женева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 May 2022 18:34:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png женева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Експлозија и пожар во објект блиску до аеродромот во Женева https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-i-pozar-vo-objekt-blisku-do-aerodromot-vo-zeneva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-i-pozar-vo-objekt-blisku-do-aerodromot-vo-zeneva/#respond Fri, 20 May 2022 18:34:13 +0000 https://kurir.mk/?p=679685

Во објект во непосредна близина на женевскиот аеродром денеска избувна голем пожар, откако претходно дошло со силна експлозија, поради што во прекин е авиосообраќајот, јави лондонски „Дејли Мејл“. На фотографии и видеа објавени на порталот на весникот се гледа експлозијата, огнот и густиот чад што се крева во воздух од зграда до аеродромот. Портпаролот на вториот најфреквентен аеродром во Швајцарија, Игнас Јанера, изјави дека е запален новиот прифатен центар за азиланти, што во моментов се реконструирал. Очевидци на настанот наведуваат дека прво слушнале силна експлозија, по што избувнал пожар. Сите слетувања на аеродромот во Женева се откажани, додека за полетувањата поединечно одлучувале пилотите на авионите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-i-pozar-vo-objekt-blisku-do-aerodromot-vo-zeneva/feed/ 0
САД го проучуваат Хаванскиот синдром по заболување на дипломати во Париз и Женева https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-prouchuvaat-havanskiot-sindrom-po-zaboluvanje-na-diplomati-vo-pariz-i-zeneva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-prouchuvaat-havanskiot-sindrom-po-zaboluvanje-na-diplomati-vo-pariz-i-zeneva/#respond Thu, 13 Jan 2022 16:58:21 +0000 https://kurir.mk/?p=618990

САД сè уште не се запознати со Хаванскиот синдром или кој е одговорен за таа болест, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во денешното интервју, откако се разболеа американски дипломати во Париз и Женева. Блинкен истакна дека целата федерална влада работи на разјаснување што ја предизвикува болеста, која ги погоди речиси 200 американски дипломати, службеници и членови на нивните семејства во странство. – До денес не знаеме што точно се случило и не знаеме точно кој е одговорен, рече Блинкен во интервју за Ем Ес Ен Би Си. „Волстрит журнал“ денеска пишува дека функционерите на американските дипломатски мисии во Париз и Женева се разболеле, каде што САД и Русија во понеделникот одржаа безбедносни разговори за ситуацијата во врска со Украина во близина на чии граници Русија распореди големи воени сили. Блинкен рече дека САД им го спомнале прашањето за болеста на Русите, но сè уште не може да каже кој е одговорен. Мистериозната болест предизвикува симптоми како што се мигрена, гадење, губење на меморијата и вртоглавица. Таа првпат беше забележана од американски официјални лица во Хавана во 2016 година. – Работиме максимално во целата влада за да се разјасни што се случило, кој е одговорен. И да ги згрижиме погодените и да го заштитиме целиот наш народ колку што можеме, нагласи американскиот државен секретар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-prouchuvaat-havanskiot-sindrom-po-zaboluvanje-na-diplomati-vo-pariz-i-zeneva/feed/ 0
Од понеделник стартува нова авио линија од Скопје до оваа европска дестинација – билети за цена од само 1.316 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-startuva-nova-avio-linija-od-skopje-do-ovaa-evropska-destinacija-bileti-za-cena-od-samo-1-316-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-startuva-nova-avio-linija-od-skopje-do-ovaa-evropska-destinacija-bileti-za-cena-od-samo-1-316-denari/#respond Thu, 28 Oct 2021 17:27:08 +0000 https://kurir.mk/?p=587324

Изиџет официјално од понеделник 1 ноември, ќе лета на релација меѓу Скопје и Женева, Швајцарија. Македонскиот главен град ќе се поврзува со швајцарскиот град три пати неделно, односно секој понеделник, четврток и петок, од 1-ви ноември 2021 до 25-ти март 2022 година. Првично на релацијата ќе има по два лета неделно, секој понеделник и петок, а од декември ќе има зголемување на три лета неделно. Летот ќе трае два часа и 15 минути. Како што е наведено на веб стрницата на авиокомпанијата цената на билетот од Скопје за Женева доколку букирате лет за понеделник ќе ве чини 105 фунти (7.679 денари), а обратно 46,56 фунти (3.400 денари). Додека доколку букирате лет за 6- декември цената на билет од Скопје до Женева чини 18 фунти (1.316 денари). Според анализите на ОАГ, во предпандемиската 2019 година на релација Скопје – Женева индиректно патувале 3.923 патници, додека лани само нешто над 600 патници, пишува exyuaviation.com. Како што изјавија претходно од Изиџет, оваа нова сезонска авиолинија ќе им овозможи на клиентите да ги посетат своите семејства и пријателите, или да го откријат градот на раскрсницата на Балканот, богат со повеќе влијанија, како и со бројни културни и природни локалитети. Женева ќе биде третата дестинација од Швајцарија со која од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе има воздушна конекција, по Цирих и Базел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-startuva-nova-avio-linija-od-skopje-do-ovaa-evropska-destinacija-bileti-za-cena-od-samo-1-316-denari/feed/ 0
Во Женева попладне ќе бидат извлечени групите во Лигата на шампионите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-zeneva-popladne-kje-bidat-izvlecheni-grupite-vo-ligata-na-shampionite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-zeneva-popladne-kje-bidat-izvlecheni-grupite-vo-ligata-na-shampionite/#respond Thu, 01 Oct 2020 06:44:49 +0000 https://kurir.mk/?p=410890

