земјоделски производи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Aug 2023 13:46:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png земјоделски производи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Намалени откупот и продажбата на земјоделски производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namaleni-otkupot-i-prodazhbata-na-zemjodelski-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namaleni-otkupot-i-prodazhbata-na-zemjodelski-proizvodi/#respond Tue, 15 Aug 2023 13:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=867000

Во второто тримесечје од 2023 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 3 254 746 илјади денари и во однос на истиот период лани се намалени за 3,4 отсто. Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 2,1 процент, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување за 4,5 отсто. Значително намалување е забелeжано кај млечните производи за 76,7 отсто, во полјоделството за 22,8 (особено кај житата) и кај овошјето за 38,2 процента, а кај останатите производи е забележано зголемување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namaleni-otkupot-i-prodazhbata-na-zemjodelski-proizvodi/feed/ 0
Николовски: Значаен е договорот со Украина со кој ќе имаме бесцарински извоз на нашите земјоделски производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-znachaen-e-dogovorot-so-ukraina-so-koj-ke-imame-bestsarinski-izvoz-na-nashite-zemjodelski-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-znachaen-e-dogovorot-so-ukraina-so-koj-ke-imame-bestsarinski-izvoz-na-nashite-zemjodelski-proizvodi/#respond Mon, 19 Jun 2023 11:48:25 +0000 https://kurir.mk/?p=847396

За нас значаен е договорот со Украина со кој ќе имаме бесцарински извоз на нашите земјоделски производи, ратификуван од двете страни, како и Програмата за откуп на овошје, при што за првпат ќе се откупува праска, кајсии и многу други домашни македонски производи, а во следните 28 недели секое дете ќе добива по 1 килограм здрав македонски домашен појадок овошје и зеленчук, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој денеска по увидот на санација на систем за наводнување „Макарија“ кај Росоман, во одговор на новинарско прашање како државата ги штити земјоделците по поплавите, посочи дека државата во секој поглед им помага на земјоделците, а општините се тие кои ги активираат механизмите согласно Законот за заштита и спасување. Надлежност на општините е да формираат Комисии. -Комисиите излегуваат на терен и одговараат на барањата на земјоделците. Се прават елаборати, се докажува штетата од поплавите и согласно постапката, се утврдуваат елаборати. Советот откако ќе ги усвои, ги доставува до Владата. Ние постапуваме во секој поглед, се исплаќаат штети по однос на сите општини и посебно во овој регион сме покажале исплати на штети кон Росоман, кои одат експресно брзо веднаш штом ќе бидат извршени постапките, рече Николовски. Тој исто така информираше дека Владата ја усвои интервентната програма, односно интервентниот фонд. -Минатата година до овој момент имавме драстично поголем број на мерки кои што беа усвоени и кои се кои што беше побарано интервентно да реагираме дали е тоа за зголемената цена на вештачкото ѓубриво, дали е дополнителна поддршка за млеко и за откуп на други земјоделски производи. Оваа 2023 година до сега имаме утврдено само една мерка. Тоа говори дека највисоките откупни цени кои се постигнаа кај тутунот, кај лозјето, кај житните култури особено минатата година и кај оризот кој доживеа историски највисока цена, се рефлектираа токму оваа година, каде немаме потреба, а имаме средства, додаде Николовски. Тој информираше дека со Украина е потпишан договорот за слободна трговија во делот на земјоделството, кој што е ратификуван во македонското Собрание, но и во Украина. -Ова значи дека наскоро ќе имаме без царински извоз на сите оние приоритетни наши култури, кои сме ги определиле, сите оние кои се извозно ориентирани, а се дел од овој договор, а тоа е потрвда дека не седиме, туку отвораме нови можности особено пазари кои се огромни, додаде Николовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-znachaen-e-dogovorot-so-ukraina-so-koj-ke-imame-bestsarinski-izvoz-na-nashite-zemjodelski-proizvodi/feed/ 0
Бектеши: Нема продолжување на мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-nema-prodolzhuvane-na-merkata-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-zemjodelskite-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-nema-prodolzhuvane-na-merkata-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-zemjodelskite-proizvodi/#respond Mon, 29 May 2023 12:21:20 +0000 https://kurir.mk/?p=840032

