Жералд Дарманен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Aug 2023 19:32:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Жералд Дарманен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дарманен: Марин Ле Пен би можела да победи на претседателските избори во Франција во 2027 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/darmanen-marin-le-pen-bi-mozhela-da-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-frantsija-vo-2027-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/darmanen-marin-le-pen-bi-mozhela-da-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-frantsija-vo-2027-godina/#respond Fri, 25 Aug 2023 19:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=871040

Пратеничката во францускиот Парламент и претседателка на десничарската партија Национална алијанса, Марин Ле Пен, би можела да победи на следните претседателски избори во 2027 година, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен. „Ако дозволиме голем дел од работничката и средната класа да одат на страната на Марин Ле Пен, повисоките класи нема да не поддржат во вториот круг. Клучните прашања се социјалните - платите, работниот век, трошоците за живот и поддршката на семејството. Тоа е она што може да доведе до изборот на Марин Ле Пен во 2027 година, а не прашањето за миграцијата“, рече Дарманен, кој многумина го сметаат за потенцијален кандидат на десниот центар на претседателските избори, пишува Гардијан. Тој посочи дека луѓето од работничката класа сакаат „враќање на власта во училиштата и на улиците, повеќе цврстина во судскиот систем и полицијата и да можат да живеат од плодовите на својот труд“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/darmanen-marin-le-pen-bi-mozhela-da-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-frantsija-vo-2027-godina/feed/ 0
Француските власти го обвинуваат Клоп за немирите во финалето на Лигата на шампионите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/francuskite-vlasti-go-obvinuvaat-klop-za-nemirite-vo-finaleto-na-ligata-na-shampionite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/francuskite-vlasti-go-obvinuvaat-klop-za-nemirite-vo-finaleto-na-ligata-na-shampionite/#respond Tue, 31 May 2022 07:19:27 +0000 https://kurir.mk/?p=683999

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен ги коментираше немирите за време на финалето од фудбалската Лига на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул (1:0). Средбата требаше да започне во 21 часот, но, поради судири со навивачите, почетокот на натпреварот доцнеше 36 минути. – Овие проблеми во фудбалот постојат само со учество на некои англиски клубови. Присуство на толку голем број англиски навивачи без билети не е прв пат. Така беше во 2019 година во Мадрид. И ова создаде такви тешкотии. Истите проблеми беа на стадионот Вембли во 2021 година. Однесување, неорганизираност и огромен пазар за фалсификувани билети. Да потсетам дека Клоп беше тој што пред неколку дена ги повика навивачите на Ливерпул да дојдат во Франција дури и без билети. Се соочивме со десетици и илјадници англиски навивачи, од кои некои целосно ги почитуваа правилата и купија билети или отидоа во специјална фан зона. Да потсетам дека десетици илјади навивачи во фан зоната беа без проблеми, ги почитуваа правилата, но имаше помал, но активен дел кој се судри со нашите безбедносни сили, изјави Дарманен за „Мирор“. Натпреварот се одигра на „Стад де Франс“ во Сен Дени (Франција). Победи Реал Мадрид со 1:0 и по 14. пат стана европски шампион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/francuskite-vlasti-go-obvinuvaat-klop-za-nemirite-vo-finaleto-na-ligata-na-shampionite/feed/ 0