земјоделство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 11:40:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png земјоделство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трипуновски: Заради неспособноста на СДС, ИПАРД 3 стартува во септември 2023, наместо во март 2022 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-zaradi-nesposobnosta-na-sds-ipard-3-startuva-vo-septemvri-2023-namesto-vo-mart-2022/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-zaradi-nesposobnosta-na-sds-ipard-3-startuva-vo-septemvri-2023-namesto-vo-mart-2022/#respond Sun, 22 Oct 2023 11:40:56 +0000 https://kurir.mk/?p=891893

Неколку вистини од кои СДСМ бега, а е главниот виновник за катастрофалната состојба во македонското земјоделство, објавува Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение го пренесуваме неговиот ФБ статус: 1. Вистината е дека земјоделството е една од најзначајните македонски гранки, НО неспособната СДС со своите политики успешно го уништува, како што ги уништува и сите останати гранки. 2. Вистината е дека неспособната СДС е причина што ИПАРД 3 стартува во септември 2023 наместо во март 2022 како што беа првичните најави. 3. Вистината е дека неспособната СДС е причина за истрагите на ОЛАФ во Платежна. Ќе кажете нешто за овие истраги или Вие не сте од тука? 4. Вистината е дека сте толку неспособни што секој еден ден плус поминат на власт значи пропаст за македонскиот земјоделец. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-zaradi-nesposobnosta-na-sds-ipard-3-startuva-vo-septemvri-2023-namesto-vo-mart-2022/feed/ 0
Земјоделството трпи штети од временските промени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelstvoto-trpi-shteti-od-vremenskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelstvoto-trpi-shteti-od-vremenskite-promeni/#respond Mon, 24 Jul 2023 12:23:53 +0000 https://kurir.mk/?p=859470

Екстремните временски услови годинава со долги дождливи периоди и екстремни жештини, влијаат на целокупното земјоделско производство. Не многу на количествата, колку на квалитетот на производството и ако продолжат промените и наредните години, ќе се намали производството на храна. Ова го забележуваат и производителите и агрономите. Зијафет Асаноски, производител од село Црнилиште, Долнени смета дека количествата не се во прашање, туку квалитетот на произведеното. - Имам 20 декари или 2 хектари со пченица. Квалитетот е прилично слаб, зашто времето беше дождливо, па потоа жешко. Има недостиг од нешто за родот, ама не знаеме што. Количински добро, ама квалитетот е слаб. И не е само со пченицата. Влијае и на јачменот, на пченката, на тутунот, на сите култури. Ако продолжи вака со времето, тоа секако ќе влијае на производството. Освен тоа цената на пченицата е ниска. Цената се движи 9, 10, 11 денари. Климатските промени влијаат на сите култури, не само на пченицата, објаснува Асаноски. Горан Томески агроном, советник во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството вели дека поради дождовите, доцнеа пролетните работи, беше опасност. Во моментов нема голем проблем со приносите на пченицата кои се движат од 3 000 до 4000 или 4 5000 килограми од хектар, што дава гаранција дека има добро производство. Голем проблем е ниската цена на пченицата што за производителите делува дестимулациски. - Покрај сите овие мерки што ги имаме и како Агенција и како Министерство за земјоделство, сметам дека оваа откупна цена е многу ниска, што е лош сигнал за наредниот период зашто планираме, вообичаено, дека и треба да се заработи. Има помош од 3 денари од Министерството кое колку толку треба да даде стимул, но ваквата ситуација не е во прилог на натамошно производство. Климатските промени, миграциите, односно слабиот интерес за земјоделството, особено кај новите генерации влијаат на производството на храна. За да бидеме конкурентни, мора да се окрупнува производството. - Генерално се намалува интересот за инвестиции во земјоделството, односно, помладите луѓе да се занимаваат со земјоделско производство. Сметајќи го тука и образовниот процес. Миграцијата си го направи своето. Земјоделството е, сепак, професија која сака многу личен ангажман, голем труд. За производството на храна, очигледно, ќе треба фокусот да се стави на поголеми земјоделци, правни субјекти кои за обработка ќе имаат поголеми површини и нивниот интерес би бил со поголеми површини до поголемо производство, односно да се инвестира во тој дел, и цената на чинење на сета механизација во тој случај ќе биде економски пооправдана и цената на чинење на производот ќе биде пониска. Така би можеле да бидат конкурентни, зашто, генерално, на пазарите околу нашето опкружување, цените се приближно на исто ниво. Ние мора да се приспособиме, зашто конкуренцијата си го прави своето, вели агрономот Горан Томески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelstvoto-trpi-shteti-od-vremenskite-promeni/feed/ 0
