земјоделски култури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Aug 2022 07:30:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png земјоделски култури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Продолжува жетвата и бербата на земјоделски култури во Пелагонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-zetvata-i-berbata-na-zemjodelski-kulturi-vo-pelagonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-zetvata-i-berbata-na-zemjodelski-kulturi-vo-pelagonija/#respond Mon, 01 Aug 2022 07:30:00 +0000 https://kurir.mk/?p=712422

Во битолскиот дел на Пелагонија најголем дел од жетвените активности се во завршна фаза, а агроексперите советуваат дека после жетвата на житните култури потребно е да се изведи длабоко орање на ослободените површини. Августовското орање заедно со користењето на органски и минерални ѓубрива претставува многу корисна агротехничка мерка, посочуваат агроексперти за МИА. –Во овој период сувото и жешко августовско време ги принудува фармерите почесто да ги наводнуваат земјоделските површини. Водата несомнено ќе ги зголеми приносите кај пченката, но во втората половина од месецот може да се покаже штетно за цвеклото. Тоа ќе ги намали шеќерните единици и ќе ги влоши технолошките својства на коренот. Месец август е време за берба на некои поледелски култури, како сојата, гравот и други и затоа е многу важно да се утврди точното време за берба, бидејќи од тоа ќе зависи квалитетот на производството, соодветноста за обработка, складирање или директна употреба. При берба, сојата треба да добие кафеавкаста или златно – жолтеникава боја, семето да е цврсто, а листовите да почнат да венеат. Потребно е гравот да се исуши на сонце. Доколку тој содржи влага повеќе од 14 проценти, зрното ќе ја загуби белата боја и ќе пожолти, а исто така не е исклучено и појава на мувла, посочуваат пелагониските агро експерти. Август е месец, во кој што градинарите имаат обилна работа. Имено, во овој период треба да се продолжи со грижата за првите посадени култури, градинарите во Пелагонија се подготвуваат и за садење на вторите култури, а се наметнува и бербата. – Треба да се има предвид дека, треба да се отстранат деформираните, заболени и нестандардни плодови од краставици, домати и пипер. Тоа ќе овозможи нормален раст на новите заврзоци, ќе се намали опасноста од зараза и воопшто ќе се добие подобар и порентабилен производ. За да се намали опасноста од болести и штетници во градинарските култури, не е доволно тие само да се испрскаат. Потребно е да се испрска и уништи и плевелот во и покрај површината засадена со градинарски култури. Во овој период сите зеленчукови култури имаат потреба од вода, а најдобро време за наводнување е во раните утрински часови или подоцна навечер. Вода од ХС „Стрежево“ има доволно, посочуваат пелагониските земјоделци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-zetvata-i-berbata-na-zemjodelski-kulturi-vo-pelagonija/feed/ 0
Временските услови оптимални за земјоделските култури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vremenskite-uslovi-optimalni-za-zemjodelskite-kulturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vremenskite-uslovi-optimalni-za-zemjodelskite-kulturi/#respond Wed, 30 Mar 2022 08:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=655489

Поволните временски услови неделава, со позитивни утрински температури, овозможуваат работа на отворено во овоштарниците и лозовите насади, како и активности во градинарството и тутунопризводството кои се вообичаени за овој период од годината. Според агрометеоролозите, пролетното време ја разбуди вегетацијата, особено кај коскестите овошки каде се забежени сите фази на цветање. -Позитивните утрински температури и дневните кои се движат околу 20 степени, се оптимални за земјоделските култури во овој период од годината, велат од УХМР и додаваат дека појавата на мраз изминатата седмица веројанто е последна за оваа пролет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vremenskite-uslovi-optimalni-za-zemjodelskite-kulturi/feed/ 0
Врнежите што ја зафатија земјата немаат поголемо значење за земјоделските култури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezite-shto-ja-zafatija-zemjata-nemaat-pogolemo-znachenje-za-zemjodelskite-kulturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezite-shto-ja-zafatija-zemjata-nemaat-pogolemo-znachenje-za-zemjodelskite-kulturi/#respond Mon, 29 Nov 2021 09:25:44 +0000 https://kurir.mk/?p=601288

