згаснува – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Nov 2019 14:45:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png згаснува – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По две години згаснува „Независен весник“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dve-godini-zgasnuva-nezavisen-vesnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dve-godini-zgasnuva-nezavisen-vesnik/#respond Tue, 05 Nov 2019 14:45:55 +0000 https://kurir.mk/?p=260473

По речиси две години постоење, дневниот весник „Независен весник“ утре нема да се печати. Дали ове ќе биде и официјалното згаснување на медиумот засега не е познато, бидејќи новинарите не добиле прецизна информација. Единствено се знае дека весникот утре нема да излегува, поради извесен долг кон печатницата што го печати. Весникот Независен е во сопственост на странски, конкретно грчки инвеститор во земјава. По објавата на веста, со реакција се јави и ЗНМ. „Секое згаснување на еден медиум е тажна вест за опшеството. Особено за медиум кој се придржуваше до стандардите. Весникот е се уште од оние традиционални медиуми кои наспроти онлајн медиумите, кои се повеќе бегаат од основниот принцип на новинарството, ги одржуваа професионалните стандарди. Годинава имаме два удара, прво затворањето на 1ТВ, а сега и „Независен весник“, што ќе се одрази на социо-економската положба на новинарите и се обезвреднува пазарот на трудот“, истакна претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски. Тој потенцираше дека Здружението на новинарите во наредниот период ќе направи напори во рамките на своите ингеренции, со релевантни институции, да разговара за да се спаси весникот и да продолжи како и досега со работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dve-godini-zgasnuva-nezavisen-vesnik/feed/ 0
Згаснува ГРК Борец, Општината се откажа од клубот https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zgasnuva-grk-borec-opshtinata-se-otkaza-od-klubot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zgasnuva-grk-borec-opshtinata-se-otkaza-od-klubot/#respond Fri, 30 Nov 2018 14:30:05 +0000 https://kurir.mk/?p=134230

Ракометниот клуб ГРК Борец  преку соопштение објави дека го прекинувa настапот во ракометната Суперлига. Велешани уште на поечтокот на сезоната се соочуваа со финансиски проблеми, но сепак се решија да ја почнат сезоната, со надеж дека финансиската состојба во клубот ќе се подобри. Но, откакко на тој план не се промени ништо, едногласно е донесена одлука за прекин на настап во сите категории на еден од најпознатите ракометни клубови во Македонија, кој во сезоната 1994/95 година беше и шампион на Македонија. Соопштениието на раководните структури на ГРК Борец Велес го пренесуваме во целост:
„ГРК Борец АД Велес ја известува целокупната јавност дека поради неисполнување на обврските кон играчите и стручниот штаб, од страна на сопственикот односно Општина Велес, и покрај огромните напори и вложување на самите играчи и стручниот штаб за непречена работа и функционорање, од самиот сопственик на клубот има голема незаинтересираност за одржување на клубот во непрекинато функционирање. Поради овие причини одлучено е да се прекине со натпреварување во сите категории. Пред почетокот на натпреварувачката сезона 2018/19 имаше најава од Општина Велес дека ќе се обезбедат спонзори и средства за непрекината работа и функционирање. Веќе четири месеци немаме најава за спонзорства и подмирување на обврските кон нас кои максимално се залагавме и се залагаме да го одржиме клубот во добра кондиција и покрај тешката финансиска состојба. Сакаме да ја известиме јавноста дека секојдневно пристигуваат тужби на адреса на клубот за неподмирени обврски кон фирми, ангажирани лица и играчи. Секој месец уредно се доставуваше барање за обезбедување финансиски средства со финансиски план до сопственикот, односно Општина Велес. Но, од самиот сопственик беа одобрени и доделени финансиски средства во висина од 1/4 од побараното за потребите на тековната работа на клубот, воедно доделените финансиски средства се искористуваа и се искористуваат за подмирувања на тужби од фирми и играчи кои имаат доспеани побарувања и со самото тоа не остануваат средства за продолжување на тековната работа. Ваквиот однос со одобрување на далеку помали средства од потребите на клубот веќе пола година и повеќе доведе до ваквата ситуација, како и немање на слух за продолжување на децениската традиција на клубот. Со Почит ГРК Борец АД Велес“
Според правилата на Суперлигата, резултатите на ГРК Борец нема да се бришат поради тоа што тимот веќе има одиграно половина од натпреварите, односно 11 од 18 мечеви, па во секое наредно коло по една од екипите ќе биде слободна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zgasnuva-grk-borec-opshtinata-se-otkaza-od-klubot/feed/ 0