жена на годината – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Dec 2022 17:00:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жена на годината – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прогласени десетте победнички во изборот „Жена на годината 2022“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/proglaseni-desette-pobednichki-vo-izborot-zena-na-godinata-2022/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/proglaseni-desette-pobednichki-vo-izborot-zena-na-godinata-2022/#respond Wed, 14 Dec 2022 16:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=775618

Во „Музеј на македонската борба“ денеска беа избрани десетте жени – победнички во изборот „Жена на годината 2022“. Слаѓана Вујошевиќ е избрана за жена на годината, Виолета Томовска е избрана за жена со трајни вредности, жена менаџерка на годината e Билјана Караманолевска, жена млада менаџерка на годината Светлана Кордумова, жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата e Мартина Димовска, жена со најголеми достигнувања во културата Пламенка Трајковска, жена со најголеми достигнувања во спортот e Оливера Наковска Бикова, жена со најголеми достигнувања за општеството Ребека Јанковска-Ристески, жена со најдобар стил Дита Старова Ќерими и инфлуенсерка на годината e Александра Шијакоска. Целта на изборот „Жена на годината“ е да се оддаде признание на жени кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати во годината што одминува. Во конференцискиот дел на настанот се одржаа предавања на Ирена Јакимова, Марио Јовановски, Вера Мештеровиќ и Наташа Дуковска, кои пред присутните ја споделија својата приказна и искуствата кои ги доживеале во нивната претприемачка експедиција, препреките со кои се соочиле и начините на кои успеале да ги надминат. Катерина Котлареска Манеска која е еден од организаторите, вели дека ваквиот настан е значаен, бидејќи ги здружува жените од различни дејности и различни професии кои меѓу себе се мотивираат, разменуваат искуства и знаења. – Денеска славиме јубилеј пет години постоење, овој настан подразбира здружување на едно место na повеќе жени од различни дејности и различни професии, кои меѓу себе си ги разменуваме искуства, се мотивираме, се забавуваме, но и учиме. Жените претприемачки помагаат да се развива општеството, да се извлечат од онаа балканска стигма во која жената само седеше дома и беше само домаќинка, денес имаат желба, мотив и започнуваат да создаваат дали тоа е во занаетчиството, ИТ, во различни професии, во секој случај жените веќе го менуваат профилот, изјави Котлареска Манеска. Организатори на „Жена на годината“ се Маркетинг365 и Касиа Евентс, а настанот е поддржан од Империал Тобако, Шпаркасе банка, БАС, Фабу спот, Фит Кит, Раде Кончар ТЕП, Семос Едукација, Нептун, Енерџи студио, Кариера.мк, Инекс Олгица, Пакомак, Биромаркет, Pageland, Пивара Скопје, Мебел Ви, Генерали Инвестментс, Среќа бар & фуд и Нестле Профешионал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/proglaseni-desette-pobednichki-vo-izborot-zena-na-godinata-2022/feed/ 0
Аријана Гранде прогласена за жена на годината за 2018 https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/arijana-grande-proglasena-za-zena-na-godinata-za-2018/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/arijana-grande-proglasena-za-zena-na-godinata-za-2018/#respond Wed, 07 Nov 2018 09:06:38 +0000 https://kurir.mk/?p=124562

Поп-пејачката Аријана Гранде е прогласена за жена на годината од страна на магазинот Билборд. По големиот успех со последниот албум „Sweetener“ нејзините хитови беа високо рангирани на Билбордовата листа синглови, а се задржаа и како најслушани. „Аријана Гранде е оригинална ѕвезда која не ги следи актуелните текови и правци во музичката индустрија. Таа стои зад своите одлуки во светот кој често не е добронамерен кон силните млади жени. Таа е храбра и во моментот ствара најдобра музика во својата кариера, таа заслужува да биде жена на годината“, вели Рос Скарано од Билборд. Наградата за жена на годината ќе и биде врачена на 6 декември во Њујорк. Ова е голем успех за Аријана и ветар во грб за иднината, имајќи во предвид дека неодамна ја раскина веридбата со комичарот Пит Девјидсон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/arijana-grande-proglasena-za-zena-na-godinata-za-2018/feed/ 0