земјоделско земјиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Apr 2023 17:35:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png земјоделско земјиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Усвоени измените и дополнувањата на Законот за земјоделско земјиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usvoeni-izmenite-i-dopolnuvanata-na-zakonot-za-zemjodelsko-zemjishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usvoeni-izmenite-i-dopolnuvanata-na-zakonot-za-zemjodelsko-zemjishte/#respond Wed, 26 Apr 2023 17:35:30 +0000 https://kurir.mk/?p=827977

Собранието доцна попладнево го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште, поднесен по скратена постапка од пратениците Панчо Минов, Марија Костадинова, Драгица Ѓавочанова, Лолита Ристова, Љубица Спасова, Марија Ангелова и Марија Кочовска. Законот, кој предвидува продолжување на договорите за концесија за користење на земјоделското земјиште од пет на 15 години, беше донесе со 72 гласа „За“ и ниту еден „воздржан“ или „против“. Пратеникот од редовите на СДСМ, Панчо Минов, рече дека овој закон се предлага со цел да се овозможи, наместо досегашното законско решение од можност и право за продолжување на договорите за концесија на користење на земјоделско земјиште од пет години, да се овозможи право на користење со продолжување на рокот од концесијата на 15 години. - Ова е во интерес на земјоделците, во интерес на правните субјекти од земјоделието, ова е во функција на порационално користење на земјоделското земјиште и што е најбитно, за овозможување на создавање услови за конкурирање по ИПАР програмите, истакна Минов. Собранието, со 68 гласа „За“ го усвои и Предлог-законот за изменување на Законот за ловство, во скратена постапка, поднесен од пратениците Панчо Минов, Ненад Коциќ, Лолита Ристова, Драгица Ѓавочанова, Љубица Спасова, Марија Ангелова и Марија Кочовска. По ова седницата беше прекината, а нејзиното продолжение ќе биде дополнително закажано. Утре Собранието треба да одржи седница за пратенички прашања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usvoeni-izmenite-i-dopolnuvanata-na-zakonot-za-zemjodelsko-zemjishte/feed/ 0
Николовски: Објавувањето на слободно земјоделско земјиште не е ограничено на над три хекатри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-objavuvanjeto-na-slobodno-zemjodelsko-zemjishte-ne-e-ogranicheno-na-nad-tri-hekatri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-objavuvanjeto-na-slobodno-zemjodelsko-zemjishte-ne-e-ogranicheno-na-nad-tri-hekatri/#respond Wed, 20 Apr 2022 12:11:38 +0000 https://kurir.mk/?p=665944

Објавувањето на слободното земјоделско земјиште не е ограничено на над три хекатри, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. -Сите капацитети на МЗШВ се ставени во фунција на евидентирање на целото слободно земјиште и согласно Законот, се објавуваат огласи за доделување до и над три хектари, истакна Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која соопшти дека се објавени пет јавни повици од Програмата за рурален развој. Според Николовски, вчера објавениот оглас е прв и наменски, за производителите на житни култури. -Ги повикуваме земјоделците да аплицираат. Постапката ќе биде многу кратка, 20 дена за аплицирање. Приоритет на Владата сега беше да објави оглас за површини кои се поголеми, 650 целини се ставаат на располагање за да се зголеми производството на стратешките култури, истакна министерот и најави дека многу скоро МЗШВ ќе и предложи на Владата да распише оглас за нови 6 000 хектари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-objavuvanjeto-na-slobodno-zemjodelsko-zemjishte-ne-e-ogranicheno-na-nad-tri-hekatri/feed/ 0
Новиот закон за распродажба на земјоделско земјиште се носи за олигарсите и странци со сомнителни пари да ја грабаат Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-zakon-za-rasprodazba-na-zemjodelsko-zemjishte-se-nosi-za-oligarsite-i-stranci-so-somnitelni-pari-da-ja-grabaat-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-zakon-za-rasprodazba-na-zemjodelsko-zemjishte-se-nosi-za-oligarsite-i-stranci-so-somnitelni-pari-da-ja-grabaat-makedonija/#respond Tue, 25 May 2021 19:02:09 +0000 https://kurir.mk/?p=515050