АД МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни во сезоната на наводнување и на жетва https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ad-mepso-zemjodeltsite-da-bidat-vnimatelni-vo-sezonata-na-navodnuvane-i-na-zhetva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ad-mepso-zemjodeltsite-da-bidat-vnimatelni-vo-sezonata-na-navodnuvane-i-na-zhetva/#respond Mon, 10 Jul 2023 13:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=855053

АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и на жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далеководите од преносната мрежа. Од компанијата соопштија дека е важно земјоделците да не поминуваат со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците, но и да не поставуваат цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далноводните траси. -Не ги кревајте во височина (вертикално) металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија и се изложувате на огромен ризик. Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далноводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по живот на лица кои се наоѓаат под трасата на далеководот, апелираат од АД МЕПСО. Исто така, посочуваат земјоделците да не палат стрништа во близина на далековод, бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем. Дополнително, апелираат спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далеководи, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далеководите, под јажињата за пренос на електрична енергија. -Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопствениот и за животот на другите! Не загрозувајте ја доверливоста на електропреносниот систем, се вели во соопштението на АД МЕПСО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ad-mepso-zemjodeltsite-da-bidat-vnimatelni-vo-sezonata-na-navodnuvane-i-na-zhetva/feed/ 0
Трипуновски: Идната владата на ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го рестартира земјоделството, поголеми субвенции, 20 милиони годишно за водоснабдување и откупни центри на земјоделските производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-idnata-vladata-na-vmro-dpmne-tselosno-ke-go-restartira-zemjodelstvoto-pogolemi-subventsii-20-milioni-godishno-za-vodosnabduvane-i-otkupni-tsentri-na-zemjodelskite-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-idnata-vladata-na-vmro-dpmne-tselosno-ke-go-restartira-zemjodelstvoto-pogolemi-subventsii-20-milioni-godishno-za-vodosnabduvane-i-otkupni-tsentri-na-zemjodelskite-proizvodi/#respond Tue, 06 Jun 2023 17:26:31 +0000 https://kurir.mk/?p=842876

Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната трибина во организација на партијата, насловен „Современи политики за развој на земјоделството истакна дека земјоделството во државата е носечки столб на македонската економија, меѓутоа поради погрешните политики на владата на СДС и ДУИ, Македонија е речиси комплетно увозно зависна од храна. -Земјоделството е носечки столб на нашата економија, меѓутоа изминатите 6 години откако СДС е на власт, гледаме дека секојдневно и се случува скандал, погрешна политика која што денеска Македонија ја донесе во една незавидна ситуација да бидеме речиси комплетно увозно зависни од храна, рече тој. Трипуновски го посочи последниот мега скандал поврзан со увоз на зеленчук од Албанија со пестициди и тешки метали, укажувајќи дека наместо Николовски и Бабовски да си поднесат оставки, тие обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е креатор на лажни вести. -Изминатите денови објавив скандал кој што се однесува на увоз на зеленчук од Албанија. Кој што е загаден со пестициди, тешки метали. Она што не изненадува е тоа што наместо власта да признае за овој голем пропуст се