зголемен ризик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jan 2021 11:55:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зголемен ризик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зголемен ризикот од тероризам од екстремна десница во Белгија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-rizikot-od-terorizam-od-ekstremna-desnica-vo-belgija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-rizikot-od-terorizam-od-ekstremna-desnica-vo-belgija/#respond Thu, 21 Jan 2021 11:55:12 +0000 https://kurir.mk/?p=458013

Ризикот од терористички атентати организирани од крајно десничарски групи е зголемен во Белгија, соопшти министерот за правда во земјата. Одговарајќи на пратеничко прашање, министерот Винсент Ван Квикенборн, изјави дека националната база на податоци содржи сѐ повеќе лица поврзани со екстремната десница кои се сметаат за опасни по безбедноста, пренесуваат денеска белгиските медиуми. -Во јануари базата на податоци содржи 28 лица од екстремната десница кои се сметаат за пропагандисти на омраза и 21 лице кои се сметаат за потенцијално насилни екстремисти, овие бројки постојано растат, изјави министерот. Тој објасни дека ова се должи делумно на влијанието на американските групи кои се залагаат за доминација на “белата раса“ и на теориите на заговор што се шират преку групата QAnon. Според министерот за правда на Белгија, реториката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите приврзаници е присутна во белгиската екстремна десница, која го дели мислењето дека изборите во САД биле фалсификувани. -Во Белгија, како и во сите западни либерални демократии, некои групи забележуваат јаз помеѓу граѓани од една страна и народните избраници и институциите од друга, и екстремната десница се вгнезди во овој јаз, рече Ван Квикенборн. Тој ги увери пратениците дека белгиските разузнавачки служби “со посебно внимание“ ги следат овие групи, како и заканите кои им се упатуваат на здравствените експерти кои ја советуваат владата за кризата со Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-rizikot-od-terorizam-od-ekstremna-desnica-vo-belgija/feed/ 0
Зголемен ризик од пожари во Амазонската прашума https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-rizik-od-pozari-vo-amazonskata-prashuma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-rizik-od-pozari-vo-amazonskata-prashuma/#respond Sun, 02 Aug 2020 08:26:25 +0000 https://kurir.mk/?p=385044

Официјалните податоци од Бразил покажуваат дека во јули е регистрирани забележително зголемување на пожарите во Амазонската прашума во однос на истиот месец минатата година и дека тоа би можело да прерасне во голем проблем. Сателитските снимки направени од бразилската Национална вселенска агенција покажуваат дека во јули во Амазонија имало 6.803 пожари, што е за 28 отсто повеќе отколку истиот период минатата година. Овие бројки предизвикуваат загриженост дека е можно да се повтори минатогодишното сценарио, односно пожарот што се ширеше во Амазонија кога изгореа повеќе од 10.000 квадратни километри од оваа најголема светска дождовна шума. Во август минатата година во Амазонија се регистрирани 30.900 пожари. Директорката на бразилскиот институт за истражување на животната средина, Ана Аленкар изјави дека ова зголемување на бројот на пожари е „опасен знак“ и оти се очекува август да биде тежок во Амазон, а септември уште полош. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-rizik-od-pozari-vo-amazonskata-prashuma/feed/ 0