Предложениот нацрт закон за распродажба на земјоделското земјиште не е за земјоделците да се стекнат со земја, туку приватизација 2.0. Првата приватизација беше за фабриките и знаеме како заврши со каков грабеж и последиците се дека имаме неколкумина олигарси и 80% сиромаштија во Македонија. Нема земјоделец кој има да даде 100.000 евра за 10 хектари, од друга страна олигарсите и странците со сомнителни намери и сомнително потекло на пари ќе може да купат и 100 хектари, изјави еден од учесниците на денешниот протест пред владата против распродажба на земјоделско земјиште. Тој вели дека оваа појава се вика грабање на земја и нема ништо добро да биде за граѓаните и ова го има само во сиромашни земји чии влади лесно се манипулираат и каде што цвета корупција. - Ние сме мала земја по површина и имаме ограничено земјоделско земјиште. Ако го дадеме тоа ќе останеме без храна, ќе се растури државата. грабливците не сакаат да произведуваат храна на таа земја туку гледаат свои профити, а уште повеќе со овој нацрт закон им се дава можност за урбанизација и за експлоатација на минералните суровини под почвата, рече тој. Тој додаде дека ваквата распродажба ќе биде последниот клинец во ковчегот на Македонија. Воедно на владата и препорачаа да ја елиминираа оваа страшна идеја и да го повлече овој нацрт закон бидејќи вакво нешто немаше во изборната програма и никој немаше да го гласа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-zakon-za-rasprodazba-na-zemjodelsko-zemjishte-se-nosi-za-oligarsite-i-stranci-so-somnitelni-pari-da-ja-grabaat-makedonija/feed/ 0
Наскоро истекуваат роковите од повиците за закуп на земјоделско земјиште до и над три хектари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naskoro-istekuvaat-rokovite-od-povicite-za-zakup-na-zemjodelsko-zemjishte-do-i-nad-tri-hektari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naskoro-istekuvaat-rokovite-od-povicite-za-zakup-na-zemjodelsko-zemjishte-do-i-nad-tri-hektari/#respond Fri, 04 Jan 2019 11:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=148309

Рокот за доставување документација за јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до три хектари истекува на 11 јануари, а за јавниот  оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари рокот е 17. месецов. Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска преку соопштение ги повика сите заинтересирани да ги запазат роковите со цел навреме да се заврши целата процедура и да се склучат договори. Со јавниот  повик за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им овозможува на земјоделците доколку имаат информации каде има слободна земја, самоиницијативно да пројават интерес преку изработка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик. Земјоделците, укажуваат од МЗШВ, треба да внимаваат земјиштето да не е предмет на денационализација и да не е веќе дадено под закуп. Јавниот повик е наменет за целокупното земјоделско земјиште во државата или за 34 региони. Целта, според ресорното Министерство, е да се стави во функција целото располжливо земјоделско земјиште, особено парцелите од 4,5,6,7 и 8 класа, а можат да се искористат за производство.  Со тоа се очекува да се зголемат  обработливите површини и земјоделското производство.  Земјиштето за кое ќе биде склучен договор ќе треба да се искористи за покревање долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам. Со огласот за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари, освен за покревање на насади, е наменет и за инвестиции во преработувачки капацитети. Предмет на овој оглас се најатрактивните парцели во државата, а на понудените локации освен примарно производство, заинтересираните треба да понудат и бизнис план за преработувачки капацитети. Со овој оглас се објавуваат над 1.420 хектари државно земјоделско земјиште, на кои освен долгогодишни насади со овошје, лозје, лешници и маслинарци, се отвора можност и за изградба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи како винарници, кланички капацитети, центри за преработка на овошје и зеленчук, откупни центри, млинови, оранжерии и други објекти тесно поврзани со земјоделското производство. Опфатени се 23 земјишни парцели во 13 региони: Штип, Гостивар, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Ресен, Свети Николе, Валандово, Гази Баба, Кратово, Берово и Струга. На овој оглас, кој ќе се спроведе по пат на електронско наддавање, имаат право да конкурираат имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Документацијата за јавниот повик и за јавниот оглас треба да се достави до Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naskoro-istekuvaat-rokovite-od-povicite-za-zakup-na-zemjodelsko-zemjishte-do-i-nad-tri-hektari/feed/ 0
Информативна работилница за окрупнување на земјоделското земјиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/informativna-rabotilnica-za-okrupnuvanje-na-zemjodelskoto-zemjishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/informativna-rabotilnica-za-okrupnuvanje-na-zemjodelskoto-zemjishte/#respond Thu, 18 Oct 2018 05:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=116497

