правдата ќе ја побара во Стразбур. Како што нагласи, неколку пати побарал одговор од надлежните, но не добил, ниту бил примен кај министерот. Партиски, дополни, не е мотивиран, ниту е како било определен. – На 10 јануари првпат дадов изјава за отштетата од 2016 година. Министерството за земјоделство прати демант преку социјалните мрежи дека со мене некој манипулира, дека лажам. Барам да се соочиме пред јавноста, за да се знае кој лаже. Јас или тие. Пред кој било медиум подготвен сум ако треба денес или утре, да седнеме и да ја кажеме вистината, но со факти, со вистински, а не со „фалс“ документи. Не сакам да манипулира со мене ниту една партија за политички поени. Јас не сум партиски определен, ниту сум бил, ниту ќе бидам, истакна Јаји. Во скопските поплави му биле уништени околу 600 дрва, а за штетата има проценка. – Министерството ниту ми ја плаќа отштетата, ниту ми дава решение. Велат дека ми следуваат пари, но да почекам зашто пари нема. Побарав средба со министерот, не ме примија. Отидов и во Тетово, зашто тука до него не можев да дојдам. Поставив прашање, зошто не ми плаќа, но тој не ми одговори. Сакаше да ми ги земе документите. Сакам да ја докажам правдата, луѓето да видат кој лаже, јас или Министерството за земјоделство, рече Јаји, додавајќи дека и други соселани, исто како него, не се обесштетени. Јаји тврди и дека во текот на процедурата му е изгубен предметот за материјалната штета на куќата и шталата. – Зошто ми ја прават оваа неправда, не знам, рече земјоделецот од Арачиново. инаку на оваа тема пред неколку дена се огласи и дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски кој изјави дека овој земјоделец за жал бил малтретиран со години и бил препраќан од институција до институција бидејќи си ги бара своите реално заслужени пари во однос на штетите од 2016 година. -Министерството, платежната агенција, дури и кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев си ги префрлаат надлежностите и едноставно го манипулираат Екрем со неговите заслужени пари. Самиот ни кажа и дека врз партиска основа бил манипулиран и дали бил член на СДСМ. Јас она што можам да го направам во овој момент е дека максимално ќе се заложам да го проверам овој случај и зошто се уште се доцни со оваа исплата со која што навистина претрпел големи штети во поплавата во 2016 година, вели Трипуновски. Тој додава дека ќе биде заштитник на земјоделците и апелира до сите кои имаат вакви или слични проблеми да дојдат во министерството и да го пријават својот проблем. -Мене не ме интересира политичка партија, ниту ме интересира верска припадност, јас земјоделците едноставно не ги делам и за мене тие луѓе се луѓето кои ја хранат Република Македонија надвор од границите. Од она што можам да го потврдам за овој случај дека документацијата е комплетна со записник од државниот инспекторат за земјоделство каде што се констатира дека навистина е уништен тој овошен насад и едноставно парите требало да стигнат до Екрем, надополнува Трипуновски. Техничкиот министер потенцира дека ова мора да заврши еднаш за секогаш. -На македонскиот земјоделец му е уништено достоинството и ова е само еден пример каде навистина она што го говорам е реално поткрепено со факти. Екрем ми кажа и дека не му се исплатени и субвенциите за изминатата година, истакна на крајот Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelecot-na-kogo-sdsm-mu-barashe-partiska-knishka-za-da-mu-isplati-oshteta-od-poplavite-pravdata-kje-ja-bara-vo-strazbur/feed/ 0
СКАНДАЛ: Земјоделец откри – СДСМ ми бараше партиска книшка за да ми исплати пари за штетите од поплавите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-zemjodelec-otkri-sdsm-mi-barashe-partiska-knishka-za-da-mi-isplati-pari-za-shtetite-od-poplavite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-zemjodelec-otkri-sdsm-mi-barashe-partiska-knishka-za-da-mi-isplati-pari-za-shtetite-od-poplavite/#respond Fri, 10 Jan 2020 11:08:06 +0000 https://kurir.mk/?p=287795