Европската фудбалска федерација попладне ќе изврши ждрепка за групната фаза во Лигата на шампионите. Ќе бидат формирани осум групи со по четири екипи. Од 32. екипи, 26 се пласираа директно во групната фаза, а уште шест беа одредени според резултатите во квалификациските натпревари. По четири претставници ќе имаат Шпанија, Англија, Италија и Германија, Франција и Русија по три, Украина два, а по еден тим во елитното натпреварување доаѓа од Португалија, Белгија, Холандија, Австрија, Турција, Данска, Грција и Унгарија. Трофејот ќе го брани Баерн Минхен. Почетокот на извлекувањето е закажано за 17 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-zeneva-popladne-kje-bidat-izvlecheni-grupite-vo-ligata-na-shampionite/feed/ 0
Меѓународниот саем на автомобили во Женева одложен за 2022 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/megjunarodniot-saem-na-avtomobili-vo-zeneva-odlozen-za-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/megjunarodniot-saem-na-avtomobili-vo-zeneva-odlozen-za-2022-godina/#respond Tue, 30 Jun 2020 09:48:40 +0000 https://kurir.mk/?p=365685

Организаторите на меѓународниот саем на автомобили во Женева соопштија денес дека нема да се организира саем во 2021 година. Според анкетираните, подобро е да се одржи саемот во 2022 година бидејќи сега многумина не би учествувале, пренесува Ројтерс. Автомобилскиот сектор моментално се наоѓа во тешка состојба и ќе е потребно време да се опорави ситуацијата по пандемијата, наведе одборот и советот на Фондацијата на Меѓународен саем на автомобили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/megjunarodniot-saem-na-avtomobili-vo-zeneva-odlozen-za-2022-godina/feed/ 0
ФОТО: Делегација од Македонија брка инвестиции на откажан саем во Женева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-delegacija-od-makedonija-brka-investicii-na-otkazan-saem-vo-zeneva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-delegacija-od-makedonija-brka-investicii-na-otkazan-saem-vo-zeneva/#respond Wed, 04 Mar 2020 09:02:51 +0000 https://kurir.mk/?p=311837

Тричлена делегација од Македонија наводно е во потрага по странски инвестиции во Женева. Делегацијата од Дирекцијта за технолошко индустриски развојни зони, ДТИРЗ, веќе два дена на државна сметка ужива на саем кој е откажан. На непостоечкиот саем во Женева се генералниот директор, раководителот на секторот на државна помош и лице ангажирано со договор на дело, инаку кум на братот на генералниот директор. Организаторите на Саемот за автомобили, по 79 години од одржувањето, годинава првпат го откажаа саемот поради коронавирусот. Голем број други јавни настани низ Швајцарија исто така беа откажани откако бројот на случаи на инфекција со коронавирус во земјата се зголеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-delegacija-od-makedonija-brka-investicii-na-otkazan-saem-vo-zeneva/feed/ 0
Во Женева почнува форумот на СЗО за коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zeneva-pochnuva-forumot-na-szo-za-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zeneva-pochnuva-forumot-na-szo-za-koronavirusot/#respond Tue, 11 Feb 2020 09:24:07 +0000 https://kurir.mk/?p=302232

Во Женева денеска почнува дводневниот светски форум на Светската здравствена организација, на кој ќе се разговара за мерките во борбата против коронавирусот. На форумот ќе учествуваат повеќе од 400 експерти, научници и здравствени функционери од различни земји. Целта на форумот е да се идентификуваат празнините во знаењето и приоритетите во истражувањето за да се добијат научни информации и медицински производи што се најпотребни за да се минимизира влијанието на вирусот. Учесниците исто така ќе се обидат да го идентификуваат вистинскиот извор на инфекција, да разменат биолошки примероци и делови од геномот на вирусот. Досега од коронавирусот починаа 1.016 лица, а заразени се повеќе од 42.000.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zeneva-pochnuva-forumot-na-szo-za-koronavirusot/feed/ 0
Во Женева ќе се казнува за возење пребучен автомобил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zeneva-kje-se-kaznuva-za-vozenje-prebuchen-avtomobil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zeneva-kje-se-kaznuva-za-vozenje-prebuchen-avtomobil/#respond Mon, 20 May 2019 08:38:10 +0000 https://kurir.mk/?p=199893

