женско здравје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jul 2023 10:49:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png женско здравје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 {ЗАЕДНО} ЗА ПОДОБРО УТРЕ: дм дрогерие маркт распишува конкурс за иницијативи од областа на женското здравје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaedno-za-podobro-utre-dm-drogerie-markt-raspishuva-konkurs-za-initsijativi-od-oblasta-na-zhenskoto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaedno-za-podobro-utre-dm-drogerie-markt-raspishuva-konkurs-za-initsijativi-od-oblasta-na-zhenskoto-zdravje/#respond Thu, 20 Jul 2023 10:49:38 +0000 https://kurir.mk/?p=858428

Во понеделник, 10 јули, дм дрогерие маркт распиша конкурс на кој може да се пријават проекти чија цел е давање придонес кон подобрување на здравјето на жените. На веб страницата dm-zaedno.mk од 10 јули до 20 август 2023 отворени се пријави за проекти од областите за унапредување и зачувување на физичкото и менталното здравје на жените и унапредување на квалитетот на живот.
„Една од најважните области во која dm инвестира долги години е подобрување на здравјето на нашите сограѓани и здравствената заштита која им е достапна. Со отворениот конкурс {ЗАЕДНО} за подобро утре сакаме да го свртиме вниманието на темите и предизвиците со кои се соочуваат жените во нивниот приватен и професионален живот и да поддржиме проекти кои долгорочно ќе имаат позитивен ефект врз нивното здравје и благосостојба. На овој начин сакаме да влијаеме на квалитетот на животот на што е можно повеќе жени“ – изјавија од компанијата по повод распишувањето на овој конкурс и лансирањето на кампањата за женското здравје.
Целта на овој конкурс е да се избере и да се поддржи реализацијата на проекти кои ќе придонесат за унапредување, развој и подобрување на здравствените и социјалните аспекти на здравјето на жените од сите возрасни групи. Невладините организации, институциите, единиците на локалната и регионалната самоуправа, непрофитните правни лица можат да регистрираат проекти насочени кон поттикнување на поздрав начин на живот и спречување на болести кои ги погодуваат жените, иницијативи за подобрување на физичкото и менталното здравје на жените и образование. Помеѓу пристигнатите апликации, dm ќе ги избере и поддржи оние проекти кои се издвојуваат по нивниот квалитет и оригиналност и кои долгорочно и во најголема мера ќе придонесат за здравјето и благосостојбата на жените во Македонија. Правилата и условите на конкурсот {ЗАЕДНО} за подобро утре и критериумите за избор се достапни на веб-страницата dm-zaedno.mk каде ќе бидат објавени сите валидни апликации пристигнати за време на конкурсот, како и детали за проектите избрани како дел од натпреварот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaedno-za-podobro-utre-dm-drogerie-markt-raspishuva-konkurs-za-initsijativi-od-oblasta-na-zhenskoto-zdravje/feed/ 0
„Следи го сопствениот ритам“ – dm дрогерие маркт со нова кампања која има за цел подобрување на здравјето на жените https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sledi-go-sopstveniot-ritam-dm-drogerie-markt-so-nova-kampana-koja-ima-za-tsel-podobruvane-na-zdravjeto-na-zhenite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sledi-go-sopstveniot-ritam-dm-drogerie-markt-so-nova-kampana-koja-ima-za-tsel-podobruvane-na-zdravjeto-na-zhenite/#respond Thu, 13 Jul 2023 07:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=856130

Компанијата дм дрогерие маркт, која е препознатлива по својот општествено одговорен пристап, како и континуираната посветеност на зајакнувањето на заедницата, ова лето започна сеопфатна кампања посветена на социјалното, менталното и физичкото здравје на жените. Со почетокот на месец јули, под слоганот „Следи го сопствениот ритам“ dm дрогерие маркт го означи почетокот на широката иницијатива за подигнување на свеста за женското здравје: Во дванаесет земји во кои dm е присутен на пазарите, во период од неколку месеци, фокусот е на физичкото, менталното и емоционалното здравје на жените. Дополнително, dm сака да привлече внимание кон социјалните фактори кои се особено релевантни за здравјето на жените. „Сакаме да дадеме поттик за поздрав живот, да пружиме помош, да се занимаваме со табу теми и да привлечеме внимание на новите случувања и трендови. Околу 90 проценти од нашите купувачи и вработени се жени, па токму затоа оваа тема ни е посебно драга. Сакаме да се посветиме на грижата за женското здравје како дел од една сеопфатна иницијатива која ќе опфати повеќе сегменти од проблемите со кои се соочуваат жените“ – изјавија од компанијата по повод лансирањето на новата кампања.