Врнежите што ја зафатија земјава, најавените ниски температури и очекувањата на првиот снег идната недела, немаат некое поголемо значење за земјоделските култури. Ваквите услови, велат агрометеоролозите, се вообичаени за крајот на ноември и почетокот на декември. За овој период од годината единствено се препорачува подготовка на површините за подигање нови овошни насади со оглед дека влага во почвата има доволно. -Исто така, високата релативна влажност во воздухот овозможува оптимални услови за примарната манипулација на тутунот во домашни услови, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР. Според нив, периодот без врнежи завршува, а со тоа и времето кое беше оптималното за изведување на есенската сеидба. -Оптималните рокови за сеидба на есенска пченица се веќе одминати. Оваа недела веќе се променија временските услови, а наредната се очекува и провејување на првиот снег, најпрво на планините, а потоа и на пониските места, кога температурите во утринските часови ќе бидат со негативни вредности од -1 до -6 степени, додека дневните нема да надминат 11 или 12 степени, информираат од УХМР. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezite-shto-ja-zafatija-zemjata-nemaat-pogolemo-znachenje-za-zemjodelskite-kulturi/feed/ 0
Врнежите недоволни, од сушата загрозени сите земјоделски култури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vrnezite-nedovolni-od-sushata-zagrozeni-site-zemjodelski-kulturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vrnezite-nedovolni-od-sushata-zagrozeni-site-zemjodelski-kulturi/#respond Mon, 06 Sep 2021 09:38:37 +0000 https://kurir.mk/?p=560037

Стабилното и суво време најавено за неделава, со повремена облачност и температури кои нема да го надминат триесеттиот степен, ќе им годи на земјоделците само за прибирање на родот, оној што остана, а се наоѓа на отворено, велат агрометеоролозите. Состојбата со сушата се чувствува секаде, додаваат, и покрај промената на времето во текот на викендов, со повремените врнежи дожд. Остануваат загрозени сите земјоделски култури, како многугодишните видови, виновата лоза и овошките, така и сите останати едногодишни, пролетни окопни, градинарски или индустриски култури, кај кои нема услови за наводнување. -Неповолни временски услови во земјоделството имаше и во изминатата седмица, но со неколку степени пониски температури на воздухот, особено во текот на ноќта, што воопшто не ја сменија состојбата со долготрајната суша. Промената на времето во текот на викендот со повремени врнежи од дожд, не очекуваме да ја решат состојбата, заради фактот дека недостасуваат многу повеќе врнежи од очекуваните, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР. Според нив, вегетацијата е при крај, па препораката за наводнување го губи своето значење и нема битно влијание врз земјоделското производство во овој период, со исклучок на виновата лоза која годинава е една од најзагрозените култури и кај која наводнувањето се уште може да има позитивно влијание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vrnezite-nedovolni-od-sushata-zagrozeni-site-zemjodelski-kulturi/feed/ 0
Топлотниот бран шок за земјоделските култури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toplotniot-bran-shok-za-zemjodelskite-kulturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toplotniot-bran-shok-za-zemjodelskite-kulturi/#respond Fri, 02 Jul 2021 08:50:29 +0000 https://kurir.mk/?p=530886

