жешко време – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 16 Jul 2023 13:14:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жешко време – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Речиси 62.000 луѓе починаа од рекордни горештини во Европа минатото лето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-62-000-luge-pochinaa-od-rekordni-goreshtini-vo-evropa-minatoto-leto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-62-000-luge-pochinaa-od-rekordni-goreshtini-vo-evropa-minatoto-leto/#respond Sun, 16 Jul 2023 13:30:06 +0000 https://kurir.mk/?p=857162

61.672 луѓе починале од болести поврзани со горештини во Европа во периодот од 30 мај до 4 септември минатата година, според студијата објавена во списанието Nature Medicine. Италија беше најтешко погодена земја со околу 18.000 смртни случаи, следи Шпанија со нешто повеќе од 11.000 и Германија со околу 8.000. Истражувачите откриле и дека екстремната жештина несразмерно им штети на постарите и жените. Од скоро 62.000 анализирани смртни случаи, стапката на смртност од жешкото време била за 63 отсто повисока кај жените отколку кај мажите. Возраста беше исто така важен фактор, при што бројот на смртни случаи значително се зголеми кај оние над 65 години, јави Си-Ен-Ен. Истражувачите ги анализираа податоците за температурата и смртноста помеѓу 2015 и 2022 година за 35 европски земји со вкупно население од 543 милиони луѓе и ги искористија за да создадат епидемиолошки модели за пресметување на смртните случаи поврзани со исклучително високи температури на воздухот. Авторите на студијата предупредуваат дека светот само ќе стане потопол и дека без ефективни планови за адаптација, Европа би можела да се соочи со повеќе од 68.000 предвремени смртни случаи секое лето до 2030 година и над 94.000 до 2040 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-62-000-luge-pochinaa-od-rekordni-goreshtini-vo-evropa-minatoto-leto/feed/ 0
Екстремни жештини во Пекинг: Кинеската влада воведе итни мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekstremni-zheshtini-vo-peking-kineskata-vlada-vovede-itni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekstremni-zheshtini-vo-peking-kineskata-vlada-vovede-itni-merki/#respond Thu, 06 Jul 2023 08:08:01 +0000 https://kurir.mk/?p=853451

Кинеската Влада денеска им наложи на работодавачите во Пекинг да ја прекинат работата на отворено, откако метеоролозите најавија дека температурата во главниот град ќе достигне 40 степени Целзиусови. На владините одделенија им е наредено да се погрижат постарите и болните да можат да престојуваат во разладени простории. Во градот во кој живеат 22 милиони луѓе објавен е „црвен аларм“, највисоко ниво на системот за предупредување за екстремни температури. Владата на Кина во понеделникот објави дека во Пекинг 10 дена се регистрирани температури над 35 степени Целзиусови, што е најдолга таква низа од 1961 година. Во исто време, поплавите принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во јужна Кина. Кинеската Влада издаде предупредување за можни поплави во Внатрешна Монголија на север, Хеилонгџианг на североисток и Тибет и Сечуан на југозапад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekstremni-zheshtini-vo-peking-kineskata-vlada-vovede-itni-merki/feed/ 0
ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Во Шпанија до 45 степени Целзиусови под сенка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pekolni-temperaturi-vo-shpanija-do-45-stepeni-tselziusovi-pod-senka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pekolni-temperaturi-vo-shpanija-do-45-stepeni-tselziusovi-pod-senka/#respond Sun, 25 Jun 2023 18:08:35 +0000 https://kurir.mk/?p=849515