обидува со бледи соопштенија да го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е креатор на лажни вести. Меѓутоа аргументите и фактите се на наша страна, додаде тој. Трупуновски вели дека земјоделските изминатите 6 години се соочуваат со доцнење односно неисплаќање на субвенциите, злоупотреба на партиска основа, пропусти во делот на водоснабдување на земјоделските површини, злоупотреба на земјоделското земјиште и најгорливиот проблем откуп и пласман на земјоделските производи. -Земјоделските производи завршуваа на буниште, односно земјоделците не можеа да го продадат својот род и беа доведени до ситуација да се соочат со проблеми на егзистенцијата. И тука се сите, лозарите, тутунарите, оризопроизводителите, сточарите, млекарите. Така што нема гранка која што не е уназадена, нагласи тој. Трипуновски вети дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинството на земјоделците. -ВМРО-ДПМНЕ има сериозен плани и визија, човечки капацитет, знаење, проекти и мерки кои што ќе значат враќање односно рестартирање на македонското земјоделство од оваа тешка ситуација и конечно Македонија да стане она што беше, производител на храна за домашни потреби, производство на храна кое ќе значи извоз и девизен прилив за државата и враќање на достоинството на земјоделците, објасни тој. -ВМРО-ДПМНЕ ќе направи максимално зајакнување на фитосанитарниот систем, односно навремена и целосна контрола на она кое што влегува во Македонија, бидејќи пред се и над се е здравјето на граѓаните. Во делот на пласманот на земјоделските производи ќе спомнам само три од сетот на мерки, а тоа е ќе се донесе нов закон со модифицирани и зајакнати услови во делот на кој се може да откупува земјоделски производи во Македонија, со посебен акцент на исплатата на земјоделските производи, изјави Трипуновски и додаде: „Изградба на нови модерни дистрибутивни центри кои што веќе години наназад се зборуваат, а никако да станат реалност. И она кое што сметам дека е приооритет е министерството и владата донесат минимални производствени цени кои што ќе бидат оној минимум за секој земјоделски производ во тековната година, бидејќи само така ќе можеме да зборуваме за рентабилно земјоделско производство“. Трипуновски вети и зголемување на субвенциите и олеснување на бирократските процедури за да им биде полесно на земјоделците да финансираат и за националните, но и за европските фондови, како и носење на 10 годишна програма во делот на водоснабдувањето на земјоделските површини. -Она кое што ВМРО-ДПМНЕ ќе го спроведе е носење на 10 годишна програма за водостопанство со 20 милиони евра инвестиции на годишно ниво за изградба и одржување на постоечките мрежи за наводнување, дециден е Трипуновски. Трипуновски нагласи дека со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе заврши распределбата на земјоделското земјиште на луѓе кои што не се земјоделци. -Ќе извршиме ревизија а тоа ќе значи ревизија на сето земјоделско земјиште и делење на земјоделското земјиште на вистинските земјоделци, се со цел да можат да егзистираат во Македонија, заклучи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-idnata-vladata-na-vmro-dpmne-tselosno-ke-go-restartira-zemjodelstvoto-pogolemi-subventsii-20-milioni-godishno-za-vodosnabduvane-i-otkupni-tsentri-na-zemjodelskite-proizvodi/feed/ 0
Минатата година 22 жртви на работното место, најмногу во земјоделството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minatata-godina-22-zhrtvi-na-rabotnoto-mesto-najmnogu-vo-zemjodelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minatata-godina-22-zhrtvi-na-rabotnoto-mesto-najmnogu-vo-zemjodelstvoto/#respond Fri, 28 Apr 2023 12:23:10 +0000 https://kurir.mk/?p=828701