Надпросечните температури кои ја зафатија земјава предизвикаа шок кај земјоделските култури. Според агрометеоролозите, дехидира зрното кај пченицата која ја немаше постигнато целосната зрелост, а енормно се зголеми и потребата од вода за одржување на вегетацијата кај останатите култури. Од друга страна, ваквите временски услови беа оптимални и овозможија непречена жетва на јачменот која е во полн ек. -Наредната седмица, особено за викендот, се очекува мала промена на временската состојба, со благ пад на дневните температури, што би се одразило позитивно кај културите, а во понеделник со условите за повремен локален дожд, уште повеќе ќе се релаксира состојбата, особено во реоните каде врнежите би биле забележани. Во втората половина од седмицата се очекува повторно постепено покачување на температурите, кои не треба да го надминат 38-миот степен, без врнежи, па затоа препорака е да се стартува и со жетвата на пченицата, секаде каде што е тоа возможно, нагласуваат агрометеоролозите од УХМР. Потребата од вода за пролетните окопни култури или градинарските култури останува главен приоритет, при што неопходни се наводнувања и целосно активирање на системите за таа намена. -Високите температури на воздухот предизвикуваат и предизвикаа предвремено зреење на сезонските видови овошки, со што и нивото на шеќерните единици е намалено. Ваквите временски услови воопшто не му одат во прилог и на пчеларството, кое и оваа година е во многу незавидна состојба и ќе резултира со многу ниски приноси, предупредуваат агрометеорлозите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toplotniot-bran-shok-za-zemjodelskite-kulturi/feed/ 0
Врнежите добредојдени за есенската пченица и јачменот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezite-dobredojdeni-za-esenskata-pchenica-i-jachmenot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezite-dobredojdeni-za-esenskata-pchenica-i-jachmenot/#respond Thu, 03 Jun 2021 08:46:10 +0000 https://kurir.mk/?p=518471

Врнежите што ја зафатија земјава претходните денови позитивно ќе влијаат врз земјоделските култури, особено на есенската пченица која беше и најзагрозена поради недостиг на влага во површинскиот почвен слој. Споре агрометеоролозите, временската промена му годи и на есенскиот јачмен кој е во понапредни фази, а има и почеток на восочна зрелост. Умерените температури од 17 до 26 степени се оптимални за сите видови на култури, како за посевите така и за овошките и виновата лоза, каде недостатокот на влага не се чувствува во овој момент. -Ова е период на завршено оплодување кај пченицата и почеток на налевање на зрното, клучна фаза за добар принос. Ова е и период на интензивно расадување на тутунот и на градинарските култури на отворено, а ваквите временски услови се добредојдени скоро за целокупното земјоделско производство поради фактот дека недостасуваше влага во почвата, а за тоа се потребни врнежи, се наведува во агрометеото на УХМР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezite-dobredojdeni-za-esenskata-pchenica-i-jachmenot/feed/ 0
Снегот и ниските температури нема да им наштетат на земјоделските култури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/snegot-i-niskite-temperaturi-nema-da-im-nashtetat-na-zemjodelskite-kulturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/snegot-i-niskite-temperaturi-nema-da-im-nashtetat-na-zemjodelskite-kulturi/#respond Thu, 22 Mar 2018 09:21:43 +0000 http://kurir.mk/?p=32076

Врнежите од снег и падот на температурите што ја зафати Македонија нема да предизивкаат позначителни оштетувања кај земјоделските култури, вели Анѓелко Анѓелески, агрометеоролог од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). - Оптимист сум бидејќи температурите не се катастрофални, а добра околност е што не се очекува и нагло разведрување и затоплување. Во земјоделските региони температурите се околу нулата или се позитивни така што нема да предизвикаат посериозни последици. Снегот се задржува на овошките и единствено може да предизвика кршење на гранките, изјави Анѓелески за МИА. Тој препорачува да се истресе снегот од гранките на овошките. - Најизложени на промените на времето се овошките, бидејќи се расцветани, но под снегот кој се задржува на гранките цветот е заштитен и е со позитивна температура. Единствено кај  раните сорти на сливи, праски и кајсии може да дојде до проретчување на родот, но не и до целосно уништување, потенцира Анѓелески. Во почвата, посочува, од досегашните врнежи има многу вода, особено во некои делови од Пелагонија. - Дополнително количество на вода во почвата ќе има во текот на наредната недела кога ќе почне да се топат снеговите, бидејќи од недела се очекува постепено затоплување, посочи Анѓелески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/snegot-i-niskite-temperaturi-nema-da-im-nashtetat-na-zemjodelskite-kulturi/feed/ 0