Политичари во Женева планираат да воведат казни за возачи на пребучни автомобили кои полицијата ќе ги „лови“ на радари за бучава, објави германското списание Аутобилд. Женевското градско собрание има намера до средината на оваа година да прогласи обврзно ниво на бучава на автомобилите, камиони и мотори. Активисти повикуваат градските власти да ограничат бучава на 80 децибели, што е колку и ниво на бучава од машина за перење алишта. И неколку други градови се борат против преголемата бучава во сообраќајот, но тоа го прават со ограничување на брзината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zeneva-kje-se-kaznuva-za-vozenje-prebuchen-avtomobil/feed/ 0
Во Женева почнува седумдневен собир посветен на „роботи убијци“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zeneva-pochnuva-sedumdneven-sobir-posveten-na-roboti-ubijci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zeneva-pochnuva-sedumdneven-sobir-posveten-na-roboti-ubijci/#respond Tue, 28 Aug 2018 09:39:24 +0000 https://kurir.mk/?p=93026

Голем број експерти денеска во Женева ќе разговараат за така наречените роботи убијци односно автономните футуристички оружени системи кои би можеле да завојуваат без интервенција од човекот. За време на седумдневниот собир, втор од таков вид, во седиштето на Обединети нации во Женева, ќе разговараат за можните начини за регулација на оружените системи. За сега, целосно автономни и компјутерски контролирани оружени системи не постојат, а поединечни групи експерти оценуваат дека владите и армиите генерално треба да спречат развивање на таков вид оружје, бидејќи според нив постојат „ужасни“ сценарија за тоа што нивното постоење може да предизвика. Организацијата за човекови права „Амнести интернешнел“ (АИ) денеска апелираше до сите земји да работат на забрана на такво оружје. „Роботите убијци“ повеќе не се само научна фантастика, изјави истражувачот на вештачката интелигенција на АИ, Раша Абдул Рахим. Претседавачот со собирот Амандип Гил изјави дека постојат три табори земји: Еден кој сака формална и правна забрана на автономно оружје, друг кој се залагаат за политички, необврзувачки договор и трет кој не сака никакви промени. Добитничката на Нобелова награда за мир 1997 година, Џоди Вилијамс инсистира на „разумна контрола од страна на човекот“ за употребата на автономните оружени системи. - Постојат многу разлики помеѓу владите, до сега 26 (земји) побараа целосна забрана, посочи Вилијамс, која е домаќинка на собирот во Женева. Собирот во Женева функционира по принцип на консензус, што значи дека само една земја може да го осуети планот за производство на таков вид оружје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zeneva-pochnuva-sedumdneven-sobir-posveten-na-roboti-ubijci/feed/ 0
Студеното време го затвори аеродромот во Женева https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studenoto-vreme-go-zatvori-aerodromot-vo-zeneva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studenoto-vreme-go-zatvori-aerodromot-vo-zeneva/#respond Thu, 01 Mar 2018 07:39:58 +0000 http://kurir.mk/?p=26012

Аеродромот во Женева денеска е затворен поради многу студеното време, што неделава погоди голем број делови од Европа. - Поради многу лошите временски услови аеродромот во Женева во моментот е затворен за сообраќај. Поради тоа им, советуваме на патниците да не доаѓаат на аеродром, соопшти аеродромската управа. Студениот бран во Европа е причина за смртта на најмалку 46 луѓе, од кои поголемиот дел од жртвите се бездомници. Студеното време бран е причина за смрт на 18 лица во Полска, шест во Чешка, петмина во Литванија, четири во Франција и Словачка, двајца во Италија, Романија, Србија и Словенија и еден во Холандија. Во Естонија студот е причина за седум смртни случаи овој месец.  Од почетокот на студениот бран, животот го загубиле најмалку осум луѓе без постојано место на живееење – по тројца во Франција и Чешка и двајца во Италија. Студениот бран, кој британските медиуми го нарекоа „Ѕверот од Истокот“, Холанѓаните - „Сибирска мечка“, Швеѓаните - „Снежен топ“, а во Франција е познат под називот „Москва-Париз“, најмногу го загрозува здравјето на најранливите категории жители, пред се бездомниците и постарите лица, но го попречува и сообраќајот. Студениот бран проследен со многу снег предизвика сообраќаен хаос во многу европски градови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studenoto-vreme-go-zatvori-aerodromot-vo-zeneva/feed/ 0