жештини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Jul 2023 16:54:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жештини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО САД: Доаѓаат екстремно жешки и опасни температури https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-vo-sad-doagaat-ekstremno-zheshki-i-opasni-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-vo-sad-doagaat-ekstremno-zheshki-i-opasni-temperaturi/#respond Fri, 28 Jul 2023 16:54:43 +0000 https://kurir.mk/?p=861262

Секој втор Американец ќе се соочи со екстремно жешки и опасни температури и висока влажност додека топлотен бран ги зафаќа средниот запад и источниот брег на САД. Повеќе од 170 милиони Американци се под предупредување за прекумерна топлина бидејќи се очекува до сабота попладне живата да се искачи над 38 степени Целзиусови на многу места, соопшти Националната метеоролошка служба (НВС). Некои од најголемите градови во САД, вклучувајќи ги Чикаго, Њујорк и Филаделфија, отворија центри за ладење во јавните библиотеки и центри за оние кои не можат да ги избегнат високите температури. Екстремната топлина може да биде опасна по здравјето, па дури и смртоносна, предупреди градот Бостон на својата веб-страница откако прогласи вонредна состојба поради жештината, додавајќи дека неговите улични екипи ќе обезбедуваат вода на нивните рути. Американските градски власти и синоптичарите ги повикуваат луѓето да се држат подалеку од жештината бидејќи тоа може да предизвика болести поврзани со топлина, особено за оние кои работат или учествуваат во активности на отворено, лицата од 65 години и постари, децата и луѓето со хронични болести. - Пијте многу течности, останете во климатизирана просторија, тргнете од сонце и проверете ги роднините и соседите, велат од НВС. Во Филаделфија, каде што индексот на топлина може да достигне 42 степени Целзиусови, локалните власти за денеска и утре го продолжија работното време на јавните базени и фонтани. Во Њујорк, каде што се очекува индексот на топлина да достигне 39 степени Целзиусови, локалните власти објавија видео на социјалните мрежи во кое ги повикуваат сопствениците да ги чуваат своите миленици добро хидрирани.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-vo-sad-doagaat-ekstremno-zheshki-i-opasni-temperaturi/feed/ 0
Пеколни жештини во Кина, температурата е над 40 степени за прв пат од 2014 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pekolni-zheshtini-vo-kina-temperaturata-e-nad-40-stepeni-za-prv-pat-od-2014-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pekolni-zheshtini-vo-kina-temperaturata-e-nad-40-stepeni-za-prv-pat-od-2014-godina/#respond Thu, 22 Jun 2023 10:07:18 +0000 https://kurir.mk/?p=848530

Во Пекинг денеска, за прв пат од 2014 година, температурата е над 40 степени Целзиусови, а соборен е и рекордот за најтопол ден во јуни од почетокот на мерењата. Метеоролошка станица на јужната периферија на Пекинг денеска регистрираше 40,7 степени Целзиусови, што е првпат прагот од 40 степени да биде надминат од 29 мај 2014 година. Претходниот рекорд беше поставен на 10 јуни 1961 година, кога беа измерени 40,6 степени Целзиусови. Во Пекинг денеска е во сила портокалов метео аларм. Метеоролозите издадоа предупредување за сериозни жештини во текот на викендот во главниот град на Кина. Северна и источна Кина беше погодена од топлотен бран минатата недела, речиси две недели порано од претходните години. Портокалово предупредување се издава кога максималната температура ќе надмине 40 степени во еден ден или кога максималната температура останува над 37 степени два последователни дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pekolni-zheshtini-vo-kina-temperaturata-e-nad-40-stepeni-za-prv-pat-od-2014-godina/feed/ 0
Алармантни бројки во Шпанија: Во текот на летото повеќе од 4.600 луѓе починаа од жештините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarmantni-brojki-vo-shpanija-vo-tekot-na-letoto-povekje-od-4-600-lugje-pochinaa-od-zeshtinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarmantni-brojki-vo-shpanija-vo-tekot-na-letoto-povekje-od-4-600-lugje-pochinaa-od-zeshtinite/#respond Thu, 01 Sep 2022 14:10:55 +0000 https://kurir.mk/?p=727331