Проектот „МАИНЛАНД“, финансиран од Европската унија, денеска организира информативна работилница за почнување студии за изводливост во селата Царев Двор, Спанчево, Соколарци, Логоварди и Оптичари, кои се пет од избраните области за консолидација на земјиште во Македонија. На работилницата ќе се обратат министерот за земјоделство Љупчо Николовски и Вилма Даугалине, ФАО главен технички советник во проектотот МАНЛАНД. Присутните ќе бидат информирани и за статусот на имплементацијата на проектот „Воведување национална програма за консолидација на земјиште (МАИНЛАНД) што го споведува ФАО заедно со Министерството за земјоделство. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/informativna-rabotilnica-za-okrupnuvanje-na-zemjodelskoto-zemjishte/feed/ 0
Нов оглас за закуп на 834 хектари државно земјоделско земјиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-oglas-za-zakup-na-834-hektari-drzavno-zemjodelsko-zemjishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-oglas-za-zakup-na-834-hektari-drzavno-zemjodelsko-zemjishte/#respond Thu, 06 Sep 2018 09:19:58 +0000 https://kurir.mk/?p=97028

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ) објави нов јавен оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари со кој се нудат над 834 хектари во Битола, Велес, Македонски Брод, Гевгелија, Демир Хисар, Крива Паланка, Кратово, Струмица, Пробиштип и Тетово. Почетната цена по хектар за површини до три хектари изнесува 25 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од I до IV катастарска класа и 15 евра во денарска против вредност за земјоделско земјиште од V до VIII катастарска класа, по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата. Доколку земјоделското земјиште се наоѓа во планински подрачја, почетната цена за земјиштето од I до IV катастарска класа изнесува 15, а за земјиште од V до VIII класа изнесува пет евра во денарска противвредност, по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата. - Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е со намена за подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,  подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање на маслинарници за период до 50 години, одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години, соопшти МЗШВ. Право на учество на јавниот оглас имаат сите домашни физички и правни лица, како и странски правни лица, кои немаат склучено важечки договор за закуп на државно земјиште со МЗШВ. Понудите и документацијата треба да се достават до 04.10.2018 година, а јавното отворање ќе се одржи 09.10.2018 година во големата сала за состаноци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со почеток од 10 часот. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во изминатиот период преку четири активни мерки понуди над 4.380 хектари државно земјоделско земјиште под закуп. Роковите за аплицирање на дел од овие јавни огласи се завршени и понудите се обработуваат. Единствено јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над три хектари со кои се доделуваат над 1.090 хектари во Гази Баба, Делчево, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Охрид, Прилеп, Струга и Струмица, трае до 11-ти овој месец. Од МЗШВ ги потсетуваат сите заинтересирани, да внимаваат на критериумите и комплетноста на документацијата, и да ги запазат роковите за да може навреме да се склучат договорите. - Крајната цел на МЗШВ, е вистинска и неселективна распределба на државното земјоделско земјиште, што ќе значи зголемени обработливи површини и зголемено производство на квалитетни, конкурентни и безбедни земјоделски производи, велат од Министерството. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-oglas-za-zakup-na-834-hektari-drzavno-zemjodelsko-zemjishte/feed/ 0