зголемен број – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Jan 2023 16:40:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зголемен број – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зголемен бројот на туристи и на ноќевања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-turisti-i-na-nokevana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-turisti-i-na-nokevana/#respond Thu, 12 Jan 2023 16:40:56 +0000 https://kurir.mk/?p=786591

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2022 година изнесувал 56 886, од кои 36.2 % се домашни, а 63.8 % странски туристи. Во ноември се евидентирани и 124 969 ноќевања, од кои 40.6 % се од домашните туристи, а 59.4 % од странските. Во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 38.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.2 %, а кај странските зголемувањето е за 84.5 %. За 23.3 % е зголемен и бројот на ноќевањата, и тоа: кај домашните туристи за 3.9 %, а кај странските за 72.2 %.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-turisti-i-na-nokevana/feed/ 0
Бројот на починати лани зголемен за 10,7 отсто, најчести причини за смрт се кардиоваскуларните болести и Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brojot-na-pochinati-lani-zgolemen-za-10-7-otsto-najchesti-prichini-za-smrt-se-kardiovaskularnite-bolesti-i-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brojot-na-pochinati-lani-zgolemen-za-10-7-otsto-najchesti-prichini-za-smrt-se-kardiovaskularnite-bolesti-i-kovid-19/#respond Wed, 15 Jun 2022 11:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=691206

Бројот на умрените лица во земјава лани е зголемен за 10.7 % во однос на претходната година и изнесува 28 516. Поголем број се од машки пол, и тоа 15 155 или 53.1 %. Бројот на умрените доенчиња изнесува 85, a нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0.3 % на 100 умрени лица, соопшти Државниот завод за статистика. Според месецот на смртта, најголем број случаи се евидентирани во април (3 212). Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 75.2 години кај лицата од женски пол, или за 3.6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените. Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем – 35.9 %, а потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавува пандемијата на КОВИД-19 со 20.6 %, неоплазмите со 13.8 %, кај 5.8 % причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, кај 4.2 % се болестите на респираторниот систем, а потоа следат други причини за смрт, но со помала застапеност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brojot-na-pochinati-lani-zgolemen-za-10-7-otsto-najchesti-prichini-za-smrt-se-kardiovaskularnite-bolesti-i-kovid-19/feed/ 0
Зголемен бројот на основци и средношколци во 2020/2021 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-osnovci-i-srednoshkolci-vo-2020-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-osnovci-i-srednoshkolci-vo-2020-2021-godina/#respond Wed, 18 May 2022 12:35:44 +0000 https://kurir.mk/?p=678428

На крајот на учебната 2020/2021 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 185 925, што е зголемување за 0,1 процент во однос на претходната учебна година. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, во редовните средни училишта, на крајот на учебната 2020/2021 година имало 71 176 ученици, што е зголемување за 4,2 отсто во однос на учебната 2019/2020 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-osnovci-i-srednoshkolci-vo-2020-2021-godina/feed/ 0
Пратеничка од СДСМ се пофали: Го зголемивме бројот на социјални случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichka-od-sdsm-se-pofali-go-zgolemivme-brojot-socijalni-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichka-od-sdsm-se-pofali-go-zgolemivme-brojot-socijalni-sluchai/#respond Sun, 16 Jan 2022 20:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=620086

Во тек е собраниската седница на која се дискутира за составот и изборот на новата влада која ќе биде предводена од мандатарот Димитар Ковачевски. Свое обраќање пред пратениците имаше и пратеничката од редовите на СДСМ, Марија Георгиевска која истакна дека за време на овој период од владеењето на СДСМ се зголемил бројот на социјални случаи. -Навистина има со што да се пофалиме, вели таа во реплика до свој колега и додава: -Зголемена е бројката на луѓе кои што примаат социјална помош. [video width="640" height="368" mp4="https://kurir.mk/wp-content/uploads/2022/01/video-1642366604.mp4"][/video]]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichka-od-sdsm-se-pofali-go-zgolemivme-brojot-socijalni-sluchai/feed/ 0
Зголемен бројот на новозаразени со коронавирус во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemen-brojot-na-novozarazeni-so-koronavirus-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemen-brojot-na-novozarazeni-so-koronavirus-vo-hrvatska/#respond Thu, 01 Apr 2021 10:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=490771