Минатата година имало 22 жртви на работно место во земјава, што е за околу 20 отсто помалку во споредба со 2021 година, но за 9 проценти е поголем процентот на повредени на работа. Најголем број смртни случаи на работно место има во земјоделството, покажува Годишниот извештај за несреќи при работа на Македонското здружение за заштита при работа. По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28 Април, кој е воедно е и Меѓународен ден на сеќавање на работниците што ги загубиле животите поради повреди на работа и професионални болести, здружението денеска организираше симболично засадување 22 дрвца во парк во Ново Лисиче во спомен на загинатите работници во текот на претходната календарска година. Петар Наумовски, претседател на здружението изјави дека евидентирале 22 загинати на работно место минатата година иако, рече, според податоците на официјалните институции нема загинати. -Ова нѐ става во високоризични земји. Ако споредиме со европските земји, каде што просекот е околу 2,11 починати на 100 000 работници, кај нас процентот е 3,17. Поттикнати од тоа што официјалните институции не публикуваат извештаи, ние од 2008 го правиме ова во континуитет. И понатаму останува трендот на неевидентирање и неанализирање, едноставно стануваме слепи за минското поле што постои во Македонија, а тоа е работното место, рече Наумовски. Додаде дека државата досега не анализирала ниту една несреќа на работното место за да се лоцираат причините за да нема повторување и да се подобри безбедноста, што, рече, самото по себе ја адресира одговорноста кај државните институции, почнувајќи од Министерството за труд и социјална политика како креатор на политиките. -Вистинскиот лек е дека секоја несреќа може да се превенира. Градежништвото е еден од убијците на македонскиот работник, но земјоделството е број еден убиец. Постојано предочуваме дека огромен број индустрии кај нас ги нема на радарот, како што е транспортот, земјоделството и сите оние, да речам, атипични индустрии кои се во надлежност на други инспекциски надзори... Како држава немаме евиденција за несреќи на работа, несреќи на работа со смртен исход и за професионални заболувања. Тоа се трите постулати што зборуваат дека ние сме потфрлиле во спроведувањето на законската обврска на секој работодавец и на државата да се грижи за своите граѓани, додаде Наумовски. Според анализите и формулата на Меѓународната организација на трудот, рече тој, повредите на работниците државава ја чинат 4 проценти од БДП што е околу 400 милиони евра. Не е охрабрен дека ќе има промена на негативниот тренд со оглед дека се бараат 60 часа работна недела предвидени за изградба на коридорите 8 и 10д. Рече дека станува збор за луѓе, а не за роботи, и дека тоа е спротивно на сите стандарди и конвенции. Поддршка на здружението дадоа Гоча Александрија, претставник од Меѓународната канцеларија на трудот, и Антон Лепик, претставник од Паневропскиот регионален совет на Меѓународната конфедерација на синдикати. Тој порача дека не смеат да се занемаруваат ризиците на работните места и треба да се идентификуваат за да се намали бројот на несреќи -Секој работник има право да оди да работи во здрави и безбедни услови и да се врати дома здрав и безбеден и тоа е основно работничко право, рече Лепик. Во однос на иницијативата за прекувремена работа од 60 часови неделно за изградба на патиштата истакна дека е неприфатливо и дека ќе пратат формален протест до Владата. Соопшти дека според официјалната статистика, над три милиони работници во светот годишно загинуваат на работно место и повеќе од десет милиони работници умираат од професионални болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minatata-godina-22-zhrtvi-na-rabotnoto-mesto-najmnogu-vo-zemjodelstvoto/feed/ 0
Времето поволно за земјоделски активности на отворено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vremeto-povolno-za-zemjodelski-aktivnosti-na-otvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vremeto-povolno-za-zemjodelski-aktivnosti-na-otvoreno/#respond Mon, 13 Mar 2023 10:30:12 +0000 https://kurir.mk/?p=811260

Земјоделците може да почнат или да продолжат со работа на поле, велат агрометеоролозите. Времето е поволно за резидба на виновата лоза и овошките, за прихранување на есенските посеви, за сеидба на некои раноградинарски култури, ако почвените услови ги дозволуваат овие активности. -Врнежите минатата недела придонесоа за зголемување на влагата во почвата која е добредојдена во овој период за успешно навлегување на посевите во период на пролетен развој, како и за пролетна подготовка на почвата за садење одредени култури. Доколку почвените услови тоа го дозволуваат, земјоделците може да почнат или да продолжат со изведување работа на поле - резидба на виновата лоза и овошките, отстранување на старите, слаби, неразвиени и болни изданоци (гранчиња), засадување нови лозја, пресадување нови лози на празните места, прихранување на есенските култури, подготовка на почвата за сеидба на раните пролетни култури, како и садење на одредени раноградинарски култури, наведуваат агрометеоролозите. За денеска УХМР најавува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во среда се прогнозираат врнежи, а потоа, во четврток и петок, ќе биде променливо облачно. Минималните температури ќе се спуштат под нулата, а максималните ќе достигнат 16 степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vremeto-povolno-za-zemjodelski-aktivnosti-na-otvoreno/feed/ 0