Летото само што започна календарски, а Шпанија и Португалија веќе мака мачат со екстремно високите температури. Јадрото на топла воздушна маса со денови е над Пиринејскиот Полуостров, како дел од африканскиот антициклон и високиот воздушен притисок, кои предизвикуваат ведро и топло време. Температурите вчера надминаа 40 степени Целзиусови. Денешниот и утрешниот ден ќе го донесат врвот на високите температури за време на овој актуелен топлотен бран. Во цела Шпанија денеска температурите се од 35 до 40 степени Целзиусови на надморска височина од 500 до 1000 метри, односно низ платото од север кон југ. Најтопло ќе биде во континенталниот дел на јужна Шпанија, односно во Андалузија, со температури до 45°C, а најтопол град ќе биде Севиља со точно 45°C. Во Кордоба се очекуваат 44°C. Станува збор за температури на воздухот во сенка, кои на сонце се повисоки за околу 15 степени. Благодарение на ефектот на ладење на површината на водата, значително попријатни температури се очекуваат на крајбрежјето, односно Медитеранот, дел од Шпанија, па градовите како Валенсија, Барселона, Малага ќе измерат многу удобни 29 до 30°C, а само 50 километри во внатрешноста на земјата температурите се 45°C. Уште попријатно е на северозапад од Шпанија, односно на брегот на Атлантикот, со температури од 23 до 25°C. Топлотниот бран ги зафати источниот и југоисточниот дел на Португалија, со температури до 43°C, додека многу попријатно е во другите делови од земјата, а на брегот на Атлантикот, вклучувајќи ги Лисабон и Порто, температурите над 30°C се не се очекува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pekolni-temperaturi-vo-shpanija-do-45-stepeni-tselziusovi-pod-senka/feed/ 0
Франција: До 35.000 смртни случаи поради жештините од 2014 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-do-35-000-smrtni-sluchai-poradi-zheshtinite-od-2014-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-do-35-000-smrtni-sluchai-poradi-zheshtinite-od-2014-godina/#respond Fri, 23 Jun 2023 15:31:40 +0000 https://kurir.mk/?p=849075

Од 2014 година, меѓу 30.000 и 35.000 луѓе починале во лето во Франција поради жештините, соопшти денеска француската Агенција за јавно здравје. Овие бројки, како што се посочува, не се поврзани само со периоди на екстремна топлина. „Треба да се забележи дека значителен дел од тие смртни случаи се луѓе помлади од 75 години“, соопшти француската здравствена агенција. Таа е една од првите агенции што ја процени врската меѓу топлината и смртноста во земјата во последните години во контекст обележан со можните последици од глобалното затоплување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-do-35-000-smrtni-sluchai-poradi-zheshtinite-od-2014-godina/feed/ 0
Под влијание на Ел Нињо можни се рекордни температури https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pod-vlijanie-na-el-nino-mozhni-se-rekordni-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pod-vlijanie-na-el-nino-mozhni-se-rekordni-temperaturi/#respond Sun, 14 May 2023 11:05:18 +0000 https://kurir.mk/?p=833999

Се поизвесно е дека Ел Нињо, затоплувањето на тропскиот Пацифик, ќе се случи оваа година, објави Светската метеоролошка организација. Меѓутоа, бидејќи овој климатски феномен има многу поширока резонанца, можно е Ел Нињо да придонесе за рекордни температури во регионите ширум светот. Ла Ниња, студената фаза на покомплексниот феномен Ел Нињо - Јужна осцилација (ENSO), заврши по три години, а тропскиот Пацифик моментално е во неутрална фаза. Сепак, наскоро би можело да биде заменет со топла фаза, Ел Нињо. Како што се наведува, постои 60 отсто веројатност дека транзицијата ќе се случи во периодот од мај до јули. Според досегашните прогнози на метеоролозите, веројатноста се зголемува до 80 проценти во периодот од јули до септември. Засега нема индикации колку долго ќе трае Ел Нињо или колку ќе биде интензивен, но овој феномен може да ги продлабочи ризиците со кои се соочува планетата поради климатските промени. „Доживеавме осум најтопли години во историјата на мерењата, без оглед на ладењето предизвикано од Ла Ниња во изминатите три години, што делуваше како привремена кочница за зголемувањето на температурата“, рече генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Петери Талас. „Развојот на Ел Нињо веројатно ќе доведе до нов скок на глобалното затоплување и ќе ја зголеми шансата за соборување на температурни рекорди. Според извештајот на Светската метеоролошка организација, 2016 година била најжешката година во историјата поради „двојниот удар“ на силниот бран на Ел Нињо и затоплувањето предизвикано од човекот преку ослободување на стакленички гасови. Влијанието на топлата ENSO фаза најмногу се забележува во годината по нејзиното појавување, па се очекува последиците да бидат поочигледни во текот на 2024 година. „Треба да се подготвиме за развојот на Ел Нињо, кој често се поврзува со големи горештини, суша и врнежи во различни делови на светот“, предупреди Талас, додавајќи дека може да има и зголемување на временските екстреми. Ел Нињо е природен феномен кој се случува периодично, на секои две до седум години, и придонесува за затоплување на површината на Тихиот Океан во тропските предели. Епизодите траат помеѓу девет и дванаесет месеци. За време на Ел Нињо, има зголемување на врнежите во јужниот дел на Јужна Америка и во јужните региони на Соединетите Американски Држави, како и во Рогот на Африка и во Централна Азија. Спротивно на тоа, големи суши се можни во Австралија, Индонезија и Јужна Азија. Додека е во централниот и источниот дел на Тихиот Океан, Ел Нињо може да поттикне формирање на урагани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pod-vlijanie-na-el-nino-mozhni-se-rekordni-temperaturi/feed/ 0
Eкстремни жештини во Тајланд, властите ги предупредија жителите да не излегуваат на отворено https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekstremni-zheshtini-vo-tajland-vlastite-gi-predupredija-zhitelite-da-ne-izleguvaat-na-otvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekstremni-zheshtini-vo-tajland-vlastite-gi-predupredija-zhitelite-da-ne-izleguvaat-na-otvoreno/#respond Sat, 22 Apr 2023 15:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=826433