Хрватска денеска регистрира ново зголемување на заразени со коронавирусот – 2.422 или 25,56 проценти од бројот на тестирани примероци. Премиерот Андреј Пленковиќ ги повика граѓаните да покажат одговорност и да ги почитуваат епидемиолошките мерки. – Забележуваме зголемување на бројот во нашата земја и во другите земји, овие нови мерки треба да ја намалат инфекцијата во пресрет на велигденските празници. Важно е секој да покаже одговорност со своето однесување. Ние сме ретка земја што немаше заклучување и полициски час, но без одговорност ситуацијата е тешка, нагласи Пленковиќ на отворениот дел од владината седница. Тој го посочи глобалниот проблем со дистрибуција на вакцини, особено кон европските земји при доставувањето на вакцината на АстраЗенека. Пленковиќ додаде дека во Хрватска има недостиг со пополнување со други вакцини, како и дека денеска се одржува состанок во Брисел со цел побрзо решавање на тие проблеми. Тој најави дека денеска ќе ги презентира деталите за Националниот план за обновување на земјата. Министерот за здравство, Вили Берош ја извести Владата за епидемиолошката состојба и посочи дека 67 проценти од тестираните во Хрватска имаат британска мутација на коронавирусот. – Зголемувањето на бројот на новоинфицирани доволно зборува за сериозноста на ситуацијата. Денеска има двојно повеќе луѓе на респиратори во споредба со почетокот на март. Со денешниот ден на респиратори се приклучени 144 лица, нагласи Берош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemen-brojot-na-novozarazeni-so-koronavirus-vo-hrvatska/feed/ 0
Зголемен број на корисници на апликацијата Сигнал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-broj-na-korisnici-na-aplikacijata-signal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-broj-na-korisnici-na-aplikacijata-signal/#respond Thu, 14 Jan 2021 10:04:22 +0000 https://kurir.mk/?p=455148

пликацијата за испраќање пораки Сигнал забележа драстичен пораст на бројот на корисници откако апликацијата ВацАп ги смени правилата. ВацАп ги смени правилата и набрзо корисниците на апликацијата ќе мора да ги споделат своите податоци со Фејсбук и Инстаграм. По промената на правилата, апликацијата Телеграм соопшти дека има над 500 милиони активни корисници во светот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-broj-na-korisnici-na-aplikacijata-signal/feed/ 0
Драстично е зголемен бројот на издадени решенија за изолација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drastichno-e-zgolemen-brojot-na-izdadeni-reshenija-za-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drastichno-e-zgolemen-brojot-na-izdadeni-reshenija-za-izolacija/#respond Fri, 27 Nov 2020 13:01:52 +0000 https://kurir.mk/?p=435333