Жените земјоделки добиваат платено отсуство за мајчинство, еве кои се условите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhenite-zemjodelki-dobivaat-plateno-otsustvo-za-majchinstvo-eve-koi-se-uslovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhenite-zemjodelki-dobivaat-plateno-otsustvo-za-majchinstvo-eve-koi-se-uslovite/#respond Tue, 07 Feb 2023 14:56:27 +0000 https://kurir.mk/?p=797356

На денешната седница, Владата донесе одлука со која се усвои Предлог Програма за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. Со оваа програма, за прв пат се решава правото на користење на надоместок за мајчинство за жените земјоделки, за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кое право не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи на вршителките на земјоделска дејност. Со усвојувањето на оваа програма, ќе започне реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000,00 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство. За да нема злоупотреби, битно е јасно да се разграничи дека целната група која ќе ја имаа оваа поддршка се жените кои имаат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец, стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои законите од областа на работните односи не ги препознаваат како лица во работен однос, поради што не можат да остварат платено породилно отсуство. Жените кои статусот на Индивидуален земјоделец го стекнале согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, се вработени лица и тие го остваруваат правото на платено породилно отсуство. Финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која родила дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 година и ги исполнува следните услови: – Да е запишанa во единствениот регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејно земјоделско стопанство, – Семејното земјоделско стопанство во кое членува, да остварило финансиска поддршка согласно Програмата за финасиска подршка во земјоделството за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари. – Да има непрекинат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето. Програмата е изработена на иницијатива и во директна соработка со жените вршителки на земјоделска дејност, кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не примале платено породилно отсуство. На денешната седница беа усвоени уште неколку програми од кои со посебно значење за секторот земјоделство е Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година. Целта на програмата е подобрување на производни капацитети и квалитет на производство, за производителите на храна од примарни земјоделски производи од животинско и неживотинско потекло, со неповратни авансно исплатени финансиски средства за инвестиции во опрема и ангажирање на стручно лице. Со програмата ќе се поддржат домашните производителите на храна преку проширување на постоечките капацитети, подобрување на технолошките процеси, подобрување на квалитетот на производите и развој на нови производи како и зголемена економска активност, која ќе продуцира поголеми приходи и можности за развој и нови инвестиции.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhenite-zemjodelki-dobivaat-plateno-otsustvo-za-majchinstvo-eve-koi-se-uslovite/feed/ 0
ССМ: Укинувањето на колективниот договор во земјоделство е директно кршење на работничките права https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-ukinuvanjeto-na-kolektivniot-dogovor-vo-zemjodelstvo-e-direktno-krshenje-na-rabotnichkite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-ukinuvanjeto-na-kolektivniot-dogovor-vo-zemjodelstvo-e-direktno-krshenje-na-rabotnichkite-prava/#respond Fri, 18 Nov 2022 14:45:14 +0000 https://kurir.mk/?p=763003