Тајландските власти денеска ги предупредија жителите во големи делови од земјата, вклучително и главниот град Бангкок, во кој се измерени 54 степени Целзиусови, да избегнуваат излегување на отворено поради екстремните жештини. Поголеми делови од Азија пријавуваат екстремни жештини овој месец, со рекордни температури во некои земји. Во Бангладеш и делови од Индија, поради жештините се зголеми потрошувачката на електрична енергија, што резултираше со прекини на снабдувањето и недостиг на електрична енергија за милиони луѓе. Во Бангкок денеска температурата достигна рекордни 54 степени Целзиусови во областа Бангна, соопшти метеоролошката служба. Затоа властите ги предупредуваат жителите да избегнуваат активности на отворено и да бидат свесни за опасноста од топлотен удар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekstremni-zheshtini-vo-tajland-vlastite-gi-predupredija-zhitelite-da-ne-izleguvaat-na-otvoreno/feed/ 0
Рекордно високи температури во Азија, има и жртви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordno-visoki-temperaturi-vo-azija-ima-i-zhrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordno-visoki-temperaturi-vo-azija-ima-i-zhrtvi/#respond Wed, 19 Apr 2023 15:52:10 +0000 https://kurir.mk/?p=825581

Делови од Азија овој месец ги зафати бран многу жешко време, а во Кина се регистрирани рекордни температури. Во Индија од горештините починале неколку луѓе. а во некои места се затворени и училиштата. Претходните години Индија често беше изложена на екстремни временски услови, а експертите стравуваат дека ситуацијата оваа година може да биде уште полоша. Топлотен бран во април ги зафати северните и источните држави на Индија, а метеоролозите издадоа портокалово предупредување за екстремни горештини. Климатологот Максимилијано Херера оцени дека овие невообичаено високи температури се „најлошиот топлотен бран во април во историјата на Азија“. Во Кина, според локалните медиуми, рекордни температури за април се регистрирани во неколку области вклучувајќи ги Ченгду, Жеџијанг, Нанџинг, Хангжу и други во регионот на реката Јангце, пишува Гардијан. Невообичаено високи температури се забележани во Југоисточна Азија, а во Лаос оваа недела се измерени рекордни 42,7 степени. На Тајланд, метеоролозите соопштија дека температурата достигнала 44,6 степени во провинцијата Так во неделата, што е исто така рекорд за април. Се предвидува, сепак, до крајот на неделата температурите да достигнат до 45 степени Целзиусови. Во Дака, главниот град на Бангладеш, саботата беше најтоплиот ден во последните 58 години кога беа измерени 40 степени, што предизвика топење на асфалтот на некои патишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordno-visoki-temperaturi-vo-azija-ima-i-zhrtvi/feed/ 0
Последниве осум години веројатно се најжешките во историјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poslednive-osum-godini-verojatno-se-najzeshkite-vo-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poslednive-osum-godini-verojatno-se-najzeshkite-vo-istorijata/#respond Sun, 06 Nov 2022 14:58:58 +0000 https://kurir.mk/?p=756495