Од разговорот со инспекторите бев информиран дека драстично е зголемен бројот на издадени решенија за изолација на лица заразени со Ковид 19 и лица кои биле во контакт со заболени. Тоа е показател дека влегуваме во можеби најкритичниот период од пандемијата, истакна денеска вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, по средбата со инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Тој нагласи дека е факт оти здравственот систем е оптоварен и затоа, како што рече, повеќе од било кога е важно да ги почитуваме мерките и протоколите, да носиме маска, да одржуваме растојание и да нема групирања. – Само така, заеднички ќе ја надминеме оваа здравствена криза, која притиска и врз економијата. На тој начин, ќе им помогнеме и на инспекторите, здравствените лица, полицијата, армијата и сите други чинители што се вклучени во битката со овој вирус. А ние како Влада, и јас како вицепремиер под чија надлежност е координацијата токму со Инспекцискиот совет ќе направиме се што е во наша надлежност да им помогнеме на инспекциските служби, потенцираше вицепремиерот. Николовски истакна дека информацијата за кадровската екипираност во и инспекторатите е веќе влезена во владина процедура. – Евидентно е дека им е потребен значитено поголем број луѓе и ресурси и онаму каде што има потреба, за следната година ќе се овозможи да има нови вработувања со цел да се обезбеди непречено функционирање, рече вицепремиерот. Тој посочи дека ги охрабрува инспекциски служби да продолжат со интензивните контроли. – Ја имаат поддршката од Владата, нема да дозволиме заради поединци да биде загрозено јавното здравје, нема толеранција кога е во прашање заштитата на здравјето на граѓаните. Секоја инспекциска служба во рамки на своите надлежности, има подеднакво значење и придонес во справувањето со пандемијата од Ковид 19 и вакви средби ќе спроведам и со другите инспекторати, изјави Николовски. Директорката на ДЗСИ Ирина Сотирова Бухова нагласи дека инспекторите веќе девет месеци наназад секојдневно се на терен со вршење на вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи, школи, детски градинки козметички салони, старечки домови, секаде каде што е потребно. Таа наведе дека само во последните четири дена доставени се 7.500 решенија за изолација на лица зразени со Ковид-19 и на лица кои имале контакти со позитивни. – Последниот надзор во Клиничка болница Штип го завршивме за 48 часа. Исходот понатаму е иницирање на вонреден надзор за да се потврди или отфрли евентуална грешка во здравствениот систем. Надзорот во Клиничка болница Битола го завршивме за 24 часа со епилог издавање решение по кое директорката мора да постапи веднаш. Инспекторите ќе останат на терен, будно ќе моноторираат било какво отстапување од протоколите и од законските норми кои се пропишани. Борбата е заедничка, непријателот е невидлив меѓутоа е тука за нас, потенцираше Сотирова Бухова. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drastichno-e-zgolemen-brojot-na-izdadeni-reshenija-za-izolacija/feed/ 0
ИЕП: Рапидно зголемен бројот на убиени во западна Европа поради десничарски радикализам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iep-rapidno-zgolemen-brojot-na-ubieni-vo-zapadna-evropa-poradi-desnicharski-radikalizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iep-rapidno-zgolemen-brojot-na-ubieni-vo-zapadna-evropa-poradi-desnicharski-radikalizam/#respond Wed, 25 Nov 2020 12:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=434180

Бројот на убиени лица поради десничарски радикализам во Северна Америка, Западна Европа и Океанија е зголемен за 250 проценти во споредба со 2014 година, но, бројот на убиени во терористички напади во светот во 2019 година опаѓа петта година по ред. Бројот на загинати од терористички напади минатата година беше 13.826, што е за 15 проценти помалку од 2018 година и петта година по ред тој број се намалува од 2014 година, соопшти Институтот за економија и мир (ИЕП) во својот Глобален индекс за тероризам. . ИЕП предупредува дека бројот на убиени лица поради десничарски радикализам во Северна Америка, Западна Европа и Океанија е зголемен за 250 проценти во споредба со 2014 година. Минатата година имаше 89 смртни случаи во вакви случаи. „Тоа ниво сега е највисоко во изминатите 50 години“, соопшти ИЕП. Институтот нагласува дека конфликтите остануваат главната причина за тероризмот затоа што повеќе од 96 проценти од нападите во 2019 година биле извршени во земји каде се во тек војни или насилни конфликти. Најголем пад на бројот на убиени се случи во Авганистан и Нигерија, но тие остануваат единствените две земји во кои бројот на убиени е поголем од илјада лица. И покрај падот на бројот на жртви на тероризам на глобално ниво, тој останува значителна и сериозна закана во многу земји, а состојбата се влошува во Буркина Фасо, Шри Ланка, Мозамбик, Мали и Нигер. Втора година по ред, најпогодениот регион е Јужна Азија. – Како што влегуваме во новата декада, гледаме нови терористички закани. Најголеми примери се растот на крајната десница на Западот и влошувањето ситуацијата во Сахел, изјави Стив Килелеа, извршен директор на ИЕП. Талибанците и минатата година беа најсмртоносна терористичка група, а дејствувањето на терористичката Исламската држава продолжува да паѓа, иако нејзините филијали сè уште се активни, особено во субсахарска Африка. ИЕП заклучува дека коронавирусот и како последица на тоа економскиот пад веројатно ќе ја зголемат политичката нестабилност и насилството во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iep-rapidno-zgolemen-brojot-na-ubieni-vo-zapadna-evropa-poradi-desnicharski-radikalizam/feed/ 0
Бројот на починати од Ковид-19 во Белгија се зголеми за 90 отсто за една недела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-pochinati-od-kovid-19-vo-belgija-se-zgolemi-za-90-otsto-za-edna-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-pochinati-od-kovid-19-vo-belgija-se-zgolemi-za-90-otsto-za-edna-nedela/#respond Mon, 19 Oct 2020 11:08:13 +0000 https://kurir.mk/?p=418061