Од жени за жени

Во соработка со стручни лица од повеќе области како гинеколози, советници за исхрана, ментални и фитнес тренери, како и други експерти, dm во наредните месеци ќе обработува одбрани теми од жени за жени. Широкиот опсег на теми, почнувајќи од физичко здравје и исхрана, нега на кожа, бременост и пост-породилни предизвици, па сѐ до ментално здравје се фокусира на женското зајакнување, грижата за себе и позитивниот став кон сопственото тело. Од почетокот на месец јули на своите канали и во самите дрогерии dm ќе обезбедува информации со кои сака позитивно да влијае на женското здравје и да ја поттикне свеста за тоа, како да се грижиме за себе.

{Заедно} за подобро утре – Конкурс за поддршка на женското здравје

Како дел од кампањата за женско здравје, дм дрогерие маркт распиша и конкурс, преку кој ги повикува сите институции, здруженија и установи (јавни и приватни) кои имаат свој проект, кој има за цел подобрување или зачувување на физичкото или менталното здравје на жените. Сите заинтересирани може да се пријават и да учествуваат со свој нов или веќе постоечки проект со пополнување на барањето на следната веб страната dm-zaedno.mk , а најсоодветните проекти ќе бидат одбрани од страна на компанијата и ќе ја добијат бараната поддршка во форма на производи или делумно или целосно финансирање на проектот. Конкурсот трае до 20 август, а компанијата ги охрабрува сите заинтересирани да земат активно учество во конкурсот со цел создавање на подобри услови за развој и поддршка на женското здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sledi-go-sopstveniot-ritam-dm-drogerie-markt-so-nova-kampana-koja-ima-za-tsel-podobruvane-na-zdravjeto-na-zhenite/feed/ 0
Јавна расправа: Да се срушат сите табуа за неплодноста и за процесот на ин витро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-da-se-srushat-site-tabua-za-neplodnosta-i-za-procesot-na-in-vitro/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-da-se-srushat-site-tabua-za-neplodnosta-i-za-procesot-na-in-vitro/#respond Mon, 30 May 2022 12:36:57 +0000 https://kurir.mk/?p=683580