Мене во 2016 година ми беше уништен овоштарник со околу 600 дрва со систем капка по капка и имав проценка за тоа за да ми се исплати штетата, но Министерството за земјоделие на чело со поранешниот министер Љупчо Николоски лично не сакаше да ми ги исплати овие пари, ова денеска го посведочи пред медиумите земјоделецот од скопско Арачиново Екрем Јаји. -Ме малтретираат веќе две, три години, иди таму, иди ваму, за да на крајот ми речат да извадам партиска книшка, а јас и реков дека немам книшка од ниту една партија. Сега слушнав преку медиумите дека има заменик министер, па побарав помош од него, додава Екрем. Тој вели дека овоштарникот му бил уништен во поплавата во скопскиот реон во 2016 година. -За сето тоа имам и проценка, колку што имав да се плати и документи, а веќе ме влечат скоро три години, дојди утре, дојди задутре, после месец, после два и досега немам никаков одговор, јас им барам решение да ми дадат дека не ти плаќаме или не ти следуваат, а тие партиски ги делат парите, сведочи Екрем. Разочараниот земјоделец е уверен дека штом бараат партиски книшки, парите ги делат на истиот тој принцип. Заменикот министер за земјоделие Цветан Трипуновски вели дека овој земјоделец за жал бил малтретиран со години и бил препраќан од институција до институција бидејќи си ги бара своите реално заслужени пари во однос на штетите од 2016 година. -Министерството, платежната агенција, дури и кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев си ги префрлаат надлежностите и едноставно го манипулираат Екрем со неговите заслужени пари. Самиот ни кажа и дека врз партиска основа бил манипулиран и дали бил член на СДСМ. Јас она што можам да го направам во овој момент е дека максимално ќе се заложам да го проверам овој случај и зошто се уште се доцни со оваа исплата со која што навистина претрпел големи штети во поплавата во 2016 година, вели Трипуновски. Тој додава дека ќе биде заштитник на земјоделците и апелира до сите кои имаат вакви или слични проблеми да дојдат во министерството и да го пријават својот проблем. -Мене не ме интересира политичка партија, ниту ме интересира верска припадност, јас земјоделците едноставно не ги делам и за мене тие луѓе се луѓето кои ја хранат Република Македонија надвор од границите. Од она што можам да го потврдам за овој случај дека документацијата е комплетна со записник од државниот инспекторат за земјоделство каде што се констатира дека навистина е уништен тој овошен насад и едноставно парите требало да стигнат до Екрем, надополнува Трипуновски. Техничкиот министер потенцира дека ова мора да заврши еднаш за секогаш. -На македонскиот земјоделец му е уништено достоинството и ова е само еден пример каде навистина она што го говорам е реално поткрепено со факти. Екрем ми кажа и дека не му се исплатени и субвенциите за изминатата година, истакна на крајот Трипуновски. Екрем вели дека неговата штета од поплавите изнесува околу 10 илјади евра, а до денес 2020 година се уште нема видено ниту денар од ветените пари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-zemjodelec-otkri-sdsm-mi-barashe-partiska-knishka-za-da-mi-isplati-pari-za-shtetite-od-poplavite/feed/ 0
Струмичките земјоделци на протест, цената на пролетната зелка паѓа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strumichkite-zemjodelci-na-protest-cenata-na-proletnata-zelka-pagja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strumichkite-zemjodelci-na-protest-cenata-na-proletnata-zelka-pagja/#respond Mon, 26 Mar 2018 20:05:16 +0000 https://kurir.mk/?p=33348

Само што почна откупот на пролетната зелка и веќе се јави проблем. Земјоделците се жалат дека за еден ден  цената од 35 паднала на 30  денари. Стравуваат дека ова е најава за повторување на сликата од претходните години кога цените секојдневно паѓаа по неколку денари. Ова  беше повод во селото Муртино да организираат масовен собир на кој го изразија нивното незадоволство. Нивните изјави ги пренесува телевизија Сител „Стартуваше со триесет и пет денари цената, стартува еден ден и другиот ден паѓа триесет и има најави да падне уште, значи треба да падне дваесет и пет како што кажуваат,а можеби  и дваесет“- вели Славе Најданов - земјоделец. „Од струмичкиот регион дали има до сега десет камиони излезено. Тек почнуваме со зелката, лани беше почетна цена 45 денари. Сега еве за жал 30, се најавува 25 денари, а се најавува за наредниот понеделник 20, зошто“, вели Драги Памуков – земјоделец. „Да го повратат конзорциумот и проблемот ќе биде решен“, рече Живко Мицев - земјоделец. Проблемите  и барањата  земјоделците му ги пренесоа и раководителот на подрачната едница на министерството за земјоделие во Струмица. Од него  добија ветување дека истите ќе бидат доставени до надлежните, а договорија и формирање на работна група  која ќе оди на средба во владата каде ќе разговараат околу секојдневната осцилација на цените. Доколку не се најде решение најавуваат масовни протести. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strumichkite-zemjodelci-na-protest-cenata-na-proletnata-zelka-pagja/feed/ 0