Повеќе од 4.600 луѓе починаа за време на екстремните горештини во Шпанија ова лето, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на шпанскиот здравствен институт Карлос III. Претходно беше објавено дека екстремната жештина, која беше забележана во јули во Шпанија, предизвика смрт на 2.064 луѓе. Сепак, според дневниот систем за следење на смртноста на институтот, од 1 јуни до 30 август од горештините починале 4.655 луѓе. Најмногу смртни случаи имало во јули и август - 2.223 и 1.602. Летово во Шпанија беа забележани температури од над 40 степени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarmantni-brojki-vo-shpanija-vo-tekot-na-letoto-povekje-od-4-600-lugje-pochinaa-od-zeshtinite/feed/ 0
ВАЖНИ СОВЕТИ: Како да го заштитите вашето куче од жештините? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazni-soveti-kako-da-go-zashtitite-vasheto-kuche-od-zeshtinite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazni-soveti-kako-da-go-zashtitite-vasheto-kuche-od-zeshtinite/#respond Wed, 28 Jul 2021 09:02:33 +0000 https://kurir.mk/?p=542932

Прошетките на високи температури може значително да го загрозат здравјето на кучињата, особено расите со „рамни лица“ како што се булдозите и мопсите… Истражување на британскиот Кралски ветеринарен колеџ (РВЦ) и Универзитетот во Нотингем Трент покажува дека шетањето и вежбите при топло време претставуваат 74 отсто од причините и случаите на болести поврзани со топлината кај кучињата. Повеќе од 13 отсто се предизвикани од самата жештина, а пет насто се резултат на заклучување на кучиња во автомобил на високи температури. Болести поврзани со жештината се јавуваат кога кучето не може повеќе да одржува безбедна телесна температура, што може да доведе до оштетување на ткивото и органите, а во некои случаи и смрт. Болеста може да влијае на било кој тип на куче. Истражувањето ја нагласува потребата сите сопственици на кучиња, особено оние со кучиња со рамно лице да внимаваат при прошетките во топлите месеци. Д-р Ден О’Нил, претседател на работната група што го спроведе истражувањето, вели дека факторите како прекумерен напор и влажноста, исто така, играат многу значајна улога. -Не се потребни многу вежби (за кучето), за да има можно опасни последици за него кога времето е топло или влажно, додаде тој. Што да се прави ако се појави прегревање? Ако се сомневате дека вашето куче страда од болест поврзана со жешината, секогаш побарајте ветеринарен совет што е можно побрзо. Раните знаци на топлотен удар вклучуваат отежнато дишење, замор, бавно движење при одење, помала желба за игра, саливација и повраќање. Веднаш штом ќе ги забележите овие знаци, смирете го кучето, донесете го на ладно место, дајте му вода и веднаш побарајте стручен совет. Силен топлотен удар може да предизвика повеќе напади, целосно губење на свеста, некоординација, конфузија, повраќање и дијареја со крв. Ако не се лекува, тоа може да биде фатално. Важно е и кучето да нема прекумерна тежина, бидејќи тоа ја зголемува опасноста од болести поврзани со жештините.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazni-soveti-kako-da-go-zashtitite-vasheto-kuche-od-zeshtinite/feed/ 0
Вода – најсилното оружје против жештините, ова се препораките за топлите денови! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/voda-najsilnoto-oruzje-protiv-zeshtinite-ova-se-preporakite-za-toplite-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/voda-najsilnoto-oruzje-protiv-zeshtinite-ova-se-preporakite-za-toplite-denovi/#respond Tue, 29 Jun 2021 11:51:29 +0000 https://kurir.mk/?p=529346