Нема да продолжи мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи, имајќи предвид дека цената на одредени производи веќе е пониска од утврденото ниво. Инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалува, така што очекуваме во јуни инфлацијата во земјата да биде пониска од десет насто. Тоа денеска го истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, по средбата со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац. Бектеши истакна дека ситуацијата со цените на производите се следи, така што доколку биде забележана злупотреба од трговците, ќе бидат спроведени соодветни мерки. -Согласно последните податоци, инфлацијата оваа година ќе биде под проектираното ниво. Во делот на различни мерки, ние на дневна база правиме анализи и секогаш може да се усвојат, тоа ќе го правиме секако во соработка со стопанските комори, рече Бектеши. Во делот на енергетиката тој појасни дека со министерот за финансии и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и другите членови од Енергетскиот совет во рамки на Владата наредниот месец ќе разговараат за новиот модел за пресметување на цената на електричната енергија, но, им порача на граѓаните дека независно каков ќе биде утврдениот модел, поскапување на електричната енергија нема да има. -Можам уште од денеска да им соопштам на граѓаните дека нема да плаќаат поскапа струја од 1 јули до крајот на годината, рече Бектеши. Инаку, двајцата министри претходно денеска потпишаа билатерални договори меѓу Владите на двете земји - за економска соработка и соработка во областа на туризмот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-nema-prodolzhuvane-na-merkata-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-zemjodelskite-proizvodi/feed/ 0
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-otkupot-i-prodazhbata-na-zemjodelski-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-otkupot-i-prodazhbata-na-zemjodelski-proizvodi/#respond Tue, 16 May 2023 06:45:30 +0000 https://kurir.mk/?p=834592

Во првото тримесечје од 2023 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 3 136 295 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 35.3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 58.7 %, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 21.0 %. Значително намалување е забележано кај полјоделството, рибата и другите производи, а кај останатите производи е забележано зголемување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-otkupot-i-prodazhbata-na-zemjodelski-proizvodi/feed/ 0
Зголемен откупот на земјоделски производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-otkupot-na-zemjodelski-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-otkupot-na-zemjodelski-proizvodi/#respond Mon, 15 Aug 2022 10:33:38 +0000 https://kurir.mk/?p=718718

Откупот и продажбата на земјоделски производи во второто тримесечје од 2022 година е 3.369.003.000 денари што во однос на истиот период лени претставува зголемување за 29,7 отсто. Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 19,5, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 39,2 процента. Зголемување е забележано кај сите производи, освен кај индустриските и фуражните растенија, овошјето, млечните производи, рибата и другите земјоделски производи.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-otkupot-na-zemjodelski-proizvodi/feed/ 0
Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-otkupot-i-prodazbata-na-zemjodelski-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-otkupot-i-prodazbata-na-zemjodelski-proizvodi/#respond Mon, 15 Nov 2021 12:44:49 +0000 https://kurir.mk/?p=595718

Откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од 2021 година изнесува 4 978 219 000 денари и во однос на истиот период претходната година се зголемени за 0,7 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 3,6 проценти, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 4,3 отсто. Зголемување е забележано кај индустриските, градинарските и фуражните растенија, грозјето и алкохолните пијалаци, а кај другите земјоделски производи е забележано намалување. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-otkupot-i-prodazbata-na-zemjodelski-proizvodi/feed/ 0
Свежото време погодно за прибирање на родот во земјоделството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svezoto-vreme-pogodno-za-pribiranje-na-rodot-vo-zemjodelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svezoto-vreme-pogodno-za-pribiranje-na-rodot-vo-zemjodelstvoto/#respond Thu, 23 Sep 2021 08:27:58 +0000 https://kurir.mk/?p=567204