Да се срушат сите табуа и стереотипи поврзани со процесот на ин витро и неплодноста, затоа што тоа не е срам и не треба никој да се срами од тоа. За сето тоа има решение, соодветно на историја и на самата здравствена состојба на пациентите, ова беа дел од пораките изнесени на денешната јавна расправа на тема: „Кон промени на законската регулатива за поголема поддршка на пациенти кои се соочуваат со неплодност“ што се одржа во Собранието. Расправата се одржа по повод 28 Мај – Меѓународниот ден за акција за женското здравје, во организација на Клубот на пратенички на Собранието и во соработка со Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ИВФ. Учесниците на расправата истакнаа дека се уште темата е сензитивна, а законското решение е од 2008 година. Министерот за здравство Беким Сали потсети на дел од реализираните активности во делот на грижата за женското и репродуктивното здравје, како мобилна гинеколошка амбуланта со која се обезбедуваат прегледи со ПАП-тест и совети за редовните гинеколошки прегледи за жените на возраст од 36 до 45 години. Соопшти дека се води грижа за идните мајки, има вежби во бременост под стручен надзор и физиотерапевт, се води грижа и за здравствена услуга и за жртвите на семејно насилство… Сали нагласи дека темата на неплодноста е еден од нивните приоритети и се задржа на работата на државната комисија за ИВФ, која е формирана во 2008 година и одржува состаноци по потреба, но најмалку еднаш месечно. – На самата комисија се доставуваат просечно по 150 барања од овластените установи од државата, но и од регионот, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, рече Сали. Претседателот на собраниската Комисијата за здравство, Арбен Зибери рече дека секогаш ќе биде на располагање, Комисијата ќе биде отворена за соработка, за предлози и идеи за да се најде подобро законско решение за граѓаните кои се засеганати со оваа проблематика. Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Гордана Силјановска Давкова нагласи дека децата се најважни и дека потребата, задоволството да се има дете, да се создаде живот е многу важна. Според неа, сторено е многу меѓутоа уште многу треба да се стори, додавајќи дека наталитетот секаде опаѓа и дека треба да се стимулира. Претседателот и застапник на Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ИВФ од Скопје, Зоја Самандова-Петрушева рече дека оваа тема во моментов е табу, а голема е стапката на неплодност. Таа соопшти дека повеќе пациенти и семејства се соочуват со проблемот, кој, како што рече, е тежок и апелираше да не се крие тоа, дека не е срамота и порача да се зборува отворено за да добијат повеќе информации и да се соочаат со проблемот. Таа информира дека имаат иницијатива за промена на Законот за БПО, кој, како што велат подолго време не е ревидиран. Самандова-Петрушева ги изнесе предизвиците или патот кој го минуваат пациентите кои се борат со неплодност за да се остварат како родители. Информира дека следуваат по три ваучери од Фондот за здравствено осигурување, кои ги одобрува Министерството за здравство и укажа дека покрај тоа има и скриени трошоци. Пациентите откако ќе ги искористат тие три ваучери, како што рече, потоа ги прават постапките приватно и ги чини многу или над 100.000 денари, а терапијата која се користи пред постапката, за време на постапката и по постапката не спаѓа под Фондот и не е на позитивна листа на лекови. Самандова-Петрушева нагласи дека меѓу нивните цели се зголемување на бројот на ваучери за прво дете. Образложи дека следуваат по три ваучери за прво, а исто толку и за второ, за трето и за четврто дете и нагласи дека треба да се стави акцентот на паровите и поединци кои немаат ниту едно дете. Бараат и поголем дел од терапијата што се користи да биде ставена на позитивна листа на лекови. На јавната расправа се обрати и директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска-Грашковска, ИВФ специјалисти и акушери, ембриолози, доктори, претставници од НВО секторот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-da-se-srushat-site-tabua-za-neplodnosta-i-za-procesot-na-in-vitro/feed/ 0
Јавна расправа по повод Меѓународниот ден за акција за женското здравје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-po-povod-megjunarodniot-den-za-akcija-za-zenskoto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-po-povod-megjunarodniot-den-za-akcija-za-zenskoto-zdravje/#respond Mon, 30 May 2022 05:19:07 +0000 https://kurir.mk/?p=683220

По повод 28 мај – Меѓународниот ден за акција за женското здравје, Клубот на пратенички на Собранието во соработка со Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ИВФ ќе одржи јавна расправа на тема: „Кон промени на законската регулатива за поголема поддршка на пациенти кои се соочуваат со неплодност“. Предвидени се обраќања на министерот за здавство Беким Сали, претседателките на Клубот на пратенички Лолита Ристова, на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Гордана Сиљановска-Давкова и на Здружение за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ИВФ, Скопје Зоја Самандова-Петрушева и претседателот на Комисијата за здравство Арбен Зибери. Најавени се излагања на Магдалена Филиповска-Грашковска од Фондот за здравствено осигурување, д-р Валентина Сотировска – ембриолог, Државна комисија за биомедицински потпомогнато оплодување во Министерството за здравство, д-р Младен Ристовски, ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, д-р Зоранчо Петановски, ИВФ специјалист и акушер, д-р Татјана Гуржанова, инвитро специјалист и проф.д-р Дијана Плашеска-Каранфилска, Истражувачки центар за генетика при МАНУ. Покрај членките на Клубот на пратенички, на јавната расправа поканети и се членовите на Комисијата за здравство, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, пратеници, стручни лица од областа на инвитро, специјалисти за неплодност, ембриолози, ендокринолози, трансфузиолози, уролози, психолози, нутриционисти, гинеколози, акушери, биолози, генетичари, министeрката за труд и социјална политика, народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, ЗЕЛС, Институтот за родови студии, потоа претставници на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, ИОМ, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-po-povod-megjunarodniot-den-za-akcija-za-zenskoto-zdravje/feed/ 0