Луѓето кои работат или се на отворено за време на топлотните бранови, се изложени на поголема опасност од дехидрираност и затоа е важно да се пијат доволно течности. Но, колку е доволно? Еден начин да бидете сигурни е брз тест со притискање на кожата. При благ притисок со прст, кожата со нормално количество вода и еластичност брзо ќе се врати во својата нормална положба. Лесната дехидратација ќе предизвика бавно враќање на кожата во вообичаена положба. Сепак, постојат и други показатели дека на телото му треба вода. – Повеќе би сакал да ја поврзам (дехидрираноста) со осетливи знаци, како летаргија, главоболки или сува уста, вели германскиот дерматолог, д-р Кристоф Либих. Во жешките денови, советува докторот, треба да се пие повеќе од предложениот минимум литар и половина вода на ден. Водата е неговиот омилен начин на ладење, наместо други пијалаци. Ако сте надвор за време на сончеви и топли денови, Либих вели дека е најдобро да бидете во сенка од 11 до 16 часот. Изложеноста на сонце пред и потоа ќе му помогне на телото да произведе доволно витамин Д и да го зајакне нивото на „хормонот на среќата“. – Кремата за сончање нема да спречи производство на витамин Д, а ќе го зачува вашето здравје. Заштитата од сонце е клучна бидејќи ракот на кожата е секогаш можен, вели д-р Либих.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/voda-najsilnoto-oruzje-protiv-zeshtinite-ova-se-preporakite-za-toplite-denovi/feed/ 0
Жештините може да доведат до уривање ѕидови во Нотр Дам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zeshtinite-moze-da-dovedat-do-urivanje-dzidovi-vo-notr-dam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zeshtinite-moze-da-dovedat-do-urivanje-dzidovi-vo-notr-dam/#respond Fri, 26 Jul 2019 09:07:53 +0000 https://kurir.mk/?p=222995

Рекордните температури кои ја зафатија Европа може да предизвикаат целосно уривање на ѕидови во катедралата Нотр Дам, сметаат стручњаците. Филип Вилнев, француски архитект и реставратор на историски споменици, рече дека камените ѕидови и натаму се влажни по гаснењето на пожарот во април. – Структурата и натаму е кревка… Поради горештините кои се очекуваат во Париз оваа седмица, ѕидовите може за кусо време да се исушат, тврди архитектот. Во овој миг се работи на стабилизација на структурата на катедралата пред почетокот на реконструкцијата на објектот. А, температурите што европските метеоролози ги предвидуваат за деновиве, само го отежнуваат тоа. – Она од што сега се плашам, е тоа дека додека ѕидовите се сушат, може да почнат да ја губат својата цврстина и така одеднаш да попуштат, додава архитектот Вилнев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zeshtinite-moze-da-dovedat-do-urivanje-dzidovi-vo-notr-dam/feed/ 0
Дојдоа жештините: Сите ги правите овие грешки за да се разладите, мора да престанете со тоа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dojdoa-zeshtinite-site-gi-pravite-ovie-greshki-za-da-se-razladite-mora-da-prestanete-so-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dojdoa-zeshtinite-site-gi-pravite-ovie-greshki-za-da-se-razladite-mora-da-prestanete-so-toa/#respond Sun, 09 Jun 2019 14:58:19 +0000 https://kurir.mk/?p=207297

Обидувајќи се на брзина да се разладат, луѓето прават голема грешка, па наместо на нивното тело да му биде попријатно, станува полошо. Голема грешка е за време на големите горештини да се пие студена вода или сокови со многу мраз, бидејќи тогаш на течноста и е потребно повеќе време да се рашири низ телото и да го хидрира. Поради тоа, идеално е за време на летото да се пие вода на собна температура, бидејќи така телото најбрзо ќе има корист од неа. Водата е секогаш подобар избор од соковите. Исто така, иако можеби е тешко да се замисли, добро е да се пие и топол чај, но само кога надвор воздухот е сув, не влажен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dojdoa-zeshtinite-site-gi-pravite-ovie-greshki-za-da-se-razladite-mora-da-prestanete-so-toa/feed/ 0