Намалување на температурите кои се невообичаени за овој период од годината, ќе им годат на земјоделците за прибирање на родот во градинарството на отворено, жетвата на пченката, добирањето на тутунот и неговото сушење, бербата на грозјето и овошките од средностасните сорти, велат агрометеоролозите од УХМР. Влажниот бран, пак, што ја зафати земјава нема да го реши проблемот со сушата зашто недостасуваат многу повеќе врнежи. Но, полека се губи и потребата од наводнување ако се земе предвид дека вегетацијата е при крај, па и потребите од вода се намалуваат. -Останува проблемот со подготовките на почвата за раните есенски сеидби кои скоро е и невозможно да се изведаут, особено на незаорани стрништа. Сите овие работи на отворено ќе почекаат некои нови подобри временски услови, пред се со врнежливи денови, истакнуваат агрометеоролозите. На пчеларите им се препорачува да вршат поинтензивна прихрана со течна храна и да ги спроведуваат сите останати, вообичаени подготовки за зазимување на пчелните семејства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svezoto-vreme-pogodno-za-pribiranje-na-rodot-vo-zemjodelstvoto/feed/ 0
Откупот и продажбата на земјоделските производи во 2020 година намалени за 22,4 отсто во однос на 2019 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/otkupot-i-prodazbata-na-zemjodelskite-proizvodi-vo-2020-godina-namaleni-za-22-4-otsto-vo-odnos-na-2019/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/otkupot-i-prodazbata-na-zemjodelskite-proizvodi-vo-2020-godina-namaleni-za-22-4-otsto-vo-odnos-na-2019/#respond Mon, 15 Feb 2021 14:07:31 +0000 https://kurir.mk/?p=469058

Вкупно 6.118.213.000 денари изнесува откупот и продажбата на земјоделски производи во четвртото тримесечје од 2020 година што е намалување за 22,4 отсто во однос на истиот период во 2019 година. Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 26,8 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство пад за 9,9 отсто. Намалувањето е регистрирано кај сите производи, освен кај овошјето и добитокот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/otkupot-i-prodazbata-na-zemjodelskite-proizvodi-vo-2020-godina-namaleni-za-22-4-otsto-vo-odnos-na-2019/feed/ 0
За 16,2 отсто намалени откупот и продажбата на земјоделски производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-16-2-otsto-namaleni-otkupot-i-prodazbata-na-zemjodelski-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-16-2-otsto-namaleni-otkupot-i-prodazbata-na-zemjodelski-proizvodi/#respond Tue, 18 Aug 2020 11:15:45 +0000 https://kurir.mk/?p=392124

Намалени се откупот и продажбата на речиси сите земјоделски производи, соопшти Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од 2020 година откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 2.610.853.000 денари, што во однос на истиот период лани претставува пад од 16,2 процента. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуални производители е забележано намалување за 17, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство намалување за 15,5 проценти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-16-2-otsto-namaleni-otkupot-i-prodazbata-na-zemjodelski-proizvodi/feed/ 0
ФАО и ОЕЦД: Поради пандемијата се очекува „пазарен шок“ кај земјоделските производи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-i-oecd-poradi-pandemijata-se-ochekuva-pazaren-shok-kaj-zemjodelskite-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-i-oecd-poradi-pandemijata-se-ochekuva-pazaren-shok-kaj-zemjodelskite-proizvodi/#respond Thu, 16 Jul 2020 13:51:56 +0000 https://kurir.mk/?p=377163

Огромната понуда и намалената потрошувачка во услови на глобална рецесија се закануваат да предизвикаат „земјотрес“ кај земјоделските производи затоа што цените на храната веќе паѓаат, предупредуваат Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). „Макроекономските шокови предизвикани од пандемијата Ковид-19 се очекува да извршат притисок врз цените на земјоделските производи“, се наведува во денешната заедничка студија на двете организации. Во документот се додава дека постои потенцијал за „историски силен пазарен шок“ оваа година. „Економскиот пад како резултат на пандемијата на вирусот може да ја погоди побарувачката за земјоделски производи и да биде активатор за краткорочен пад на цените од историски размери“, посочуваат ФАО и ОЕЦД. Растителните масла и производите од животинско потекло ќе бидат повеќе изложени на негативните ефекти од кризата отколку земјоделските култури, како оризот и пченицата, се проценува во студијата. Според проценките на двете организации, цените на земјоделските производи постепено ќе закрепнуваат и ќе се вратат во рамки на основното сценарио на ФАО и ОЕЦД, во кое се предвидуваше нивен мал реален пад во периодот 2020-2029 година. Цените на месото, особено на свинското, се проценува дека значително ќе паднат во следната деценија со оглед на тоа што пазарот се опоравува од африканската епидемија на свинска треска што десет пати го намали фондот за свињи во Кина и некои други азиски земји, соопштија од ФАО и ОЕЦД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-i-oecd-poradi-pandemijata-se-ochekuva-pazaren-shok-kaj-zemjodelskite-proizvodi/feed/ 0