жерар депардје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Sep 2023 07:37:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жерар депардје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жерар Депардје на наддавање продаде дел од личната уметничка колекција https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zherar-depardje-na-naddavane-prodade-del-od-lichnata-umetnichka-kolektsija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zherar-depardje-na-naddavane-prodade-del-od-lichnata-umetnichka-kolektsija/#respond Thu, 28 Sep 2023 07:37:15 +0000 https://kurir.mk/?p=882587

Аукцијата со дел од уметничката колекција на францускиот глумец Жерар Депардје во Париз заврши вчеравечер, достигнувајќи цена од 1,3 милиони евра „во соба преполна колекционери и љубопитни гледачи“, како што соопшти аукциската куќа „Адер". Депардје (74), одлучи да се прости со над 250 дела на мајстори од 20 век, како што е, на пр. вајарот Огист Роден - уметник чиј лик Депардје го отелотвори во филмот „Irréductible“ („Нескратливо“) од 2022 година, покрај Изабела Аџани. Колекцијата првично е проценета на над три милиони евра, пренесува бугарскиот портал „24 часа“. - Оваа колекција е големо изненадување во однос на важноста на делата што ги собира Жерар Депардје повеќе од 40 години. Тој собирал многу прецизно, што ни открива сосема нов поглед на неговата личност, изјави Дејвид Нордман од аукциската куќа. Во првиот ден од аукцијата, делото „Паоло и Франческа“ во бронза и црна патина од Роден, изработено во 12 примероци, достигна 83.200 евра, надминувајќи ја првичната проценка. Скулптурата на Задкин од 1922 година, „Жена на колена“, по доста ревносно наддавање, постигна цена од 104.960 евра - со трошоци, иако била проценета на 80.000 евра. Гвашот „Сончева светлина“ од Александар Калдер (1974) достигна 92.160 евра, надминувајќи ги и највисоките очекувања. Во текот на трите дена додека делата беа јавно изложени за разгледување, неколку илјади луѓе влегоа во хотелот „Друо“ во Париз. Жерар Депардје, инаку, е под истрага од 2021 година, под сомнение за силување и сексуален напад врз глумицата Шарлот Арну. Поради тоа, во мај тој одби официјално да учествува во претставувањето на својот нов филм „Умами“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zherar-depardje-na-naddavane-prodade-del-od-lichnata-umetnichka-kolektsija/feed/ 0
Славниот Депардје ги осуди „неприфативите луди ексцеси“ на Путин https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/slavniot-depardje-gi-osudi-neprifativite-ludi-ekscesi-na-putin/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/slavniot-depardje-gi-osudi-neprifativite-ludi-ekscesi-na-putin/#respond Fri, 01 Apr 2022 08:02:06 +0000 https://kurir.mk/?p=656758

Францускиот актер Жерар Депардје, кој покрај француското има и руско државјанство и кој важи за близок до Владимир Путин, во соопштение за медиумите ги осудува „лудите неприфатливи ексцеси“ на рускиот претседател, најавувајќи дека сите приходи од неговите три концерти закажани за почетокот на април во Театарот на Шанзелизе ќе бидат наменети за украинските жртви, јави дописникот на МИА. – Рускиот народ не е одговорен за лудите и неприфатливи ексцеси на нивните лидери како Владимир Путин, напиша ѕвездата што во минатото го фалеше рускиот претседател. Тој треба да настапи од 1. до 3 април во Театарот на Шанзелизе во Париз, каде што ќе пее преработени песни. – Сите приходи од трите концерти што ќе ги одржам ќе бидат наменети за украинските жртви на оваа трагична братоубиствена војна, додаде глумецот во изјавата. Отсекогаш сум имал единствена склоност кон рускиот народ толку добро опишана од Достоевски, Толстој, Гогољ, Пастернак и многу други уметници… Чајковски, Прокофјев, Шостакович, подвлече тој. На 1 март, Жерар Депардје веќе повика „да се престане со оружјето и да се преговара“, на шестиот ден од руската инвазија на Украина. – Русија и Украина отсекогаш биле братски земји. Јас сум против оваа братоубиствена војна. Јас велам: „Стоп за оружјето и преговарајте!“, истакна тој. „Џинот“ на француската кинематографија доби и руски пасош во јануари 2013 година, по несогласувањата за даночната политика на претседателот Франсоа Оланд. – Сметам дека е нормално да плаќам, но не и на идиоти кои мислат дека прават добро, велеше тој тогаш. Оттогаш, Жерар Депардје никогаш не престана да ја фали својата нова татковина – Русија, „голема демократија“, но и рускиот преттседател Владимир Путин, кого особено го споредуваше со папата Јован Павле Втори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/slavniot-depardje-gi-osudi-neprifativite-ludi-ekscesi-na-putin/feed/ 0
Нов скандал: Познатиот актер обвинет за силување и злоставување на колешка https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nov-skandal-poznatiot-akter-obvinet-za-siluvanje-i-zlostavuvanje-na-koleshka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nov-skandal-poznatiot-akter-obvinet-za-siluvanje-i-zlostavuvanje-na-koleshka/#respond Sat, 01 Dec 2018 10:54:52 +0000 https://kurir.mk/?p=134491

Францускиот актер Жерар Депардје (69) е сослушан во полициска станица во рамки на истрга која се води по обвинувања на актерка дека била силувана и сексуално вознемирувана од него, соопштиле полициски извори. Депардје е осомничен дека на 19 август годинава, силувал млада актерка во нејзиниот дом во Париз. Актерот бил сослушан во полиција, но не му бил одреден притвор. Актерката, чие име не е соопштено, пријавила дека Депардје  сексуално ја злоставувал во нејзиниот дом во Париз. -Жерар Депардје апсолутно негира било каков напад или силување, изјавил за Франс прес неговиот адвокат Ерве Темим и додал дека е уверен оти ќе се потврди невиноста на неговиот клиент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nov-skandal-poznatiot-akter-obvinet-za-siluvanje-i-zlostavuvanje-na-koleshka/feed/ 0
Славниот актер обвинет за силување: Нападнал 22 годишна девојка во својата вила во Париз!? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/slavniot-akter-obvinet-za-siluvanje-napadnal-22-godishna-devojka-vo-svojata-vila-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/slavniot-akter-obvinet-za-siluvanje-napadnal-22-godishna-devojka-vo-svojata-vila-vo-pariz/#respond Fri, 31 Aug 2018 06:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=94537

Популарниот француски актер Жерар Депардје е обвинет дека силувал 22 годишна актерка во Париз. Жерар француската актерка го пријавила во полиција и навела дека непријатниот настан се случил на седми август, но и на 13-ти август во неговата вила. Адвокатите на актерот тврдат дека апсолутно ништо не се случило, како и дека обвинувањата се лажни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/slavniot-akter-obvinet-za-siluvanje-napadnal-22-godishna-devojka-vo-svojata-vila-vo-pariz/feed/ 0