Откако Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) денеска реагираше за укинувањето на Колективниот договор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, реакција упати и Сојузот на синдикатите. Според нив, ваквиот однос на Владата претставува директно кршење на работничките права и е спротивен на социјалдемократските начела. – Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со синдикатите здружени во ССМ Ви ја испраќаат оваа реакција поради тоа што синдикатите и членовите здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија сериозно се загрижени поради информацијата дека една социјалдемократска Влада, за прв пат во историјата, презема чекор за укинување на Колективниот договор за вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со што Владата директно посегнува и ги укинува основните човекови права како што се правото на достоинствена работа и достоинствена плата, се вели во соопштението на ССМ. Ова е преседан во социјалниот дијалог и колективното преговарање, велат од ССМ, и е прв колективен договор кој го откажува работодавачот, односно Владата преку МЗШВ. – Владата, МЗШВ и МТСП грубо ги кршат одредбите од Конвенцијата бр 154 за колективно договарање,151 Конвенција за работни односи ( јавна служба ) и Конвенцијата 150 за администрацијата на трудот кои се ратификувани во нашата држава и на тој начин се дел од националното трудово законодавство, посочуваат од ССМ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-ukinuvanjeto-na-kolektivniot-dogovor-vo-zemjodelstvo-e-direktno-krshenje-na-rabotnichkite-prava/feed/ 0
Утре Економски совет на Владата, ќе се дискутира само за земјоделството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-ekonomski-sovet-na-vladata-kje-se-diskutira-samo-za-zemjodelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-ekonomski-sovet-na-vladata-kje-se-diskutira-samo-za-zemjodelstvoto/#respond Thu, 07 Jul 2022 11:33:37 +0000 https://kurir.mk/?p=701690

Измените во Програмата за директни плаќања и во политиките за рурален развој, ќе бидат двете клучни точки што ќе ги разгледува утре владиниот Економски совет, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Пред членовите на Агро советот, Николовски информира дека седницата на Економскиот совет ќе биде тематска, посветена на земјоделството. -Утре ќе има Економски совет на Влада. Седницата ќе биде тематска. Пред економскиот тим на премиерот ќе се дискутира само за земјоделството, само за конкретниот предлог за промени во делот на Програмата за директни плаќања и во делот на политиките за рурален развој, информира Николовски. Министерот истакна и дека почнува авансната исплата на субвенциите. -Целосно ќе бидат сервисирани корисниците по секоја основа. Сите пари ќе бидат исплатени и сите мерки ќе продолжат. Потоа е на земјоделците и на фармерите, она што државата го очекува и го бара, како и граѓаните, а тоа се подготовките за производство, рече министерот на денешната конститутивна седница на Советот за земјоделство и рурален развој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-ekonomski-sovet-na-vladata-kje-se-diskutira-samo-za-zemjodelstvoto/feed/ 0
ДЗС: Заврши пробниот попис на земјоделството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzs-zavrshi-probniot-popis-na-zemjodelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzs-zavrshi-probniot-popis-na-zemjodelstvoto/#respond Fri, 01 Jul 2022 13:05:06 +0000 https://kurir.mk/?p=698414

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека во периодот од 15 до 30 јуни спровел пробен попис на земјоделството. Попишувачите во изминатите две недели, како што посочуваат од ДЗС, ги посетија и ги интервјуираа избраните семејни земјоделски стопанства и деловни субјекти што се регистрирани и се занимаваат со активности поврзани со земјоделството на територијата на целата држава. За време на реализација на теренските активности не се забележани потешкотии и целата активност се реализираше според очекувањата. Сознанијата добиени од пробниот попис ќе бидат искористени за организација и спроведување на главниот попис на земјоделство следната година, информираат од Државниот завод за статистика и им се заблагодаруваат на домаќинствата и деловните субјекти за соработката и учеството во оваа статистичка акција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzs-zavrshi-probniot-popis-na-zemjodelstvoto/feed/ 0