Здравствената состојба во Белгија продолжува да се влошува, откако оваа недела е регистриран пораст за 89 отсто на бројот на починати од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Институтот за јавно здравје на Белгија на редовната прес-конференција соопшти дека моментално се хоспитализирани 2.485 пациенти поради коронавирусот, од кои 412 се на интензивна нега. Ова е речиси истата состојба како и кон крајот на март годинава. Регистрирани се 21 нов смртен случај. Помеѓу 9 и 15 октомври имало 30 починати дневно, претходната недела оваа бројка изнесуваше 16, што претставува зголемување од 89 отсто. Загрижува фатот што во текот на изминатиов викенд се хоспитализирани 257 нови случаи, што е невообичаено за викенд, кога традиционално се регистрираат ниски бројки. За три недели бројот на нови хоспитализирани пациенти е зголемен за седум пати. Според Институтот за јавно здравје, бројот на новозаболени во изминатите 24 часа изнесува повеќе од девет илјади, но реално се веројатно повеќе, со оглед на тоа дека центрите за тестирање се преоптоварени и доцнат со резултатите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-pochinati-od-kovid-19-vo-belgija-se-zgolemi-za-90-otsto-za-edna-nedela/feed/ 0
Зголемен број позитивни случаи на Ковид-19 кај здравствените работници во Грција, затворена болница во Солун https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemen-broj-pozitivni-sluchai-na-kovid-19-kaj-zdravstvenite-rabotnici-vo-grcija-zatvorena-bolnica-vo-solun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemen-broj-pozitivni-sluchai-na-kovid-19-kaj-zdravstvenite-rabotnici-vo-grcija-zatvorena-bolnica-vo-solun/#respond Tue, 18 Aug 2020 16:13:39 +0000 https://kurir.mk/?p=392314

Поради 14 позитивни случаи на Ковид-19 кај лекарскиот и болничкиот персонал, болницата „Ахепа“ во Солун, до петок нема да прима пациенти заразени со коронавирусот за да се заврши со предвидениот процес на дезинфекција, соопштија од Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од Федерацијата на вработени во државните болници во Грција, за грчките медиуми велат дека во текот на август вкупно 59 здравствени работници се заразени со коронавирусот. Согласно одлуката на министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, сите вработени во здравствените центри, болниците и слично, без разлика на нивната позиција, задолжително е да направат молекуларен ПЦР тест, откако ќе се вратат на работа по летните одмори. Вчера, како што објави МИА, беше потврдено дека во друга солунска болница, позитивни се шест здравствени работници се заразени со коронавирусот, откако се вратиле на работа по користењето на летниот одмор. Во овие рамки, било откриено дека шесттемина здравствени работници се позитивни на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemen-broj-pozitivni-sluchai-na-kovid-19-kaj-zdravstvenite-rabotnici-vo-grcija-zatvorena-bolnica-vo-solun/feed/ 0