Последниве осум години би можеле да бидат забележани како најтопли години во светот поради зголемениот интензитет на емисиите на стакленички гасови. Извештајот на Светската метеоролошка организација (СМО) за состојбата на глобалната клима за 2022 година е резултат на пленарните сесии на 27-та Конференција на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации (ОН) за климатски промени (COP27), која се одржува од денеска до 18 ноември. во египетското одморалиште Шарм ел Шеик на Црвеното Море. Како што знаците на климатските промени стануваат „подраматични“, екстремните топлотни бранови, сушите и разорните поплави погодуваат милиони луѓе и чинат милијарди долари, се вели во извештајот, пренесува Анадолија. Се проценува дека глобалната температура годинава ќе биде околу 1,15 степени над просекот ако се земе предвид периодот 1850-1900 година. Глобалните емисии на стакленички гасови, вклучувајќи ги емисиите на јаглерод диоксид, метан и азотен оксид, повторно достигнаа рекордни нивоа минатата година. Податоците покажуваат дека атмосферските нивоа на овие три гасови продолжуваат да растат и оваа година. Постои можност последните осум години да бидат забележани како најтопли години во светот. Дополнително, 10-годишната просечна температура за периодот 2013-2022 година се проценува дека е за 1,14 степени повисока од периодот 1850-1900 година. Подигнувањето на нивото на морето е двојно зголемено од 1993 година поради зголемувањето на температурите, а порасна за околу 10 милиметри од јануари 2020 година, поставувајќи рекорд оваа година. Ледената покривка на Гренланд изгуби маса 26-та година по ред, а за првпат во септември наместо снег врнеше дожд. Генералниот секретар на СМО, Петри Таалас, во однос на извештајот рече дека резултатите ќе се влошат со зголемувањето на глобалното затоплување. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека планетата испраќа сигнали за опасност на почетокот на COP27, додавајќи дека извештајот одразува „хроничен климатски хаос“. Тој потенцираше дека климатските промени се случуваат со катастрофална брзина и ги загрозуваат животите на сите континенти. – Последните осум години беа најжешките години во светот, екстремните топлотни бранови станаа поинтензивни и смртоносни, особено во послабите општества. Мораме да одговориме на овој опасен сигнал што светот ни го испраќа со преземање одлучни и правилни активности, додаде Гутереш.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poslednive-osum-godini-verojatno-se-najzeshkite-vo-istorijata/feed/ 0
Тропски горештини во Црна Гора, следните денови температурата над 44 степени https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tropski-goreshtini-vo-crna-gora-slednite-denovi-temperaturata-nad-44-stepeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tropski-goreshtini-vo-crna-gora-slednite-denovi-temperaturata-nad-44-stepeni/#respond Thu, 21 Jul 2022 12:25:44 +0000 https://kurir.mk/?p=708461

Температурата во некои градови во Црна Гора наредните денови ќе биде повисока од 44 степени Целзиусови, објавено е на веб-страницата на црногорскиот Институт за хидрометеорологија и сеизмологија. Најтопло ќе биде во Даниловград каде максималната температура за утре се прогнозира на 44,4 степени. И наредните денови, в сабота, недела и понеделник, тој град го очекуваат „пеколни“ горештини бидејќи се очекува температурата да достигне 43,8 степени. Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија соопшти дека максималната температура во Подгорица утре ќе биде 40,2 степени, додека од понеделник температурата ќе биде над 44 степени. За петок и сабота прогнозата е максималната температура во главниот град да достигне до 42,9 Целзиусови степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tropski-goreshtini-vo-crna-gora-slednite-denovi-temperaturata-nad-44-stepeni/feed/ 0
Русија очекува температури над 40 степени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-ochekuva-temperaturi-nad-40-stepeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-ochekuva-temperaturi-nad-40-stepeni/#respond Wed, 04 Aug 2021 08:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=545991

Натпросечни температури на југот од Русија ќе траат до крајот на неделата, изјавии директорот на Хидрометеоролошкиот центар, Роман Вилјфанд. Според него времето е опасно, а метеоролозите потврдуваат дека на брегот на Црното море во близија на Сочи температурата ќе биде до 35 степени. Во континенталните делови на Русија се очекуваат уште повисоки температури до 43 степени.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-ochekuva-temperaturi-nad-40-stepeni/feed/ 0